Translate

Tuesday 6 March 2012

Arsenal FC vs AC Milan




Пласман во осмина финалето ќе значи не само прекин на отсуството од најдобрите осум, туку и прекин на неславната традиција која ни ја наметнаа Англичаните на нас.
Не само Милан туку и сите Италијански екипи, така да и тоа како ќе ми биде мило ако ние и Наполитанците ги исфрлиме и последните 2 Англиски претставника од Лигата на Шампиони.
Милан сезонава докажа дека може да се надигрува со секого, секогаш и под секакви услови.
Венгер ги охрабрува неговите момци дека се е можно ама сепак треба да знае дека пред него го има Европскиот гигант Милан.
Околу проблемите со составот нема да говорам многу со цел да не звучам како папагал, сите сме добро запознаени со ситуацијата.
И според се што е кажано мислам дека можам да го прогнозирам овој состав:
На клупа:
Amelia,Roma,Zambrotta,Bonera,Yepes,Aquilani,Ganz
Единствена дилема би била дали Макс ќе му укаже шанса на Месбах во средината или пак ќе игра на сигурно со Урби.
Очекувам подетални информации за тоа кој ќе биде на клупа од вас па ќе го едитирам постот утре.
Последен пат кога игравме со топџиите на Емирати си заминавме непоразени и објективно кажано задоволни со тој резултат, ако се земе в предвид фактот што пред 4 години улогите ни беа сменети тоа дефинитивно ни дава надеж дека момците што ќе истрчаат утре и тоа како може да го победат Арсенал.
Ама и некои факти не треба да ги занемариме. На пример фактот кој вели дека никој клуб досега во ЛШ не успеал да надомести дефицит од четири гола во еден двомеч.
А и Дебаклот од Ла Коруња во 03/04 кои ако не се случеше мислам дека немаше Порто или Монако да не спречат таа сезона да стигнеме до самиот врв. Врв кој токму наредната сезона ни беше одземен од раце по оние 3-3 со Ливерпул и тензичната пенал серија...
Со ова сакам само да кажам дека е фудбал, и дека се е можно и дека и ние како и сите други клубови можеме да бидеме погодени од вакви чуда.

П.С. Галијани прави медиумски трикови за да ја намали цената на РВП и да му го отвори патот навака (за потсетување последен пат кога игравме со Арсенал по само 2 месеци Фламини кој тогаш беше во одлична форма потпиша за нас како слободен агент.)



FORZA MILAN !!!

20 comments:

Anonymous said...

Пишав до mohican сега чекаме одговор :)

ReBorned said...

Мах цело време потенцира една работа. Ни треба постигнат гол во нивната мрежа! Ако Милан постигне гол (посебно ако постигне прв гол на натпреварот) би требало сè потоа да биде формалност. Исто така Венгер се вади на лошиот терен на Сан Сиро и вели дека сега ќе му покажат на Милан како се игра фудбал на востински терен. Рака на срце, теренот на Сан Сиро е катастрофален но не сум баш сигурен дека само лошиот терен може да предизвика таква игра! Тие беа анемични, тие беа изгубени а квалитетот на тревата е таков каков што е години наназад па не слушнавме ништо за тоа кога истиот овој тим гостуваше на истиот овој стадион пред само неколку години. Повторно можеби најмногу од сите ќе недостига Боатенг но што е тука е! Како што рече Мах во едно прекрасно интервју за The Sun, "Арсенал има неколку одлични фудбалери но јас не би менувал ниту еден наш фудбалер за некој нивни! Ниту еден, единствен! Затоа што јас верувам во моите момци повеќе од сè!"

ace1899 said...

Најдобро ќе биде како што предложи чичко Фестер,да се заборави првата утакмица и дека се има предност од 4-0,да се игра со борба за победа само така можат да се спротистават и да не се повтори ла коруња,лузерпул и слично. Мислам дека имаат доволно искуство со такви инфаркти и знаат дека не треба да се бранат ко класична италијанска екипа,па и формациите и изјавите на берлускони наговестуваат дека се свесни за се ова. Пуштени се стварно по ван перси ама вчера мене ми фати нешто друго око,нешто што долго време го спомнувам и сите околу мене гледаат со потсмев. На прашањето за трансфер на к.роналдо берлу одговори „Не би можел да го одбијам,како и сите и тој има своја цена што е разумна во оваа економска криза“ Земајќи во предвид дека баш тој истиот к.роналдо е еден од главните сведоци на берлускони во процесот за бунга бунга журките и фактот што тие двајца очигледно имаат блиски односи знаете која идеа ми ја става во глава и скоро и да сум сигурен дека порано или подоцна следна дестинација на CR7 ќе биде градот со La Scala.

Да се вратам на крај пак на ова вечерва,мора едноставно МОРА да се скрши тој малер на четврт финале и баш како што ја пишавте изјавата на Маx,и јас верувам во овие момци и знам дека можат да го направат тоа.

FORZA!!!!!!!!!!!!

P.S. Berlusconi: "If you go abroad and say 'Italy', then you'll get 3 answers: mafia, pizza and Milan."

ace1899 said...

И ова забораив макс ќе игра со таа backup формација 4-3-3 вечер со многу движења напред мењање позиции шо треба просечните стопери како вермален и косциелни да ги споулави.. СТЕФАН ЕЛ ШАРАВИ дечкото полека но сигурно станува новото милениче на миланистите,вечер ќе има шанса да покаже дека е world class talent.

Anonymous said...

Имаме дебитарано на блогов околу К.Роналдо и го делиме мислењето дека Берлу еден ден ќе си ја исполни желбата и ќе го донесе.
Исто како што Роналдо,Роналдињо,Бекам (а и за малце Зидан) дојда така и овој :)

ReBorned said...

Читам интервју со агентот на Стефан. Се наоѓа во Лондон, вели дека дошол специјално за да го проследи деби стартот во лигата на шампионите на својот пулен! Вели дека тој е мирно момче, најмладо во соблекувалната и е скромно, тренира напорно. И многу важно: Вели дека Златан го ставил Стефан под своја заштита и цело време заедно тренираат а Златан постојано му дели совети за како да ја развие својата игра.
На крај вели дека е вистинска штета што Касано е повреден бидејки тој е неговиот природен наследник како и тоа дека жали што промашил неколку шанси за гол.
Делот со Златан посебно ме радува, Златан колку знае да биде незгоден исто толку знае да биде и одличен кога тој тоа го сака (или ако сакате кога гледа дека соиграчот тоа го сака, тренира напорно и остава срце на теренот (има еден друг со кој не се во најдобри односи баш поради тоа)).
Forza Stephan! Forza Milan!!!

ReBorned said...

"Is it a reckless move throwing Stephan in there? This is his game." Allegri at the press conference of the game vs. Arsenal

Anonymous said...

Лош старт.
Жолтиот на МвБ и ран гол е она што НЕ ни требаше.
Само 20та минута а се осеќам како да поминало цело полувреме со оглед на интензитетот.
И гледам судијава се расфрла со картони, ова може да биде многу лошо за нас со оглед на фондот на играчи со кои располагаме моментално.

Navigator said...

TS прави ваква грешка еднаш во векот! И тоа баш сега...
Ама зошто едноставно кога може да е комплицирано, нели?

CurvaSud_Milan said...

Јадеа сабајле нашиве?

Anonymous said...

Е тек сега ќе биде интересно.

CurvaSud_Milan said...

И да продолжиме понатаму, ОВА НЕ САКАМ ДА ГО ГЛЕДАМ!!!!!!

Anonymous said...

Ја не гледам друг начин да продолжиме освен 5-1, 4-1...како што ни тргнала работава треба и да се молиме да го дадеме тој еден гол.

Navigator said...

Еххх Стефане, можеше до го решиш мечот кога копиљаците беа најмногу напалени. Незнам, јас не се плашам сеуште. Знам дека во продолжение ќе имаме уште многу вакви шанси како на SES. За пролаз треба само една треба да се реализира. За добар впечаток, уште три!

ReBorned said...

Секогаш кога сме играле катастрофално на полувреме Мах прави нешто во соблекувалната и вториот дел играме како препородени. Се надевам и овој пат ќе се случи нешто слично. Ако барам најлоши (нема најдобри) на прво место е Емануелсон а на второ Месбах. Само Абиати и Ван Бомел се на ниво. Останатите (пред сè Ночерино) ги нема никаде! Игравме многу препотентно до тој пенал! Да можеше да се бара тајм аут, работите ќе беа поинакви, вака останува да се надеваме дека полувремето ќе заврши работа.

CurvaSud_Milan said...

Не се плашам ни јас, СЕ СРАМАМ! Збориме за завршница, за финале на ЛШ, збориме за титула во италијанско првенство и што се случува тука? Ова е несериозен пристап, може сум преостар и под дејство на емоции пишувам коментар, но факт е дека не смеевме да примиме 3 гола во едно полувреме. Токму така, за добар впечаток ни требаат 3 гола во второ полувреме!

Anonymous said...

Мило ми е што сега знаевте дека се плашев и очекував вакво нешто.
Ајде, подобро сега вака него во 1/4 финале.

CurvaSud_Milan said...

Што ни фалеше, што не спречуваше вака да го изиграме и првото полувреме?!

ReBorned said...

Во второто полувреме излезе друга екипа на теренот, посебно по влегувањето во игра на Аквилани и по менувањето на формацијата од 4-4-3 во 4-4-2. Нека ни е честит пласманот во 1/4 и среќно понатаму!

ace1899 said...

Ова само Милан може да ти овозможи да го преживееш,живци ми извадија коа промаши ночерино пред колапс бев и ја мислам дур сум жив ќе ја памтам одбраната на абијати. Допрва ќе има анализи за све битно дечките ко шо спомнавте ги средил макс на полувреме и факт е дека арсенал изгоре у желбата и пресингот шо го наметнаа во второ полувреме статистиката вика

Arsenal had only 2 shots on Milan in second half, 1 of them was on target. AC Milan had 11 with 5 on target!

Така да слушам Венгер и некои плачеле по судии место теренот сега,ама ако нека ги сфатете ги ова им беше последна шанса сезонава и реално за вкупно 60/180 мин што беа подобри не заслужија да одат понатаму.

Битно е скршен малерот,и другпат не мора 4-0 да победуваме само без вакви стресови..