Translate

Saturday, 24 March 2012

З Л А Т А Н

45 comments:

ace1899 said...

SUPREMACY !!!

сирот хајнце и кака слично го поремети кога играше во манчестер,скокаа како мали дечиња околу џинов..

Anonymous said...

З Л А Т А Н
Тек сега видов дека сум го напишал постот без наслов :D
Од сега само така :)

ReBorned said...

И да Ви го скапам филмот, Тиаго отсуствува со Барселона! Алегри само што рече дека е речиси невозможно да го видиме против Барса, го напушти Сан Сиро на штаки. Проблеми со flexor

Anonymous said...

Неста се враќа така да не е се така црно.

ace1899 said...

пред некој ден се освестив уствари каква легенда е човеков..

http://www.youtube.com/watch?v=Hkp9TkdGfcY&feature=related

http://www.youtube.com/watch?v=WpcWPbDQnDg&feature=related

http://www.youtube.com/watch?v=w6ik2G9TemM


i ova izgledajte go ako go nemate vo 4 dela e.. http://www.youtube.com/watch?v=i1S_1Pw0vjc

Navigator said...

Златан е невозможен! Златан е вистински фудбалски генијалец! Она што го направи за вториот гол е потег што може да го одиграат 3-4 фудбалери во светот. Таа самодоверба кога толку високо ќе лобовираш голамнот и го занемарувааш тоа што тој може да игра со раце пред ти ја удриш топката со глава. Настрана тоа што одбранбениот играч што те брка може да ти ја избие топката. Ама тебе ништо не може да те спречи, затоа што си Златан Ибрахимовиќ. Чудо...

Navigator said...

Тоа беше позитивниот коментар. Она што не го разбирам се одлуките на стучниот штаб. Да го жртвувам ТЅ пред ваков двомеч? Добро бе луѓе, нели гледаат дека човекот стисташе заби неколку меча наназад, а во Вторникот едвај на нозе стоеше? Голема глупост што може многу да не чини...

И не сакам да звучам како тие што се прават генерали после битка, ама морам денес да прокоментирам нешто за Urby. Некое време ми лежи на срце тоа. Ако ситуацијата со повредите не беше ваква, не сум сигурен дали дечкото ќе добиеше 2-3 натпревари сезонава. Не игра буквално ништо! Го нема на позицијата како што треба да биде, пред се кога тимот се транформира од одбрана во напад. Има брзина, а кога треба да ја искористи во контра, тој губи контрола над топката. Има добар шут, а кога има позиција не може да го погоди ни голот. Очекувавме дека има чувство за асистирање, но и тоа не го прави доволно добро за да биде стартер на екипа како Milan. Не можам да речам дека беше лоша трансфер зделка затоа што беше донесен скоро без пари. Ама па и неговиот ефект за тимот е соодветен за таа цена изгледа. Некои играчи едноставно не се снаоѓаат добро во некои тимови. Го утврдивме тоа со Taiwo, што побрзо го утврдиме и со Urby, тоа подобро за екипата!

Navigator said...

P.S. И уште нешто што ме направи уште погневен вечерва. Мамицата у п**** на шпанците што им судеа на Металург!
Лино и цела Македонија треба да биде горда на момците од Автокоманда!

P.P.S. Дали ти Драгане беше во Четвртокот во Midnight и се направи дека не ме виде или јас само сум се препознал?

Anonymous said...

Последен пат кога бев во Миднајт Ивче бев ептен малолетен :)
А иначе некогаш можно е да не те видам бидејќи сум 60% слеп без моите очила и освен физичката конституција, начинот на одење и некои гестикулации не знам како би те препознал, па уште ноќе :)
За Урби можеме да се согласиме, посебно за последните изданија со Јуве и Рома ама морам и да го бранам бидејќи сеуште мислам дека сево ова е многу ново за него.
Мислам дека најдоброто од него сеуште не дошло и сметам дека дечкото е дел од онаа голема транзиција која започна пред скоро две години и дефинитивно треба да му се даде време.

П.С. Се надевам дека нема Златан сега со овие 2 гола да не казни со некоја глупост како на пример 2 меча неиграње, или некое катастрофално издание со Барселона.

Navigator said...

А сеа си као ептен пунолетен :) Ок штом не си бил ти значи дека сум се изглупирал пред недужен типац. Десет минути му праев фаци во смисла што ми се праи дека не ме познава :D Јебига...

За Urby ми е мило што се сложуваме иако јас немам таква надеж во него како тебе. Ако не го искористи моментот, или подобро речено сезоната, кога Max кубуреше со везњаци, а CAM немаше ни за лек, периодов што доаѓа сигурно нема да биде негов. Жал ми е за дечкото, изгледаше ептен перспективно...

ReBorned said...

Не се сложувам во скоро ништо ама на тел сум, утре ќе се изјаснам :-)

Anonymous said...

Сеуште изгледа перспективно :)

ace1899 said...

Првите шпекулации за тиаго силва се дека повредета е пострашна од предвиденото се зборува за месец дена OUT !!! Денеска и утре заедно со ѕамбро ќе ги прават сите испитувања,а веќе е сигурно дека и двајцата ќе ги нема со барса така да спремајте се ментално за Д.Б.

Има многу критики за алегри дека го ризикувал тиаго силва иако знаел дека е повреден...

Што се однесува до урби дечкото дојде како лев бек и е трансформиран во треквартиста за година дена и колку толку покажа некои просечни па дури и повеќе од солидни игри таму. Лично гледам голем напредок од утакмицата со интер каде буквално се изгуби на таа позиција,а во оваа тактичка поставеност на милан 4-3-1-2 ако успееш да го запреш тој 1 CAM си завршил голема работа. Сепак се враќа Боа и уште вчера се виде кои различни квалитети ги носи он на таа позиција.

Не знам како ќе изгледа одбраната со барса но некаде прочитав дека со враќањето на Боа и сите повреди урби може да биде прекомандуван како лев бек.

Anonymous said...

Па зар Антонини нема да биде спремен?

Abbiati
Bonera,Nesta,Mexes,Antonini
Nocerino,Ambrosini,Aquilani
Boateng
Ibrahimovic,EL92

Дури и ако Антонини неможе да игра чисто сумљам дека Макс ќе сака да експериментира со Урби, мислам дека Месбах ќе го завземе тоа место а Урби ќе биде логично седнат на клупа.
Инаку ме интересира дали ќе бидат Абате,Макси и Робињо спремни бидејќи со нив 3ца сосема нова димензија имаме.
Башка и уште одма ќе можам тука да ви го кажам стартниот состав и клупата за резерви :)

ReBorned said...

1. Алегри низ форуми и групи прима многу критики порад тоа што го стартуваше Тиаго Силва. Треба една работа да се има на ум, за Милан приоритет оваа сезона е скудетото а не ЛШ! Овие 4 бода предност (сметајте ги 3 поради тоа што со еднакви бодови на крај од сезоната Јуве е шампион) не значат буквално ништо! Убаво е да има константна разлика меѓу нас и Јувентус но апсолутно не смееме да го спуштиме гардот! Што ако не успеавме да победиме со Рома а Јувентус победи вечер? Веќе следниот викенд гостуваме на Катанија, стадион во кој никој од големите не си замина со победа, многу од фудбалерите пред мечот со Рома потенцираа дека Рома мора да се добие дома затоа што Катанија во гости ќе биде страшен предизвик! Што ако не го стартувавме TS а притоа не успеавме да ги донесеме дома 3 бода? Веќе следниот викенд гостуваме на Катанија (после и пред меч со Барселона) ако киксневме таму (што е веројатност) уште тогаш го испуштавме врвот! Знам дека сега се' е „што би било кога би било“ но не смееме да се доведеме повторно во ситуација Ние да ги бркаме Јувентус! Сега некој ќе каже дека Ние ја победивме Рома практично без TS во тимот (се повреди многу рано) но никој тоа не може да го прогнозира однапред. И уште една работа, секој тренер разговара со својот фудбалер пред мечот, сигурен сум дека доколку TS чувствувал и рекол дека не може да игра, Алегри немаше да го стави во првиот тим! Значи, уште еднаш: клучна работа е тоа дека Калчото ни е приоритет пред ЛШ!

2. Урби. Јас сум потполно свесен дека тој во глобала не игра на ниво на кое треба да игра фудбалер кој е стартер во Милан. Исто како што не играа вчера на ниво Замброта или Амброзини. Урби вчера беше незабележителен (исто како фудбалерот кој влезе на негово место) НО... Урби пред само 2 натпревари беше најдобар на теренот (постигна и гол). Урби е вертикален фудбалер, негова природна позиција е во вертикала (класично крило а можеби и бек). Сепак, во ниту еден момент не прозборе ниту во медиумите а ниту на твитер (каде е страшно активен и пишува за се' што се случува) околу неговите желби и неговата позиција. Урби нема седнато на клупа во последните 3 месеци. Тој можеби нема многу директни потези кои решаваат натпревар но со неговото константно трчање и влегување во простор отвара многу простор за останатите (пред се' Златан и Ночерино од втор план). И на крајот на краиштата истиот тој Урби (кој пак ќе повторам) беше очаен вчера беше избран за човек на натпреварот пред само 2 кола! Тој не е идеален, но апсолутно никој не можеше да игра нетрадиционален AMC по повредата на Boateng, Урби беше најблиску до вакво нешто. Има големи шанси да стартува на лев бек против Барселона, бидете сигурни во тоа. И ако се прашувам јас, не би го продал на лето, би го зачувал на клупа. Секоја екипа има потреба од свој Урби (Џакерини, Парк Џи Сунг или Горан Пандев).
Урби е фудбалер кој покрива огромен број на позиции, можеби никаде не е совршен но никаде не е под просечен. Незнам како воопшто може да се направи споредба меѓу Урби и Таиво.

ReBorned said...

И уште една многу важна работа, не почнувајте со реченицата „Неста и Мексес ќе беа доволни“ Неста моментало е на клупа само за да личи, не е ни блиску до фит за да игра, најверојатно нема да игра ни против Барселона после 3 дена па сега видете во каква состојба за игра бил вчера...
П.С Пандев со 2 асистенции по неговото влегување во игра, Кавани една промаши и една реализира.

Anonymous said...

Нема дилеми тука дали требал да игра Силва или не, ај да збориме за мечот со Јуве в ред ама за вчера нема никаков разумен приговор барем од мене.
За Урби кажав што имам да кажам.

И Пандев самиот ја погоди стативата јбг :)

ace1899 said...

За мечот со јуве се шпекулира дека Берлускони лично побарал да стартуваат Тиаго и Ибра ,ако се сеќавате Алегри го немаше тоа у замисла. А за вчера настрана сите контакти со фудбалер се знаеше дека Тиаго влече повреда сам Макс кажа на прес конференциија,на клиповите од тренинг се гледа дека има потешкотии да направи обичен спринт и не му е прв пат да ризикува со недоволно залечен играч истото го направи со Пато против Интер и Боатенг против Арсенал. Значи реално гледано беше преголем ризик да се игра вчера Тиаго и испадна дека е и преголема грешка. Се надевам дека неста не е само ради реда стаен у ростер гледав клип каде здраво го работи ѕамброта на тренинг.

Navigator said...

1. Не ја разбирам логиката со оправдувањето на Max за глупоста што ја направи со ТЅ. Сакаш да ми кажеш дека тоа не беше преголем ризик, а сега веќе голема грешка? И не може да не зборуваме за тоа дека мечот во Саботата беше добиен без ТЅ, кога тоа беше така. Тој со неговите 10 минути немаше никаков удел во победата. Околу приоритетите, на сите ни е многу јасно што е помалку или повеќе важно, уште повеќе по ждрепката и противникот што следи. И тоа повторно нема никаква врска со потегот на Allegri. Ако зборуваме веќе за приоритети, Купот е натпреварување со најмал приоритет, па Ibra и таму беше ризикуван. Се' тоа што зборуваш дека разликата не смее да падне и дека мечот со Catania ќе биде тежок се факти и се многу добро познати, но тоа не ги оправдува ваквите глупости. Оставањето на клупа играч кој е повреден не значи спуштање на гард друже. На сите ни е мил Max и затоа треба да го фалиме кога е во право и да го критикуваме кога греши. Грешка си е грешка и е бесмислено да бараме причини за да ја оправдуваме.

2. За почеток мило ми е што се согласуваме дека Urby не е доволно добар за стартер. А од друга страна според тебе Urby има пролазна оцена сезонава. Со што го заслужи тоа? Со две добри утакмици? Колку што јас знам, неговите две најголеми предности кога доаѓаше во тимот беа брзината и топовскиот шут. Од првото имаме видено десетина продуктивни спринта, а од второто еден единствен добар удар што заврши во голот. И милион крајно непрецизни удари и загубени топки. Се сложувам дека не е едноставно да ја промениш позицијата на која играш и тоа носи негативни последици. Ама сигурно се сеќавате кога играше и на MLC сезонава. Што тогаш видовме од него? Она што сакав да го потенцирам кога го пишував претхоодниот коментар за Urby беше тоа што дечкото има среќа што има безброј повреди во текот на целата сезона. Во никој друг случај немаше да има повеќе од десет настапи. Max со право го игнорирал минатат сезона. Ниту еден играч на Milan последните неколку години, кој играл на таа позиција не постигнал помалку голови или не асистирал помалку. Констатацијата дека Urby игра на некое ниво слично на Zambro и Аmbro ти е на место. Впрочем и тие двајца се на клупа при нормални околности. А споредбата помеѓу него и Taiwo не беше квалитативна, туку се однесуваше на соодносот "добиени прилики/остварен учинок".

ReBorned said...

Муабетот ми беше дека пред мечот ние не знаевме дека ќе го добиеме мечот и без Тиаго Силва а од друга страна ако Силва останеше на клупа а ние загубевме поради некоја смешна грешка на Бонера/Замброта - и сега бевме на само +1, сите ќе плукаа зошто не стартувал Тиаго Силва.

Navigator said...

Не знам за сите, ама јас не би плукал по тренерот ако не става во игра повреден играч...

Anonymous said...

Има разлика од повреден до недоволно опоравен, да беше толку лоша ситуацијата со Т.С. немаше ни да го почне натпреварот.
Алегри ризикуваше и не му се исплатеше тоа е тоа.

CurvaSud_Milan said...

Изнапрочитав се, ама од тел. сум и требаат челични нерви за подолг коментар, затоа само ќе кажам дека јас Урби го играм на PES 2012 на PS 3 исклучиво на LB како прва опција и е изузетно добар. Ете ви компромисно решение, со подолг коментар во текот на утрешниот ден :)

ReBorned said...

Бев оптимист дека можемњ да ја добиеме Барселона но по повредата на Тиаго (а и фактот што нема да игра и на реваншот) немам никаква надеж. Не само во дефанзива, тој е фудбалерот со најголем број комплетирани пасови во тимот, секој напад започнува од него. Незнам кој сега ќе ја развива играта, во средниот ред немаме таков фудбалер! Веројатно Златан ќе се враќа уште поназад од тоа што веќе го гледаме а со тоа нападот ни станува безопасен. Незнам што да мислам. Ајде Алегри, ајде момци, направете да си ги изедам сопствените зборови!! Со задоволство ќе го направам тоа.

ReBorned said...

А еве што вели Галијани, одприлика истото што и јас:

Galliani: "We won't use any rotation or turnover, because we're in an important stage of the season and we don't want to lose any points."

Galliani: "Thiago Silva seemed to be fine before the Roma match... And not many people know that Ibra played despite his back pains."

И сега требало и без Златан да играме?

ReBorned said...

Braida е сериозно вљубен во Muriel. Бил повторно викендот да го гледа против Новара (документирано и со слики) и наводно рекол дека момчето е фантастично, физички моќен!
Сепак, Удинезе е скапа продавница. Инзаги си оди сигурно, најверојатно и Пато. Сметам дека Макси Лопез сепак ќе биде откупен. Тоа не прави 4 + Касано = 5 напаѓачи. Незнам зошто толку трчаат по Muriel (кој е страшен), не можам да сфатам каде ќе биде вметнат, можеби Бињо ќе си оди?

http://youtu.be/fLSp02Tq7Sg

ReBorned said...

Денес Алегри на тренинг го играл ова:

---------Abbiati

--Bonera-Nesta-Mexes-Antonini

---Nocerino-Ambrosini-Seedorf

-----------BOA

------Zlatan----Robinho

ace1899 said...

Ако нешто имам приметено во овие 15 години навивање за милан е дека најсилни се кога се најпотценети. Веќе го спомнав примерот со барса и финалето, а најсвеж ми е тој од пред 4 години кога тргнаа од квалификации отпишувани во секоја наредна фаза за да на крај ги заќутат сите со трофејчето.

Освен за муриел кој го сметаат за колумбиски к.роналдо и лично мислам дека би бил одлична замена на бињо,денеска се пушти трач за жорди алба од валенсија(дете на барса,одличен лев бек) и Бакаје Траоре од Нанси (midfielder),двајцата со истечен договор летово.. За првиов барселона ја прави циганската Цеск стратегија и скоро сигурни се дека е тој замената на Абидал,но дали се работи само за стандардна политика на фудбалските агенти не знам битно неговиот личен најави контакт со Браида во следниот месец.

ace1899 said...

Леле коа ги гледам дечкиве шо ни се бекови и коа ќе ми текне кого треба да чуваат....помози боже

ReBorned said...

И јас прочитав за Траоре демек работата е веќе завршена ама не искоментирав. А левиот бек на Валенсија, изјави агентот дека ќе разговараат со Браида но сите се сигурни дека е завршена работата за тој да оди во Барселона.

Anonymous said...

Алба е само сон кој ќе им се оствари на Барселона.
Они го сакаат него, они ги сака нив нема договор налето и ништо не ги спречува.
За Бакаје првпат слушам.
А околку Муриел сум воздржан.

ReBorned said...

Ај погоди од прва зошто го сакаме Кабаје :))

ReBorned said...

Интересен податок: Урби е единствениот фудбалер во тимот кој не се повредил сезонава (Мунтари и Месбах не се земени во предвид затоа што дојдоа во Јануари)

ReBorned said...

Milan have already scored their first purchase of his estate: the fact Nancy was blocked rocky Malian midfielder Bakayè Traore . The player, who would not renew his contract with French club, arrives on a free transfer to the Rossoneri to plug the leaks that many probable farewell in June, could be created in the Rossoneri midfield. 27 year old, grew up a soccer in France, the player must prove worth for Milan since the coming months. A shot that shows how much attention, however Galliani and company give to the market.

Робусен, голем, каков што треба за таа позиција. За жал никогаш не заиграл во добар клуб и веројатно е толку лош што дури ни на јутуб не можев да најдам компилација од него. Ама без пари е.

ReBorned said...

Раниери и официјално во аут. Продолжуваат со тренерот на младинците.

Anonymous said...

Очекувам се најлошо од него, ќе бидам пресреќен ако ме изненади :)
+ за нас, пошо ќе го нема тинкерменот да ни постави некоја невозможна да се пробие формација.

ReBorned said...

И овој шизиков изгледа ќе го земе Киево а ние ќе го "позајмиме" од нив за да не губиме нон-еу место

Anonymous said...

Толку мака за еден мангуп незнам незнам :)
Иначе пак има промени на блогер со ова коцкава за коментирање најдоле што е мизерија еј!

Anonymous said...

Кандидати за пост има или нема?

CurvaSud_Milan said...

Ако имаш време пиши, ако не ќе направам вечер напори и ќе се вратам во блогерските води. :) ...и честито титула :) ...ја потврдивте онаа старата, кој чека ќе дочека :D

ReBorned said...

Милано гори во моментов. Навивачите палат бакли, Боатенг ги слика и постира, фудбалерите се надвор кај навивачите а Ночерино е заедно со групата навивачи и пее песни (меѓу другите и песна "Ночерино дај гол"). Како да сме ги елиминирале.

Anonymous said...

Ван Бомел спремен да се врати во ПСВ макар и за помала плата.
Дури и би немал проблем во договарањето за дали евентуалната соработка ќе биде на една или две сезони со оглед на неговата возраст.
Единствен услов кој го поставил е дека доколку Луис Ван Гал биде назначен за тренер на ПСВ тој не доаѓа ни под разно.
Бидејќи ми мириса дека МБВ,Сидорф, и барем еден од Гатузо/Амброзини ќе си заминат не е на одмет да се мисли како ќе ја освежиме средината летово. (Бакаје не го споменав тука од очигледни причини)

ReBorned said...

Пишувам пост...

CurvaSud_Milan said...

Јас сум при крај...

CurvaSud_Milan said...

Готов ми е во word document, но исфрли го твојот, помотивирачки е, сега го прочитав :) јас повеќе резервирано настапив искрен да бидам :)