Translate

Sunday 2 November 2008

Милан - Наполи


По доста долга пауза(некаде околу 3 години) Милан повторно има можност да се врати на врвот во Италија! Со добро сработена домашна задача и мала помош од Џенова и ете сме на врвот!

Наполи ни должат, ама многу! Заради нив(читај заради ние самите) играме со Херенвен, Брага енд компани. Тогаш кога влеговме во убава серија, ни фалеше уште тоа гостување да помине како што треба, арно ама не бидна така и сеа сме таму кај што сме(за кратко). Но како што викаат старите секое зло за (две)добро. Не играме во ЛШ ама затоа во Милан игра Роналдињо, игра Замброта, играат млади дечки како Фламини и Антонини, значи тоа е едното добро, второто добро кое е по заслуга на првово добро е тоа што утре после 22:30 може да бидеме на првото место. Значи полека работите се движат и се си доаѓа на своето место.

Тоа околу доброто и злото, сега да преминеме на мечот. Реално играме против тежок противник кој е во убава серија која кога тогаш ќе запре, а поубав тајминг од мечот со Милан мислам и дека нема. Ние сме во уште поубава победничка серија и секако моралот во тимот е на многу високо ниво, самата помисла дека утре може да избиеме на првото место сигурен сум дека дополнително го мотивира секој играч. Ако сме сериозен тим со сериозни намери за освојување на Скудетото тогаш домашниот терен треба да претставува страв и трепет за секој гостин, после првиот пораз наредивме четири победи и тоа мора да продолжи!

За утре по повредата во комбинација за настап е Каладзе, како и првпат по доаѓањето и Филип Сендерос се наоѓа на списокот и е во комбинација за настап, но според Карло тешко дека ќе настапи утре, можеби другата недела, истото важи и за Неста. Утре нема да игра Малдини, некој може и да се смее ама мене ова не ми делува убаво, едноставно кога еден од Неста или Малдини не е во одбраната мислам дека играат како раштиман оркестар. Но тоа е што е, Малдини има некоја ситна повреда, додека Неста заборави кога последен пат играше официјален меч. Десно Замброта, лево Јанко, на централните позиции најверојатно ќе бидат Бонера и Каладзе. Во средината малце е комплицирано да предвидам кои ќе настапат но по добрите неколку партии мислам дека Гатузо ќе си го задржи местото, Амбро ми е најсигурен и помеѓу Фламини и Сидорф мислам дека Карло ќе се одлучи за Сидорф. Напред секако ќе игра Кака, Бориело истотака има некоја ситна повреда и не се знае дали ќе стартува, доколку остане на клупата стартер ќе биде Супер Пипо заедно со Пато. Роналдињо би требало да стартува на клупата и тоа да му биде како еден вид на тивка казна заради лумпувањето по ноќните клубови низ Милано. Значи вака:

-------------------Абијати----------------

--Замбро---Бонера---Каладзе---Јанко---

-------Рино------Сидорф--------Амбро---

-----------------Кака----------------------

-----------Пато---------Бориело(Инзаги)-

FORZA MILAN!


п.с. Сликава е онака за разонода и подигање на расположението пред натпреварот.

4 comments:

Anonymous said...

Убава слика :)

Anonymous said...

Иначе...шо да кажам за натпреварот...се е у постот напишано :)
Само околу составот одбраната си е таа,за сред ред мислам дека си у право,Кака и од нападот би требало сигурен да е Пато а за партнер негов нз баш.Би сакал Шева пошто помина некоја утакмица од кога беше стартер али ова е тешко остварливо.

Енивеј...доста го тупам...претепан сум,идам да си легнам :)


FORZA MILAN!!!

ReBorned said...

Ултра ти си бил претепан а јас си легнав во 5 сабајле (гледав Лејкерси - Денвер) и станав во 8:30!
Многу тежок натпревар, секоја чест за Наполи, доста симпатична екипа и поседува фудбалери за кои грабаат сите европски гиганти. Лавеци(со 20 години игра во сениорскиот состав на Аргентина), Сантакроче(веќе има еден сениорски настап за Италија), Марек Хамшик кој е споредуван со Лампард, Денис и многу други! Секоја чест на Наполитанците но мораме да одиме на 3 бода! Многу големи проблеми во одбраната, има шанси дури и Фавалињо да стартува ако Каладзе не е доволно фит! Фавалињо Vs Лавеци каков дуел би бил тоа :O
Forza Milan!
P.S Слатка девојка! А како да не ми биде слатка во тој дрес :)

Anonymous said...

P.S У било кој дрес би ми била слатка :)

а најслатка и без дрес! ЛоЛ