Translate

Saturday 30 January 2010

ПОВРАТАК ОТПИСАНИХ!



Минатата недела беше дефинитивно најлошата во оваа сезона! Но ако сеуште ги следиме нашите шампионски аспирации и целите од почетокот на сезоната, ќе мора да се потрудиме тие неколку дена и да останат како најлоши..исто како и во првиот дел од првенството, после поразот од комшиите, треба да се рехабилитираме против екипа која се бори за опстанок..тогаш реков дека не постои подобра прилика отколку меч со ваква екипа, па да ја наполниме со голови и да се понашаме како и да не било ништо пред недела дена..меѓутоа не испадна баш така и одигравме нерешено, дури и бевме послабиот противник на мечот..сега пак, имавме уште подобра шанса за да се извлечиме повторно на правиот пат и да продолжиме со нова низа на победи..ама и овојпат неуспеавме да го премостиме првиот противник и испаднавме од купот..
Е дури сега немаме друг избор..мора по секоја цена да го бркаме Printer и да чекаме негови киксеви..нема да ве замарам и да кажувам колку ни е потребна победа и тоа лесна, па и убедлива, без непотребно бркање и заморување на битни играчи..дефинитивно нема да биди лесно од почетокот, ќе им бидат тешки нозете на нашите дечки, ама јас сум сигурен дека имаме доволно квалитет и мотивација да го победиме Livorno, да се вратиме каде што бевме и упорно да им дишеме во врат на гнидите..знам дека скоро сите не отпиашаа во борбата за Скудетото, ама Milan не е Milan ако незнае и неуспее да го направи првенството повторно интересно..
Уште имаме проблеми со составот и пак ќе ни фалат ептен битни играчи, ама дајте да не се потпираме на тоа во случај на неуспех..Milan и сега има доволно квалитетни играчи, барем за вакви противници..јас искрено се надевам дека ќе нема причина да се жалиме веќе и ќе пишуваме само за победи..и за крај еве ја четата на Leo за утре:

Abbiati, Dida, Abate, Antonini, Bonera, Favalli, Jankulovski, Kaladze, Thiago Silva, Zambrotta, Ambrosini, Beckham, Flamini, Gattuso, Seedorf, Borriello, Huntelaar, Inzaghi, Ronaldinho.

Повелете прогнозирајте ги првите 11, па и резултатот!



FORZA MILAN!!!

21 comments:

ReBorned said...

Не би се согласил дека ова ни беше најлошата недела сезонава... имавме многу полоши месеци а не недели во првиот дел од сезоната.
Како и да е, се разбираме потполно на што целиш, многу повеќе можеме да изгубиме психолошки одколку само 3 (или 6 бода, со оглед на директниот дуел).
Околу елиминацијата од купот... јас лично не сум којзнае колку изненаден со оглед на фактот што знам со каков пристап одиме кон купот години наназад (што не значи дека го оправдувам тоа, никако). Натпреварот во купот покажа само уште еднаш колку тенка клупа имаме на сите можни позиции кога ги нема првотимците.
Како и да е, нема што многу да ја филозофираме, нормално дека не треба да размислуваме на ништо друго освен победа. И да си гледаме натпревар по натпревар. Комшиите играат во гости на Енио Тардини што значи со наша евентуална победа и нивен евентуален кикс повторно ќе започнат да дуваат оптимистички ветрови. Сепак, не значи дека тоа секако ќе се случи и баш поради тоа ние треба да си ја гледаме само нашата работа, да одиме натпревар по натпревар и доколку се укаже некоја шанса да ја искористиме.
Околу составот, се чини Сидорф е сигурно повторно назад во стартните 11 а не е чудно доколку покрај него и покрај Амброзини во средниот ред го видиме и Фламини на местото на Гатузо. Во одбраната доколку е доволно фит е за очекување да се врати Замброта и од неговата евентуална позиција (LB или RB) ќе зависи кој ќе игра од Антонини и Абате. Од друга страна, можно е да се стартува со старата гарда (Замбро+Јанко) па „децата“ да си седат на клупата.
Напаѓачката тројка напред се чини е истата и да сакаме немаме многу различни варијанти со оглед на повредата на Пато и некомпатибилноста на некои фудбалери во оваа формација.
Јас лично би стартувал со Абијати и со Хунтелар но свесен сум дека тоа нема да се случи. Сепак не пречи да си ги кажам своите желби нели?

ReBorned said...

Настрана од овој натпревар неколку вести кои се случија во последно време а гледам не се одбележани:

Милан пред 2-3 дена го купи Елиас Кабамба од Лугано, 16 годишен централен дефанзивец со африканско потекло.

Денес се чини го земавме и 17 годишниот фудбалер од средината на теренот од Аталанта, Симоне Калвано. Доколку ова момче е тоа што го гледав пред некое време на младинското првенство, станува збор за одличен фудбалер со одлична визија за игра и одлично изведува set-pieces.

Од друга страна... во директен дуел во Примавера против младите токму на Аталанта победивме со 4-1 и со тоа се израмнивме на врвот со Аталанта по бројот на поени.
Зигони стрелаше 2 пати и со тоа се изедначи по бројот на голови со Верди (двајцата имаат по 8 гола) но Зигони има дадено многу голови во купот а од друга страна пак Верди има и 8 асистенции.
Малку пикантерии не се на одмет нели :)

kiko_pato said...

Да заебеме прошлост... да гледаме напред и со многу оптимизам... ја мислам не се недостижни принтер... пред 2-3 сезона и реал бегаше 9 бода па и повеќе мислам... па при крајот пак се јадеа... па се се одлучуваше во последното коло... така да имаме уште големи шанси за скудетото... само ние да си продолжиме со нашата игра... да си ги полниме ваквите екипи ко ливорно па и другите и да си уживкаме... а за мерда сигурен сум дека у наредните 3 кола 4-5 бода ќе изгубат ќе правиме муабет....

околу составот... и ја би абиати и хунтелар ама многу тешко... би било вака... дида,замбро,бонера,ТС,антонини,гатузо,амбро,сидорф,бекс,марко,дињо

како и да е одиме на голема победа...

FORZA MILAN!

kiko_pato said...

btw: бари се ко барселона :D плескаат ко никогаш до сега.... :):)

Vase_AC Milan said...

Се случи што се случи минатава недела.Поразот од принтер болеше многу меѓутоа се чини дека не е се изгубено (освен купот) за кој бев многу исфрустриран.Не поради фактот дека излеговме пошто никогаш не ни било ни приоритет туку поради јаловата игра и тенката клупа :@:@
Како и да е не се предаваме.Против Ливорно имаме шанса да ја вратиме самодовербата на соодветно ниво.Составот горе доле е тој само што поради Х причини нема да игра Пирло.Незнам само како ли се повреди и кога.Но мислам дека нема да треба за оваа утакмица со оглед на фактот дека Сидорф се враќа во први 11 и големинаата на противникот...
Сите мислите дека треба Клас да игра па и јас ке го поддржам тоа мислење.Треба да му се даде шанса во оваа формација и малку повеќе минути зошто греота е стварно.Можеби ке дае 3-4 гола а способен е на тоа поготово со вакви да не речам боси екипи.Но тоа е малку веројатно.Дида брани во одлична форма така да нема потреба за Абијати (барем не сеуште) :)
Стартни 11 кои мислам дека ке бидат се: Dida; Abate,Thiago Silva,Favallinho,Zambro/Antonini; Gattuso,Ambro,Seedorf; Beckham,Dinho,Marco
Како и да е целиме на 3 бода и притисок врз мерда кој секако нималку лесна утакмица нема утре.Да си тепаме ние и да се надеваме на кикс па да направиме т.н. рестарт на title chase :)

FORZA MILAN

Navigator said...

работата е што се наоѓаме во многу чувствителен период, така да убеден сум дека Leo ќе оди со онаа "посигурна" и проверена варијанта со Borrigol наместо Hunter..освен ако не се деси чудо па да почнат двата заедно, а зад нив Dinho..ама тоа си е научна фантастика, знам :)
а за голманската позиција не би ме чудело да улета Abbiati место Dida, оти имаше извонредна утакмица во средата..таквата рокада и не би било којзнае колкав ризик заради сличните квалитетите на двајцата..
сепак поради, ќе повторам, деликатната ситуација во која се наоѓа клубот мислам дека ќе игра со оние кои до пред некое време газеа се живо..

FORZA MILAN!!!

Navigator said...

а резултат не видов никој да прогнозира... :)

еве јас сум за 3:0!

ReBorned said...

Друже Навигатор едноставно НЕ СМЕЕМЕ ни да помислиме на формација со 2 шпица + Дињо како подршка. Буквално кога и да ја пробавме таа формација сезонава бевме катастрофални! Ама буквално секој натпревар. Тоа што евентуалните 2 шпица напред се со слични карактеристики е посебен минус за самата формација (особено сега, кога Але не е на располагање). Значи таква формација само за не дај боже ситуација, кога губиме и на сред натпревар. Никако од самиот старт. Па со Удинезе го „игравме“ тоа исто како и во првите 2 месеци од сезоната кога бевме за плачење.
Џеко пак даде ненормален гол за Волфсбург...

ReBorned said...

Има нова вест: Парма - Интер е одложена поради преголем снег!
Можно е сега Телма да ја уфрли Милан во пренос... ;)

Vase_AC Milan said...

ЕЕЕЕ да може да се случи тоа ако ги даваат незнам што ке направам.Уствари знам: сите ке ги избркам од дома и ке спуштам ролетни едно друго и ке уживам :D:D
И јас мислам дека 3:0 ке заврши утакмицава а еве и за стрелците малку (Дињо,Зедорф,Боригол) и Клас ке удри статива кога ке го пуштат
А дали сте за размена Јанкул - Мансини? Хернанес сака да го облече нашиот дрес а не на мерда ама здравје на лето.Друже Џеко покрај тоа што зорле игра за волфсбург туку дава и неномални голови.Замисли да игра со срце за МИЛАН што може да се деси :)
Ри де остави некој линк од воа младово Clavano ако најдеш да ѕирнеме што таленат е

FORZA MILAN

ReBorned said...

Васе малиот од Аталанта (доколку е тој) го знам од младинското првенство кога играше заедно со нашиот Берета на U17. Дечкото уште тогаш ми падна во очи, делуваше многу зрело во тој состав на Италија... имаше одлични пасови и одлична визија во играта. Ако не се лажам тој ги изведуваше и прекините (слободни и корнери).
Убаво паметам дека дечкото беше од Аталанта, сега не знам колкава би била веројатноста во U17 на Италија да играат 2 од Аталанта и 2 да бидат среден ред... веројатно е тој!
Forza Milan!!

ReBorned said...

MILAN: Abbiati; Abate, Thiago Silva, Favalli, Antonini; Flamini, Ambrosini; Beckham, Seedorf, Ronaldinho, Borriello.

Како погодив оти Рино нема да игра туку Фламс ќе стартува :)

kiko_pato said...

воа ми се свиѓа ... ќе си ја крцкаме сега милан на телма :)

ReBorned said...

И Абиати ;)

Navigator said...

FORZA RAGAZZI!!!

ReBorned said...

Капитенот! Нека ти се множат!!

kiko_pato said...

многу добро прво полувреме... задоволен сум од играта...

ReBorned said...

Ајде Хунти имаш цело полувреме со најдобрите...

kiko_pato said...

....................................................................................................................................................

Vase_AC Milan said...

Тоа е.ке правиш шанси ке играш и ке доат некои екипи што играат антифудбал ке даат некој гол овчарски и ке се бранат после.и гол знаеш коа ке дадеш така НИКОГАШ.добро играа трчаа се залагаа ама тоа ти е.факт е дека без пато и неста не се може толку долго.вака ако ги играат сите утакмици до крајот јас ке бидам задоволен.


FORZA MILAN

Anonymous said...

Странно, искал совсем не это, гугл выдал Ваш сайт, и судя по всему не зря, есть что почитать! Goodwork!