Дојде и тој ден, да се судриме повторно со Барселона, овој пат во елиминационен дуел. Да се потсетиме, во групата не' добија вкупно со 1 гол разлика. Сепак, сега е поинаку! Сега е дуел на елиминации и сега го немаме нашиот физички, ментален, дефанзивен, пас - лидер во тимот, Тиаго Силва! Покрај Тиаго Силва во тимот ќе го нема и Пато кој постигна вонсериски гол на првиот дуел а ќе фалат уште 10тина фудбалери за кои ќе губиме многу простор и време ако ги споменуваме. Што е, тука е! Милан може без секого! Време е тоа да го покажеме и во ЛШ!
Време уште еден фудбалер да се издигне на ново, повисоко ниво во ЛШ, Златан! Доколку сака во континуитет сега и низ историјата да биде споменуван со други фудбалски величини, МОРА да освои ЛШ, мора да остави свој белег во најеминетното фудбалско натпреварување во светот! Сега, кога отсуствува и Тиаго Силва, апсолутно целиот товар како во играта така и во менталната цврстина на тимот е ставен врз негови плеќи! Тој е должен да одговори! Тој е должен да одговори пред соиграчите, пред тренерот, пред своите навивачи, пред навивачите низ светот и пред се'... да одговори пред самиот себе!
Тоа нема да му биде воопшто лесно, околу него има еден куп рековалесценти! Од оние кои не се повредени (или не до тој степен за да мораат да отсуствуваат) ќе се крпат стартни 11. И сите тие стартни 11 треба сите свои топки да ги насочуваат кон него а тој да изигра самиот или да спушта кон Боатенг и Робињо, првенствено.
Со фактот што ќе го немаме најдобриот додавач во тимот (Тиаго Силва), најверојатно Златан ќе се повлекува уште поназад, со тоа ќе губиме на острина во центарот на нападот но би требало да има ситуации за Ночерино и Боатенг кои би втрчувале од втор план. Тоа би изгледало вака:
Има една непозната околу (не) играњето на Кларенс Сидорф, останатото е тоа!
Широко прифатена теза е таа дека Каталонците се' фудбалски вонземјани. Ќе се обидеме да им парираме со срце, сила и самодоверба!
Алегри вели дека ќе се обидеме да ја нападнеме Барселона! Тоа не му успеало на никој. Сепак, доколку Барселона има слаба точка, тоа несомнено е нивната одбрана! Тоа ветува натпревар со повеќе голови, каде и да паднат тие!
Играјте за фановите, играјте за Милан, играјте за него! Forza Milan!!!
30 comments:
Mexes joked today that Messi plays too much Playstation. Classic Mexes.
Едвај го чекам натпреварот. Реално ќе бидам презадоволен со било каква победа, само од дебакл дома или на гости се плашам друго се е прифатливо штом веќе стигнавме до овде.
Како што вели официјалниот наш канал, и Боатенг:
Noi siamo pronti! FORZA MILAN !!!
BOATENG GO CUVAAT VO KAFEZ VO 20.45 KE BIDE UNLEASHED DA JADE DZUDZINJA KATALONSKI !!!
Igrame so beli dresovi da puknat site dusmani i maleri !
Не размилувам воопшто за реваншот, сакам позитивен резултат, било каков. Нека биде тоа и 0-0 ако треба. Иако знам дека мечот ќе има мноогу голови. Барем тоа го велат составите. Одбраните се премногу слаби во однос на противничките напади. Не сакам да читам кога самите се потценуваме, иако треба да бидеме реални и да признаеме дека Barca е најдобрата светска екипа во моментот. Ќе биде ептен тешко, ама зошто да не? Зошто дека падне најдобрата? Ако добро се отвори мечот и притоа да не се повлекуваме во сопствениот шеснаесетник, се ќе биде можно. Па не сме ние Rayo Vallecano да стравуваме од потоп. Убаво кажа Max, да престанеме да зборуваме за нив, да се сетиме кои сме ние и дека секогаш одиме на победа!
ANDIAMO RAGAZZI!!! FORZA MILAN!!!
Која кореографија :)))))))
Ех ја пропуштив одма после утакмицата сакам добар линк.
едит: Леле робињоооооооооооооооооооооооооооооооо
Јас сум задоволен во најголем дел од првото полувреме. Ние имавме 2 извонредни шанси (Бињо и Златан) а тие имаа 1 одлична (одбраната на Абијати по шутот на Меси). Треба само повеќе да внимаваме на фудбалерот кој влегува зад нашите фудбалери од среден ред, на линија со нашата одбрана и потоа игра еден-два со оној што му ја додава. Речиси цела игра им се базира на тоа. Се плашам да не не’ стаса уморот во вториот дел...
П.С Зулу мк не работи а јас сум на работа ама вакво нешто не се пропушта па се снаоѓав, пишувам од лаптопот на девојка ми :)
Forza Milan!!!
Gazzetta Rossonera @RossoneroRD Reply Retweet Favorite · Open
ANTONINI BALLON D' OR!
Антонини и Бонера штотуку го изиграа најдобриот меч на нивните кариери :)
Ми го зеде зборот од уста. Антонини и Бонера извонредни, мора да му се даде признание и на Сидорф, р, Ночерино. Сите изгинаа на теренот, Абиати на ниво кога беше потребно! ОД друга страна веднаш се гледа кога Месбах влезе во игра... делува изгубено, налик на дуелот со Арсенал. Слаб беше и Урби.
Алал нека им е на дечките. Златан повторно не постигнува гол во важен натпревар, да беше истата шанса во Италија веројатно ќе ја реализираше. Се надевам дека Неста и Бињо ќе бидат фит за реваншот, се пожалија на повреди. Макс можеби можеше да го пушти Макси наместо Стефан но Стефан многу покриваше во дефанзива, веројатно се плашеше да не бидеме пребавни со Златан и Макси напред.
Дуелот ми личеше како да се седнати на една маса Алегри и Гвардиола и да играат шах.
Задоволен сум, ова не е завршено, Барселона останува фаворит но 0-0 дома знае да биде доста незгоден резултат.
Forza Milan!!
http://a5.sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-ash3/529395_302817059790966_124858950920112_780935_1600674423_n.jpg
Абе еден корнер да имаше ќе им го здрвевме осеќам.
Друго нишо нема да кажам само ова
AC Milan become the first team in two and a half years to stop Barca from scoring in the CL.
Момци, треба да бидеме горди на нашиот Milan. Без претерување, ова беше еден од најдобрите натпревари што сум го гледал последните години. Не победивме и не бевме доминантни, ама затоа бевме тактички и физички перфектни. Максимален притисок на најбитните противнички играчи, беспрекорна претстава на тројцата бекови од кои толку се плашевме, снажни и дрски во нападот, Abbiati одличен и за мене убедливо најдобриот на теренот - il capitano Massimo Ambrosini! Нема да трошам зборови за неговата игра. Партија како од најдобрите денови... Секоја чест и за противникот, не послужија со меч за паметење. За натпреварот како натпревар фалеа уште голови, ама како шанса за пролаз за нас, овој резултат е одличен.
БРАВО МОМЦИ!!!
Berki premnogu ljut ima i video ako imate problem stisnete refresh.
http://www.video.mediaset.it/video/sportmediaset/calcio/293418/berlusconi-cosi-non-va.html
Milan President Silvio Berlusconi spoke to Guardiola after the final whistle and complimented him on his style of football.
“What did we say to each other? That remains between us.”
Алегри вели дека сите 3 измени морал да ги прави поради повреди и се надева дека дел од фудбалерите ќе се опорават за реваншот а дел ќе ја вратат својата форма (се очекува за реваншот да ги имаме на располагање Ван Бомел и Абате иако нивното и отсуството на Тиаго Силва не се почувствува вечерва, игра во дефанзива на ниво на перфекција)
На телефон сум, во која смисла лут? Зошто?
ne znam zosto ama se gleda deka dobro go stroi galliani...i sacchi vo studio komentira deka nikogas go nema videno vaka nervozen
Лука Антонини избран за најдобар на мечот од УЕФА. Со каква пасија, со какво срце изиграно! Тие 2 старта беа малдини-неста стартови! Па едната ситуација кога прво тој го блокираше (мислам дека беше Санчез) а на одбиената топка налета Меси а Бонера го блокираше него... Уф!!!
Браво за секого вчера. Не ми се веруваше што гледам на екран и сите пофалби за за играчите што ги спомнавте погоре, покажаа дека не е пресуден квалитетот, туку има треба да се има и повеќе од тоа. На сите им е јасно дека барса е моментално најдобра, но дефинитивно нема да трае уште долго таа доминација. Друга недела следи потешкиот дел, но таму секој наш гол вреди дупло од нивниот.
А за ова, секоја чест
http://www.youtube.com/watch?v=8qEJWVsVabg
http://a5.sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-prn1/526737_267447063342731_146269118793860_594928_1157587510_n.jpg
Brondby-Ajax
А како што можам да видам со моето ќоро око мислам дека Урби е во тимот на Ајакс со долга коса. Што значи дека пред минимум 2 години е ова.
Башка гробари имало на трибина и они биле иницијатори за оваа кореографија.
Не е битно, на наша трибина се изгледа поубаво :)
Време е да ги насочиме мислите кон сицилија.
Дали Неста и Робињо ќе бидат спремни за настап? Дали Макси ќе добие шанса од стартот?
Мислам дека нема да се ризикува со Неста. Од една страна сакам да стартува Макси на местото на Златан но знаејки го Златан каков тип на карактер е, ќе игра од првата минута.
Проблеми со средниот ред, единствениот кој е здрав а не е регистриран за ЛШ е Мунтари но тој е суспендиран поради жолти. Најголеми проблеми во ротацијата со Катанија имаме во средниот ред, повеќе или помалку треба да играат истите што играа некни и што во најголем дел ќе играат во среда. А од друга страна Катанија дома е извонредна, извадоа и 2-2 со Наполи во гости викендов а губеа 2-0 во второ полувреме.
Незгодна ситуација
Forza Milan!!!
Аквилани буцкото би требало да е доста свеж и одморен зошто он да непочне? И нашиот играч со највеќе минути во Серија А :)
А што е со Ван Бомел? И до каде е опоравувањето на Страсер и Меркел?
Страсер речиси цела сезона ќе биде во аут. Меркел полека се враќа а погоди кој очекува да добие повик против Фиорентина ^_^
Wow...среќа што го вративме Страсер барем ќе биде повреден кај нас.
Судејќи според смајлито кое досега не си го искористил би рекол Касано?
Страсер со намера беше донесен како дел од трансферот на Месбах, се знаеше однапред дека ќе биде во аут цела сезона и затоа беше вметнат во трансферот, за Лече да не му плаќа плата кога цела сезона е во аут.
За смајлито, во право си.
Види мајката не сум знаел ова за Родни на кој му е роднеден денес со Мексес.
Иначе сакам да пишам пост до вечер, од тебе или некој друг ќе ми треба ситуацијата со повредени за да не се избламирам во постот :)
Одприлика: Абијати, Замброта, Бонера, Мексес, Антонини.
Амброзини,Ночерино,Урби и (веројатно) Аквилани.
Боатенг
Златан и Макси/Стефан.
Суспендирани се Мунтари и Месбах.
Ван Бомел се уште има болки во грбот кои го оневозможуваат да прави одредени движења. Неста превентивно ќе биде вон тимот а веројатно на клупата ќе ги имаме Меркел и Де Шиљо. Вреди да се напомене дека Златан, Сидорф, Аквилани и Бонера, сите се' на само еден жолт картон од суспензија (следно коло против Фиорентина).
Епа бујрум, истакни се' :)
Post a Comment