Во генерално позитивна атмосфера го очекуваме стартот на новото првенство.
После сите трансфер фрустрации, веќе видени и почуствувани од минатите неколку години,
повторно возбуда пред отворањето на сезоната. И веројатно секогаш ќе биде така,
без оглед на (не)успешноста на управата да го засили тимот во пресрет на новата
кампања. А кога зборуваме за успехот на трансфер потезите, тоа не треба да го
правиме до завршувањето на рокот. Особено не ние во Milan. Позитивната атмосфера доаѓа од најпресниот
трансфер на Fernando Torres.
Човекот што со години беше цел на потсмев, глобално. Сега ни е малку криво за
тоа. Да бидеме искрени, послатко ни беше да ги прифатиме шалите за Torres, отколку да го “одбраниме” со факти. Човекот, дури и во Chelsea имаше статистика подобра од сите други напаѓачи, кои во меѓувреме станаа
икони на навивачите на сините. Сега и ним не им е сеедно. Кај нас реакциите се поделени,
многу слично на одлуката Balotelli да замине. Лично мислам дека El Nino ќе има голем имапкт во играта на Pippo. Ги има карактеристиките што дефанзиците во
Калчото ги мразат. Ако земеш да ги споиш Torres и Pippo, веројатно ќе испадне еден од најдобите папаѓачи во историјата на фудбалот
:)
За среќа, оваа година периодот меѓу првото коло и затворањето на преодниот
рок е само еден ден, па нема да жртвуваме 2 или 3 кола без комплетен ростер,
како во некои од минатите години. Од друга страна, FIGC продолжува со таа, барем за мене, нелогична
пракса на почеток на лигата доцна во август, за само по едно коло да следува
репрезентативната пауза. Очигледно е дека ниедна друга голема лига не ги “сецка” екипите само што почнале да влегуваат во ритам,
но темата со неразумноста, конзервативноста, тврдоглавоста, па и скандалозноста
со лидерите во Калчото е многу поширока и не му е тука местото, барем не во постов.
Распоред на почетокот на сезоната е тежок, што го прави мечот со Lazio уште поважен. Pippo го одржа првиот прес како главен тренер, а првиот
впечаток е дека е смирен, самоуверен (повеќе во желбата на играчите, отколку во
квалитетот) и дека нема намера премногу да оддава пред натпреварите. Една од
изјавите се однесуваше на Pazzini, кој Inzaghi го опиша
како лидер на неговиот проект. Помалку чудно, но не изненадувачки, со оглед на
взаемната почит и поврзаност меѓу двајцата. Кажа дека сеуште нема одлучено кои
ќе ги пополнат трите места во нападот, но најверојатно тоа ќе бидат SES и Honda странично, а Menez како лажна 9ка. На средина веројатно би биле NDJ,
Muntari и Poli, а назад Abate и Armero се сигурни, бидејќи De Sciglio е суспендиран. Дилема останува
стоперскиот двоец. Bonera е
најавен како стартер од скоро сите медиуми. Друштво може да му прават Alex
или Rami, Mexes е исто така суспендиран. Најназад Lopez.
Иако вкупната оцена за трансфер периодот ќе ја дадеме после понеделник и во
паузата за репрезентативни настапи, не може да не споменеме каква е ситуацијата
во последниоте 2 дена од рокот. Останаа 3 имиња кои се вртат, и тоа сите
офанзивци: Taarabt, Cerci и Biabiany.
Првиот отворено му се нуди на Galliani, но не е фит и ќе му треба месец дена да
биде конкурентен за место во тимот. А и него му гори под нозе, ќе изгуби пола
сезона. Од муабетите за Cerci верувам на сите ни дојде преку глава. Но, текот на информациите (тајминг,
извор, контекст) е прав темплејт за тоа како се случуваат трансферите од и во Milan. Нели Brendan Rodgers 100% ја отфрли шансата Balo да премине во L’pool, а Galliani беше за тронка “понесигурен” со 99,9% и 99,8%. Многу слично, Urbano Cairo пред 2-3 дена излезе со разочарана претпоставка
дека Milan никогаш не ни бил вистински
заинтересиран за Cerci. А еве
денес, Cerci не е повикан за
мечот против Inter. Biabiany е последната варијанта, најнеинтересна и
најнепожелна за сите нас. Не бива да го завршиме летото со најлошиот “in” трансфер.
И сега по правило треба да го затворам постот се некакво резиме, а
приликата ич не е таква. Во исчекување сме премиерата на првенството, а уште
повеќе на она што сега веќе цел свет го знае како Galliani Day. Pippo и момците нека отворат, ќелавиот
нека затвори со стил!
FORZA MILAN!!!