Translate

Wednesday 6 January 2010

Будење од зимскиот сон




Back in the business! Калчото продолжува денес. Играме со противник по мерка, противник кој од една страна е доволно квалитетен и игра офанзивно со што се овозможува да се наметне отворена игра која му одговара на Милан а од друга страна е вистински тест за тоа дали поразот од Палермо останува во минатото или ќе има консеквенци и во вториот дел од сезоната. Милан најверојатно зимава „останува“ само на Бекси и Адиа (кој цел Јануари нема да биде достапен поради тоа што ќе игра на купот на африканските нации). Бекси според лекарскиот тим физички е одлично спремен и може да дебитира веќе вечерва. Останува на Леонардо и тимот да одлучат дали и колку може да помогне. Сепак, со оглед на неиграњето на Сидорф (дефинитивно во аут) и веројатното неиграње на Пирло огромна е веројатноста Бекам веднаш да добие место во стартните 11 како технички додаток на силата на Амбро и Гатузо. Останатиот дел од тимот е познат единствено со една дилема, дали во стартните 11 ќе добие шанса Абате или Антонини (со што директно се дефинира позицијата на Замброта како десен односно лев бек). Неста, ТС, Дињо, Пато и Бориело се недопирливи.
Шмек на текстов... Лудница на Телма?!
Вчера на програмата пишуваше дека ќе има пренос од 2 натпревари а веќе денес дека ќе има пренос од 3?!
12:30 Киево - Интер (веројатно деби на Пандев)
15:00 Парма (Палоски) - Јуве
20:45 Милан - Џенова
Ако навистина се случи сето ова денес... Forza Telma!!!

13 comments:

koljo said...

Да да денеска цел ден фудбал.. Па и онака празнично фамилијарно расположение ке седиме дома и ке се мерачиме:):) Еве душманиве се чини тепаат и ептен ме нервираат.. Само нека напаѓа Киево. Ќе тркнам до кладилница покасно да уплатам нешто од мерак, па ако сака некој да каже некој предлог слободно.. ОСВЕН МИЛАН-1 тоа се подразбира нели:):)

FORZA MILAN

p.s. Зошто Пирло да не игра вечер?? Нигде не пишува дека е повреден?!?

ReBorned said...

Не е доволно фит т.е свеж...

Anonymous said...

Веќе почна Пандев да докажува дека сум во право,и не само ја и сите...оффф ај не ми се збори.
Сакаме добра утакмица вечер

-----------Dida-----------------
Abate,Nesta,T.Silva,Zambrotta
-------Ambrosini,Gattuso
Beckham------------------Ronaldinho
--------Pato---Borriello------------

Што велиш за ова Ри?Лео конечно си ги доби крилата,и тоа какви :)))

Vase_AC Milan said...

Супер формација а изгледа и така ке се игра вечерва.Пирло ваљда нема да игра а и Пато изгледа нема да игра така прочитав ама ке видиме.Ако не игра Пато напред ке биде тандемот Марко - Клас шо многу ми се допаѓа :)Бекам веке знаеме кој играч е така да нема потреба да се зборува за него само ке се гледа вечер маестралната игра...
Иначе на Телма алал да им е денеска не нагостија убаво онака празнично и вечер шлагот на тортата секако со победа на Милан

FORZA MILAN FORZA CAMPIONE

Anonymous said...

Браво за Телма :)
А можам само да замислам што ќе се деси кога Клас и Марко ќе ги примаат пасовите и нафрлањата на Дињо и Бекс лејјјј растур готово заврши утакмицата тепавме xD

ReBorned said...

Ај прво скокнете па после оп ;)
Але и дефинитивно е во аут но тоа не значи дека Хунтелар ќе стартува. Пирло ќе влета назад во стартните 11 на местото на Сидорф а Дињо и Бекам ќе бидат зад БориГол.

Anonymous said...

Е од ова и се плашев...

Vase_AC Milan said...

Абе не дека се плашиме ама секако играч како пато да не игра е голем минус :( искрено сакав да ја испроба таа формација ултра шо ни ја претстави ама здравје ке се случи и тоа некогаш.и вечерва ако не добие шанса Хунтелар ке почнам да го мразам Лео...очекуваме голови очекуваме добра игра очекуваме победа на нашиот МИЛАН

FORZA MILAN

ReBorned said...

Хунтелар? Молам?!

Anonymous said...

Пау! Пукна првата петарда годинава заклучно со Хантерот!

Vase_AC Milan said...

WOW што беше ова вечерва....
Убаво се шо победивме ама и на трансфер пазарот сме активни додека играме утакмици :D Галиани го соопшти доаѓањето на Hottor

FORZA MILAN

ReBorned said...

Ultra биди реален, дистанцирај се од фетишот за Хунтерот за момент и потенцирај ги МОМ перформансите на Бори :) Со ваков Бори и ваков Милан јасно е како бел ден дека Хунт не го продаваме во Јануари за да можеме да го вметнеме како дел од трансферот на Џеко (ако тој се согласи на тоа). Едноставно Хунт е фудбалер кој чека топката да му дојде на нога, Бори трча напред назад и ја гради таа топка, се бори со цела противничка одбрана.
Фантастичен Амбро исто така, солиден на кај добар Бекси :)
Team spirit кога му дадоа на Хунт да го изведе пеналот :)

ReBorned said...

Реков и претходно Hottor е чудо од дете... Значи на 16 години да си висок 180 цм и да играш во сениорски состав со фудбалери кои можат да ти бидат татковци, да бидеш во исто време баран (освен од Милан) од Интер, Јуве, Палермо, Наполи, Сампдорија, Барселона (која доведе свои менаџери во Италија за да се обидат да ги расипат сметките на Милан), се зборуваше и за Арсенал+УТД ... тоа е вредност!!
Нешто друго што ретко се среќава кај денешните деца, дечкото бил одличен во школо и многу приземјена личност :)
Нели зборувавме за Касано де... :)
Сезонава во Примавера, догодина ќе добие шанса и во првиот тим ако се оди како што треба.
Верди, пазете на него против Новара, има само 17 години :)