Translate

Saturday, 3 March 2012

Победа на Renzo Barbera!




Победа на Renzo Barbera е задолжителна! Токму на стадионот кој носи најдобри домашни резултати после оној на Удинезе. Палермо е екипа која игра драстично различно дома и на гости. Разликата во домашните и гостинските бодови е дури 26! Тоа значи дека дома ги надоместуваат сите оние бодови кои што им носат се уште борба за излез во Европа, сите оние бодови кои многу лесно ги губат на гости.
Иако екипата ги загуби Ночерино (дојде кај нас) и особено Пасторе (ПСЖ) Палермо и сезонава покажува дека не е екипа која зависи од индивидуалец туку жешката крв им помага многу, особено дома!
Главен играч нормално е нивниот долгогодишен капитен, Фабрицио Миколи! Фудбалер кој мене лично секогаш ми бил еден од посимпатичните напаѓачи во Серија А, особено што (слично како и Џовинко) речиси секогаш ги решава Јуве кога игра против нив :)

Кај нас по 3 (бизарни, смешни) натпревари суспензија во тимот се враќа Златан кој е одморен и ако се верува на зборовите на Антонини, екстремно мотивиран за игра! Тој нормално влетува директно во стартните 11 заедно со фудбалерот кој во последно време е можеби нашиот најдобар фудбалер во тимот, Робињо. Зад нив повторно ќе стартува Урби кој доби шанса за Холандија против Англија и секој следен натпревар добива се поголема самодоверба а тоа се рефлектира и на неговите игри на теренот. Зад него покрај Ночерино ќе стартуваат (несудениот стрелец против Јуве) Мунтари и најверојатно Амброзини (а не Ван Бомел). Во одбраната доаѓа до полн израз суспензијата на Мексес од 3 натпревари поради тоа што Неста е повреден па Бонера (кој и самиот едвај се рехабилитираше за настап) ќе стартува покрај Тиаго Силва. На бековите се Абате и (најверојатно) Антонини. Тоа формациски би изгледало вака:



Со слична формација на двата тима, ние треба да го добиеме дуелот во средниот ред и особено да бидеме внимателни во одбраната каде што Миколи, Будан и Иличич воопшто не се наивни особено против Бонера.

Forza Milan!!!

30 comments:

ReBorned said...

Блогот оди и на blogirame.mk

Anonymous said...

Мое извинување Ри, вчера бев излезен па сабајлево уште нерасонет отидов на кошарка тек сега се уклучив на интернет пак се вадам на тебе.
Колку што е опасен Бонера за нашата одбрана толку е и нашиот напад за нивната, Силвестри, Балѕарети и Писано ќе недостасуваат, така да ако играат на ниво Ибра и Бињо (посебно првиот) може да очекуваме лесна победа.
И да колку и да имаме некое проклетство на овој стадион уште ми ѕвони во уши победата од 0-7 пред точно една година кога Ди Натале и Санчез мајтап си играа со Сицилијанците.

И нешто околу блогираме

http://aerodromskison.blogspot.com/2012/03/blog-post_03.html


"Она што е најбитно и за што апелирам на еден начин е, да си вршите споделување на фејсбук и твитер преку самиот агрегатор, бидејќи на тој начин, и покрај тоа што редиректира директно кај вас на блог, сепак го брои кликот и на самиот агрегатор, со што се зголемува популарноста на самиот пост и можноста да биде се повеќе и повеќе читан."

Значи не му ја мислете,твитајте, споделувајте :)

И ова https://rapidshare.com/#!download|27tl3|3314975753|blogirame_transparent.png|2|R~D10AA78714E7BC3A25DCCA31E6486A28|223|94
закачете го на блогов, бидејќи сме во експанзија не е на одмет :)

FORZA MILAN !!!

ReBorned said...

Официјалните 11 се истите што јас ги наведов.

Forza Milan!!!

Anonymous said...

Таман си мислев ќе гледаме со италијански коментатор бранче прозборе.....

ace1899 said...

многу ептен многу е бесен ибракобраабракадабра...уште една класична шампионска партија од сите. Ми се свиѓа шо макс почнуе да разигриуе и 4-3-3 формација без треквартиста шо ствара ептен простор напред и нормално добро е да си имаш разиграно бекап тактика.

Епа нека повелат арамиите од торино нас ни останаа уште рома(на с.сиро) и интер од „дерби„ утакмици друго играме све дома без некои незгодни гостувања,а нив богами ги чека доста работа и правда незадоволена..

ReBorned said...

Брзо, суспендирајте го Златан пак! He is on fire!!!

ace1899 said...

Forza Paloschi !!!

Navigator said...

1. Нова шампионска претстава! Честитки! Презадоволен сум!
2. Браво за blogirame.mk
3. Ужасно ме нервира новиот "дизајн" на blogger
4. Најавувам поактивно враќање на блогерајов, особено со постови
5. Се сеќава некој на меилот на Mohican за да му пишеме да даде опција за постови на Аце и Коле?

ReBorned said...

Најверојатно ќе треба да побараат Curva_Sud и Ultra низ sent items во маиловите, тие контактираа...

ReBorned said...

1-1 во моментов!

ReBorned said...

ТОА ЃУБРИЊА!!!
FORZA MILAN!!!!!!

ReBorned said...

Коментар што го напишав на мој познаник на ФБ во 20:39

„нешто ми кажува дека оваа вечер Јуве ќе кикснат ако не ги извлечат со судиска одлука...“

Navigator said...

E andiamo! Che serata... :)

Anonymous said...

ЗЛАТАН!
Одлична увертира за мечот против Арсенал, ништо не е готово и таму топџиите покажаа изминатите две кола дека знаат да се вратат од негатива, башка РвП распали башка да паднат 2 посрани гола со 2 нула ќе ни гори под нозете.
Затоа треба да се изигра сигурно и сталожено.
Пошто gmail-от ми е изгубен неможам да го најдам мејлот ама ќе прочепкам.
И јас се слагам иване дека ме нервира новиот изглед, бидејќи заслепува пред се.
И да мислам дека е време да се организираме и да го направиме блогот да заличи на нешто :)
Естетски барем.
П.С.


https://fbcdn-sphotos-a.akamaihd.net/hphotos-ak-ash4/427033_359712030727565_141629532535817_1088971_1038161076_n.jpg

ace1899 said...

http://yfrog.com/nuxuoxgj ич уво не му чуе

Kole.22 said...

Епа кога човек дава хет-трик во прво, тимот игра школски,усогласено и мотивирано, ја решава утакмицата во брзо време и овозможува второ полувреме во лежеча позиција, нема причина да не сме задоволни. Ми се правеше мерак што од трибината кај што беа нашите, неколку пати се слушаше odia la juve.
И ја таман мислев ке го слушаме италијанскиот коментатор, ама ете, се појави Бранче кој како и претходната недела се извини 685 пати, али не пропушти да укаже на тоа дека Ибра е едноставно НАЈДОБАР, признава човекот.
Единствено што ме мачи е повредата на Урби, сеуште нема информации..
За арсенал да ви кажам право полабав сум, Артета им се повреди, само се молам да нема глупости пред се од Мунтари(ако е повикан за лш,не сум сигурен), непотребни жолти црвени картони, и најбитното непримање гол први 15-20 минути.
Газиме

Navigator said...

Мислам дека нема потреба од ваква претпазливост пред мечот со Arsenal. Сепак 4-0 е огромна предност, а и тие не се нејоја екипа која сее страв низ Европа. Ниту гол во први 15 минути, ниту црвен картон неможе и несмее да ја поремети играта. Имаме премногу искусни и квалитетни играчи за Wenger да може да се надева на пролаз. Само смирено момци, четвтфиналето одамна е наше.

FORZA MILAN!!!

Navigator said...

Urby самиот изјави дека е добар и дека утре ќе оди краток преглед за секој случај. Инаку sulley има право на настап, не беше кај пацерите во составот во првата полусезона. Едино незнам дали нашите го пријавија...

ace1899 said...

По најновите информации треба да се молиме урби да не е повреден сериозно зашто иначе ќе биде густо, мунтари не е пријавен,амброзини казнет(жолти картони),единствени здрави во средина ни се ван бомел и ноче и од повредените само аквилани е во комбинација да се врати до вторник ;(

Од друга страна кај нив се повредени артета и ремзи,така да ќе има комбинации до последен момент со составите..

ace1899 said...

Се спомнува и комбинација со мезбах во средина лево..

ace1899 said...

http://www.dailymotion.com/video/xp7kw5_palermo-milan_sport

Highlights so Mauro Suma,direktorot na milan channel i eden od najzestokite komentatori

Anonymous said...

Според некои комбинаторики Аквилани ќе стиска заби и ќе почне.

ace1899 said...

FC I***R sramota e vise da gi kazuvame mora so cenzura

ReBorned said...

Шпекулациите велат дека за Англија ќе патуваат, Cristante, Calvano и веројатно Innocenti, се враќа во тимот Aquilani а веројатно старт ќе добие Stephan El Shaarawy.

Anonymous said...

Ри ти пишав на gmail-от.

ReBorned said...

Имаш одговор

Kole.22 said...

Повикани играчи за мечот со Арсенал:

Аbbiati, Amelia, Roma, Abate, Antonini, Bonera, Mesbah, Mexes, Thiago Silva, Zambrotta, Yepes, Aquilani, Calvano (n.54), Emanuelson, Innocenti (n.35), Nocerino, Van Bommel, El Shaarawy, Ganz (n.56), Ibrahimovic, Robinho.

Венгер нешто многу збори пред утакмицава, мисли дека ако ги тепал тотнем и лузерпул, Милан ништо не е. Пак почна да мрчи како Миланезите ке виделе како е да се игра на вистински терен. Ама ако, малце им се 4, па си бараат уште. Не сфакам вакво јачање, кога од цел среден ред единствен здрав играч им е сонг.
Алегри ке му покаже одново како треба да се ПОСТАВИ играта и играчите, а не трчање ко муви без глави и после крив бил овој или оној.
Forza Milan, Forza mister Allegri

Kole.22 said...

Aquaman од прва минута? Јас мислам тешко. Урби,Ноче,МвБ,и уште еден везњак којшто ни треба во моментов. Најверојатно Ел Шарави како шпиц, па поповлечена улога на Роби. Би било доста отворено вака, но ке почекаме до последен моментт. Останува уште дилемата Антонини/Месбах, иако ја би Замброта.
Толку од мене засега, поздрав момци

ReBorned said...

Mesbah е веројатно да стартува во средниот ред а Златан сигурен сум дека ќе добие старт (веројатно покрај SES92). Проблемот е што 100 % подготвени фудбалери од средниот ред ни се само MVB и Nocerino.
Aquilani на клупа ќе биде

ReBorned said...

Мах изјави дека утре стартуваме со 3 напаѓачи! Златан, Бињо и Стефан.