Translate

Friday, 16 March 2012

По 3 бода на Тардини !!


Дебитантски пост кој верувајте доста значи. Се надевам нема да биде и последен, поприлично ке се потрудам да изгледа како што му доликува на блогот. Без многу филозофирање, да се упатиме со мислите кон утрешното гостување. На шпанцине не им обрнуваме внимание се додека не дојде време  за тоа.



Првото што ми паѓа на памет, верувам дека ке се сложите, е онаа мајсторија на Пирло од ланската сезона. Него веќе го нема, но тоа не е причина повторно да не си го собереме полниот плен. Далеку од тоа дека ова е лесна задача, напротив момците ќе треба да вложат голем труд против една од најпроменливите екипи во Калчото. 
Познато е дека ,,млекарите'' играат (солидно) само кога имаат и инспирација за тоа, а Милан како име е несомнено инспирација сам по себе. Стратегиски без некоја посебна концепција на игра, но голем плус е брзината на Бјабјани и Џовинко, кои ја размрдуваат екипата. Вака кога ке го разгледам целиот состав на домашните личи доста пристоен, но така е само на хартија.
Доста им се 2-3 реченици за нивната игра, да се насочиме и кон состојбата во нашиот табор.
Некаде околу октомври тргна возот и за типов погоре што гине на терен, а со хет-трикот токму против дотичните, се виде каква сезона има пред себе (пу-пу да не го урочиме). Тогаш резултатот беше 4-1, но деновиве имаме поинакви проблеми. Не е доволно што имаме огромен број на играчи што се на листата недостапни, па мораше да им се приклучат Бињо и Абате. Математики нема многу, но без разлика, како што нагласи Алегри, Милан е Милан, и нема исклучок и правдање за евентуален неуспех. Сеуште нема список на повикани играчи, но за првите единаесетмина пред почетокот се прогнозираат:

Абиати-Замбро-Бонера-ТС-Месбах
Ноче-Амбро-Мунтари
Урби
Ибракадабра-Шарави

Мислам дека после подолго време ке почне Замброта, иако одамна нема играно на десен бек, па да фати малку ритам и да придонесе со неговото искуство. МвБ најверојатно ке одмори, а Аквилани е сигурна измена од полувреме па натака. Сидорф се враќа, иако се чини нема да добие шанса на овој натпревар. Да потсетиме, Мексес ја одработува последната утакмица суспензија поради смешниот дуел против типот со добра фризура.
Отприлика таква е ситуацијата на ден пред стартот на новото искушение, па со тазе информации и коментари ке го надополниме она што сум го испуштил погоре.

MILANO SIAMO NOI, SOLO NOI 


22 comments:

Kole.22 said...

Abbiati,Amelia, Piscitelli, Antonini, Bonera, De Sciglio, Mesbah, Thiago Silva, Ambrosini, Yepes, Zambrotta, Aquilani, Carmona (n. 55), Emanuelson, Gattuso, Muntari, Nocerino, El Shaarawy, Ibrahimovic, Inzaghi, Maxi Lopez.

Еве го и оној дел каде што останав покус. Очекувано, в.Бомел не е повикан, РИНО ГАТУСО и јепес се повторно со тимот.

ReBorned said...

Честито сефте, да ти се множат :-)
Ван Бомел не е повикан затоа што чувствувал болки во грбот и Алегри не сакал да ризикува. Составит е тој со тоа што 2 од Антонини, Месбах и Замброта ќе играат по бековите. Очекувам добра партија од Стефан :)
П.С со евентуална победа ќе им товариме уште поголем товар на плеките на Јувентус кои веднаш после нас играат на гости против Фиорентина.

Forza Milan!!!

ReBorned said...

Гледам има друг пост во drafts за инфраструктурата на Миланело (веројатно од Аце?). Нека ти стои снимен таму а ќе го објавиш после мечот (во недела)

ace1899 said...

dada bas toa go pisuvav i taka planirav :)

Anonymous said...

Браво Коле баш убаво склопен пост прикладен на блогов, ни требаше свежа крв.
Јас па очекувам дека Нини или Бонера ќе бидат десно.
За жал утакмицата нема да ја гледам иако ќе ја даваат на телма, така да ќе ја побарам на торент здравје боже викендов.
FORZA MILAN !!!

ReBorned said...

Primavera ги победи Болоња 3-2. Сидорф одигра 58 минути за Примавера. Стрелци на головите се Коми (2) и Специале. Од клуапата влезе Калвано (се врати по повредата).
Коми е вистинска казнена експедиција пред противничкиот гол! Вистински гол-предатор!

ReBorned said...

На крај со Zambrotta и Antonini по страните. Другото веќе беше познато.

Navigator said...

So far so good...

Navigator said...

ау ау ау Urrrrby!!

ReBorned said...

Рутинирани 0-2 иако можеа да бидат и повеќе. Алегри + Златан се претвора во застрашувачки рецепт за малите екипи во Калчото!
Стефан ништо посебно во напад иако во одбрана се трошеше многу и покриваше доста простор.
Урби како брз воз, буквално! Сепак мора малку да поработи на реализацијата, можеше лесно да биде хет-трик херој.
Останатите просечни.
Но, Тиаго Силва! Што да кажам за овој човек?!
Брилијантен! Брилијантен!Брилијантен!

ReBorned said...

И како го заборавив Rino?!
После 6 месеци! Forza Rino! Добредојде назад (иако никогаш и не беше отсутен од тимот)!

Anonymous said...

Гледав пред малце extended highlits од 4.30
Урбии уффффф и тоа како си ги користи овие минути.
Тој и Ночерино колку само добиваат од овие натпревари и самите мислам дека сеуште не се свесни.
Ама ко што гледам Абијати да не бил на ниво на задачата и среќата да ја послужела Парма барем еднаш ќе било потење.
Како Рино?

ReBorned said...

Rino никако, влезе во 90та, но стапна на теренот после 6 месеци а Галијани се топеше на трибините кога го гледаше Rino како влегува на терен.

Navigator said...

Rino да стане тренер (во младинските категории на клубот) веднаш по пензионирање - коефициент 1.05! Ќе се сложите со мене?

Anonymous said...

Кондиционен тренер да им биде :)

ReBorned said...

Ако биде кондиционен тренер, играчите нема да можат да го следат тренерот во подготовките :)
Сите ќе паднат на тестовите за физичка подготвеност :)

CurvaSud_Milan said...

Дечки јас деновиве ќе правам нарачка од Milan store, имајте ја на ум оваа информација во случај и вие да планирате некоја нарачка, рационално би било заеднички да ја направиме :) ...јас најкасно до среда би требало да ја пуштам нарачката.

ReBorned said...

Што ќе порачуваш?

CurvaSud_Milan said...

boys minikit поклон за внукот за роденден, една маичка за мене, и уште некоја ситница, привезок или што ти ја знам такво нешто..

Kole.22 said...

Можам да си порачам дрес од Малдини?? Тука не верувам дека има..

CurvaSud_Milan said...

Ќе идеш customize your jersey и ќе пишеш " MALDINI", ќе ставиш број 3 и мислам дека тоа ти е единствениот начин да земеш дрес од Малдини. Од дресовите додека беше тој активен нема можност.

Anonymous said...

Ќе чкртнам нешто.