После ужасната претстава на Emirates во Лондон ни следува едно поприлично лагодно угостување на екипата со која го одигравме можеби најинтересниот меч досега во првенството. Не треба подробно да потсетувам што пред четири месеци се случи на Via del mare како увод на утрешниот меч. Едноставно се случи The Prince Show. Секогаш е добро кога како мотивација пред натпревар си ги прегледуваме успесите против некоја екипа, а посебно добро е овојпат, по којзнае кој пат да го свртам видеото со историскиот пресврт. Сосема обратно, претспоставувам, се осеќаат утрешните гости. Дефинитивно доаѓаат во незгодно време за нив, по една добра серија на нашите момци во Калчото и превземањето на врвот на табелата. Ремито на Juventus од Средата, нивното ново гостување во Genoa утре и проблемите што ги имаат во тимот, значи дека колово може да биде и тоа како важно за титулата. Шанса за исчекор и одлепување од единствените конкуренти за Скудетото - така може да се окарактеризира утрешниот натпревар.
Секако дека не е се така лесно како што можеби изгледа. И нашата ситуација не е идеална. Мечот доаѓа по пораз од 3-0, го имаме стандардниот проблем со повредите, а деновиве ги чувме и првите гласини за некакво несогласување во тимот во ерата на Allegri. Без оглед на вистинитоста на таквите вести, последиците од еден голем пораз очигледно се одразуваат на атмосферата. Сега сигурно немаше да зборуваме за расправии и целосно ќе се фокусиравме на Lecce, доколку резултатот беше "поднослив". Тоа беше резултат од ЛШ и натпреавувањата се различни, но формата и атмосферата се пренесува и ја прати екипата. Не постои екипа што игра со едно лице дома, а друго во Европа. Како и да е, како што и нагласи Max деновиве, полесно е да се биде бркан, отколку да бркаш некого. Го знаеме тоа правејќи паралела меѓу претходната и сезоните пред тоа. Сега кога врвот е достигнат останува само да ја одржува и по можност да ја зголемуваме дистанцата.
Што се однесува на составите за утре, Max веројатно ќе ги извади истиот тим како и против Arsenal, со тоа што Nini ќе се врати на лев бек, а MVB ќе почне од клупа. Околу навалната линија нема никакви сомнежи, додека во средниот ред покрај Nocerino и Ambro, ќе се најде и Muntari. Bonera ќе го дружи TS назад, заедно со Abate на десен бек. Aquaman и покрај солидниот настап на Emirates, не е спремен да стартува, SES ќе чека шанса шанса во второ полувреме, а овојпат нема да имаме двајца голмани на клупа сигурно :) Cosmi исто така има проблеми со неиграњето на стандарднитe Cuardado и Grossmuller. Најистурен кај нив ќе биде Bojinov, можеби со поддршка од Corvia или Muriel. Играат некоја чудна формација со тројца одбранбени, но утре сигурно нив ќе им се додадат уште двата бека, што прави солиден бункер. Ако евентуално Cosmi се реши за праќање на тие бекови понапред, петардата не им бега ;) Она што јас го очекувам формациски, со помош на footballuser.com би изгледало вака:
Многу јасно и едноставно момци, одиме на убава победа и на плус 4 (евентуално 5)! :)
FORZA MILAN!!!
65 comments:
Незнам дали јас сега приметувам или сега се случи тоа, ама Мохикан ни има дадено админ пристапи. Баш му благодарам затоа што ќе биде многу попрактично во ситуација кога тој веќе и не е активен со пишување. Инаку знам дека чита :)
Муабетот ми беше Коле и Аце да ги остават меиловите со кои се најавуваат на блогов за да им се даде опција да пишуваат постови. Ако сакаат да пишуваат, нормално. А после натпреварот утре, би можеле да седнеме и да се договориме дали, кога и како можеме да го дотераме блогов малку од дизајн, содржина, начин на функционирање...
6171 коментари, 368 спам пораки, постот на Драган - Ultras Milano, "Milano siamo noi" од 17.10.2009 има најмногу pageviews, па следи оној на ReBorned за Урби Емануелсон од 22.01.2011 и на трето место по pageviews е постот Иван-Navigator "SCUDETTO BENTORNATO A CASA" од 03.04.2011, додека првиот пост е напишан од The Last Mohican со наслов "Zosto go napraviv ova". Овие податоци важат за период Мај 2009 - Март 2011,затоа што така blogger го подразбира терминот "all time" без разлика што блогот постои од 2006 :)
Вкупно блогот од своето постоење до денес има 35246 pageview, ако земеме дека постои отприлика 63 месеци тогаш ќе дојдеме до просек од околу 560 views месечно, НО изминатиот месец сме имале приближно 3500 pageviews што е доволен показател за растот на популарноста на блогот.
Сега кога повеќето од нас сме админи можеме да ја искористиме опцијата која ни дава можност да не се следат нашите пристапувања кон блогот и да ги регистрира само оние надворешните, доколку сите сме за, можеме да го изведеме тоа и да добиеме пореална слика колку луѓе го посетуваат блогот освен ние, мештаните тука, не засекогаш туку еден месец на пример, чисто како мало истражување :)
Ете тоа беше еден мал рекапитулар на досегашното постоење на блогот користејќи ги привилегиите кои ги носи админството :)
Момци, Mohican ми пишал уште пред 2 дена толку сум проверил јас :)
Сите 4ца сме Администратори може да правиме какви што сакаме измени мислам дека не сме лишени од ниедна опција достапна на Mohican.
И уште нешто што ме посоветува е да не го чепкаме многу HTML кодот освен ако не сме добро запознаени со него.
Така да јас верувам дека Ри е најмногу упатен во блогерајот (по некоја моја логика дека он има(ше) блог).
Уште еднаш фала до пријателот Mohican.
FORZA MILAN !!!
не се сомневам дека некој ќе прави испади и индивидуално ќе прави измени, ама сепак ќе предложам измените да се прават со целосен конзензус :) ама за тоа после натпреварот утре...
Јас сум пак на мобилен и не можам да видам дали имам администраторски пристап и што/како е работата. Многу убаво ми дојдоа бројките со статистиката :-)
Околу мечот, ако Лука сè уште не е доволно фит, стартува месбах. Се друго е познато.
Повеќе за ова утре а Коле и Аце, бујрум ако сакате привилегии за пишување на постови :-)
Поздрав Мохикан
П.С Незнам дали ме следите на твитер, го експонирам константно блогот (исто и на ФБ). Правам share преку блогираме, утре ќе направам сега е касно и никој не чита :-)
Forza Milan!!!
Јас искрено многу малце се разбирам у блогерај, да не речам ич, па не би се нафатил да пишувам статии, не дека немам желба мегутоа би го оставил тоа не поискусните :)
Што се однесува на натпреварот утре, Лече ми се едни од посимпатичните екипи во лигава, утре не очекувам бункер, напротив мислам дека Лече со овој состав далеку се разликува од претходните сезони, играат доста отворено, барем ја колку што ги имам гледано 5-6 пати досега, гајле им е колку гола ке примат ако успеат да дадат повеке..
Само да можам да им шепнам на Бонера ТС и Амбро и останатите во задњиот дел да не прават глупи фаули зошто тимов што одвај се бори за опстанок имаат еден rising star позади во името на Davide Brivio, мајстор за слободни. Не знам колку го пратите типов што по природа е лев бек а игра лево крило, што е одличен играч, верувајте. Немам никакви сомнежи дека ке биде 1-1&3+ или пак дека ке се мачиме, едноставно даваме гол-два во први 20 минути и ја затвараме утакмицата. Криво ми е што ке треба да се мачиме со стримови, али тоа е.. Утре дефинитивно ке се сладам на поразот на губентус, никогаш не сум бил посигурен во 3.60 коефициент.
Нема поубаво чувство после бурна нок да станеш точно пред почетокот на калчо во недела во 15ч.
Победа и само победа
Andiamo
*Март 2012, мал превид :) ..инаку и јас сум на мислење да правиме промени по претходен постигнат консензус иако не се сомневам дека било кој од нас ќе превземе било што без претходно да се консултира за тоа.
Лече изгуби само еден од последните девет натпревари, собирајки дури 16 бодови. Во оваа статистика тие се трети во цела лига, пред нив сме само ние и Лацио.
Нема да ме зачуди ако Златан пак експлодира како со Палермо.
Мене нема да ме зачуди ако Binho или Urby имаат свој ден. Барем на бразилецот му лежат вакви екипи, не многу цврсти, со отворена игра, кои прават чести грешки на средината. Идеална шанса за нив двајца со оглед на нивната брзина но и поради тоа што Ibra константно ќе влече 2-3 противнички играчи на себе.
Според мене Коле, најголема опасност би требало да доаѓа од Muriel. Дечкото е измислен за SS во комбинација со крупен напаѓач, но секако дека не со тип како Bojinov :) Бугаринот е очаен... Тоа што викаш ти дека играат отворено е вистина, ама имај во предвид дека таа 3-(2)-3-2 или 3-5-2 формација како што ја претставуваат може да биде многу флексибилна и брзо да се претвори во класична 5-3-2 што ќе значи бункер. Сепак, ран гол многу јасно ќе ја насочи утакмицата.
А за ова што викаш дека не си искусен блогер нема никаква врска. Сите ние четворицата "поискусни" почнавме да пишуваме многу скоро откако го најдовме блогот. Тоа не е никаква обврска, пишуваме само од желба да се искажеш. Ниту постовите се којзнае како пишувани, па да неможеш ти или Аце да пишуваш. Настрана тоа што во вас има длабок муабет и доста солидни познавања, што ми е ептен мило. Некогаш се случува да некои од нас се зафатени на ден или два пред меч, а како правило меѓу нас важи да блогот не смее да испрати официјален меч без пост. Затоа инсистирам да добиете ти и Аце опција за пишување...
Официјални состави: Antonini стартер на лев бек и сепак Marc Van Bomel на DMC.
Обратете внимание на напаѓачот на Lecce, Muriel (позајмен е во Lecce, во сопственост на Udinese) има шпекулации дека Milan има првични разговори со Udinese за момчето на лето да дојде на San Siro (се шпекулира за сума од дури 10 милиони евра)
Искрено ми е жал за Ночерино и Урби! Ги изиграа буквално сите натпревари во ритам среда-недела во последните 2 месеци. Ночерино барем отсуствуваше на еден поради суспензија, Урби буквално нема седнато на клупа (беше на клупа на првиот дуел со Арсенал но Сидорф се повреди уште во 10та минута и влезе Урби).
Кој има стрим нека сподели
П.С Се согласувам со Navigator, гледам дека вие дечки (Коле + Аце) имате одлични познавања не само за Милан туку и за италијанскиот фудбал воопшто. Ќе бидете одлични. А ако мислите дека нема да се снајдете со самиот процес на постирање на постови, тоа е peace of cake и тука сме да Ви помогнеме, ако треба и со screen shots.
А за промовирањето Ри, секоја чест. Немам Twitter и не пратам, едино кога ги paste-ираш твитовите отворам. На ФБ сум премалку активен, а блогираме.мк е многу добра алатка за промоција дефинитивно
Еве уште едно (ин) директно инфо за Милан и фудбалот воопшто:
Također, UEFA je objavila da je vlasnik TV prava Lige prvaka u naredne tri godine u Makedoniji telekom operater Makedonski telekom. Za sada nije poznato koji emiter u ovoj zemlji će emitovati utakmice Lige prvaka, ali se nagađa da bi to mogla biti Arenasport.
Boateng на twitter прогнозира дека Binho ќе даде гол.
Имаше tribute за Marco “Super sic“ Simoncelli пред мечот, огромен фан на Милан.
http://www.hqfutbol.eu/ch3.html
Пристапот кон мечот е ЅВЕРСКИ!!! Ова ми недостигаше под водство на Анчелоти, секогаш млитаво започнувавме!
http://livetv.ru/en/eventinfo/109059_milan_lecce/
мене првиот линк ми работи подобро од телма жими се :)
Агресивноста е ок, поседот на топка е задоволителен, ама сепак треба малку да се згазне топката. Не искористија момците неколку убави шанси и сега на стартот на второто полувреме не смеат да дозволат брканица. Само полека, смирено до уште еден гол, па потоа ќе биде фешта.
И еве ви еден линк со стримови. Не знам што нет имате, ама првиот стрим (шведскиот) лета на HD.
http://www.livefootballol.com/streaming/serie-a/week-27-ac-milan-lecce-11-03-2012.html
ZLATAN !!!
Златан и уште два-тројца се во Европа што можат да добијат жолт картон во 83 минута на домашен терен против Лече при водство од 2-0, неможе секој тоа!
Така иде тоа кај него..
Го нема 3 натпревари се враќа со 3 гола.
Овој најтпревар даде гол ама затоа и идиотски жолт карто заработи :)
Кога сме кај жолти нели после 5 жолти следеше суспензија? или 6 ќе беа, бидејќи пирло има 5 и имаше најави дека нема да игра е во стартниот состав, слично и амбро има 5 а од другиве најзагрозени се ван бомел ночерино и боатенг со по 4.
И официјално сега сме на +4.
Да беа малку поприсебни Каладѕе и Џилардињо ќе бевме и на 5 ама тоа е тоа.
Само чудо може да ни ја одѕеме титулата сега.
FORZA MILAN !!!
Јуве погоди 3 стативи но заврши 0-0 со Џенова.
+4
Forza Milan!!!
За Juve имаше и два чисти недосудени пенали во првите 20 минути рака на срце. Ама резултат на крајот беше 0-0! Само уште City да победеше и ова ќе беше совршен викенд за мене. Одиме кон ново Скудето момци!!
Ја гледав паралелно затоа не сум го видел тоа. Свонси ме среди! Валенсија 1 (2-0), Јуве 1Х, Вердер 1 (3-0)
Ова со локацијава на постов доле ми боде очи.
Истото сакав и јас да го кажам уште кога видов прв пат. На претходните постови нема location
Не сум го ставил намерно, веројатно автоматски лоцирало...
момци, јес да е автобус, ама ова е многу ефтино. јас сум решен да одам па ке видиме
http://www.atlasplus.mk/aranzman/milan-roma/
Ах ме замисли... посебно што одморот би требало да ми биде од 20ти натаму. Ама страв ме фаќа од долгометражното патување со автобус...
колку саати би било возење до Милано отприлика во најдобар случај и без поголеми задржувања на граници??
и каде на Сан сиро е влезницата на Red Ring 3 section?? кој бил до сега нека каже збор-два :)
Според тоа што мои другари кои студираат во Љубљана патуваат околу 12 саати до таму, до Милано би требало да има некои 14 отприлика.
А инаку Red Ring 3 значи централна трибина, онаа каде што е главната камера, прес делот и ложите, но третиот, послениот слој на трибината. Не дека е лош погледот, ама картите се значително поефтини. Пријател што беше скоро на стадионот кажуваше дека не е предалеку за гледање, едино картата да не е во прв ред од секцијата, затоа што ништо нема да видиш од оградата. Боље последен ред земај, никако прв :)
Јас се пријавив и најверојатно одам за Милано, се надевам дека достоинствено ке се претставиме таму и можеби ке не фати некоја камера :)
Јас само можам да ти кажам браво за храброста :D ...и секако убав провод и без 3 бода не ни помислувај да се вратиш тука! :)
Kole сериозно бев заинтересиран да дојдам (единствено проблем ми правеше автобусот) ама сега ми дојдоа непредвидени работи. Прво одморот ми се одложи на 2 пати и сега ми соопштија дека од следниот месец ќе останам без работа. Сега малку сум затечен и ќе го прескокнам ова, здравје во следна прилика.
Јас убаво си се изјачав, а сабајлево гледам распоред на колоквиумска сесија од 20-30 месецов, па нека иде све у курац. Најверојатно ке биде следна прилика и за мене, не ми се проблем тие 16 саати пат пошто едвај чекав вакви шанси.. Единствено добро е што дознав дека на еден другар мајка му работи во туристичка агенција и наскоро ке има и можност да прави тури па ке има и поубави шанси за смешни цени, ние ке можеме и да предложиме нешто. Ова ми беше единствена утеха, се надевам ке биде вистина па ке ве известам за некое време
Пиши навреме цена и датуми ако дознаеш и идеме па ако треба и пред стадион да седам :)
Milano Siamo Noi! Solo Noi!! Ама тоа веќе и го знаевте.
Жал ми Ри за тоа што го пиша со работата , ама бар вие гевгеличани немате проблем со наоѓање на работа ;) ќе биде друже... А ќе биде и едно патување до Милано ако стварно има поефтини тури ко што најави Коле. Па зошто да не и заедно, ние од блогов со уште неколку души навивачи да заминеме? Ќе направиме убаво дружење.
И уште нешто ван темава... Искрено, криво ми е за пацерите. Пролаз на три италијански екипи во last 8 ќе беше огромен успех, огромен! Навивам за Napoli утре ептен!
Со знаме (транспарент): Milano Siamo Noi, solo Noi! Www.milanfansmkd.blogspot.com Forza Milan! Macedonia!
За жал имав обврски со факултет не можев многу многу да бидам активен на интернетов. Што се однесува до пишување постови девица сум и ја како коле ама не се плашам ќе се трудам да одвојам време некад и да чкртнам нешто како шо доликува на блогов и ви немам кажано браво за сите постови шо ги имате напишано зашто стварно заслужувате :) mail : aleksandar9000@hotmail.com
За аранжмани за милано спомнав декам имам другарка што студира таму и неретко е на релација скопје милано, ми има неколку пати напоменато дека ако се резервираат 2-3 месеца однапред билети авионски се наоѓаат и за некои смешни цени 60евра(повратна)ама или солун милано или скопје венеција. Тој ред ринг е најгоре а да речеме топ влезница во сектор подоле би коштала 50ина евра.
Едвај ја чекам ждрепката у петок,више 5 години не сме ја доживеале. Кој и да се падне дечките свесни се за својата јачина и слабости,ибра е бесен таков каков шо галијани рече дека е најдобро да биде и полека се намалува бројот на пациенти во тимот. Идеме на тројна бе да пукнат душманите !
Ри,Иван дадете му на Аце авторизација на Аце да дебитира што побрзо дечкото :)
Ептен ми се свиѓа оваа иницијатива за одење во Милано да покажеме дека сме озбилни момци :)
Вечер навивам за Наполи иако очекувам неизвесен натпревар и можеби блага предност им давам на Лондончани.
FORZA MILAN !!!
пратена покана до аце, чекам да ја прифати. коле уште еднаш го повикувам да остави меил. нема да го злоупотребам, верувај ми :)
NikolaSapundziev22@gmail.com
таман работа :)
Иван пушти му ти авторизација, јас сум на моб.
Само кога ќе пишувате (за сите важи) постот класифицирајте го во соодветната тема (label) на пример: pre match, post match, transferi, Crudeli и сл. Labels се наоѓаат под самиот прозорец каде што го пишувате текстот т.е постот.
пратено е кај двајцата, Коле веќе е овластен. момци, ако имате некои прашања пред да напишете сефте-пост прашувајте слободно, иако е доста едноставно и прегледно при пишувањето. нашето искуство вика дека од безбедносни причини, дефинитивно е подобро постот да го пишувате во word, а потоа да го копирате и објавувате на блогов. текстот, нормално е пишуван со македонска поддршка, оној што пишува се најавува дека ќе пишува, функционираме со договор... веќе знаете.
со среќа и да се множиме! :)
Најверојатно без Абате и Бињо против Парма. Двајцата заработија повреди, не знам веќе што да кажам!
На тренингот денес Алегри тренирал со задна линија (од десно на лево) Антонини - Бонера - ТС- Месбах
Во напад стартуваме со Zlatan и SES92, зад нив Muntari, MVB, Nocerino, Urby а назад или како што напишав претходно со Antonini на десен бек или Yepes на CB а Bonera на RB. Abate ќе го нема и за реваншот од купот со Juventus, таму се очекува да се врати Boateng.
Со Parma може да биде извонредно незгоден натпревар: веројатно ќе немаме добар резервен напаѓач а и средниот ред ќе биде со рековалесценти (Aquilani и веројатно Seedorf).
Добро па нели се опорави Аквилани доволно за да почне?
Искрено јас радо би почнал со Бонера десно ама се зависи колку е спремен Јепес да започне (иако доста доверба имам во него).
И не стварно зошто Ѕамброта не добива никаква минутажа? Мислам јасно е дека не е во плановите на Макс ама се работи за искусен играч, може да покрие лево и десно па макар и да киксне повеќе би му простил него отколку на Нини и Бонера.
А убаво кажа Ри сега, јас никогаш не ги категоризирам постовите :)
Инаку прегледувајќи ги статистике на блогот забележав значително висока посетеност од САД интересна работа дефинитивно, мислам дека она со биографијата на Златан ептен ни ја дигна популарноста на меѓународно ниво.
The invite link you tried has already been used. Please ask the Blog administrator to send you another invite. (ова на мејл што ми стигна)
дали ја стиснав нешто по грешка или се е во ред?
Логирај се и види дали ќе имаш опција New post
Има. Малку да се увежбам и би сакал да се испробам :)
мене ми нема ништо стигнато,препратете уште еднаш на
aleksandar9000@hotmail.com
Аце само логирај се на блогот и види дали имаш опција new post. Остави го маилот на страна...
nemam takva opcija :(
Milan vs Barcelona. Првата на San Siro
Од инат на швабата што ја влечеше ждрепката ке одиме даље, барса ваква барса таква. искрено, едвај чекам
ako izgubime bar od najjakite sme izgubile,ako pobedime... samo da ne se povtori stark i slicni gluposti....
dajte abate bar da se vrati so barca prvata zasto stvarno nejkam da pomislam deka ke igra the one who shall not be named. Da go iskopame cel teren na sin siro najpametno ke bide...
Аце ти ја пратив повторно поканата.
Види во меилот да не ти ја праќа во Spam/Trash фолдерот.
Не заборавајте, MVB ќе биде отсутен на првиот меч.
Ако некој е расположен да се проба (Kole/Ace) нека напише пост за Parma :).
Пожелно е да биде денес постот (секој пост за натпреварот кој следи да биде барем 1 ден однапред а по можност и повеќе) за да имаме време да прокоментираме и пред мечот.
Kole, Ace има проблеми па ако сакаш пробај.
Алегри http://www.sportski.mk/statija/10600
Ке се обидам во наредниве неколку саати да го напишам мојот сефте пост. Ако имам нешто технички проблеми ке ве известам со време
Нема многу да коментирам за нашиот ждреб само сакам да го споредам патот на Реал кон финалето:
Лион,Ајакс,Д.Загреб
ЦСКА Москва
АПОЕЛ
Баерн.М/Марсеј???
Ич не бев изненаден од тоа што Барселона и Реал се разделени на двете страни целта е јасна, тие да играат финале и мислам дека и така и ќе биде.
Па нека си ебат мајката нека им се напраи меракот да гледаат уште едно од редицата досадни Ел Класико со повеќе глумење,фаули,прекини,плачење на судии,паѓање одколку вистински фудбал.
Толку од мене.
Post a Comment