Ни малку горди после реваншот, мораме да констатираме дека сме во четврт-финалето! :) Иако ич не ми е до смеење после ваков голем пораз, пролаз си е пролаз. Верувам дека играчите веднаш ќе заборават натпреварот, ќе се концентрираат на првенството затоа што има доста време до ждрепката. Можеби неочекувано, но најтешкиот месец излезе повеќе од успешен. Го поминавме Arsenal и избивме на чело на домашното првенство што е добар знак. Она што му преостанува на Max во следните 4-5 дена е да не дозволи првите 45 минути од вечерва да делуваат негативно на тимот што гаи шампионски амбици. Треба да се продолжи во победнички дух за да можам уште неколку пати сезонава да го напишам "check" постот :)
P.S. Би ве замолил, во постов да не постирате и коментирате реакции на исфрустрирани Farsenal фанови. Најмногу ќе ги иритира кога ги игнорираш. Ајде да уживаме во нашите мигови слава!
FORZA GRANDE MILAN!!!
32 comments:
И морам да искоментирам нешто затоа што незнам дали некогаш другпат сум го почуствувал...
Кога го гледав второто полувреме, времето некако брзо ми поминуваше. Веројатно заради тоа што бев сигурен во четврт-финалето и тоа дека овој резултат ни оддалеку не ги одразува реалните сили и квалитети на екипите, очекувајќи наш гол (или два) сакав мечот да потрае. Нормално е во ваква ситуација што побрзо да го очекуваш крајот, но не и сега. Не се правам интересен, само ме интересира дали можда некој од вас се осетил исто денес. Во ниеден момент не осетив страв, освен можеби при шансата на RVP. Дури сакав уште некоја минута продолжение за да докажеме дека ова не е така како што покажува резултатот. И сето тоа затоа што ќе ме нервира кога ќе слушам "како сме се спасиле". Па уште 10 двомечи со Arsenal да одиграме сега, 11 пати ќе поминеме!
Здравјето ни го земаа. Памет за друг пат дефинитивно. Зборев дека треба да сме претпазливи, да не се опуштаме премногу, а зборот ноншалантен веке да не го слушнам во мојот живот.
Си имавме и ние шанси, неискористени, но не бевме до толку надиграни колку што се крева врева.
Следи доста полесен период, малку собирање на силите и опоравак од повреди, и продолжуваме понатаму. Денеска најубаво се виде големината на Алегри и тоа во второто полувреме, а она првото треба само да се заборави и да се извлече поука. Честитки
Инаку кога е ждрепката?
Navigator, исто друже исто комплет.
Пишав уште на полувремето дека ќе ги стегне во соблекувалната. Реално, Арсенал не играше ништ во второ, од една страна поради менување на формацијата од наша страна во 4-4-2 а од друга и поради тоа што самите изгореа во темпото што го наметнаа. Единствена сериозна шанса беше таа на Жервињо/Ван Перси и тоа по наша кардинална грешка (всушност како и сите голови). Особено по влегувањето на Аквилани, топката беше смирена.
P.S Vnukot на твитер ми тврди дека Арсенал не отишле понатаму затоа што судијата не им судек фаули за нив во второ полувреме.
Мило ми е Коле, не сум бил јас настран :)
Озбилно, прво полувреме кога и да видам времето беше 25,33,35,38,40 минута, а ко да играат целодневна. Второ ми текнува само случајно кога зирнав беше 72ра негде.
Да запневме малку појако на почеток немаше да биде ова, али преголем страв од контри имавме.
И со двајцата се слагам.
Пишав уште на претходниот пост во 20та минута при 1-0 дека се осеќав како да е поминало цело полувреме пред се поради темпото кое го наметна Арсенал.
Не дека бев спокоен, ама кога видов дека Арсенал не почнува толку фуриозно знаев дека ќе има само неколку бранови на напади а дека ние ќе имаме контри кои очекував да ги искористиме.
Летово нека седнат цела компанија таму морааат ама мораат асален лев бек да најдат не личи на ништо ова више од малдини никој нема заиграно асално на таа позиција
Domenico Criscito...
Поранешниот наш миленик на блогов вчера гледајќи хајлајтс на Зенит се потсетив дека тој дечко постои :)
Колку фали Касано во тимов
Di Vaioooo uno a zeroooo
Di Vaiooo мајсторееее! :)
2+ за нас! Forza Milan!!!
Го гледав второ полувреме мизерија се Јувентус.
Незнаат да створат 100% шанса, незнаат поседот да го претворат во реализација.
Уствари они им извадија нерешено на Болоња не Болоња на нив :)
Ова е одлично! Мизеријата на Juve продолжува! Незнам дали Bologna или Juventus издржа на нерешено...
Ја гледав и јас утакмицата,Бонучи е олицетворение на Бонера у Јувентус.
Готово сега само рутинирано до крај и се знае 19 !!!
Следната со џенова на гости без киелини,барзаљи и бонеручи епа нека повелат кај нашите драги пријатели..
И јас сакав да го пишам истото на Аце, ќе играат во гости со Џенова без првите 3 дефанзивци во тимот (редно е да видат како е кога имаш проблеми во тимот). Моја препорака е да го пуштат Бориело на централен дефанзивец, каде игра Бориело, не пама гол!
Ние играме дома со Лече
Таму каде што игра Бориело не паѓа гол *
Башка и Пирло нема да игра најверојатно суспензија :)
Значи и средината нема да им цути бидејќи незнам кој ќе им игра одбрана
Касерес,Лихштајнер и Де Чеље а може да комбинираат и со Падоин па дури и Видал се спомнува у некоја комбинација.
Баш ме боли со кого ќе играат кога ние сме на +2. Ние издржавме кога ни беше најтешко, нивен е редот. А ова со apoel ме радува... Само нека има изненадувања. Се во интерес на послаби противници :)
Тоа со Апоел ме радува поради 3 причини:
1. Полесни противници
2. Лион дојде лигаво (да не речам местено) до 1/8
3. Иван Тричковски
Газета дело спорт извади трач дека имало кавга помеѓу Ибра и Макс. Наводно Ибра ја критикувал тактиката,парализираната одбрана и играњето со тројца напаѓачи. Алегри го замолил да го дискутираат тоа после со ладни глави но Ибра инсистирал одма. Може е само трач ама со оглед на минатото на човеков нема да ме изненади да го опишува инцидентов у следниот update на биографијата.
И после три дена неможам да си го простам поразот, и насловите од типот Милан се провлече во 1/4 финале, Арсенал UNLUCKY to beat Milan, WTF?!...и ред др. Да, најбитно е тоа што сме во 1/4 финале, но сепак и начинот се брои, посебно кога станува збор за екипи од врвот на светскиот фудбал.
Тактиката на Алегри 4-3-3 може до утре да ја критикува Ибра, но евидентно беше незалагањето негово и на сите останати, како тоа после полувремето со истата формација гледавме друг Милан?! Не зборам за периодот после влегувањето на Акилани, тоа е друг муабет колку се смени играта со неговото влегување, но Акилани влезе некаде околу 70та ако добро ме држи меморијата. Што со тие 25-6 минути во кои видовме друг тим, друга екипа токму со истата формација? Значи муабетите на Златан не држат! ..и да, точно е тоа дека Златан даваше изјави дека се чувствувал изгубен на теренот и вон негова позиција, дали се спречкале со Алегри незнам, и никој нема да дознае, нема да ме чуди тоа, но не верувам и ако имало нешто дека ќе прерасне во некој голем конфликт, преголем тактичар е и доволно е паметен Макс да се справи со вакви ситуација и со било кој авторитет па макар и Ибра, го докажал многу пати тоа во овие две сезони.
За крај, ѓубрентус полека но сигурно си се сместува таму каде што му е местото, во борба за место во ЛШ, во муабет со Драган му спомнав дека сум сигурен дека титулата ќе остане во Милано, иако бев страшно нервозен по кражбата што се случи на Сан Сиро, сепак работите си се редат, имаат 13 нерешени тие греоти, малку помалку среќа да имаа и сега ќе се наоѓаа на 4то, 5то место единствено во борба за ЛШ, но вака е подобро, исто како и Арсенал ќе дојдат до изворот, вода нема да се напијат! :)
FORZA MILAN!
Јас лично би му забележил на Макс за идиотскиот потег да се стават 2 резервни голмани на клупата (и Амелија и Рома) а Иносенти и Калвано да останат на трибините! Не велам дека доколку тие беа на клупата ќе добиеја шанса но извонредно глупо е да се имаат и вториот и третиот голман на клупата!
Од друга страна, околу формацијата... имавме проблеми но не би му забележил ама баш ништо! Едноставно НЕМАШЕ ДРУГ ИЗБОР. Едвај ги склопи и тие 3 во средниот ред (Урби беше ровит) а Аквилани кога влезе од клупата се забележа дека има пуштено стомак, т.е е целосно вон натпреварувачка форма!
И ако веќе одиме понатаму, токму Златан и Бињо беа оние кои се однесуваа идиотски напред! Можеби Месбах и Урби грешеа назад но тие се трудеа, се бореа и грешеа! Овие напред само грешеа и се лигавеа со топката!
Комплетно се слагам со последниов коментар, да додадам дека цел живот Златан кога играл во гости, било со кој тим, како да нема желба човекот да покаже што знае. Да, беше поопуштен од обично, но тие што добро го знаат, знаат дека тоа му е карактеристика, потоа со потег-два го решава натпреварот, па никому ништо. Е кога Милан нема да успее да победи, ибра е крив. Јас не го кривам Ибра од проста причина: тој е напаѓач, шпиц што кога е здрав ги игра сите утакмици, можеби не поминува многу километри на терен, но буквално се 'рва со цели одбрани, што верувајте дека е позаморно од трчање. Колку за споредба, добра анализа направија од inside the NBA пред некое време споредувајки ги Коби и Мело. Коби си дава по 30 на утакмица поради тоа што игра само напад и се штеди, а кармело има задача да го чува противничкиот најдобар играч, да игра против најдобриот дефанзивец од спротива, и да акумулира скокови под кош. Епа не може така бато. Да се вратиме накај Ибра, велам дека се дури победуваме нема кривци, а потоа почнуваат провокации, комшијата е крив овој или оној. И пак велам, ја очекувам допрва големината на mister Allegri, што не се ни сомневам дека ке ја покаже и ке стави до знаење дека знае да игра на резултат, на победа, на титула.
sorry for the long post :)
GRANDE MILAN
Алегри ја има (ше) веројатно најбизарната листа на повредени фудбалери во Европа (како на квантитет така и буквално бизарна, 3 фудбалери од тимот се во аут цела сезона поради проблеми со срцето односно откачен нерв во окото?!?!) и ниту еднаш не прокоментира за тоа, ниту еднаш не се пожали за тоа! Напротив, Алегри со сите тие нормални и ненормални повреди (кои сочинуваат еден цел тим) успеа да не донесе во 1/4 од ЛШ и на врвот со +2 во Калчото!
Grande Allegri!!
Forza Milan!!!
Бастос?
Баш вчера ми текна на него. Повеќе е крило отколку бек, исто како што започна Дренте на бек... дефинитивно далеку подобар од моменталните опции во тимот (што и не е тешко да се постигне). Лион ќе бара повеќе пари отколку што вреди.
Значи ептен исто размислуваме :)
Треба чудо да направи Ќелавиот за да го донесе за 10ина милиони Лион ќе бараат 20 сигурно.
Јас мислам дека е доволно квалитетен и да се снајде како лев бек, ако се има трпение и му се даде адекватна шанса новиот Сержињо ќе го имаме :)
А и не за друго туку освен него и старата љубов Кришчито незнам вака кој би можел да ја пополни најболната точка во тимот.
ќе пишувам пост, ама дури вечер. ако некој има нешто спремено, нека каже...
Пиши ти.
Post a Comment