Translate

Monday 26 November 2012

НАЈВАЖНАТА ПОБЕДА!!!


Можеби не е најслатката, ниту решавачката, но дефинитивно најважната победа во ова мизерно првенство. Момците докажаа дека мотивацијата и храброста се пресудни во ваквите мега пресметки. Скоро никој не веруваше во победа баш сега, во вакви услови. Добар мелем за болната сезона, за кој можеме само да се надеваме дека ќе биде доволен стимул за пресврт во играта, во резултатите, во успесите и во расположението. Немаме пракса на блогов да оценуваме перформанси, за жал, ама оваа голема победа ме натера да чкртнам неколку реда.

Ќе почнам со Allegri и неговите одлуки во Дербито. Изваде 4-3-3 формација, со false 9, наместо со шпиц како што се очекуваше и не згреши. Една од решавачките работи што ја коментиравме пред мечот беше маргинализирањето на Pirlo. Boa ја имаше баш таа задача. Играше најчесто во линија што беше 5-6 метра поназад од крилните напаѓачи и со тоа правеше директно маркирање на нивниот плејмејкер. Кога Pirlo ќе избегаше понапред, NDJ лесно стигнуваше да покрие. Max го натера Pirlo да игра со широки пасови, што очигледно не функционираше покрај вакви наши бекови. Со првата измена Milan практично се трансформираше во 4-3-1-2 иако SES повторно ја покриваше цела лева страна. Втората измена беше изнудена заради повредата на Mexes, а последната едноставно беше во насока по секоја цена да се зачува водството. Се на се, сосема солидно издание на тренер под притисок.

Одбраната во целина го одигра најдобриот натпревар оваа година. Цврсто, пожртвувано, без големи киксови, без значајни пропусти, без дупки. Не може да се очекува дека квалитетна екипа како Juventus ќе нема ниедна шанса во 90 минути. Сепак, само две вистински. За првата на Giovinco, недоразбирање во превземањето меѓу De Sciglio и Mexes, а за втората, пожртвуван блок на Constant по шутот на Vucinic. Двајцата најдобри поединци во нашиот состав се двата бека. Juventus менуваше на двете крилни позиции заради безгрешноста на De Sciglio и Constant. Премногу зрел натпревар за еден 20 годишник на десната страна. На левата, мојот Man of the match. Constant најпрво го направи смешен Isla, па го измалтретира Padoin, а некаде при крајот на мечот во стил на Maradona “нареди неколку противници. Тројцата стопери одиграа толку добро што фрустрациите на Quaglia, Vucinic и Мравката, зборуваа сами за себе.

Средината активна и подвижна како ретко кога. Уствари како кога бркаме резултат во 80+ минута, само на спротивната страна овојпат :) Феноменална партија на Montolivo како капитен, како лентата и довербата од соиграчите да му дале мотивација плус. Покажа колку добро знае формациски да се постави за да биде дел од ѕидот, но и доволно опасен да развие контра кога ќе му се пружи прилика. Nocerino напален до максимум! Покриваше доста битен дел од теренот каде Vidal знае често да ги направи смешни противниците. Синхронизацијата со Constant беше на ниво. NDJ имаше порприлично упростена задача се до влегувањето во игра на Giovinco. Од почеток имаше улога да помага и корегира, а со текот на натпреварот се повлече во нашиот шеснаесетник, да расчистува нафрлени топки и најважно, да блокира шутеви од избиени топки. Пожртвуван како и секогаш, ама очигледна беше и мотивацијата плус што се забележуваше во неговите изјави пред мечот.

Нападот фунцкионираше изненадувачки добро. Јасно беше дека овие играчи, во оваа формација и против ваков противник функционираат одлично со контранапади. Најголем дел од приликите , особено во првиот дел беа создадени од контра. Binho влечеше одлично во напад, најчесто проигрувајќи го SES, кој можеби немаше ноќ за паметење, ама неговиот придонес е бесценет. Кога ти во еден играч имаш најдобар стрелец, дриблер, спринтер, асистент, зонски маркер и лев бек и тоа го работи на секој меч, во континуитет, а притоа има 20 години, знаеш дека имаш вистински бисер, реткост, богатство. Да бидам искрен, при влегувањето на Pazzini го опцув Max. Мислев дека доволно добро функционира Boa со маркирањето на Pirlo и дека не е потребно да го премести десно, a Pazzo да застане на шпиц. Не испадна така, напротив, Pazzini ме изненади со неколку добри дриблерски потези и стандардно доброто задржување на топката. Имаше конкретна задача, а тоа не беше да постигне гол по секоја цена, туку да концетрира дефанзивци на него и да проигра по можност. Одлично се снајде!

Можеби долго ќе слушаме за пеналот или за тоа што Milan се бранеше во поголем дел од мечот, дека имавме 38% од поседот, ама ако. Нека биде и ваква победа, за нас слатка, да осетиме мала компензација за несреќните примени голови, за нервозите, за неправдите, за Muntari. Нека им е подобрата игра, нека ги боли поразот на гости по долго време, вториот пораз сезонава, наша е победата, конечно црвено-црна фудбалска екстаза!

P.S. Curva Sud феноменални како стално! За неверување е нивната верба во клубот и во најлошата сезона за која било кој од нас памети. И на цела таа лојалност, некој враќа со нелојалност и себичност, а тие, нормално, реагираат. Pato е предупреден – или си со нас или догледање!




FORZA MAGICO MILAN!!!

17 comments:

ReBorned said...

Клуч за нивната лоша игра вечерва беа 2 работи:

- Лошата игра на Пирло, без идеја во нападот
- Лошата игра на нивните крила (или добрата игра на нашите бекови).

Уште еднаш се покажа дека Пирло е душата на Јувентус. Тие ја имаат најсилната екипа во Италија годинава но константното играње на Пирло (без повреда) им е огромна позитива! Вечерва Пирло беше „задушен“ од нашите фудбалери и веднаш тоа се чувствува во играта на Јувентус. Тој 60 % посед на топката е вештачки притисок, основен предуслов за да се постигне гол е да има шут кон голот. Шутевите во рамките на голот беа 6 наспроти само 2, во наша полза! Значи тоа кружење на 30 метри од голот, делува како страотна иницијатива но во цели 90 минути, Јувентус успеал да упати само 2 шута во рамките на голот!
Нашите бекови беа брилијантни! Ако првата алка во успехот на Јувентус е Пирло, веднаш зад него се двата странични фудбалери. Нормално, нивната игра во голема мера зависи од играта на Пирло и неговите длабочински топки кон левата или десната страна. Вечерва Асамоа и најпрвин Исла а потоа и Падоин, беа незабележливи! Пробаа милион пати да поминат преку Де Шиљо и Констант, секогаш беа запрени, секогаш чисто, без фаул! Едноставно и двајцата беа брилијантни!
Тоа што игравме со 4-3-3 наместо 4-2-3-1 помогна во балансирање на играта на средината на теренот. Имаше жестока битка, имаше многу дуели! Натпревар со психолошки набој, многу врева од трибините и голема борба на теренот! Типична италијанска класика!

Anonymous said...

Многу зрела партија од сите што истрчаа на теренот.
Како меч за титула да играа, нногу различен беше пристапот кон натпреварот како друг Милан да играше а не оној летаргичниот што ги познаваме сезонава.
Најважно сега е да се задржи еден континиутет, односно да се дојде од една серија од 4-5 добри резултати макар тоа и да било 3 победи и 2 нерешени.
3тото место не е воопшто далеку и ако момците се однесуваат онака како што се однесуваа вечерва ќе немаат проблем да ја остварат својата цел.

Anonymous said...

http://www.dailymotion.com/video/xvdfls_constant-vs-juventus-25-11-2012_sport?start=9

ReBorned said...

http://sulia.com/channel/ac-milan/f/8fe5308f-d285-4d7a-8e0e-7e8b2fd42c4f/

http://sulia.com/milanello/f/436b9db6-f620-419e-82e2-bbdb9e7386bf/

ReBorned said...

Еве одлична илустрација за муабетот на Иван од постот, како Милан го неутрализираше Пирло:

Боатенг играјки како лажна деветка го маркира Пирло и го притиска понапред а понапред го чекаат Ночерино + Де Јонг на двоен пивот. Де Шиљо десно ги сече сите топки кои Пирло ги испраќа кон Асамоа.

https://pbs.twimg.com/media/A8oV99iCAAETnky.jpg:large

ace1899 said...

WARNING EXPLICIT CONTENT !

20yr old boy f***s mature old lady

http://www.dailymotion.com/video/xvdksa_de-sciglio-vs-juventus-asamoah-25-11-2012_sport

ReBorned said...

Шизици од Македонија стигнале до микрофонот на Сан Сиро :)

http://www.facebook.com/photo.php?v=465830846792724

Anonymous said...

Бонера и Мексес повредени, а Јепес суспендиран.
Ќе имаме пак нов одбранбен двоец против Катанија во петок:
Запата-Ачерби

Navigator said...

Zapata-Acerbi и не е така лош тандем, особено против Catania како состав. Нивните напаѓачи не се опасно брзи за да бидат опасност за нашиот двоец. Настрана тоа што Catania има огрмни проблеми за составувањето на екипа до Петок. Имаат неколку многу важни стандардни фудбалери кои се повредени или суспендирани за нашиот дуел. Biagianti, Bergessio, Spolli, Gomez, Izco... ама ајде, има време, ќе зборуваме за тоа во постот.

Anonymous said...

Па мора за нешто да се разговара во меѓувреме нели? :)
Ајде за трансфер пазарот:
-Се погласни шпекулациите дека доколку не пристигне некоја солена понуда за Пато можно е да се врати во Бразил на некоја позамица
-Повторно не поврзуваат со Рафаел за кого се вели дека ќе рачунаме како на прв голман
-Абијати поврзуван со Леванте одкако ќе истече неговиот одговор на крајот на сезоната, секако ако не одлучи да се пензионира
-На прашањето дали ќе се пазари во Јануари, Галијани одговори дека првин треба да си одат некои играчи па да дојдат други.
Според мене најблиску до излезна врата се:

Месбах
Пато
Траоре
Габриел(позајмица)

Пред две години имавме ретко добар зимски преоден рок: Ван Бомел,Емануелсон,Касано....зошто да не биде така и овој преоден рок. Има доста интересни играчи на кои договорите им завршуваат налето па може да се купат многу ефтино.

ReBorned said...

Како на пример Љоренте, одличен корпулентен фудбалер кој е идеален за 4-3-3 со двајца крилни напаѓачи зад него. Тој дефинитивно не го продолжува договорот и дефинитивно си оди на лето. Сепак, верувам дека Јуве повторно ќе притисне за него во Јануари, пред се тој е во комбинација и за ЛШ поради тоа што сега има настапи само во ЛЕ.
Стротман изјави дека не си оди во Јануари и заинтересираните клубови ќе мора да се обратат на лето.
Берлу изјави дека Ван Бастен им предложил млад холандски фудбалер кој е извонредно талентиран и Милан го следи со внимание. Имаше големи шпекулации, најпрвин се помисли на Filip Djurisic, полушпиц од Херенвен (клубот каде што е тренер Ван Бастен) но боде во очи зборот ХОЛАНДСКИ а Djurisic e србин. Берлу изјави дека за да се направи нова база на фудбалери и за да се потпреме како клуб на млади фудбалери, Милан не треба да купува фудбалери кои се постари од 22 или 23 години. Нормално, верувам дека ќе има исклучок ако се покаже некоја добра шанса (на пример Љоренте или Снајдер) но базата на фудбалери веројатно ќе биде млади, талентирани деца.

Navigator said...

Се сложувам дека клубот не треба да купува играчи постари од таа возраст, ама исто верувам дека ќе биде неопходно да се донесе еден играч кој ќе смири многу страсти и ќе затвори многу усти. Се надевам дека Berlusconi ќе се "отвори" за една ѕвезда во Јануари, што во секој случај ќе биде огромен "boost" за тимот. Ангажирањето на напаѓач ѕвезда веројатно ќе зависи од судбината на Pato и само негово продавање ми изгледа како прилика за ангажирање на ново засилување во нападот. Искрено, не знам што да мислам за нова трампа со Принтер Boa-Snejider. Може да се покаже како позитивен потег, а очигледно има и позитивна клима за таква размена. Ми се чини дека и двата клуба се задоволни со трампата претходно, секоја страна на свој начин. Италијанските клубови се во таква ситуација што мора да соработуваат, да менуваат, да позајмуваат, притоа заборавајќи на ривалство. И тоа е добро за квалитетот на Калчото на крајот на краиштата. Јас како навивач на Milan побрзо ќе ги голтнам сите голови и асистенции на Cassano за комшиите, отколку да гледам како прави раздори и проблеми во мојот клуб. Освен тоа, Pazzini не е воопшто промашена аквизиција, па да жалам. Единствено во таа размена ми сметаше доплатата на нашите, ама како и да е...

Navigator said...

А дека ќе се повтори Јануари 2011 немојте да се надевате. Тогаш имавме состав кој гарантираше борба за титула, а зимското меркато ни донесе состав кој гарантираше титула. Сега се други времиња, друга конкуренција, други амбиции, друга политика.

Anonymous said...

И јас мислев околу ова Боа-Снајдер ама реално гледано многу тешко ќе биде, пред се преминот на Боатенг во Интер јас лично ќе бидам изненаден ако се случи ова и не само проади неговата тетоважа со светиот амблем и ред други причини.
Јас па како што разбрав повеќе фудбалери препорачан Марко освен Џуриќич, имено Марко Ван Гинкел од Витесе, Рикардо Ван Дин од Ајакс и Бруно Мартинс од Феенорд

ReBorned said...

Боатенг има само тетоважа со знамето на Калчото и бројот 18 под него, ништо повеќе :)

ReBorned said...

И на крајот на краиштата, најголема пречка за овој трансфер е платата на Sneijder. Inter не сака да го продаде, тие му нудат нов договор до 2018 со 4 милиони евра по сезона а тој не сака да слушне затоа што сегашниот договор му е со 5 милиони евра по сезона до 2015. Зошто би добил повеќе кај нас?

Navigator said...

ќе пишам preview пост после пресот на Allegri во 14.00!