Translate

Friday, 27 June 2014

Mercato 2014/2015


Крај на Јуни, средина на светското првенство добро време за да напишеме еден пост за моменталните прилики во клубот. За минатата сезона се договоривме дека нема што да говориме, нема што да сумираме и да анализираме, ќе гледаме само напред!

А пред нас е една од најпредизвикувачките сезони за Милан. Нов тренер, неиграње во ЛШ, најава за заминување на дузина играчи и доаѓање на веќе 3ца нови фудбалери. Агаци, Алекс и Менез за кого доста се пишуваше овде дојдоа како слободни агенти. Парижаните ќе заработуваат околу 2-2.5м годишно што за слободен агент и не е така лошо. За Агаци многу детали од договор не знам. Во исто време се разрешија дури 15 co-own ситуации односно се продолжија само оние на Коми и Верди кои се пролонгираа за наредното лето. Значи младинскиот голман Гори, Албетраци, Поли и Сапонара беа откупени а од сите други се откажавме.

                                 

Во меѓувреме клубот го напуштија Траоре (Бурсаспор) Копола, Амелиа, Емануелсон (слободни агенти) и Таарабт и Силвестре (завршеток на позајмица) а Рами не го ставам овде бидејќи поради проблемите со новиот сопственик на Валенсија постојано се пролонгираат преговорите за неговото перманентно останување во Милан.

Нашиот клуб веќе подолго време му се восхитува на Итурбе, и сега за сега единствена пречка за тој трансфер е неволноста на Кака да замине до зима во Сао Паоло а потоа да си продолжи во Орландо каде веќе потпиша договор. Денешниот состанок помеѓу репрезентативците на двете страни е неуспешен и ќе се прават нови напори од понеделник. Наводно, бразилците можат да му дадат само третина од моменталната плата на Кака додека пак неговиот татко несака ни да слушне за тоа.Многу нефер од негова страна ако се земе в предвид фактот дека му беше пружена шанса на Кака како 20 годишно момче од Бразил кое ја искористи максимално и стана една од легендите на клубот. Но најдобро за сите би било сега да си замине, со цел да се отвори простор за идните генерации. Слична ситуација имавме и минатата сезона каде што чекавме Сантош да го купат Робињо и ни избега Лаич од раце за сума со која подоцна го купивме Матрињо.

Значи повторно проблем ни прават големите плати на играчите: Балотели, Кака, Мексес (4м). Секако тука се и Робињо, Матри, Нианг, Бирса, Есиен, Ночерино, Констант, Бонера, Закардо, и Запата како играчи кои се вишок во клубот и си имаме проблем да им најдеме нова средина, а токму тоа ги кочи преговорите со потенцијалните цели на клубот.

                               

Не очекува долго лето, и се надеваме дека сите играчи кои не се потребни ќе си најдат нова средина, и за нив ќе бидат доведени адекватни замени. Бидејќи предстојната сезона ќе играме само на 2 фронта се очекува да играме минимум 39 максимум 45 натпревари што значи дека составот треба да брoи околу 25 квалитетни играчи заедно со тројцата голмани.


                         FORZA MILAN !!!

240 comments:

1 – 200 of 240   Newer›   Newest»
ReBorned said...

Претпочитам Zapata да биде прва замена од клупата за Alex и Rami ама можеме да извадиме пристојна сума од него ако решиме да кешираме. Има одлично СП досега.

Ultras Milano said...

Ја би го продавал веднаш без размислување, а тоа што го гледаме на СП е резултат на колективната игра што ја игра Колумбија која е одлична. Онаа колективна непостоечка одбрана што ја играме нормално дека не му одговора на никој, а најмалку на просечен дефанзивец како Запата.
Реално, по квалитет ни е трет стопер во тимор по Рами (наш си е гајле ми е) и Алекс.

ReBorned said...

Па затоа и напишав: Прва резерва на Rami и Menez од клупата :)
Мора да имаме некој и на клупа. Кој ќе биде првата замена на CB? Bonera? Mexes? Albertazzi?

Ficho Kimovski said...

Се шушка нешто за Запата&Матри во Сампдорија а наваму да дојдат Обианг&Мустафи.

Зделка солидна би била ама....

Ultras Milano said...

Менез штопер а Ри :D
А доста се шушка затоа како Емполи и Сампдорија се заинтересирани за Матри, Запата, Бирса и уште некој вишок.
Дека ќе дојде до некој директен трејд тешко бидејќи таквите во Италија па и во фудбалот се ретки, меѓутоа во било која друга комбинација Обианг би бил добредојден.
Браида е во Сампдорија, постојано разговараат на телефон со Галијани и тоа може да биде големо олеснување на преговорите. Во добри односи сме и со раководните луѓе на Верона и Џенова. Треба да се искористат тие врски за во најмала рака да се ослободиме од вишокот на играчи.

ReBorned said...

За таква комбинација не сум слушнал. Знам дека наводно сме заинтересирани за Mustafi ама негов ангажман не е врзан со размена на играчи затоа што има многу заинтересирани кои би платиле кеш за него. Од друга страна постои опција да го земеме Obiang за кого би понудиле кеш + Zapata и Albertazzi на позајмица. Да не заборавиме, во Sampdoria нов спортски директор е Ariedo Braida.
Мене сите мисли ми се насочени првично кон Iturbe!

ReBorned said...

Rami и Alex де, знаеш на што мислам.

ReBorned said...

Еве и уште една малку подзаборавена дилема пред која ќе биде поставен Pippo :)
Што мислите, работите ќе останат како што се или ќе се пресече нешто ново?

https://translate.google.com/translate?sl=it&tl=en&js=y&prev=_t&hl=en&ie=UTF-8&u=http%3A%2F%2Fwww.milannews.it%2Fprimo-piano%2Frebus-portieri-inzaghi-e-magni-sono-chiamati-a-sciogliere-il-primo-nodo-stagionale-148578&edit-text=

Ultras Milano said...

За мене нема дилеми. Кичо е број 1 и останува на Агаци и Габриел да се борат и да си го заслужат местото како бр.1 голман во тимот.

ReBorned said...

Изгледа старата багра вирее само во Milan :)
Ariedo Braida по само неколку месеци во Sampdoria, си заминува од тимот поради несогласувања со новиот сопственик. Наводно Zamparini ќе му понуди прибежиште и ќе го направи спортски директор на Palermo.
Штета, ништо не успеавме да ќариме од него, Mustafi и Obiang се одлични млади фудбалери. Сега во Palermo можеме да ќариме само со извоз на фудбалери. Добро, во нашата ситуација и тоа многу значи.

Ultras Milano said...

Богами. Имаме доста фудбалери во тимот што може да му се најдат на екипа која штотуку се враќа во Серија А и ќе цели на опстанок/средина на табелата.
Наводно е потврдено дека Закардо оди во Balikesirspor, каде ќе заработува 0.7m годишно + €0.3m vo бонуси.
Мада додека не го видам како Траоре со дресот ништо не праиме.
По се изгледа разумот го надвладеа Бошко Леите, и Кака уште сега ќе си замине во Бразил. (технички Кака веќе е во Бразил.)

ReBorned said...

Juve нуди 21 милион + Quagliarella (го сакаат во Verona) и не планираат да одат над тоа. Понудата е земи или остави.
Од друга страна, G наводно понудил 25 милиони во кеш од кои 10 сега а останатите 15 на 3 годишни исплати по 5 милиони.
Новинарот на Gazzetta вели дека Juve утре има нов состанок со Verona и агентите на Iturbe и сака да го затвори дилот пред Milan да стане повеќе конкурентен на финансиската страна.

Ultras Milano said...

Можеби звучи преоптимистички меѓутоа сметам дека Итурбе е наш :)

ReBorned said...

Оваа констатација ја темелиш врз основа на двете понуди или имаш некоја друга, инсајдерска информација? :)

Milan Channel reports that Inzaghi has decided that 4-3-3 will be the primary formation next season.

Ultras Milano said...

Hint. И со Монтоливо имав такво чуство.

ReBorned said...

Епа на 10ти Јули е официјалниот старт на новата сезона. Можно е таму да се појават со некоја нова фаца. Сега дали ќе биде тоа Iturbe или Eremenko, никој не може да ти гарантира...

Ultras Milano said...

Каков Еременко бе. На ПЕС беше добар, вака гледаме колку е. Незнам што би добиле со неговото доаѓање, макар и да е тоа замена за Бирса за кого наводно има 2-3 заинтересирани екипи.
Моментално мислам дека се прават големи напори за Итурбе и сетоа тоа се одвива далеку од очите на јавноста и мислам дека во многу скоро време а можеби и до крајот на оваа недела веќе да стане наш играч.

ReBorned said...

Денес Juventus има нов состанок со челниците на Verona и агентите на Iturbe.
Искрено не ми е гледан многу Eremenko ама знам дека лани беа заинтересирани Napoli и Inter за него а исто така неговиот клуб одби понуда од 20 милиони евра од Зенит. Годинава се на зорт оти тој не го продолжи договорот со нив...
Блерим Џемаили од Napoli е добра опција, знам дека сме заинтересирани и за него.

Navigator said...

Ми се допаѓа динамиката со која се ослободуваме од вишокот на играчи, секоја пофалба за ангажманот на клубот во тој поглед. Ако идејата е паралелно да се носат новите играчи, ова ќе биде лето многу поразлично од минатите.
Драган, дали ќе сакаш да направиш една листа на in/out трансфери досега ова лето? Планирав да закачам еден "гаџет" десно на блогот, како инфо табла за сите наши трансфери и постојано да го апдејтирам.

Navigator said...

Вака нешто мислев:

In:
Alex PSG Free
Ménez PSG Free
Agazzi Chievo Free
Matri Fiorentina Loan expiration
Niang Montpellier Loan expiration
Vila Betis Loan expiration

Out:
Traoré Bursa Free
Silvestre Inter Loan expiration
Kaka Orlando Mutual termination

ReBorned said...

Кога сме на темата Eremenko, Dzemaili и други замени за Montolivo, последната информација вели дека Pippo сепак ќе го задржи Saponara во клубот и не планира да го позајми на Empoli. Напротив, Pippo планира да го користи Saponara на левата страна од тројцата фудбалери во средината (веројатно десно би бил Poli а De Jong во средина). Реално многу подобро ќе се искристализираат овие работи после 10ти Јули кога официјално ќе почнат новите подготовки. Тогаш (или кон крајот на Јули со оглед на тоа дека прво ќе има суви тренинзи) Pippo ќе може да процени кој фудбалер на која позиција ќе може да му одговори на неговите барања. Евентуално играње на Saponara на левата страна во средниот ред од 4-3-3 веројатно ќе значи дека тој ќе биде mezzalla. Искрено не верувам дека ќе биде стартер туку една опција од клупа.
Аман ајде нека го донесат Iturbe, ќе пукнам ако на крај ни го украдат. Помирете се со фактот дека тој ќе си замине во Real/Barca за 3-4 години за 60+ милиони ама ќе биде одлично додека трае :)

Navigator said...

Може да испадне дека клубот ќе заврши одлична работа со стоперите летово, од финансиски аспект. Mexes се согласува да ја скрати плата за 50%, односно истата плата да ја подели во две сезони, додека Zapata малку по малку си ја расти својата цена преку СП. И онака за мене е четврт стопер, би го продал без двоумење. Empoli, can you hear me?

ReBorned said...

Јас би го задржал Zapata пред Mexes.

Ultras Milano said...

OUT:

Amelia end of contract
Coppola end of contract
Emanuelson end of contract
Silvestre end of loan Inter
Taarabt end of loan QPR
Rami end of loan Valencia
Traore termination Bursaspor
Kaka termination Orlando
Zaccardo termination Balıkesi*

IN:

Agazzi end of contract Chievo
Alex end of contract PSG
Menez end of contract PSG
Vergara end of loan Parma
Didac end of loan Betis
Noceriono end of loan West Ham
Niang end of loan Montpellier
Matri end of loan Fiorentina
Gori full ownership Brescia
Albetrazzi blind auction Verona
Saponara full ownership Parma
Poli full ownership Samp

*Се уште се чека официјална потврда за трансферот на Закардо
**Не ги вклучив сите играчи кои си заминаа преку co-own ситуациите.

Ultras Milano said...

Bonera
Mexes
Vergara
Didac Vila
Constant
Nocerino
Essien
Robinho
Niang
Matri

Ова се 10те играчи кои се вишок во клубот ама како што стојат работите Бонера и Мексес многу тешко дека ќе си заминат, и ако некој замине од стоперите тоа би требало да биде Запата. Би го ставил и Мунтари тука меѓутоа само што го продолжи договорот, потврдено е дека ќе остане иако не ми се допаѓа мене тоа.
Од другите играчи во тимот кои не се вишок а можеби ќе си заминат Абате и Балотели но се зависи од тоа дали ќе сака некој да ги купи па потоа да се бараат адекватни замени за нив.

Од трансфер целите сега можеме да бидеме сигурни само за Итурбе, додека пак сите останати меѓу кои и Дармиан и Сантон се мои пусти желби.

ReBorned said...

1. Juventus денес имал состаноци во Milano за Iturbe но на Marotta ЛИЧНО му отишле само некои intermediars, никој од челниците на Verona, никој од агентите на Iturbe. Дали тоа зборува нешто?
2. Tancredi Di Palmeri пред 5 минути го твитна ова:
Pare ci siano grosse novità in arrivo per il Milan. Oh io non v'ho detto niente (There seems to be some big news coming for Milan. Oh, I have not told you nothing)

Ultras Milano said...

Итурбе е НАШ

Ficho Kimovski said...

hm

Iturbe's agreement with Juventus: €2m per year for 5 years. The agreement with Verona is still missing.

ReBorned said...

Milan и официјално се повлече од трката за Juan Manuel Iturbe поради тоа што фудбалерот бил прескап (официјално на Milan Channel).
Ќе се обидат со Lavezzi за 16 милиони (8 години постар, сака 4 милиони по сезона (Iturbe ќе земеше 1.5) и со далеку помала остаточна вредност кога ќе се продава)).

1. 25 милиони (оштета) + 5год. х 1.5 милиони = 32.5 милиони евра

2. 16 милиони (оштета) + 4год. х 4 милиони = 32 милиони евра

Остаточната вредност при продажба во првиот и вториот случај е неспоредлива!

Navigator said...

За мене понудата на Juve од 21-23 милиони + Giovinco е нереално богата и е покажување на мускули кон G. Нека им помине...

ReBorned said...

Бесен сум! Ова беше шанса за првпат после долги долги години некој (било кој, не Milan, било кој во Италија) да им удри шлаканица во лице на Juve и да им каже дека тука има и други тимови. Шанса ние конечно да покажеме дека решивме да не бидеме само квантитет во лигата. И ние успеавме да ја расипеме првата bidding war во Италија после неколку години. Нешто слично имавме со Juve и за Tevez и таму изгубивме!
Lavezzi никогаш не сум го сакал како фудбалер и никогаш не сум го сметал за нешто повеќе од солидно добар фудбалер.
А можевме да направиме statement!
Бесен сум!

ReBorned said...

Во овие моменти Di Marzio на твитер тврди друго:

Milan не само што не се откажа од трката за Iturbe туку денес излезе со нова понуда за Verona! Juventus сè уште е фаворит за Iturbe но Milan е далеку од откажување.

Не знам, знаеја дека ќе биде скап, ако немаа толку пари (или не им се дава) зошто мораа да креваат фама и јавно да кажуваат дека се заинтересирани за него?

Ultras Milano said...

Ри, Тевез имаше усмен договор со нас, па знаеш како испадна да замине во Јуве. Суазо, Ибра и други примери од играчи кои веќе беа договорени со нас па заминаа во директен ривал.
Долго е летото, чекајте ситуацијата може да се смени во било кој момент а тоа што излегува од устата на Галијани и што пишува на Milan Chanel јас не верувам.

Navigator said...

Поздрав и за Nocerino. Една година во Torino. Овој процес чистење стварно ми влева надеж. Се поголем и поголем оптимист сум. А уште Iturbe за најмногу 25 милиони би ми бил одличен morale booster. Сигурно не само мене...

ReBorned said...

Без грижи, веќе му го продолживме договорот!

http://www.101greatgoals.com/blog/scandal-video-of-expelled-ghana-star-sulley-muntari-smoking-at-the-world-cup-is-leaked-players-call-him-the-ganja-farmer/

Ultras Milano said...

Исто како и прошлиот пат. Одма по продолжен договор глупости прави. Да сме прав клуб сега одма исписница му се дава, ама да СМЕ прав клуб.
Многу сакам да чујам што имат да кажат Малдини, Костакурта и Бобан за ова.

ReBorned said...

Да, видео на кое професионален фудбалер пуши трева е сосема доволен доказ за да се раскине договор на штета на фудбалерот и да добие шут карта. Или во најблаг случај, да се стави на трансфер листа и да си замине од клубот!

ReBorned said...

Сакате една win ситуација настрана од Iturbe? Genoa ќе го продава Gilardino на друг континент и им треба напаѓач. Preziozi и G да направат муабет за време на паузите меѓу тонските проби на бендот и да им го дадеме Matri а тие да ни го дадат Sime Vrsaljko. Па нека е и tet a tet размена. Vrsaljko се цени некаде на 8 милиони (и Juve го сака, стандардно) а ние нема да добиеме повеќе за Matri. Потоа веднаш ќе можеме да го продадеме Abate на PSG за 9 милиони и да имаме 2 универзални млади бекови кои можат да играат и лево и десно во одбраната.

Ficho Kimovski said...

Мене ме буни нешто а тоа е следново.

МИлан нуди 28 милиони така?
Јуве нуди 23 максимум така?

Нив ги одбиваат и нели по дифолт нашата понуда треба да е прифатена и Итурбе веќе да беше во Милано?

Изгледа овде Итурбе по секоја цена сака да замине за Јувентус а не кај нас а и веќе многу отиде нагоре цената па се прашувам и дали вреди.

Јармоленко,Шаќири и уште пар вакви таленти ги имаме на маса а не би коштале толку ко Итурбе кој ќе повторам најверојатно сака да игра за Јуве.

Големо НЕ за Лавеци има од мене само.

Палец горе за Врсаљко-Матри. Полека се ослободуваме од непотребните играчи и прибираме таленти ко Врсаљко.

Робињо е исто на излезна врата и се спомнува МЛС.

Ultras Milano said...

Сега за сега сите муабети околу заминување на Робињо во MLS се засновани на муабетот што го пушти Кака дека Робињо добро би се снашол во Америка.
Секоја ситуација во која се ослободуваме од Матри е супер па уште ако добиеме млад 22 годишен солиден бек би било супер. За мене звучи предобро да е вистинитито.

ReBorned said...

Јас да сум на местото на G би се обидел и со друга варијанта, нашиот Agazzi држи име/цена, заинтересирани за него се неколку прволигаши меѓу кои и Lazio. Би се пробал со варијанта Agazzi + Matri + нешто кеш за Vrsaljko и Perin. Genoa би добиле голман кој би влетал во првите 11, би добиле напаѓач кој би влетал во првите 11 и нешто кеш. Ние би се ослободиле од Matri, би добиле солиден и универзален бек, би го решиле болното прашање за наследник на Abbiati и би добиле 9 милиони евра (имајте во предвид дека доаѓање на Vrsaljko автоматски значи заминување на Abate кој во PSG би отишол за 8-9 милиони евра).

Ultras Milano said...

Не ме сфаќај погрешно Ри ама тоа звучи предобро да е вистинитио. Проблемот е што ние не сме толку загреани за Перин во моментот, туку сме одлучни дека Кичо ќе ни биде прв голман за претстојната сезона (нешто на што јас не сум фан.)Ж
Вака ем Перин ќе игра во врвен клуб, ем Агаци ќе биде прв избор во клуб по мерка за него, ем Матри ќе биде прв напаѓач во Џенова и ние ќе добиеме солиден бек.
win win win win.
Ама пак звучи предобро да е вистинито.

Ultras Milano said...

Мене нешто друго ми е интересно.
Ночерино замина во Торино. Со нив пола пола се Коми и Верди. Заинтересирани се за Бирса (заедно со Киево, Рубин итн.) Таму се Дармиан и Черчи, играчи со кои не поврзуваат. Мислам дека од целава ситуација може да испадне нешто.

Navigator said...

Истото го зборуваш како Ри, само со различни играчи :)

ReBorned said...

Нели? :)

ReBorned said...

Дали бев close enough?

Axis Milan-Genoa, ready new business: Matri Niang for Vrsaljko, Kucka and Perin

It 's always very hot the axis between AC Milan and Genoa. The two companies, which in the past have closed several deals, they are ready to set up new operations market: according to today's edition of TuttoSport, in fact, affecting both the red and blue Matri, who would take the place of Gilardino and Niang, that could be useful in the trident of the Griffon. Milan would rather put their eyes on Vrsaljko, as well as on Perin, that next season could take the place of Abbiati between the goal posts Rossoneri. It should not be forgotten even then Kuck, who likes so much and that Galliani had already been approached in the past to the club via Aldo Rossi, but all jumped after his serious accident in December 2013 (rupture of the anterior cruciate knee of the left).

Ultras Milano said...

По преводов претпоставувам дека е од milannews текстов?
Разменава би ја прифатил со 2 раце и ако се оствари варијанта каде што ќе дојдат Перин и Симе во размена за играчи Ри има пиво од мене.
Ама пак, некако ми звучи предобро да е вистинито.

Ultras Milano said...

А да. И ајде да речеме го зборувам истото со Ри само што:

-Торино поседува пола од Коми и Верди
-Торино штотуку го позајми Ноче
-Торино е заинтересиран за Бирса
-Ние сме заинтересирани за Черчи.
+Бонус Торино ќе игра Лига Европа а си го продаде најдобриот напаѓач, а по некоја случајност Милан има напаѓачи за извоз :D

Во меѓувреме:
-Џенова бара напаѓач ако им замине Џила а најевројатно ЌЕ замине.
-Ние го сакаме Симке

За Перин во Милан не сум прочитал нешто кузнај од кога. За Агаци и Џенова првпат слушам.
Знак прашалник е Абате во ПСЖ бидејќи се чека завршување на светското за да се одлучи дали Д.Алвеш ќе замине во Париз. (резервна опција е Абате)

Ултра 1
Риборн 0

:D

ReBorned said...

Математиката ти е подеднакво точна како и твитот/коментарот на блогот дека Iturbe е веќе наш. Да не ја изведе од иста формула? :)

Ultras Milano said...

Не разговарам со луѓе што го сметаат Менез за штопер :D хахаха

Navigator said...

Ultra победи на продолженија :)

Ficho Kimovski said...

CALCIOMERCATO / Milan, Bernard of Shaktar plan B for the trocar


Sturaro беше опција од Џенова ако веќе се зима некој Midfielder а не Кучка.....

Трампава е предобра да е вистината ама Галијани и Прециози имаа состанок така да може се да се очекува.

ReBorned said...

Од сите овие потенцијални "Plan B" ако не го земеме Iturbe, не ми фаќаат око само Lavezzi, Nani и Valabuena во прв план и Cerci во втор план.
- Lavezzi сметам дека е преценет и дека со негово ангажирање ќе донесеме нов Robinho во тимот односно фудбалер кој ќе има една добра сезона и потоа ќе го трпиме со 4 милиони по сезона уште 3-4 години!
- Valbuena игра фантастично на СП меѓутоа веќе е во години во кои е и Lavezzi и неговиот ангажман ќе биде скап а нема да има остаточна вредност.
- Nani не сакам да го земеме затоа што е Nani. Многу пари, малку музика.
- Cerci ми направи Mindblowing пред малку, цело време го перцепирав како постар од 26 години. Можеби интересна варијанта и фудбалер кој веќе го познава Калчо ама сепак би одел со други имиња.

А кога сме кај други имиња, не би се налутил ако извисиме за Iturbe (сè уште е моја прва опција) меѓутоа ако донесеме некој како Griezmann или Bernard (игра претежно на страната на која што игра SES па не знам како би му одело играње на спротивната страна).

Уште една веројатно во моментов небитна вест но можеби ќе значи многу за неколку години. По стапките на Hachim Mastour, Milan денес успеа да го доведе во своите редови Seid Visin, 14 годишно момче кое игра на позиција полушпиц, по потекло е од Етиопија а дојде во Milan од редовите на Nocerina. За Visin биле заинтересирани и Inter, Napoli и Manchester City, во прв план.

Anonymous said...

Овој Бернард не е напаѓач и нели е во тимот на Бразил за светсково?
Од сите план б опции. Јас би одел со Черчи. Гризман кој не би го сакал во тимот, меѓутоа повеќе на SS ми е некако он. Башка не играме во ЛШ а дечкото сигурно ќе бара тим што игра таму.

Anonymous said...

Овој Бернард не е напаѓач и нели е во тимот на Бразил за светсково?
Од сите план б опции. Јас би одел со Черчи. Гризман кој не би го сакал во тимот, меѓутоа повеќе на SS ми е некако он. Башка не играме во ЛШ а дечкото сигурно ќе бара тим што игра таму.

ReBorned said...

Само во Calcio :)

Genoa want Matri and according to La Gazzetta dello Sport Preziosi wants to get a 'friend discount' from Galliani on the striker.

ReBorned said...

Изгледа полека но сигурно се враќаме на Cerci, нешто што реално и беше за очекување и нешто што влегува во нашата ценовна категорија. Што мислите за него и дали би биле задоволни ако дојде во Milan?

ReBorned said...

И мало надополнување на претходниот коментар:
На Football Manager (не знам која година) Cerci беше wonderkid и го купував од Roma со 16 години, беше вистинско чудо од дете и ми беше прв напаѓач во Milan :) Зборуваме за период пред 10тина години, кога немаа поим во Torino кој е Cerci :)
Можеби малку го потценуваме поради тоа што е некако поприземјен и не е толку застапен во медиумите. Cerci игра на високо ниво веќе 2 години и стана стандарден репрезентативец на Италија. А можеби G му рекол на Cairo, колега ајде на ручек, јас честам само за да направиме притисок врз Verona и да мисли дека имам опција B па да попушти :)
Cerci сигурно би дошол за 8-10 милиони помалку од Iturbe (дури може таа сума и да се зголеми во наша корист ако го вметнеме и Nocerino на пример). Можеби Cerci за 16-18 и 10 милиони за друг фудбалер звучат подобро отколку 28 за Iturbe (уште не верувам дека ние би понудиле толкава сума).
Друга варијанта за AMR е и Fegnoulli. Добар, пробивен фудбалер но сметам дека не е баш во целост со новите замисли на Inzaghi поради тоа што Fegnoulli е типично пробивно десно крило а Pippo очигледно бара фудбалер сличен на El Shaarawy, фудбалер кој ќе може да прави cut in и да шутира со својата контра нога. Fegnoulli е out to out крило и тој примарно пробива покрај аут линијата и нафрлува во петерецот, не пресекува за да влезе накај работ од 16-никот.
И Jackson Martinez се споменува како можна замена ако се продаде Balotelli.

Ultras Milano said...

FM 05. AMRLC односно можеше да игра на сите позиции напред Черчи :)

Ultras Milano said...

Мислам дека Черчи можеме да го земеме и за помалку. А и како што си правев некои комбинации јас имаме 4ца играчи за кои знаеме дека се заинтересирани Биковите кои пак да напоменам ќе играат Лига Европа.

Јас летово би бил презадоволен ако ги купиме Перин, Дармиан, Сантон, Черчи и еден напаѓач (Дамиао на пример).
Само што го изгуглав, во Сантош игра сега а Сантош се секогаш прва опција за Робињо, но нормално тука главна улога игра платата на бразилецот.

Ultras Milano said...

И ај почеток на неделата е веќе да направиме ден апдејт:

Од 10ината играчи кои треба(ше) да си заминат

Zaccardo
Bonera
Mexes
Vergara
Didac Vila
Constant
Nocerino
Essien
Birsa
Robinho
Niang
Matri

-Ночерино замина во Торино
-Се чека официјализирање на замената Матри-Врсаљко
-Се очекува официјализирање на позајмицата на Вергара во Албинолефе

Се очекува неделава расврска и на ситуацијата со Бирса.

ReBorned said...

Не знам зошто си го ставил Bonera во оние кои би можеле да си заминат. The Boner не мрда од Milan. И да си заминат сите други, тој ќе остане последен за да ги изгаси ламбите! Bandiera!
Darmian не доаѓа никако, веројатно нема што да бараме ниту со Santon ако дојде Vrsaljko. Со евентуалното доаѓање на Vrsaljko (кое е извесно), ќе се продаде Abate и ќе останат Vrsaljko на десен а De Sciglio на лев бек. Bonera и Constant (или Albertazzi или Armero, ако успееме да го мавнеме Constant) би останале како резервни фудбалери на бековски позиции. И тоа ни е доста.
Околу Perin, сакам да дојде ама сите шпекулации околу евентуалните разговори меѓу G и другар му Preziozi се дека најмногу што можеме да добиеме ова лето е first option на Perin за следното лето. Значи тој годинава останува во Genoa (не дека не сакам да дојде кај нас).
Кај Leandro Damiao e специфично тоа што после фантастичната сезона лани, годинава има далеку послаби бројки. Не знам дали станува збор за моментална слабост или едноставно се издиша после страшната сезона ама тој е своевиден ризик.
Сума сумарум, од сите оние што ти ги наведе, реално очекувам да дојде само Cerci. Не дека не ги сакам Perin или Santon во клубот, само гледам реалистично на работите.
Значи, го сакаме Cerci?
P.S Уште една работа, ова со Rami премногу се одолговлечи и не ми се допаѓа. Некако сите си го прифативме како веќе наш фудбалер ама работата премногу се влече за да биде толку сигурна. Се надевам дека нема да има нешто непредвидено (Утре почнува новата сезона на Valencia со новиот тренер, Rami е сè уште на одмор и нема да присуствува).
И се надевам дека ќе го продадеме Balotelli, делува како за ништо да не му е гајле и мислам дека ќе го поткопува авторитетот на Pippo какко нов тренер. Inzaghi претежно се насочува на релативно млад тим и сака да има неприкосновен авторитет кај него (особено како новопечен тренер). Сметам дека Balotelli ќе го поткопа тоа.

ReBorned said...

TuttoSport - The Revolution Inzaghi: diet, dna Rossoneri, quality and El Shaarawy

Who knows Filippo Inzaghi knows that it is charged and can not wait to begin his first season as coach of AC Milan: Milan's new coach, who took the place of Seedorf, has great desire to bring the Rossoneri in the positions ranking it deserves and this has continued to work even while on vacation in Formentera (Galliani felt several times a day). And as reported TuttoSport, to bring back the great AC Milan, Inzaghi has in mind a few rules which it considers fundamental to his project.

DNA ROSSONERO - After a few disappointing seasons, SuperPippo wants to revise the old Milan, the one in which he played and won all: for this reason, it will work right away on the heads of the players and make them understand what it means to wear the shirt of AC Milan. We must therefore find that the DNA Rossoneri who had the likes of Maldini, Nesta, Costacurta, Gattuso, Ambrosini, Kaka, Shevchenko and Inzaghi the same and recreate an important group, which will restart from a hard core Italian.

QUALITY ' - In the field, also, Inzaghi wants to see an offensive team, dynamic, young and full of quality and for this reason, midfield coach AC Milan midfielder could often use two techniques, following the example of his teacher Ancelotti.

DIET - Inzaghi, as well as the goals, a player was also famous for its great attention to detail, a characteristic that wants to convey to his players: very important, for example, will be the diet that you must follow to Milanello, inspired by the book the recent winner of Wimbledon (and big fan of AC Milan) Novak Djokovic "The winning point", which reveals some of the secrets to a successful diet.

EL SHAARAWY - Inzaghi will play 4-3-3, so as to maximize the quality left winger Stephan El Shaarawy: The young Pharaoh is in fact the star of the Milan team. The AC Milan striker has a great desire for redemption after an unlucky season full of injuries, which did not allow him to participate in the World Cup in Brazil. The new AC Milan Inzaghi is almost ready to be born.

ReBorned said...

И твитот на денот е:

https://twitter.com/RYOmoha/status/485884450769608704

Navigator said...

:D
@Re - Bronzetti: "The deal for Rami will be concluded in the next few days."

Navigator said...

Ashley Cole во Roma, Prandelli во Galatasaray. Cool, cool...

Ultras Milano said...

Ри јас си ги кажувам желбите го напоменав тоа во постот.
А се сомневам дека ќе останеме со Констант, Бонера и Албетраци како резервни бекови. Пред се затоа што јас лично не би го продал Абате па да останам со овие како бекап.

ReBorned said...

Ако не го продадеш Abate, ќе си оди беспари следното лето оти бара 3 милиони за да го продолжи договорот а во моментов заработува 1.8.

Ultras Milano said...

Арсенал си го такса Алексис Санчез така да веднаш отпаѓа Бало. Само уште со Ливерпул и Монако го поврзуваат Марио.
Замислете некоја лудост се случи и Мексес и Балотели заминат во Монако а ние го добиеме Џејмс Родригез :D
Добра тревава што ја пушам а :D

ReBorned said...

https://twitter.com/OptaPaolo/status/486473589831770113

И пак почнаа шпекулациите за Federico Marchetti. Наводно сме понудиле 7.5 милиони евра (поделени на 3 години) + Agazzi за него. Јас сакам нов голман и сметам дека Кичо треба да дава искуство од клупата но Marchetti никогаш не ми бил некој омилен голман а веќе е 31 година. За 31 годишен голман да дадеме 7.5 милиони евра + друг голман ми е малку нелогично. Особено затоа што тој не е ниту во трите репрезентативни голмани на земјата. Би барал друго помладо и поперспективно решение.

Ultras Milano said...

За тие пари Сиригу може да го земеме секако доколку Чех премине во ПСЖ што зависи од Куртоа да се врати во Челзи. Освен Сиригу и Перин друг Италијански голман не би купил јас.

Ultras Milano said...

Рома го потпишува Ешли Кол, а Јуве изгледа Евра, а ние чекаме да си замине некој од напаѓачите за да дојде Врсаљко.

ReBorned said...

Една желба помалку

Matthias Sammer reveals: "There is a verbal agreement between FC Bayern, Atlético Madrid and Mario #Mandzukic."

Navigator said...

Birsa на позајмица во Chievo
Coppola на permanent во Bologna

Ultras Milano said...

Coppola
Zaccardo
Mexes
Vergara
Didac Vila
Constant
Essien
Birsa
Robinho
Niang
Matri

Од понеделникот до денес има раздвижувања за наша среќа

-Имено иако првин беше одлучено Копола да остане уште една сезона како играч-тутор Болоња не спаси од неговата плата и присуство и си го прибра.
-Вергара очекувано замина на позајмица во Авелино
-Бирса исто така очекувано замина на позајмица во Киево
-Скоро е официјален преминот на Матри во Џенова на позајмица со тоа што Милан ќе плати 900.000 за неговата плата за претстојанта сезона. Ќе почне со тренинзи во Џенова во понеделник.
Од другите играчи само шушкање дека Трабзон се спремни да понудат 4 милиони за Есиен (кои Милан веднаш би ги прифатил) и со оглед на фактот дека 2.5 милиона треба да заработи за претстојната сезона со се данок добиваме некои неверојатни 9-10 милиони за Есиен. Проблемот бил што Микаел не сака да оди во Турција.
Значи со последниот апдејт остануваме на:


Zaccardo
Mexes
Didac Vila
Constant
Essien
Robinho
Niang


+ 3.75мил ќе биде сумата за Рами. Не bargain, STEAL ако ме прашувате мене. Сеуште се чудам како Рами и Де Јонг за толку ефтино ги земавме.

Ultras Milano said...

И повторно го заборавам Албетраци од проста причина што незнам во која категорија да го ставам. Само што почна pre-season можно е и некои од играчите за кои се очекува да си заминат да останат ако го импресинираат Пипо.
Имам чуство дека сезонава Кристанте, Поли и Сапонара ќе добијат значителни минути.

ReBorned said...

Можеме што сакаме да зборуваме ама секоја чест на Juventus за она што го прават веќе неколку сезони по ред. Ние не можеме да си дозволиме пристојно крило (иако рака на срце досега трансфер сезонава ни е повеќе од солидна) а тие и така го имаат најдобриот тим во Калчо и без проблеми ќе освојат нова титула но решија да менуваат во 4-3-3 и ги земаа ЗАЕДНО Iturbe и Morata! Страшни крила по двете страни, едноставно не знаеш кој од кој е подобар! Фактички се обидуваат да направат тим за нешто повеќе во ЛШ, Калчото можеа да го освојат и без да мрднат со прст летово. Константно прават подобар тим секое лето.

Ficho Kimovski said...

+ Евра стави го на листата бидејќи им треба класичен лев бек за таа 4-3-3.

Дефинитивно страшно работи нивниот менаџерски тим. Марота и Паратичи мислам дека фантастично работат. Ги собираат сите најталентирани италијанци а и странци(читај Погба)

Ние летово можеме да тргнеме по тие стапки но ќе треба да искешираме за играчи од средината и за крило.

Манџукич отиде у Атлетико и тоа за многу евтино.

Ficho Kimovski said...

+ Евра стави го на листата бидејќи им треба класичен лев бек за таа 4-3-3.

Дефинитивно страшно работи нивниот менаџерски тим. Марота и Паратичи мислам дека фантастично работат. Ги собираат сите најталентирани италијанци а и странци(читај Погба)

Ние летово можеме да тргнеме по тие стапки но ќе треба да искешираме за играчи од средината и за крило.

Манџукич отиде у Атлетико и тоа за многу евтино.

ReBorned said...

Додади го и Coman кој е земен во стилот на Pogba. Еден од најталентираните млади фудбалери во Европа, го земаа по истечен договор од PSG.

Ultras Milano said...

За Манџукиќ беше потврдено уште изминатата недела и тоа за 18м. Не отиде за таа сума? Реална е според мене не е ефтино.

Ultras Milano said...

И како што најави @Milanelo и Коми и Ели му се придружуваат на Вергара во Авелино на позамица.
Нианг побарал втора шанса од Галијани и простор да се докаже. Ваши ставови околу ова?

ReBorned said...

Веројатно Niang ќе биде оставен на почетокот од подготовките па Pippo ќе пресече околу неговата состојба.

Интересен е пристапот денес во Casa Milan. Се пропагира некој близок, пријателски па ако сакате и NBA пристап ала We care. Menez и Albertazzi се надвор, потпишуваат автограми и се сликаат со фанови. Вo Cucina Milanello Alex е на барот и ги служи фановите и посетителите со пијалоци. Нешто ново не само во Milan туку и воопшто во Италија па ако сакате и подалеку. Интересен нов пристап со изградбата на новата Casa Milan.

P.S На прашање на навивач надвор од Casa Milan, G изјави дека сигурно ќе купиме еден топ играч! Потоа потенцираше дека Milan МОРА да се врати во место кое води во ЛШ следната сезона. Ете императив за Pippo! Од друга страна кога сме кај Pippo, тој сакал во прв план тимот да има резултатски брз и позитивен старт за да можеме полесно да влеземе психолошки и бодовно во остатокот од сезоната. Добра перцепција, не сме имале пристоен (не добар, барем пристоен) старт барем 4 години наназад!

Ultras Milano said...

Наречете ме луд ама Нианг не добил досега вистинска шанса на неговата позиција (истурен напаѓач). Сеуште е многу млад и радо би тој да остане отколку Балотели.

ReBorned said...

Тој има пристоен дел од атрибутите потребни за еден модерен напаѓач освен еден, не знае да даде гол :) Зборувам од досегашните искуства, не му судам.

ReBorned said...

Curva Sud го подбра G со официјално соопштение!

Ultras Milano said...

Апсолутно се слагаме, меѓутоа и онака сме во една year zero па зошто да не се ризикува со него. Во моментов напаѓачката ситуација ни е следна:

1.Балотели
2.Пацини
3.Петања/Нианг

Еден од нив двајца 100% ќе замине, а со оглед на големиот интересе изгледа тоа ќе биде Петања.

Ultras Milano said...

https://pbs.twimg.com/media/BsMc2XiIYAEV0-4.jpg:large

Еве го и писмото на Италијански. Од @rossoneriblog ветија дека вечер а најдоцна до утре ќе ни го преведат.

ReBorned said...

Сепак мислам дека од највисокото тело на Curva Sud ќе се оградат од ова и ова соопштение ќе се „префрли“ на „маргинализирани поединци“ чијшто личен став не може да се рефлектира како официјален став на Curva Sud.

Во живо оди пресот со превод на англиски! Одлично!
Pippo делува како да сака да стане и да оди да има тренинг :)

ReBorned said...

Pippo: На навивачите можам да им ветам дека овој Milan ќе се бори на секоја педа од теренот! И доби аплаузи.

ReBorned said...

„Кога јас играв за Милан се сеќавам дека другите екипи се плашеа од Милан. Сакам тој страв да се врати“

ReBorned said...

Inzaghi: "I can say to the fans that this team will fight hard. Those who don't fight hard won't get to play in my Milan side."

Ping Balotelli!

ReBorned said...

Некои одлични размислувања од Pippo:
„Можеме да зборуваме за модул на работа и за формации како 4-4-3 и слично меѓутоа сакам во првиот месец од работата да им преточам на фудбалерите дека треба да се почитуваат правилата, дека треба тие да се почитуваат меѓусебе и да бидат среќни затоа што се благословени да имаат една од најубавите професии во светот“

ReBorned said...

ЛЕГЕНДА БЕ, ЛЕГЕНДА! :)

Го прашуваат што смета дека најмногу му е потребно на овој тим во однос на линии од тимот, каков тип на засилување, одговара:
Па еве го до мене G, тој знае добро што на мене ми е потребно, ние се слушаме 3-4 пати дневно и плус му пишувам уште по неколку СМС пораки на ден :)

ReBorned said...

Јас малку (повеќе) спамирам ама фаќам прибелешки во живо а после ќе ги дискутираме :)

Inzaghi: "I can forgive a misplaced pass or a missed chance, but I won't forgive inappropriate and unprofessional behavior."

ReBorned said...

И соопштението од Curva Sud со англиски превод

http://www.rossoneriblog.com/2014/07/10/curva-always-the-same-galliani-pursues-his-own-interests/

Ultras Milano said...

Rami is willing to pay the €0.5m difference in order to finalize his transfer to Milan.
Valencia want €4.25m. Milan's offer is €3.75m.

СРАМОТА! Да не го сакаше Адил толку многу Милан ништо немаш да биде од трансферов. 0.5 м ни се многу, а за Матри ќе плаќаме 0.9 а нема ни да игра кај нас! За Мунтари гнидата 3м годишно даваме!
Прекурчен сум! СРАМОТА!

ReBorned said...

На претходноспоменатите додади и дел од платата на Nocerino која повторно ние ја плаќаме додека игра за Torino.

G пред малку со update:
- Vrsaljko не доаѓа (колку брзо се менуваат нештата, а?)
- Cerci можеби.
- Од СП му се допаѓал Jackson Martinez.
- Robinho има контакти со Orlando.
- Niang останува во клубот (барем засега) затоа што тренерот Inzaghi смета дека може да покрие на повеќе различни позиции во тимот.
- И G потврди, Rami сам ќе си одбие од својата плата и ќе прифати помали барања за со таа разлика да се покријат енормните 500.000 евра кои нè спречуваат да го затвориме трансферот кој се влече 2 месеци. Во меѓувреме Rami ги одбивал сите други понуди за него кои пристигнувале до Valencia а шпанскиот клуб ги прифаќал.

ReBorned said...

И дополнување, за евергринот Zaccardo (уште еден од огромната казнена експедиција во клубот) стигнувале повеќе различни понуди но нему не му се допаднала ниту една од нив. Нешто слично како Constant и Mesbah пред него...

Ultras Milano said...

Зошто да си оди. Во клуб е каде што зема плата што нема да ја зема нигде на друго место, за играње сеедно му е ко божем во Сасуоло ќе се изнаигра.
Не ми се лути што ќе ти кажам ама се ова излезе од устата на Галијани, истиот Галијани што кажувал дека Милан нема пари за Балотели а по 2-3 недели го купил така да...

ReBorned said...

Кога сме кај Balotelli, аман нека си оди не можам да го гледам! Видовте што стави синоќа на твитер? Пред некој ден беше сликан со цигара на одмор, сега ова, дури мислам дека е можно ова да се прави во договор со Raiola за уште толку да му падне цената, да ни се качи на глава и да си отиде при крајот на летото во некој клуб во кој уште сега е договорен за скоро беспари! Едноставно не можам да верувам дека е можно да е толку глуп (барав друг збор ама немам)! Баш глуп или недостиг на IQ или недостиг на зрелост, не знам како што да го класифицирам. Кога друг ќе трпи такви критики ќе се обиде барем за момент да се смири додека работите да си легнат. Тој намерно оди контра!

http://gyazo.com/ca2b0031213abf6fef84a1aee8c95b76

ReBorned said...

И да не излезе дека ја покажувам само едната страна на нештата:

Inzaghi: "Balotelli has asked me to send him a fitness coach a week before he returns from vacation, so that he will be fit and ready."

Ultras Milano said...

Тие се тие гангстери во тимот. Мунтари и Балотели. Преценети кретени се сликаат со пиштоли ко да имаат 13 години (во паметот и толку имаат горе доле) ех Милан мој што се трпиш. Вака на Анчелоти, Капело, Конте да им се курчи некој у тим да видам, има да лета на шамари.

Ficho Kimovski said...

Не знам за вас ама јас очекувам Инзаги да направи револуција со формацијата 4-4-3 што ја пиша Ри 8-9 поста погоре хахахаха:DDD

ReBorned said...

Видов 2 секунди после коментарот ама не сакав да бришам коментари за превртени бројки, знаете на што мислам. Баш одеше во живо пресот на Pippo и тоа ми беше далеку поважно отколку да ги променам местата на двете бројки.

Ficho Kimovski said...

Само што сме го продале Пацифико а малиот ми покажуваше потенцијал.

Иначе мртвило е деновиве со шпекулаици. Нема ништо ни за Итурбе ни за некое друго крило.

Черчи ми е последен на листата заедно со Валбуена.

ReBorned said...

Iturbe е со двете раце и едната нога веќе во Juventus. Valbuena е речиси договорен со Valencia и се чека само официјалното преземање на Lim (фала богу, не го сакав Valbuena тука). Засега Cerci е единствената варијанта која се врти низ медиумите (мене лично одлично би ми дошол и Гризман). Денес шпекулации и за Енер Валенсија, шпицот на Еквадор кој постигна 3 гола на 3 меча на СП ама не ми се допаѓа стилот на игра, премногу робусен и некако на сила. Гледам и клипови на јутуб, истото.

Ficho Kimovski said...

Страшна 4-3-3 праат Јуве.

Испадна вчера и за Ламела нешто ама Ди Марцио демантираше дека имало контакт.

Робињо одбивал да иде и у МЛС и ги сакал само Сантос. Иди продај го сега.

ReBorned said...

Ако не успееме да го мавнеме Robinho летово јас предлагам да му понудиме нов 5 годишен договор за да не ни избега беспари и да пробаме пак да го продаваме следните години. Исто и Mexes.

ReBorned said...

Alex ќе го носи бројот 33 на грбот (го носеше во Челзи).

Alex: "We're already working tactically on defending set-pieces. We can't concede many goals if we want to win."

Pippo effect?

Ultras Milano said...

А Менез 87. Ич не ми се свиѓа што играчиве земаат некои вакви броеви.

ReBorned said...

Тогаш е роден и тоа е негово право.

Ficho Kimovski said...

Абе бегај ајде шо ако е тогаш роден?

Треба нормални бројки да си зимаат.

Иначе сега сме барале тие 3.7 милиони на Валенсија да им ги платиме за 3 години и овие одбиле.

Добро бе што е со циганчењево?

Ultras Milano said...

Цигани имаме во управа тоа е со циганчењето. Јес да не е коректна одлуката на Валенсија да се премислат у рок од 12 саати ама на никој сериозен клуб не му се проблем 4.25м евра. Па фулам испадна од лига и потроши 11м фунти на некојси шкотски напаѓач!
Негово право си меѓутоа во ПСЖ носеше 14 ако не се лажам? и тука е тој број слободен. Фламии дојде зема 86, Шева кога се врати 76, Робињо кога дојде 70, Антонини беше 77, Габриел е 59 што сме ние NFL тим?

Ultras Milano said...

Јепес 76, Закардо 81.... the list goes on.

ReBorned said...

Во PSG носеше број 7 а тука тој број е зафатен.

И El Shaarawy носи 92.

Navigator said...

Не заебавајте сеа со бројките. Што има врска кој каков број носел? :) Thiago Silva ви сметаше што носеше висок број? :)

Ultras Milano said...

Да се праи нешто муабет :)
Во рома 94 носел сеа видов леле.
Јас мислам дека ако Робињо си замине веднаш СЕС ќе ја земе 7мицата. И да можеби за некои е небитно, посебно за играчите бидејќи е поважно она што го прикажуваат на терен меѓутоа еден од ретките клубови сме со играчи што имаат бројки на дрес од 50,70,80,90...

ReBorned said...

Во тим исполнет со еден куп идиоти како во фудбалскиот така и во раководниот кадар, секој изминат ден во овој трансфер период ми ја крева почитта кон Rami до небо! Човекот докажува дека сака да игра само за Milan на 1001 начин! Трпението е дополнителна доблест, не знам кој друг толку би бил упорен да заигра за еден клуб кој искрено се наоѓа во каша а и не игра во ниту еден европски куп следната сезона!
Прифати помала плата, прифати тој да ја покрие разликата меѓу побарувањето и понудата на двата клуба! Ги одби сите други понуди кои пристигнаа до Valencia а беа прифатени од клубот! Констатно и отворено докажуваше на twitter каде сака да игра во следната сезона. Не знам дали му ги следите твитовите, дури и синоќа кога пукна тиквата затоа што на шпанците им текна да го менуваат планот на отплата после неколку часа, повторно Rami беше тој што на twitter јавно напиша дека јавноста заслужува да знае некои работи што се случуваат околу овој трансфер и јавно го посочи претседателот на Valencia дека она што тој го направи е преседан во светскиот фудбал. И еве сега се чини дека поради неговите јавни прозивања работите повторно се свртија за дополнителни 360 степени и сега Rami повторно е блиску до Milan! Во тим во кој на пола фудбалери буквално не им е гајле дали ќе играат или не само да ја цицаат платата како крлежи од буџетот на клубот, не им е гајле што ќе постираат на твитер и како ќе се однесуваат во јавност, Adil Rami доби огромен кредит кај навивачите и кај челниците на клубот (кои искрено можеби и не го заслужуваат)!
Некој се согласува да си намали од сопствената плата, лично да ја плати разликата во цена и да ги одбие сите други понуди само за да игра во Milan, друг пуши џоинт после продолжување на договор со 3 милиони по сезона, трет постира слики со пушки во период кој е екстремно чувствителен за него а четврт прави селфи со голо торзо и машна на врат. Тоа е тој неограничен спектар во Milan!

Adil Rami или како што тој РТ RAMI-LAN

https://twitter.com/Rami13officiel/status/486952566002311169

https://twitter.com/Rami13officiel/status/487635930329919489

https://twitter.com/Rami13officiel/status/487656691568496640

https://twitter.com/Rami13officiel/status/487657834877042688

https://twitter.com/Rami13officiel/status/487658117849956352

https://twitter.com/Rami13officiel/status/487702147820429312

А сите оние твитови од други луѓе кои тој лично ги РТ се приказна самата за себе :)

Grande Adil!

Ultras Milano said...

Балотели и Мунтари надворд од Милан !!!!

ReBorned said...

Ајдееееееее

https://twitter.com/Rami13officiel/status/487897739536375808

https://twitter.com/Rami13officiel/status/487897777444511744

ReBorned said...
This comment has been removed by the author.
Ultras Milano said...

Ајде да прославиме како што е редоооот

https://www.youtube.com/watch?v=UHVOjwmhei4

:D

ReBorned said...

Bronzetti: "Rami had 6-7 offers, including from Italy, and one of them was from a big club. But he only wanted Milan. "

ReBorned said...

Доста за финиот Pippo Inzaghi, сега почнува оној другиот, Mister Filippo Inzaghi! Уште од првиот ден, Mister Inzaghi аплицираше нови правила:

- 2 пати тренинг дневно, во 09:30 наутро и поручек. Станување во 07:45 и ЗАДОЛЖИТЕЛНО присуство во соблекувалната 45 минути ПРЕД почетокот на утринскиот тренинг! Ова се однесува дури и за повредените фудбалери кои нема да можат да тренираат со остатокот на тимот туку ќе имаат само суви тренинзи со атлетскиот тренер Tognacini.

- Забрането користење на мобилни телефони во соблекувалната, при дискусија на тактички замислувања и во ресторанот при ручек!

Inzaghi истотака го блокираше и продавањето на Zac Benedicic, словенскиот робусен фудбалер од средниот ред на кој тој лани му беше тренер во Primavera. Имаше неколку различни понуди за момчето но Pippo реши да го задржи во клубот барем до завршувањето на US турнејата.

Наводно Pippo го побарал Romulo од Verona и Criscito од Zenit ама стандардните болки: За Crisitto бараат 10 милиони па тешко нашите да го израмнат тоа а за Romulo нудиме loan со опција за купување а Verona нормално ќе го одбие тоа затоа што има неколку клубови (во прв план Juventus) кои сакаат веднаш да платат кеш за да го имаат Romulo во тимот.
Се шпекулира и дека сме во борба со Arsenal за Clement Grenier од Lyon. Страшен млад фудбалер кој многу потсетува на Kaka а договорот му истекува следната сезона.

ReBorned said...

Да се насмееме малку

https://twitter.com/Milanello/status/488974689063411712

Navigator said...

Кога ќе размислиш подобро, за овој Milan, Nani за 7-8 милиони и не е така лоша опција. И финанасиски и кадровски.

Ultras Milano said...

Ма јок. Пренапуван мрзлив талент кој опаѓа во последните 3-4 години. Башка ќе заглавиме со неговата плата од 3-4 милиони и ќе биде Робињо 2.
Черчи моментално е најисплатлива опција.
Сите трансфер операции на Јуве (за играчи што треба да дојдат) моментално се на hold

Ultras Milano said...

Дури и Евра што беше done deal. Што значи дека Итурбе и Мората сеуште не се играчи на Јуве.
Ова за Макс сериозно е изгледа и сега за сега најголеми шанси има да биде тренер на Јуве.

ReBorned said...

На крај може Рома да го лапне Итурбе.
Никако Нани или Лавеци!
Мах во Јуве би било интересна опција за сите :)

ReBorned said...

Убаво четиво за размислувањата и staff-от на Pippo.
Веројатно дел од ова веќе сте го прочитале но тука е убаво сумирано на едно место.

http://www.rossoneriblog.com/2014/07/16/inzaghi-on-his-staff-his-squad-todays-friendly-and-more/

ReBorned said...

Еве една слика за Ultra, да не мисли дека е само до нас

https://pbs.twimg.com/media/Bsq7yQpIcAAQCe1.jpg:large

И Navigator веројатно има потпишано некоја почетна пристапница кон Juventus, не можам да најдам друга причина...

Navigator said...

Зборуваш за постовите на ФБ или за нешто друго?

Navigator said...

Какво уживање е да го гледаш денес Modic. Скоро без грешка!

ReBorned said...

Не можев ништо да гледам. Впечатоци?
На која позиција играше Modic? Кои други оставија впечаток? Дали има некои хајлајтс?

Ultras Milano said...

За сликата со периката немам ништо против, баш е интересна и е поврзана со наш доскорашен тренер.
Меѓутоа информацијата дека Конте повеќе не е тренер на Јувентус мислам дека не припаѓа на фан пејџ на блог на Милан.
Ништо не гледав од натпреварот не бев дома. Некој да пише впечатоци? оцени на играчите?

Ultras Milano said...

По долги години шушкање односно секој трансфер рок, сега е потврден интересот за Кришчито. Проблем сега за сега се Закардо, Мексес па и Запата. Еден а можеби и двајца од нив мора да си одат за да имаме било каков прогрес во преговорите.
И најново денес од Газета поврзано со Милан е Лукас Моура. Дефинитивно најдобра опција покрај Черчи со тоа што Лукас е помлад, деснак и извонредно брз. Зошто Сколари не го зема на светско он си знаеше само.

Ultras Milano said...

http://www.football-italia.net/52208/robinho-mls-santos

те молам те молам те молам те молам те молам те молам те молам те молам да биде вистина ова....

ReBorned said...

А дали видовте што на крај се случи со Iturbe?!
Од шпекулации со баснословни суми од 30+ милиони на крај заврши во Roma за пристојни 22 милиони + 2.5 милиони во бонуси! Значи ништо од нашите наводни 28 милиони, колку сме нуделе ние, 14?!

И многу ми е жал што не сум го гледал Modic ама има масовни пофалби од сите страни! Зборувам од „обични смртници“ кои го гледале мечот, не од стручни очи. Момчето делело кратки и долги топки како од шега.

ReBorned said...

Корекција и појаснување околу трансферот на Iturbe. Повторно со оние надворешни агенти кои имаат 5 или 10 % од играчите. Ова треба да се забрани од FIFA, настанува голема каша. Се сеќавате што се случуваше со Tevez, Mascherano и со Falcao во поново време.

Roma will also have to pay Mascardi €7-8M. He owned 10% of the players rights. So Roma will pay in total €31.5M + €2.5M in bonuses.

Ultras Milano said...

Рома сега засега со најдобро лето.
За малце и Јуве ќе беше тука меѓутоа ова со Макс смени се.
И Педро изгледа замина во Наполи. Бенитез ги има Инсиње, Мертенс, Педро како надворешни крилни напаѓачи.
Пак зборуваме за другите тимови. Мора да се продава.

Navigator said...

Информациите за Conte и Allegri и тоа како се битни за нас и треба да се најдат на фан-пејџ. Тоа се (и ќе бидат) најважните инфомации ова италијанско трансфер лето. Особено во една ваква лига, каде нема трансфер бомби и каде Juve нема конкурент или барем досега немаше.
Околу утакмицата денес, релативно интересна, барем колку што може да биде во овој дел од припремите, па уште против ваков противник. Поголемиот дел од играчите уште имаат олово во копачките. Ама имаше и такви што летаа, што искрено ме зачуди. Niang, Robinho, Rami, и до некаде SES и Constant, делеа од остатокот со движењата на теренот. Лесни дриблинзи, течни додавања, брзи втрчувања... Тоа ми се допадна. Инаку очигледно дека свесно не се играше пресинг, освен на кратки периоди од по 4-5 минути на 4 пати во текот на мечот, барем толку јас забележав. Остатокот од играчите беше бавен сеуште. Особено Pazzo, Poli, Alex, Bonera, Zaccardo. Saponara не можам да го оценам, имаше (а очигледно ќе има и понатаму) чудна позиција, беше неприметен. Младите задоволија, а и добија добар простор. Benedicic, Mastalli, Mastour беа на ниво и интересни за гледање. Albertazzi, за разлика, бааги несигурен и неприсутен. Simic и Di Molfetta играа малку. Исто и Piccinocchi, ама тој беше стартер и излезе заради повреда на предна ложа, иако не изгледаше сериозно. И сега, да не ме разбери некој погрешно, ама испадна повеќе од добро што на местото на Picci влезе Modic. Сум го гледал и порано момчето, ама или нешто сум пропуштил или кај него има ненормално голем напредок. На моменти беше и нестварно. Стримот ми беше со лош квалитет и на почеток, најсериозно, си велев "не се гледа убаво, сигурно Poli даде ваква топка, не беше детево" :) Таква леснотија, таков преглед на играта, такви точни топки. Ама се тоа ќе речеш, му беше денот, а и почуствува дека има несекојдневна прилика. Ама ова не беше само ден. Џабе пишувам, треба да видите хајлајтс од него. Ја бара и ја зема топката од стоперите на секое, од него да почнувала секоја акција. Не го интересира каков играч има спроти себе, фронтални дриблинзи, игра со грб a la Pirlo, луцидни решенија, игра во триаголник, долги топки... Се правеше како што треба, нестварно изгледаше :) Имаше моменти кога еден Rami во немоќ го бараше Modic за тој да реши критична ситуација. И сите беа некако помирни кога тој ја имаше топката. Ко Pirlo на ЕП 2012 да го гледаш. Не знам што повеќе да кажам, нема да ми верувате :) Обавезно побарајте само него хајлајтс.
И уште за Pippo - ептен ми е на место човекот, засега. Прекратко е за оцени, не помина ни недела дена, ама пак, ако треба да го оценам за мечот денес, има висока оцена. Не беше агресивен, свесен е за состојбата на тимот, ама затоа беше екстра мотивирачки настроен. Убаво се слушаше што зборуваше скоро цел меч. Постојано ги убедуваше играчите дека секоја ничија топка е наша, нашиот играч е побрз, поумешен. Кога наш играч беше во заглавена позиција викаше да се згазни топката, да се крени главата и да се најди правото решение. Многу интересен пристап, многу ветувачки. Како и цел проект.

FORZA MILAN!!!

ReBorned said...

А што е работата со Cristante? Немам информација дека има некоја повреда. Го немаше ниту на првиот тест меѓу двата тима а го немаше ниту вчера против Renate.

ReBorned said...

Badass Gabriel! Го обожавам како се справува со социјалните мрежи (исто како и De Jong, убаво е да се види тоа како за промена во Milan). Константно постира мотивирачки работи, момчето е една ведра личност секогаш исполнета со позитивна енергија и има извонредна работна етика. Се надевам дека тоа ќе му се исплати во кариерата и во Milan! Еве како Gabriel го помина вчерашното слободно попладне кое сите фудбалери го добија од Inzaghi.

http://instagram.com/p/qkDIqLp7SQ/

Ultras Milano said...

Добар голман се станува со тренинг и макотрпна работа. Браво за Габриел.

Ultras Milano said...

Како денешниот натпревар го гледаше некој?

ReBorned said...

Го гледав само прво полувреме ама можев да воочам некои работи:

1. Ricky Saponara треба да ја игра улогата на Seedorf во своите најдобри денови во Milan. Слично како и Saponara, Seedorf првично играше офанзивен фудбалер зад напаѓачите, независно дали тоа беше AMC или AMR. Подоцна Ancelotti го повлече назад на MLC и тогаш се чини Seedorf ги даде своите најдобри партии во кариерата и тоа особено му го продолжи играчкиот век и овозможи да игра на високо ниво до своите доцни фудбалски години.
Saponara треба да ја има токму таа улога. Слично како и Seedorf, тој по вокација е офанзивец кој игра веднаш зад напаѓачите, независно дали како централен AMC или по страните. Сега со неговото повлекување на лева mezzalla од страна на Pippo, Ricky Saponara е фудбалерот кој најчесто одлучува како ќе започне да се движи топката во нападот и фудбалерот кој треба (и вчера тоа доста добро го правеше додека можев да гледам) да втрчува од втор план во нападот односно до работ на 16никот. Го гледав и против Renate а и вчера за 50тина минути, Saponara тоа одлично го прави. Имаше неколку одлични проигрувања со El Shaarawy и со Pazzini кога правеше (со кошаркарски речник) give and go и тоа секогаш даваше вишок фудбалер за Milan. Момчето игра одлично на оваа нова позиција, што е уште поважно тој ја прифати и сака да успее таму а според она што се гледаше има неограничена доверба од Pippo (константни бодрења и укажувања од страна на Pippo покрај аут линијата и беше гушнат од страна на Pippo кога излегоа од тунелот за почетокот на второ полувреме). Во офанзивниот дел од таа нова позиција Saponara веќе на 2 меча по ред дава позитивни сигнали (а читам дека нешто слично се случува и на тренинг). Сметам дека ќе нема проблеми да се адаптира таму во однос на офанзивата. Е сега во однос на дефанзивата би сакал да го видам како ќе ја брани таа позиција против квалитетни А тимови. Момчето се труди, скока во воздушни дуели и делува сосема во ред меѓутоа од око делува како фудбалер со послаб физикус и тоа би можело да биде проблем против цврсти противници. Не велам дека досега е проблем туку дека е можно да се појави. Одлична илустрација за тоа како Ricky би се снашол во дефанзива против силни тимови ќе биде турнејата во САД. Се разбира тука треба да има голема помош и претумбации во средниот ред со кој неговите колеги ќе ја покријат таа дупка во дефанзива кога тој повлекува напред.

2. Niang сè уште не знае да даде гол. M'baye играше повторно како AMR и беше еден од подобрите во тимот. Неколку пати го помина својот чувар еден на еден дури и еден на два, беше проблематичен за дефанзивниот лев бек меѓутоа откако ќе го направи тоа како да има проблеми со читање на ситуацијата и бирање на најсоодветната варијанта. 70 % од неговите акции беа поминување на својот чувар и центаршут во 16никот но голем дел од тие нафрлувања беа слаби и по земја. Имаше ситуација кога беше буквално осамен на работ од петерецот на втората статива и топката повторно отиде на трибините. Едноставно момчето има проблеми да постигне гол и што е уште поважно, како да има проблеми и да се обиде да го направи тоа.

ReBorned said...

3. Вертикални додавања! Ова намерно е потенцирано со извичник. Беше евидентно дека Pippo инсистира неговиот „нов“ Milan повеќе да користи вертикални додавања. Што значи тоа? Тоа значи дека не се турка топката по секоја страна покрај една од двете аут линии (нешто што се користеше во континуитет минатите сезони) туку по неколку додавања на задната линија се бара решение централно во средниот ред односно се додава топката по вертикала накај кругот од игралиштето а потоа фудбалерот што ја прима со уште еден потег веќе ја носи топката во опасната зона на противникот. За тоа да се случи треба фудбалерите од средниот ред константно да се движат за да можат да примат топка кога ќе немаат противнички фудбалер покрај себе. Тоа беше убаво забележливо на неколку различни ситуации кога се бараше Saponara а тој со 2-3 потега (смирување на топка, евентуално еден краток фор и веднаш длабочински пас по земја) вработуваше некој од фудбалерите во офанзивниот ред. Особено беше уживање за очи да се види тоа на една контра во првиот дел. Во тој контранапад тимот на Milan одигра многу слично на она што го играше Германија на СП. Milan беше во дефанзива, Bonera одзеде топка од противничкиот напаѓач некаде на 20 метри од нашиот гол и веднаш со вертикално додавање го пронајде Saponara некаде пред кругот на игралиштето а овој смири и веднаш со ново вертикално додавање (строго по земја) го пронајде El Shaarawy кој веќе беше на работ од противничкиот 16ник. Значи Monza беше во позиционен напад некаде на 20 метри од нашиот гол а после 3 секунди El Shaarawy беше на работ од нивниот 16ник. Типично отворање на контра по германски стил, кога одземената топка оди строго централно накај фудбалер од средината на теренот а тој одлучува каде ќе ја продолжи таа топка. Кога во контра топката оди по една од двете аут линии веќе се загушува контранападот затоа што фудбалерот може да додава само на спротивната страна затоа што зад него има аут линија. Вака централно, фудбалерот кој прима (во овој случај Saponara) има 3 различни опции по кои може да ја продолжи контрата, покрај една од двете аут линии и длабочински централно. Така фудбалерот кој прима топка ако има пристоен фудбалски IQ и ако не е Muntari ќе може да ја перцепира ситуацијата и да го одбере најдоброто решение.

4. Cristante. Момчето конечно доби минути за првпат оваа сезона (паузираше поради повреда) и беше на солидно ниво со оглед на тоа дека нема играно фудбал одамна. Играше на средината од тројцата во некоја Pirlo фазон игра. Типично за него, со леснотија делеше топки лево и десно, високо и по земја. Повторно типично за него, имаше еден шут од место од 20тина метри и само одличната одбрана на голманот на Monza го спречи голот на Cristante. Тие негови шутеви од место ала Montolivo ги обожавам. Тоа го практикува и во Primavera а и во младата репрезентација на Италија. Како некоја помлада верзија на Gokhan Inler, фудбалер со физикус кој ја диригира играта во средината и одвреме навреме знае да биде извонредно опасен со шутеви од далечина. На момчето му треба време да се врати во натпреварувачки ритам но ако се суди според она што го гледав вчера, тој е сè уште нашата најдобра опција од децата за во средина и нашиот најподготвен млад фудбалер за настап во првиот тим.

ReBorned said...


5. Душата ме боли поради тоа што не го гледав вториот дел во целост! Според бројките, Mastalli продолжува да биде задолжителен печат на секој меч на Milan во оваа претсезона. По голот на претходниот натпревар и вчера момчето на кое му посветив цел пост лани, доби шанса од Pippo во вториот дел и најпрвин изнуди пенал (реализираше Niang) а потоа успеа и самиот да се запише во листата на стрелците со еден од неговите препознатливи шутеви под пречката. Значи Mastalli во речиси 90 минути (двапати влегува од клупа во второ полувреме на два меча) веќе има 2 гола и еден изнуден пенал врз него. Повеќе од респектабилни бројки!
А неговиот гол буквално му го донираше на тацна никој друг туку Hachim The Dream :)
Малиот направил вистински Alberto Tomba слалом низ противничката половина, помина неколку фудбалери и многу важно, несебично додаде до Mastalli наместо директно да шутира после ваков слалом. Браво за малиот Mastour и се надевам дека ќе продолжи да се развива во ваков стил и ќе сфати дека неговата вонсериска техника и игра со топка треба да се стави во прилог на тимот наместо во негова лична сатисфакција. Браво!

ReBorned said...

И би сакал во оваа пригода, после 2 гола и 1 изнуден пенал во само неколку дена да Ве потсетам на текстов и на тоа дека G може да фаќа забелешки од мене :)

http://milanfansmkd.blogspot.com/2013/07/maldini.html

Ultras Milano said...

Мастали го знам благодарение на тој пост Ри. По сите компарации што ми ги кажа како е универзален и игра на секоја позиција, ме потсети на Занети меѓутоа очигледно местото му е некаде во средината, каде не знам јас искрено.
Прогнозирав дека Кристанте, Поли и Сапонара ќе се изнаиграат сезонава и за моја среќа Пипо им даде шанса да почнат овие тројца уште веднаш. Многу ми се допаѓа тоа. Нека стегнат малце нашиве, нека се ослободат од вишокот за да може да му се донесат на Инзаги засилувањата кои ги бара.

ReBorned said...

Денес се појави некоја луда шпекулација во англиските медиуми дека наводно спортскиот директор на Tottenham тајно дошол во Milano и дека веќе подолго време преговараат со Milan за трампа во која би биле вклучени дури 4 фудбалери. Milan од своја страна би ги отстапил Zapata и Niang а за сметка на тоа Tottenham би ги испратил во Milano Kaboul и Lamela. Не се споменуваат дополнителни суми но реално веројатно Milan би доплатил и некој дополнителен финансиски надомест за да се изедначи вредноста на двете трампи. Искрено воопшто не ми е за верување оваа филмска трампа меѓутоа ако во ова има барем малку вистина, јас би прифатил. Zapata имаше одлично СП и иако јас преферирам тој да остане а Mexes да си замине, веројатно токму Zapata ќе биде тој што летово ќе го напушти Milan. Niang едноставно нема место во овој тим а згора на сè јавна тајна е дека ќе тргнуваме уште еден фудбалер кој ќе му биде директна конкуренција за место и тоа очекуваме првотимец на AMR a не само некој што ќе пополни место. Значи Niang воопшто нема да има место во клубот. Kaboul беше одличен во првите неколку сезони во Tottenham но во последните 2 сезони се мачи многу со повреди и не може да заигра во континуитет. Има некои фудбалски зрели но не стари 28 години и знам дека во Tottenham покриваше и на CB и на RB па и на CDM. Реално во трампата тој е онаа колатерална штета што мораме да ја земеме ако го сакаме Lamela (повторувам, ако воопшто има вистина во ова). Lamela беше одличен во Калчо, тип на фудбалер каков што бара Pippo (десно крило кој шутира со лева и е одличен во ситуации еден на еден), доста е млад и верувам дека во Калчо ќе се врати во препознатлива средина и дека може да ја врати својата стара форма. Не сакам да чекаме до крајот на август за да се разрешат дилемите околу новиот состав, можеби во финишот од преодниот рок цените на фудбалерите паѓаат меѓутоа и изборот е далеку посиромашен а и тренерот не може во целост да го подготви својот тим за успешен влез во сезоната. Новите засилувања (под претпоставка дека би биле првотимци) би лутале низ тимот во првите неколку кола додека се влезе во ритам а тоа би можело да го чини тимот. Нека се решат сите дилеми (барем околу првите 11) некаде до 15ти август најдоцна!

Ultras Milano said...

Размислував за Ламела кога Итурбе замина во Рома. Сличен профил на играч од иста националност кој играше во клубот во кој игра сега Хуан.
Би го земал веднаш Ламела во тимот.

Ultras Milano said...

Нашиот несуден Даниел Агер со кој не поврзуваа скоро секое лето е многу блиску до напуштање на Ливерпул. Би го земале на loan со опција за купување или за некоја сума под 10м?

ReBorned said...

Се наоѓаме во специфична сезона, немаме потреба од многу фудбалери и треба да го чистиме ростерот. Пример кога би дошол Ager (хипотетички, нема никаква шпекулација за тоа) еден од него, Rami или Alex би требало да седи на клупа. Би го земал со Loan + option to buy а не би го купил за било каква сума. Не дека тој е лош играч меѓутоа ние имаме други дупки за закрпување а имаме скромни финансии па не можеме да си дозволиме да дуплираме на позиции на кои сме пристојно покриени.

P.S Rubinho после 3 години во Juve конечно вчера за првпат направи потег што влијае на неговата екипа. На првиот тренинг успеа да го повреди Morata, оштетени лигаменти и пауза од 50 дена за пресното засилување на Juventus. Allegri effect?

ReBorned said...

Ultra, ептен си ги промашил сликите со потенцијалните засилувања :)

Ultras Milano said...

Итурбе беше потенцијално, Сантон и Дармиан мои лични желби. Веќе го пишав ова.

ReBorned said...

Не знам како ќе ме сфатите ама првиот меч од USA турнејата е вечерва против Олимпијаков во 2 am. И ќе има пренос на ArenaSport 1.. И јас имам вклучено Arena Sport на ТВ...

Ultras Milano said...

Како може да те сватиме ти ќе си ја гледаш ко човек а ние останатите смртници ќе се мачиме на линкови :D

Navigator said...

Те сфаќаме. Јас сум на одмор, ама планирам да потрошам малку од 3G-то и да погледам нешто од лаптоп.

ReBorned said...

Катастрофа! Па и не спиев до 4 за да ги гледам! Апсолутно ниту еден не може да добие преодна оценка а само Niang барем се бореше и се обидуваше да направи нешто!

ReBorned said...

Го заборавив Cristante! Единствената вистински светла точка на мечот. Одлична геометрија, типични за него шаренолики додавања, десно и лево, високи и по земја. Имаше и неколку погрешни додавања но беше далеку поодговорен од останатите и само тој преземаше одговорност врз себе и се обидуваше да го размрда тимот.
Како што реков претходно, Niang (стандардно за него) трчаше како мува без глава и на моменти не знаеше што да прави со топката но барем се бореше за секоја топка и немаше дуел во кој се откажува.
Настрана од нив двајца, паѓа во очи и работата на Vio односно прекините. Немавме гол меѓутоа беше евидентно дека има нови движења при корнери и прекини. Фудбалерите плански се разделуваат на теренот и каде и да оди топката, речиси секогаш крај неа има фудбалер на Milan.
Тоа беа единствените светли точки од синоќешниот натпревар.

Ficho Kimovski said...

Си ја снимив утакмицава пошо не ми се главеше до 4 сабајле и кога станав накај 7 сабајлево ја пуштам утакмицата и што да видам...

Ќе се согласам со Ри само за Кристанте и тоа е тоа.

ReBorned said...

11 Things From AC Milan’s Training

1. Balotelli’s big here too: Even in doing nothing, Mario Balotelli somehow dominated the proceedings in L.I. He was the last one off the bus when Milan arrived, but drew by far the most applause from the fans outside the locker room. He put forth minimal effort during training, but the assembled media was discussing his every move. He was the last one out of the locker room upon leaving, but the fans waited until the very end just to catch a glimpse of his blonde mohawk. Ever the showman, he lived up to his legend by doing very little. Which is usually the way of cool, no?

2. Gentleman Honda: Attacking midfielder Keisuke Honda was one of two players made available to the media after practice (Sulley Muntari was the other) and despite giving off a cocksure air on the pitch, the Japanese international was a humble gentleman off of it. He answered every question politely and even tried his best to add insight to a difficult question about whether he thinks fellow Japanese international Shinji Kagawa‘s future really lies at Manchester United. “He is my friend,” replied Honda. “I (hope) he will play very good at Manchester United. Or maybe he will transfer to another team also, where he can play better.”

3. Muntari talks World Cup exit: Along with Kevin-Prince Boateng, Sulley Muntari was famously sent home from the World Cup early by the Ghanaian football federation. While Muntari didn’t fully disclose why he was sent home, he said that he would tell all when the time was right. “It’s my country. I love my country,” said Muntari, when asked about Brazil. “There are certain things I want to say, but I will say them at the (right) time. So now, I just don’t want to talk about it, but my country’s always going to be my country.”

4. Pippo’s peppy practices: Milan spent most of the training session running an 11-v-11 drill across the width of the field that focused more on shape and distribution out of the back than actual attacking play. New coach Pippo Inzaghi was very hands-on, shouting instructions and chasing the ball throughout, and his involvement infused the drill with plenty of intensity. Hard play was the norm, with a couple of scary collisions taking place as well. After Milan’s lackluster 2013-14, Pippo’s serious approach could bode well for the Rossoneri’s upcoming Serie A campaign.

5. Big Adil: Despite playing in just 18 matches for Milan last season, central defender Adil Rami was easily the most vocal player on the pitch on Wednesday. The French international’s booming voice was heard constantly during practice. He and ex-Chelsea center back Alex were arguably the most impressive backline players during the extended 11-v-11 drill.

6. Dang, Niang: The attacking player who impressed the most during training was 19-year-old French forward M’Baye Niang. The lanky forward has tremendous pace, as well as skill on the ball. He’s one of those players who makes the game look far easier than it really is.

ReBorned said...

7. Ladies in red (hats): As both clubs are sponsored by Emirates airline, there were six female flight attendants in attendance for the entirety of Wednesday’s training session. Donning their signature tan dress-suits and red hats, they stood in a straight line for the entire two hours. In all honesty, it was a touch curious.

8. Big name missing: Brazilian forward Robinho was not in attendance on Wednesday, and is apparently not touring with the club this summer. Those MLS rumors just might have some credibility, after all.

9. El Staaraway: With his signature dyed mohawk-pompadour hairdo and a sly grin on his face, Stephan El Shaaraway was easily the second-most popular Milan player with the stateside fans. He and Super Mario seem to have the ability to draw attention from supporters as easily as they do rival defenders.

10. Lazy, but Super Mario: Surprising no one, Balotelli was the picture of indifference during the club’s stretching exercises. But when he did put forth the effort to run at a full clip during competitive sprints, it was a sight to behold. It’s just rare to find players his size who can move as gracefully — and as quickly — as he does.

11. Chuffed ex-Chelsea lads: At this point in their careers, one would expect veteran stars Michael Essien and Alex to be indifferent to enthusiastic receptions from autograph-hungry fans. But both players were all smiles and genuinely seemed to be enjoying themselves as they signed jerseys and took selfies with the local supporters. It was a bit touching, to be honest. Maybe both players are wise enough to drink these moments in during the latter stages of their impressive careers.

Ultras Milano said...

Рома го позајмила Астори пред 3 дена уште а не видов нигде објавено.

ReBorned said...

Ај ај ај...

Ficho Kimovski said...

Rasporedov e P-E-K-O-L

ReBorned said...

Извонредно лош распоред за екипа која е ментално скршена и за руки тренер на кои ѝм се потребни неколку добри резултати во серија за да може да играат со зголемена самодоверба. Во првите неколку кола или ќе добиеме екипа која ќе гази сигурно напред или екипа копија на ланскиот прв дел од сезоната. Ова во претсезоната алудира на она второто.

Ficho Kimovski said...

Oficijalno pustile ponuda za Rabiot od PSG ama ovie pa sakale da go ubedat da produzi dogovor.

Ne go znam mnogu igracov pa ne znam sto da ocekuvam.

ReBorned said...

Очекувај дека нема шанси да дојде. И да не продолжи договор има неколку екипи (во прв план Juve и Roma) кои можат да дадат вистински пари за него, за разлика од нас!

Против Man City се остварија моите притаени стравови околу нашите стартни централни дефанзивци во новата сезона. Да не се разбереме погрешно, Alex и Rami се повеќе од солиден двоец! И знам дека сè уште не се во вистинска натпреварувачка форма. Но уште кога ги комплетиравме потајно се плашев од противнички екипи кои ќе имаат брзи и продорни напаѓачи. Rami и Alex се многу бавни во комбинација. Alex лани беше ѕвер но тој беше оној што маркираше а Thiago Silva оној што трчаше и покриваше простор. Нешто слично и со Rami, беше одличен во Milan но Mexes или Bonera беа „понискиот и поподвижниот“ партнер во одбраната и иако тие беа очајни, Rami одлично си ја вршеше својата работа (а тоа не беше бркање на противниците туку освојување топки во скок игра и чиста сила). Значи тие двајцата се одлични дефанзивци но се плашам како ќе играат во комбинација против офанзивци како на пример Muriel, Iturbe, Tevez, Insigne и сл.
Против Man City имаа страшни проблеми со Jovetic, Jesus Navas и малиот 17 годишен брз и подвижен нигериец.

Ultras Milano said...

Недела дена веќе се мислам да пишеме пост да не затераме накај 200ка ама па нема за што да пишеме! Убаво го почнавме летово и моментално тапкаме во место скоро 1 месец.
Молиме да ни ги купат Робињо, Закардо и Мексес за да може да "купиме" некој.

ReBorned said...

Ептен нема за што да се пишува. Не сме земале ништо ново, ужасни сме на натпреварите досега. Гол разлика од 1-8 во два меча против екипа од Грција и против третиот состав на Man City е повеќе од очајно! Ако првичната цел на оваа турнеја беше да го зајакнеме и освежиме брендот Milan, се плашам дека постигнавме контра ефект. Оваа гол разлика и овие 2 меча се смешни!


Ultras Milano said...

Од сити редовно го јадеме налето. Уште 08/09та мислам беше ми текнува Палоши ни беше единствен шпиц со подршка од Верди и Табаре Видуез кога ни пукнаа петарда.

Navigator said...

https://twitter.com/juan_iturbe93/status/495279528995209216
Roma изгледа сташно!

ReBorned said...

И допрва уште ќе се засилува. Се шпекулира дека деновиве ќе го земаат и Eto.
Sabatini им покажува на сите трансфер гуруа во Италија како се работи, веќе 2 лета по ред! Баш вчера на тој пријателот од Скопје што беше тогаш на кафе со нас му зборував дека треба да ја играме Roma за шампион во Калчо оваа сезона.

ReBorned said...

И уште една работа која некако поминува незабежелано но уште еднаш покажува дека G работи со стари методи и се води преку нефудбалски интереси во својата работа. Milan го поддржа Tavecchio (71 година) за нов претседател на FIGC и покрај тоа што негов противкандидат е нашиот Albertini и покрај тоа што самиот Tavecchio имаше огромен расистички лапсус пред 10тина дена и ги нарече жените „хендикепирани“ некаде во Мај. Albertini ја има поддршката од речиси сите помали лиги но мноштвото од Seria A му дава поддршка на Tavecchio иако во последно време и некои клубови од Serie A се дистанцираат од него баш поради расистичкиот лапсус.
Па добро, гледаме до кое дереџе е дојден италијанскиот фудбал на репрезентативно и клупско ниво како и Калчо како првенство! Сето тоа го достигна своето дно со ликови во поодминати години. Затоа и не може да мрдне италијанскиот фудбал од место (најдобар пример за тоа сме токму ние). Зошто да не му дадат шанса на Albertini кој може да додесе некои свежи идеи а и самиот веќе има искуство во таа фела. Зошто секогаш со ликови во своите 70ти? Albertini треба токму од Milan да ја добива својата најголема поддршка!

ReBorned said...

И околу нашиот трансфер пазар да не се лажеме не е до Robinho, до изговорите е.
Се сеќавате дека додека не се отарасивме од Kaka муабетот беше дека токму Kaka ни го блокира трансфер пазарот? Kaka си замина, не купивме никој и сега Robinho е тој што ни го блокира трансфер пазарот. Кога ќе си оди и тој Mexes или Essien ќе бидат кочничари на инаку нашиот fantasy transfer market?

Ultras Milano said...

Браво за Рома. За тимот. За потезите што ги прави. За дресовите, и домашниот и гостинскиот се партали.
Одсекогаш ми биле најсимпатичен клуб од Италија веднаш зад Милан нормално.
Очигледно е дека и цел тим и тренерот да го смениме бадијала. Дрвото се сече од корен. Галијани и Берлускони го стопираат напредокот на Милан во изминативе 7-8 години. Затоа веќе не тапкаме во место, туку тонеме и тоа рапидно.

Ficho Kimovski said...

Da mu dozvolat i do oktomvri bi cekal za da kupi igrac(citaj tarabt)

Galliani: "The transfer market operations are done in the last week. It’s useless to do anything before that. You need to stay calm."

Kolku kje se smeam koga na kraj ke dojde izdisaniov Taraabt za 3.87 miliona na 4 rati.

Te digaat so spekulaciive za Iturbe a-u i na kraj laden tush.

Dzabe Pipo, dzabe si klasa covek koga si se nafatil so vakvi dzukeli da rabotish.

Navigator said...

Ми се повраќа кога ги гледам. Веќе не ми е тешко како порано, сега ми се повраќа.

ReBorned said...

Не е толку страшно тоа што на ништо не личи тимот летово и веќе неколку години наназад. Страшно е тоа што никаде не се гледа барем мала шанса за опоравуввање. Нивото е толку ниско, клубот е толку понижен на секоја мерлива компонента а никаде не се гледа крајот. Добри 70 % од фудбалерите не заслужуваат ниту да играат и во клубови далеку послаби од Milan. Реномето на клубот е доведено до смешно ниско ниво, како резултатски така и економски. G и компанија служат за потсмев. За било кој фудбалер кој ќе се дефинира како transfer target на Milan од медиумите, првото прашање е дали Milan има пари за да го купи. Ги молиме фудбалерите да си намалат од платите за да си го финансираат сопствениот трансфер. Еве сега се шпекулира дека нешто слично ќе бараме и од Cerci. Се шпекулираат имиња како Iturbe, Grizmann и сл. а на крај завршуваме со Kucka и компанија. Дури и кога може некогаш да ни се посреќи некој free transfer, ние и таму ја утнуваме работаа. Меѓу Agazzi и Ochoa, ние се одлучивме за Agazzi. Сега гледаме дека и вториот и третиот голман во тимот (без разлика по кој распоред) ни се темпирани бомби и дека Abbiati (кој си има свои проблеми, години и повреди) за нив е Buffon. Почнуваме шпекулации за фудбалери кои на крајот секогаш завршуваат во директните конкуренти. Од овој аспект е јасно, ние никогаш не бевме сериозно заинтересирани за Iturbe (освен ако Verona не беше заинтересирана да ни го продаде за 12 милиони евра). Тоа се само балони во јавноста за навивачите да имаат чувство дека нешто се работи. Кој ѓавол му беше потребно на G јавно да го споменува Iturbe кога е свесен дека нашиот цел буџет за цело лето е 1/3 од неговата трансфер оштета?! Зошто тие дополнителни бламажи?
Еве го Zanetti, само што ги закачи копачките, директно влета во администрација и тоа не било каде, потпретседател на клубот!
Нашиот пандан со години е исфрлен од клубот и не смее да се зборува јавно за него за да се залечат личните хирови на G. Истиот оној G кој цело време плаче дека клубот нема пари а се дрзна да бара 60 милиони евра оштета кога Barbara сакаше да го пензионира од клубот!

Не слушајте ги, какво ЛШ место?! Juventus, Roma и Napoli се секако пред нас, заборавете ја ЛШ. Дополнително, пред нас ќе биде и Fiorentina а веројатно и Lazio/Inter.
Реалноста вели дека сезонава можеме да очекуваме да бидеме некаде од 5 до 8 место, ништо погоре од тоа. Ама еј, ќе имаме причина следното лето да го избркаме Pippo и да ја префрлиме вината на него. Дали се слуша G?! Ќе имаме одлична сезона затоа што имаме одличен тренер?! Тој тренер е руки тренер а со оваа екипа ниту комбинација од Мурињо и Гвардиола на клупата нема да извлече 3то место и пласман во ЛШ! Гол разлика 1-10?! Па ако ова не е некој долгорочен договор потпишан претходните сезони, следната година нема да добиеме покана за учество на овој турнир.

Anonymous said...

http://www.football-italia.net/53401/newcastle-humiliate-milan-target-ben-arfa

Еве ни ја најреалната цел.
Играч кој се скарал со тренерот и што има една година од договорот.

Ultra

ReBorned said...

Napoli е на прагот да го ангажира Фелаини а одбива понуди од 25+ милиони за Каљехон кој реално не е ниту во топ 3 носителите на играта на Napoli.
Тие ситуации ги прават разликите.
Искрено верувам дека некој клуб на Milan да му понуди 25 милиони евра ќе добие одврзани раце да си го одбере било кој фудбалер од тимот (El Shaarawy, De Sciglio, Balotelli и за под 20 и сл.)

Ficho Kimovski said...

Felaini kaj nas bi legnal ko kec na 10ka ama na koj da mu kazes a skoro sekoe leto imame dostapen po nekoj klasa midfielder i slicno.

Ej sramota e klub ko Milan od 2009ta da se krpi so levi bekovi ko Konstant/Emanuelson/Taiwo i slicni.

Ako go donesat Pandev sega seriozno ke razmislam za pratenje na dupkive. 45 minuti fudbal nema u nego.

Zlatni ZRK/RK Vardar kje si kupam sezonski i ic ne mi cue.

Ultras Milano said...

Прашање на време беше кога ќе не поврзат со Пандев.
-30ина години
-не го сака неговиот клуб
-левак
-ефтин
Сега Галијани ќе го побара на позајмица со можност да го откупиме

ReBorned said...

Pippo сака крило кое освен во офанзива ќе покрива и во дефанзива. Крило кое ќе трча без престан. Затоа прво се шушкаше за Iturbe а потоа за Cerci. Гочето има сила само за 60 минути и тоа само со трчање во офанзива. Ако треба да се враќа и да покрива назад, ќе треба да го менуваме уште во прво полувреме!

Ficho Kimovski said...

Ако е точно ова дека Констант си оди а Армеро е на чекор до Милан тогаш океј. Пак не е некое решение ама океј пошо јасно е дека немаме за асален лев бек(читај Кришито)

Е сега многу мразам кога ривали на Милан прават зделки кои Милан би можел да ги направи но сигурно не се ни потрудил па еве ова е последната што ми падна во очи

Juventus Football Club can today confirm that Romulo Souza Orestes has joined the club on a one-season loan from Hellas Verona for a fee of €1 million.
The agreement provides Juventus with the option to purchase the midfielder outright at the end of the 2014/15 campaign for €6 million, an amount which would be paid over the course of three years.
This option will be automatically triggered if Romulo plays in 60 per cent or more of the team’s official fixtures this season.

Фантастичен избор за RCM, го пратевме долго време, се спомнуваше во медиумите и на крај ништо пошо Галијани секое лето седи само со Прециози и слични на него.

1 милион позајмица + 6 милиона откуп е перфектна зделка од Марота

И Барбара и Пипо потенцираат дека засилувања се носат на почеток но нашиот Гуру ќе ги прави во последните мигови и после нормално е да не можеме да фатиме ритам од самиот старт а веќе видовме каков распоред ни падна.

Малку да го почитуваа Пипо ќе му дадеа се што треба за што подобро да ја започне својата вистинска тренерска кариера а не да продаваат магла.

Имаш ситуации каде што стигнуваат понуди за Закардо/Робињо а Милан место да ги притисне играчите за што побрзо да си заминат излегува со изјава дека ќе чекаат додека на истите не им дојде понудата од соништата.

И за крај 8.000 сезонски карти се продадени само а ќе почне сезоната за 25 дена некаде. Мислеа дека само така ќе поминат и ќе ќарат 30к+ сезонски со телефонски повици од Монтоливо и Шарави?

На Милан му требаат 2 играчи од средниот ред и едно десно крило што го бараат 2 месеца и никако да го најдат.
Купов помина КАТАСТРОФАЛНО и пак испуштаат вакви играчи ко Ромуло.

До кога ќе тераме вака?

ReBorned said...

https://scontent-b-vie.xx.fbcdn.net/hphotos-xfp1/t1.0-9/10513304_10203065166768207_1986987659888220845_n.jpg

Ultras Milano said...

По се изгледа ќе пишеме пост по скоро 200 коментари.

ReBorned said...

Сака некој да се обложи со мене дека од сите имиња во оптек за AMR (Cerci, Ayew, Campbell итн.) на крај ќе завршиме со тоа што ќе го вратиме Taarabt назад?

Anonymous said...

Голман е пола екипа. Што мислите за Диего Лопез? Или уште не ви е верно? :D

ReBorned said...

Според неофицијалните информации Milan ќе му плати на Real 2.5 милиони евра оштета а Diego Lopez бара 3 годишен договор со 4 милиони евра по сезона. Ако е така, не ми е верно. Milan пак му нуди 2.5 милиони по сезона на 3 години (толку заработува и во моментов во Real).
Многу пари се затвораат за голман кој ќе биде тука до 35 години. Со исти пари ќе се земе Perin...

А во меѓувреме, неофицијални вести од извор од Barcelona

A deal on the loan of Barcelona midfielder Alex Song (26) to Italian club AC Milan is close. One-year loan plus buy option in 2015. [sport]

ReBorned said...

Armero веројатно веќе е сигурен. Само што заврши разговорот меѓу G и неговиот агент. Milan ќе му плати 500.000 евра на Udinese за позајмица на Armero до крајот на сезоната а ќе има опција да го откупи за 3.5 милиони евра, следното лето.

Е сега прашањето е: Дали Inzaghi гледа на Armero како стартен лев бек или тој е само опција плус (нешто како Constant) и замена на De Sciglio кој би бил стартер лево? Ако се третира Armero како стартен бек, Abate треба да биде продаден до крајот на овој преоден рок затоа што De Sciglio ќе игра на RB а Abate би бил вишок (и со договор кој истекува). Ако Armero е земен само за во ротација тогаш Abate ќе треба да продолжува договор.

ReBorned said...

https://www.youtube.com/watch?v=HvDDcDX8zik

Ultras Milano said...

http://milanfansmkd.blogspot.com/2014/02/blog-post_23.html

23ти фебруари.
Од тогаш Навигаторчето нема пишано пост и мислам дека е крајно време да се смени тоа.
Утре и задутре ќе имаат медицински прегледи нашите најнови 2 засилувања, а во меѓувреме си заминаа уште 2ца вишок фудбалери од тимот.
Се ова вака скоцкано е повеќе од доволна причина за пост :)

ReBorned said...

Настрана што нема пишано пост, не но коментира.

Navigator said...

Викаат Silvio синоќа дал дозвола за купување на Douglas Costa. Левичар е, би играл на десно крило, таман по вкусот на Pippo.

За пост не ветувам неделава, ама може да биде. Не сум се осетил "снабден" со доволно инфо, не за друго. А за активноста ве молам немојте :) Статистиката покажува дека од последни 18 поста на ФБ, 16 се мои, што ќе рече висоќи 88%! :)

ReBorned said...

ФБ е за пи*ки!

Ultras Milano said...

Ејјј не си озбилен :) фб информација е твит од Миланело или нешто што сме пишале на блогот. Пренесување на една реченица со сликичка, не се споредува тоа со пост ;)

«Oldest ‹Older   1 – 200 of 240   Newer› Newest»