По последниот бран дерби натпревари (Јуве, Рома , Барса) со две нерешени и една победа дефинитивно можеме да бидеме задоволни. Јес да одпаднавме од домашниот куп ама таму ситуацијата веќе беше позната по првиот натпревар дома.
Катанија не се воопшто наивни, атакуваат место за во Европа Лигата место кое му го држат на нашите комшии кои ќе се обидат со тренерот на младинската екипа наводен Страчатели или некојси друг вид сладолед не го запаметив да испливаат од калта во која се наоѓаат.
Ако сакаме 3 бода утре ќе треба многу да се испотиме за да ги добиеме, не само што ќе биде тешко да се постигне гол туку и треба да се обрне внимание на нивните контра напади. Лоди е главниот човек за постигнување голови. Ги следев минатата недела кадешто од загубена ситуација на гости во Неапол успеаа да се вратат од 0-2 а нивната домашна форма сигурен сум дека ви е позната.
Squad: Abbiati, Amelia, Piscitelli; Abate, Antonini, Bonera, De Sciglio, Mexes,Zambrotta, Yepes; Ambrosini, Aquilani, Boateng, Emanuelson, Gattuso, Merkel, Nocerino; El Shaarawy, Ibrahimovic, Maxi Lopez, Robinho.
Бонера, Аквилани, Сидорф и Ибра доколку добијат жолт кратон ќе ги нема против Виолетовите и познавајќи ја борвеноста на Бонера, глупавоста на Златан и последните фаули на Аквамен против Јуве ништо чудно и тоа да се случи.
Сепак мислам дека треба да видиме уште еднаш каде се наоѓа Фиорентина на табелата и дека еден напаѓачки мизерен Јувентус успеа да и збрца петарда на нивни терен.Нашата форма на гости (најдобра во целата лига) доставетува што значи утре нема што побрзо дадеме гол, тоа полесно ќе го добиеме натпреварот.
FORZA MILAN !!!
30 comments:
Оваа формација ја оправдувам со свежината на Урби и Аквилани, како и имањето на експлозивни играчи како Боа,Робињо и Макси на клупата кои со сигурност ќе му дадат друг тек на натпреварот доколку добијат шанса.Тука е и Зедорф со кој може да се комплетира силната клупа иако постои и можност Меркел да се најде на неа. Можно е и Алегри да изненади со Макси напред но неверувам јас во тоа исто како што неверувам дека Јепес ќе добие шанса пред Ѕамброта.
http://www.football-italia.net/17213/legrottaglie-title-was-mine-too
Види го ти Никола :)
Добро бре дечко што правиш ти со насловите?! :))
Се надевам дека овој „наслов“ ќе донесе ист исход како претходниот, против Рома.
Составот што е наведен е добар, стабилен а во исто време има и некоја неопходна ротација.
Покрај Лоди јас би го спомнал и Бергесио кој му го зеде местото токму на Макси во стартните 11 во Катанија. Кога сме кај Макси, очекувам во најмала рака да има 20тина минути против својот поранешен тим (ако не стартува) и да постигне гол кој ќе значи наша победа а притоа нема да се радува од почит кон својот екс тим (иста ситуација како таа на Ночерино во првиот дуел против Палермо на Сан Сиро).
Forza Milan!!!
Па нели реков дека више не ставам наслови на постовите до крај на сезоната? :)
Макси нема да се радува повеќе од страв него од почит :D
Тврд натпревар. 0-2
Берлу ме нервира, се занесува нешто...
Малку бил разочаран од нашата игра против Барселона, очекувал да имаме поголем посед на топката и да играме сличен фудбал како Барселона.
Епа стари одврзи го кесето, не можеме да играме possession фудбал со Ночерино, Урби и Амброзини!
И покрај тоа, пак имаме најголем possession фудбал во Италија, ја држиме најдолго топката во своите нозе.
Пато се врати утрово од Атланта. Мерсеман кој беше со него вели дека ги нашле одговорите што ги барале и Пато ќе биде ставен на располагање на Алегри за мечот против Барселона.
http://youtu.be/GxYKUJA4YMs
Тешка утакмица денес,алегри ја спореди со таа во фиренца лани,клучна за скудетото и рече дека настапот во барселона многу ќе зависи од играта и резултатот денес. Можеби само зборови за мотивација можеби навистина ќе се покаже така. Пак ќе го крпиме тимот со сите повреди и одмарања,катанија сезонава ептен забега на табелата и време да се спуштат од облаци.
Да се надеваме дека патчето ќе ја спаси сезонава баш таму кај што најави нешто многу различно од тоа што го покажа.
Инаку Берлускони завчера официјално се врати како почесен претседател на ACM (придавката почесен по негово лично барање) и покрај критиките за играта одма се шпекулира со мал милион играчи пред се за ремонт на одбраната. Јепес и Ѕамбро си одат сигурно,Неста можеби ќе биде новиот Пирло во Јуве,а се шушка дека не се задоволни од Мексес и дека може да ја види вратата летово. На нивно место реков премногу имиња за да се сфатат сериозно Силвестре,Астори,Ачерби,Бенатиа,Данило,Деде,Хумелс,Хеведес,Сисоко со забите...
И како поклон се најавува враќањето на Кака шо мислам дека е више дискутриана тема.
Вчера имаше ревијален меч Легенди на Милан против Легенди на Ренџерс. Заврши со победа на ренџерси голот го даде Ели Мекоист коментаторот од Фифа :)
За милан настапија
Taibi, Maldini, Eranio, Costacurta, Baresi, Lentini, Evani, Papin, Boban, Massaro, Braglia,Fuser, Nava, Carbone, Mussi, Giunti, Ba, Lantignotti.
Паоло ќе ме расплачеше,одговорно тврдам дека е ден денеска е подобар од сите леви бекови моментално во милан.
http://www.youtube.com/watch?v=oW2olJDXKGg
Коми младинецот гази 22риот гол го постигна против Аталанта
Добар пресек Аце, јас ги читав истите информации деновиве. Ачерби е млад дефанзивец (1988) а по него се веќе Јуве, Интер и ние. Ако запнеме, веројатно ќе го добиеме затоа што 50% е на Џенова а 50% е на Киево (со кои истотака имаме добри односи).
Незнам колку е паметно да му се заблагодариме на Неста за услугите, да не се повтори случајот со Пирло. Сепак, тука веројатно ќе решава истата ситуација како Пирло, сигурен сум дека Милан ќе му понуди нов едногодишен договор на Неста. Меѓутоа, Јуве во обид да го привлече (исто како и Пирло) ќе му понуди 2 или 3 годишен договор и во ваква ситуација за иднината на Неста на негови години таа е подобра варијанта. Сепак, со оваа политика Јувентус (ако веќе добива) добива на краток рок, веќе за 2 години ќе биде заглавен со старци кои нема да можат да пружат максимум на теренот а ќе имаат договори со плати.
----------------
Муабетите со шпекулациите за нови засилувања ги имало секогаш и ќе ги има секогаш, ние сме Милан! Сигурно ниту 5 % од имињата кои се вртат нема да бидат следната сезона во Милан. За жал пак ќе бркаме фудбалери без пари (Монтоливо) или за дисконтни цени. Берлу единствено би кеширал голема сума за напаѓач кој веќе има име во фудбалот (Тевез, Балотели). Ако се прашувам јас лично, со тие пари можеме да купиме еден одличен фудбалер од среден ред и уште еден бек ама Берлу се пали исклучиво на напаѓачи.
-------------------
Дуелот со Катанија ќе биде од извонредна важност, извонредно тежок натпревар кој може да ни даде психолошка предност или психолошки шамар за понатамошниот тек од сезоната, особено за дуелот во Среда. Се надевам дека ќе успееме да триумфираме и повторно да ја префрлиме тежината на плеките на Јуве кои играат дома со Наполи. Мора да ја одржуваме оваа предност затоа што во претпоследното коло имаме дерби со комшиите а дерби си е дерби, таму не одлучува моменталната форма па убаво е да имаме џокер плус кој може да се искористи тогаш.
Последните информации зборуваат за Урби зад напаѓачите а Робињо стартер на сметка на Стефан кој оди на клупа.
Abbiati, Abate, Bonera, Mexes, Antonini, Aquilani, Ambrosini, Nocerino, Emanuelson, Ibrahimovic, Robinho.
Ако се осеќа добро логично е зошто да не.
Мислам дека првпат по подолго време ќе имаме 22+ здрави играчи.
Milan reportedly ready to give Genoa 6m + the remaining 50% of Merkel in order to have El Shaarawy 100% Rossoneri man.
Инаку Арсенал се закачил на Стефан во последно време, сакаат да ги откупат оние 50 % на Џенова...
Очигледно паметот им е во Барселона и Ноу Камп... Тоа е лошо!
Не заслуживме победа.
Антонини како Дикембе Мутомбо последниве натпревари.
Не да не заслуживме,ама со мала помош од судиите и ќе ја добиевме. Тоа е тоа, со Рома се извадивме е сега нече мочи.
Памет за до крај БЕЗ КИКС!
За мене искрено разликата не е 5 бода, туку 2 ради ноншалантноста на тие што играа денес.
А и Макс се прекурцува со измените уште незнае да ги истемпира.
Алегри е бесен, вчера после натпреварот му рече на Марота конечно да замолчи!
Двата наводни офсајди кога наши фудбалери беа сами пред голот не беа офсајди и нов гол не видоа судиите:
http://yfrog.com/oc5yftbj
http://www.youtube.com/watch?v=ppK0h0bxObI eve video od dobro poznatata italijanska "Moviola" so site greski od vcera vkulucitelno i golot na catania koj trebalo da bide ponistern poradi faul vrz KPB. Mislam deka nikad nema da gi iskorenat ovie greski i nepravdi vo calcioto od koga gledam italijanski fudbal sum zabelezal deka gi ima i zatoa imaat posebni emisii i ekspertizi koi traat so casovi samo za da si se karaat,ocigledno toa e del od shmekot na italijanski fudbal samo so sezonava e na nasa steta.
Одлична статија за финалето против барселона во атина и целата атмосфера која потсетува на сегашнава... Јас верувам во момците и мислам дека може да се повтори историјата. Последен пат кога освоивме отпишувани бевме во секој круг се поише можеби највеќе со МанЧестер кои ги имаа прегазено Рома како барса што ги прегази Леверкузен...има многу цакици ако ги испаднеме ќе му го спамирам фејсбукот на филе :)
http://www.guardian.co.uk/sport/blog/2012/mar/28/barcelona-milan-champions-league-1994
Само чекај прво да ги извадиме, не брзај :)
А Desailly на сликата неодоливо потсеќа на Muntari :))
Интересно у целава прича е што ако Барса помине тогаш значи го згазил Милан, а доколку ние поминеме тоа ќе биде рамно на сензација :)
Чави не тренираше денес со тимот, веројатно е да го пропушти реваншот.
Стефан ќе биде 100 % сопственост на Милан, потврди неговиот агент. Според неговите зборови, двата клуба веќе се договориле и треба само да се официјализира договореното. Вели дека момчето било пресреќно кога ја слушнало веста. Во саботата против Катанија Стефан требало да стартува но во последен момент почувствувал некоја незгодна болка и затоа бил оставен на клупата.
Нема официјална потврда но се шпекулира дека Милан ќе ѝ исплати 5 милиони на Џенова и ќе ги отстапи своите 50 % од Меркел така што германецот ќе биде во целосна сопственост на тимот од Џенова. Ме интересира Вашето мислење за тоа што Меркел си оди од Милан. Знам дека беше миленик на Алегри. Лично сметам дека Стефан повеќе придонесе со своите игри во нападот отколку што Меркел придонесе со своите во средниот ред. Од друга страна, тој по враќањето имаше тешка повреда а лани беше помлад.
Сепак сметам дека сигурно ќе има некој интерен џентлменски договор и Милан доколку сака (и Меркел доколку со своите игри во Џенова го заслужи тоа) би можел во иднина да го врати Меркел повторно на Сан Сиро.
Ако заслужи Меркел ќе се врати кај нас. It's as simple as that.
Мое мислење е дека целава ситуација со Merkel е само лош сплет на ококности за него, а никако недоволно докажување. Merkel беше вистинско освежување лани. По којзнае колку време Milan имаше играч од својата школа што можеше да се најде во првиот тим не заради некакви правила, туку заради своите квалитети. Многу фанови го доживуваа како екстра талент кој успеал да се пробие во една "стара" екипа за каква важеше Milan. И сето тоа добиваше поголема доза на задоволство, надополнета со новите ветришта кои дуваа во клубот, а рака на срце дуваа јако, шампионски.
Мислам дека дечкото иако беше во друга екипа во тој момент, може да го проколнува денот кога Cassano го доживеа мозочниот удар. Тогаш веќе беше сигурно дека SES ќе добие предност при евентуален избор на управата кој ќе оди на Marassi, а кој ќе остане на San Siro. Неблагодарно е некогаш кога треба да се избира помеѓу два супер талентирани играчи, уште повеќе кога играат на различни позиции и неможеш директно да ги споредуваш. Сепак, не треба да се занесуваме и да се сетиме дека Genoa не е наша филијала па да можеме да земаме и враќаме кого сакаме и кога сакаме. Ако е за утеха, ваквата форма и пласман на пријателите од Џенова најмногу ни одговара кога се работи за трансфер релациите. Тие не се борат за излез во Европа за да им требаат неоходно ваквите квалитетни играчи, а ниту се особено загрозени за испаѓање, па Preziosi да биде напнат кога преговара со Galliani.
Ако треба да се суди според придонесот кон екипата, јасно е дека SES имаше далеку поголем импакт. Ама мора да се нагласи и дека SES имаше и многу повеќе укажани прилики. Којзнае, можеби во една ваква сезона кога имате просечни по двајца здрави везњаци на натпревар, Alex ќе ја добиеше својата вистинска промоција. Јебига, ништо не се знае од старт, па сега испадна како што испадна. Она што е битно за него како играч и тоа што остави добар впечаток кај сите во клубот, ама и кај навивачите. Веројатно дека ќе го имаат во предвид при следна прилика, особено што трансфер политиката ни е се базира на ефтини трансфери. Е сега, дали Merkel би бил ефтин трансфер за година или две, тоа не знам, а и се сомневам дали ќе треба да го купуваме од Genoa или некој друг поголем клуб. Еве би рекол... Juve! :)
Прогнозите викаат дека утре ќе врне во Барселона,а милан на дожд е како Ферари :)
http://www.youtube.com/watch?v=6lWJb4zQiTA
Да ама Пеп рече дека сака е влажно ;)
да пишувам или имате нешто спремно?
Post a Comment