Translate

Tuesday, 20 March 2012

Лов на зебри







Време е за одмазда
Одмазда за срамните настани на Сан Сиро на последниот дуел.Ако мислиме да освојуваме домашна титула мораме барем еднаш од четири обида да го победиме директниот ривал за трофејот нели? Иако резултатски не значи многу на психолошки план мислам дека расположението ќе го достигне самиот врв доколку победиме вечер.А способни сме и тоа како!

Здравствениот билтен не е сјаен, но по се изгледа Неста и Сидорф ќе бидат спремни за настап доколку треба помош од клупата.Аквамен најверојатно ќе биде подготвен за првиот старт после подолго време.И Макси влегува во конкуренција за настап од старт.Е сега одбраната е малце раштимана, но дефинитивно се враќа Мексес, кој би требало да биде жеден да пролие крв на теренот. Читав негде дека Макс сака да ги одмара Тиаго и Ван Бомел иако мене тешко ми е да поверувам на тоа.
И би бил многу благодарен ако Мистер Алегри им даде шанса на Гатузо и Амброзини да расчистат некои сметки со шпаклата.




Одиме на победа, па и да не е доволна за пласман понатаму да бидеме барем достојни во елиминацијата !!

И една песна за крај :)))



FORZA MILAN !!!

27 comments:

Anonymous said...

Штотуку забележав дека ние адмните може да манипулираме со секој пост, така да ако најдете некои печатни грешки кои во бодат очи или официјален состав ви давам право да го смените и модифицирате постот без притоа да се изгуби неговата оргиналност :)

20:45 Спортклуб

Milano siamo noi

ReBorned said...

Прилично ти е промашен составот :-)
Ако не се лажам Бињо не е ниту меѓу повиканите (сè уште е повреден) а според последните шпекулации и Тиаго Силва и Златан нема да добијат старт.

Anonymous said...

Како што реков, земи си слобода и направи го составот што ќе биде :)
Иначе нели имаше Аце некој пост во drafts заборавен?

Anonymous said...

чекам да завршат утакмициве да не се измешаат ќе го завршам постот и ќе го пуштам, иначе најново е дека алегри се премислил и дека ибра и ТС ќе стартуваат вечер

Kole.22 said...

Ибра нема да игра вечер, причината е треска.. само што прочитав ама не знам колку е точно

Anonymous said...

JUVENTUS: Storari, Lichsteiner, Bonucci, Chiellini, De Ceglie, Vidal, Pirlo, Giaccherini, Pepe, Del Piero, Vucinic.
MILAN: Amelia, Antonini, Mexes, Thiago Silva, Mesbah, Aquilani, Seedorf, Muntari, Emanuelson, Ibrahimovic El Shaarawy.

Kole.22 said...

Сеа не знам дали СкајСпорт тролале или стварно Ибра ке игра со висока температура.. Еве ги избраните

JUVENTUS: Storari, De Ceglie, Chiellini, Bonucci, Lichsteiner, Pirlo, Vidal, Giaccherini, Vucinic, Del Piero, Pepe.
MILAN: Abbiati, Mesbah, Thiago Silva, Mexes, Antonini, Seedorf, Muntari, Aquilani, Emanuelson, El Shaarawy, Ibrahimovic

И покрај тоа што се најавуваа комбинирани состави, се вадат најсилните расположлици сили.
Одиме јако, пролаз вечерва 90% значи тим куп трофеј

Navigator said...

ANDIAMO RAGAZZI!!!

Navigator said...

е ова е "театерот на соништата"!

Navigator said...

И сега некој паметен фудбалски "експерт" ќе искоментира како Conte тактички го надмудрил Max и со комплетно катанаџо и контри ги неутрализирал нападите на Milan... Ми се гади од овој Juventus веќе!

ReBorned said...

Не можам да најдам ништо да искритикувам во нашиот тим, од самиот старт започнаа со одличен пристап! Јувентус до голот 2 пати ја помина половината. Во најголем дел сум задоволен и не е ништо загубено, и пред голот и сега повторно ни требаат постигнати 2 гола. Можеби во второ Ночерино на местото на Месбах

ReBorned said...

Мислев Мунтари *

CurvaSud_Milan said...

Имам страшни нервози со стримот, но успеав да го видам голот! FORZA MAXI!!!

Navigator said...

MAXXXXXIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIII!!!

Navigator said...

Ете го првиот пораз на Juve! Нека биде целосен! ;)

Anonymous said...

Браво за момците изгинаа на теренот, посебно оние кои ги одиграа сите 120 минути.
Неможам за ништо да им замерам.
Знаев дека Јуве веднаш ќе тргне фуриозно во продолжението бидејќи изиграа едно лабаво второ полувреме и беа доста одморени.
+ Периката a.k.a. Drama Queen ги освежи одбраната,средината и нападот.
Се на се задоволен сум од пожртвуваноста мада ова воопшто не ни требаше пред многу важните 2 натпревари што следат.
Ништо чудно и некоја нова повреда да никне.
За нас подобро ќе беше и да победевме со 1-0 а со вакво фуриозно темпо многу изгубивме.
Тоа е тоа, плативме за раниот гол како и за грешките од првиот натпревар.
И едно браво за Макси, дечкото ги искористува своите шанси очигледно е гладен за успех и сака да се докажува и е спремен да чека шанса од клупата.
Дефинитивно е подобра опција одколку што очекував.

FORZA MILAN!!!

Kole.22 said...

Уопште не сум разочаран да ви кажам право. Мушка игра до кај што држеа нозете.. Криво ми е што не запнавме последните 5 минути од регуларните 90, дефинитивно им дававме уште еден.
Немам зборови за човекот што играше добри саат и пол повреден, идниот капитен и најдобар штопер во моментов. Тоа што не бушеа по лева страна не е негова вина, и греота е да бараме кривци во ваков добар натпревар. Единствено што се замислив беше, дали е ова оној истиот Мунтари што се сметаше за еден од физички најспремните играчи во светот?? Зошто искрено, повеке од 70 минути не може да изигра во врвно темпо. Нека се угледа малце на Пирло и нека погледне некои негови постари утакмици како треба да се играат 120 минути, па луге Сидорф истрча повеке од него.
Секоја чест за пресингот што траеше добар пола саат, што вроди со плод, мегутоа во продолжението и не дотепа. Секоја чест за Макси и цела компанија за меракот што ми го направија второ полувреме.
Дома со Рома, враќање на Ибра,Боатенг,Роби и последна подготовка пред фарса
ANDIAMO

ace1899 said...

да не тупам многу само ќе кажам БРАВО за момците се бореа како да играат финале,Милан е класа клуб и вакви утакмици само уше поише го палат росонеризмот у мене. Идеме момци на тоа што е уствари битно секоја сезона....

ReBorned said...

Italy U15: They won their first match 3-0 vs. Scotland. Luca Vido scored a goal and De Santis was the captain. Both players are from Milan.

ReBorned said...

Пато замина во Америка заедно со Меерсеман кај еден од најдобрите доктори за спортски повреди во светот. Човекот досега направил многу чуда (посебно во НХЛ) ама сигурен сум дека ова ќе му биде најголемиот предизвик во кариерата.
Пато од 2010 год. до денес има пропуштено 55 натпревари поради повреда!!

Anonymous said...

http://www.youtube.com/watch?v=VzLQWbcVBRo&feature=player_embedded

ace1899 said...

bas zaradi noviot tek na nastanite so pato malce go staviv vo stand by postot covekot so go spomna ted carrick e vrven strucnjak,barem od toa so ja go imam cueno i razbrano kako student po medicina i ako ne go uprai on ne znam so ke bide a ke dade kolku so razbrav i soveti za rino,cassano...ima mnogu spekulacii za pato i negovite povredi mnogu novini za milanlab i se nadevam ke najdam vreme bar posle barca da go obrabotam i spakuvam u post.

ReBorned said...

Пишав коментар, гледам го нема никаде. Против Рона ќе бидеме очајни во напад, од 21 повикан само има само 2 напаѓачи во тимот (Златан + Стефан) и нормално двајцата ќе стартуваат.

ReBorned said...

Ова ќе биде 3 натпревар во серија како стартер за SES92. Момчето го живее својот сон!

Anonymous said...

Добро бе па и Макси ли се повреди ц ц ц...

Anonymous said...

Сега се прибирам дома и ќе чртнам нешто да не биде празно на ден на утакмица.

ReBorned said...

И јас сега доаѓам дома, ај пиши ти.