Translate

Friday, 27 June 2014

Mercato 2014/2015


Крај на Јуни, средина на светското првенство добро време за да напишеме еден пост за моменталните прилики во клубот. За минатата сезона се договоривме дека нема што да говориме, нема што да сумираме и да анализираме, ќе гледаме само напред!

А пред нас е една од најпредизвикувачките сезони за Милан. Нов тренер, неиграње во ЛШ, најава за заминување на дузина играчи и доаѓање на веќе 3ца нови фудбалери. Агаци, Алекс и Менез за кого доста се пишуваше овде дојдоа како слободни агенти. Парижаните ќе заработуваат околу 2-2.5м годишно што за слободен агент и не е така лошо. За Агаци многу детали од договор не знам. Во исто време се разрешија дури 15 co-own ситуации односно се продолжија само оние на Коми и Верди кои се пролонгираа за наредното лето. Значи младинскиот голман Гори, Албетраци, Поли и Сапонара беа откупени а од сите други се откажавме.

                                 

Во меѓувреме клубот го напуштија Траоре (Бурсаспор) Копола, Амелиа, Емануелсон (слободни агенти) и Таарабт и Силвестре (завршеток на позајмица) а Рами не го ставам овде бидејќи поради проблемите со новиот сопственик на Валенсија постојано се пролонгираат преговорите за неговото перманентно останување во Милан.

Нашиот клуб веќе подолго време му се восхитува на Итурбе, и сега за сега единствена пречка за тој трансфер е неволноста на Кака да замине до зима во Сао Паоло а потоа да си продолжи во Орландо каде веќе потпиша договор. Денешниот состанок помеѓу репрезентативците на двете страни е неуспешен и ќе се прават нови напори од понеделник. Наводно, бразилците можат да му дадат само третина од моменталната плата на Кака додека пак неговиот татко несака ни да слушне за тоа.Многу нефер од негова страна ако се земе в предвид фактот дека му беше пружена шанса на Кака како 20 годишно момче од Бразил кое ја искористи максимално и стана една од легендите на клубот. Но најдобро за сите би било сега да си замине, со цел да се отвори простор за идните генерации. Слична ситуација имавме и минатата сезона каде што чекавме Сантош да го купат Робињо и ни избега Лаич од раце за сума со која подоцна го купивме Матрињо.

Значи повторно проблем ни прават големите плати на играчите: Балотели, Кака, Мексес (4м). Секако тука се и Робињо, Матри, Нианг, Бирса, Есиен, Ночерино, Констант, Бонера, Закардо, и Запата како играчи кои се вишок во клубот и си имаме проблем да им најдеме нова средина, а токму тоа ги кочи преговорите со потенцијалните цели на клубот.

                               

Не очекува долго лето, и се надеваме дека сите играчи кои не се потребни ќе си најдат нова средина, и за нив ќе бидат доведени адекватни замени. Бидејќи предстојната сезона ќе играме само на 2 фронта се очекува да играме минимум 39 максимум 45 натпревари што значи дека составот треба да брoи околу 25 квалитетни играчи заедно со тројцата голмани.


                         FORZA MILAN !!!

238 comments:

«Oldest   ‹Older   201 – 238 of 238
Navigator said...

Почнавме страни да вртиме, не ми се верува :) Него сликата ме збуни малку: каков е статусот на Didac Vila? Колку што знам се врати од позајмица, не замина никаде, а го нема на ниедна припремна. Повреден е?

Anonymous said...

Сме вртеле и другпат. Затоа скоцкај еден пост : )

ReBorned said...

Didac стандардно, оваа сезона Cordoba и Real S. се борат за неговите услуги (колку јако звучи, а?).

И да, не пишуваме пост додека Navigator не нè почести со свој придонес. Ако треба сме подготвени да одиме и на 300!

Anonymous said...

Апсолутно се слагам

Ultras Milano

ReBorned said...

Гледам Вест Хем - Тотенхем и слушам информација дека Вест Хем купил фудбалер од Анцерлехт за 7 милиони фунти. Тоа се грубо околу 10 милиони евра! За само еден фудбалер! И тоа од страна на ВЕСТ ХЕМ! А "Големиот Милан" нема потрошено 10 милиони евра вкупно за сите фудбалери во последните 2 сезони!

Anonymous said...

Како Фулам што дале 13ина милиони фунти за напаѓач од Чемпионшип. А и Фулам игра во втора лига.

ReBorned said...

Веројатно конечно му се гледа крајот на Balotelli во Milan.

Unknown said...

Ете го Балотели во Ливерпул, и сега што праиме?

Галијани е пред еден тежок испит.

Anonymous said...

Јас сум задоволен со заминувањето на Бало.
Подобро порано да си замине додека држи цена и е млад него предоцна.
Ова отвара нови опции во нападот на Милан. Хонда, СЕС ќе имаат многу послободна улога и нема цела игра да се врти околу Марио.
Ако се остварат најавите дека некои од Мексес, Закардо, Албетраци и Есиен си заминат тогаш може да кажеме дека сме завршиле одлична работа ослободувајќи се од вишокот фудбалери.
Е сега за засилувањата е интересно.
Според мене Милан и Галијани ја чекаше оваа последна недела и заминувањето на Бало, и мислам дека за нас сега почнува пазарењето.
Напаѓач ќе биде приоритет, меѓутоа мислам дека ќе му ја исполнат желбата на Пипо и дека Черчи ќе дојде за 15ина милиони.

ReBorned said...

G наводно му нудел на Cairo 13 милиони + 50 % од Nocerino па дури го понудил и Saponara. Cairo го преферирал Niang (претходно го бараше Cristante но Milan одби). Не би го продавал Niang. И зошто да нудиме 50 % од Nocerino, реално фудбалерот нема иднина во клубот и дури и да се врати следното лето од позајмицата во Torino, ќе биде само прашање во кој тим ќе продолжи следната сезона.
Сметам дека без разлика како ќе биде зачинет трансферот на Cerci во Milan, тој ќе се случи! Monaco веќе се стиши, Atletico Madrid малку се повлече и како што се ближи финишот од преодниот рок, Milan е единствениот заинтересиран клуб а тоа не оди во прилог на Cairo. Значи сметам дека Cerci секако ќе заврши во Milan.
Е сега огромниот прашалник виси на позиција CF. Има имиња од кои мене лично ми заигрува срцето (Falcao, Jackson Martinez) но и имиња од кои ми замрзнува крвта (Torres, Chicharito, Soldado) и имиња кои се наоѓаат некаде помеѓу (Destro, Muriel). Muriel е одличен, млад и страшно талентиран офанзивец меѓутоа не знам како планираме да играме со него на CF?! Момчето ми е премногу ситно за истурен напаѓач кој треба да биде хранет од офанзивни крила.
Кој е Вашиот фаворит и како мислите дека ќе завршиме на крајот од преодниот рок?

Unknown said...

Чичарито категорично НЕ!
Нема фудбал у дечкото, не е способен за 90 минути цела сезона да игра.

Торес нема да го коментирам ама ништо чудно со него да завршиме.

Џексон е онаа варијанта што ми личи на најдобра ама Порто се у прашање, нема ценкање кај нив.

Ко да не беше доволен проблемот во средината на теренот па сега и главен напаѓач треба да бараме.

Рабиот и Ван Гинкел од Челзи се последните имиња што ги поврзаа со Милан а за првиов имало и на Милан Каналот.

Anonymous said...

Ако не се донесе Џексон Мартинез или Фалкао незнам кој друг би завршил работа таму. Радо би останал со Пацини и Нианг напред него да се нервирам со Пандев, Торес па и сега Ето го спомнуваат?!
Ако земаат напаѓач или нека земат некој асален или ич нека не купуваат.
Уверен сум дека Черчи ќе заврши кај нас, дека ќе земеме уште барем 2ца играчи и дека ќе си заминат уште 2-3ца играчи од кај нас. Од понеделник ќе биде лудо.

ReBorned said...

Torres не е повикан во тимот за мечот со Лестер... Мислам дека тој е најопасно близу до нас, Челси дака да се отараси од него и G ќе им предложи некој loan with option to buy...
Сериозен клуб и сериозен CEO или трансфер гуру прво ќе најде соодветна замена а после ќе го продава првиот напаѓач на 7 дена пред крајот на преодниот рок. Сега G тропа од врата до врата и од секаде добива корпи (Порто, Рома, Удинезе). На крај ќе завршиме со Торес, Чичарито или Солдадо, фудбалери кои воопшто не се во прв план за замена на Балотели.

ReBorned said...

Интересно, Мексес не е меѓу повиканите за ТИМ трофејот вечерва. Се надевам дека тоа значи дека ќе го мавнеме и него. Берлускони на вчерашната посета на тимот рекол дека Милан не може повеќе да се натпреварува со парите на шеиците. Какви шеици, не можеш да се натпреваруваш со буџетите на Фулам и на Лестер! Немаш потрошено купено фудбалер со оштета поголема од 10 милиони неколку години по ред (освен Матри, за жал)

ReBorned said...

И официјално, G денес на средба со Sabatini за Destro (сето ова поткрепено и со слики од средбата). Наводно, првата средба поминала позитивно и ќе се сретнат пак следните денови.
Што мислите за Destro? Повторно ситен фудбалер (само 178 цм) и прилично сиромашен во однос на физичка сила но вистински poacher и фудбалер кој е близу до она што Pippo го играше своевремено. Размислувања?

Anonymous said...

Дестро, Черчи, Дармиан да дојдат.
Тоа е мое размислување.

ReBorned said...

Одлична работа е тоа што доаѓа крајот на преодниот рок и во овие 7 дена веќе ќе нема продавање на магла како во текот на целиот преоден рок, тоа што ќе се случи ќе се случи сега.

Anonymous said...

Абе сфаќам што кажуваш и времето ги притиска нашиве, ама па од друга страна одма BS муабет слушнавме. Дека веќе не ни е приритет крило пошто бевме подобри од Јуве и Сасуоло за едно полувреме :) хаха
на една недела од крај на трансфер deadline ни се менуваат приоритетите.

ReBorned said...

Кешот а не желбите диктира.

ReBorned said...
This comment has been removed by the author.
ReBorned said...

Полека но сигурно да ве подготвувам...

Магијата на youtube, секој изгледа одлично

https://www.youtube.com/watch?v=flkvjIM8Kco

Anonymous said...

Леле ставиле инсерти каде што ја гради топката :( До толку е лош. Па го имаме Пацини за тоа кој ни гарантира 15 гола во сезона, Италијанец е, зема помала плата и е поскромен од Шпанецов.

ReBorned said...

Сите знаеме дека ги сакаме Jackson Martinez, Falcao (јас лично и Destro). Настрана од нив, со оглед на нашата ситуација:
- Кого би одбрале за нов стартен напаѓач на Milan ако морате да бирате помеѓу Torres, Soldado и Borini?

Anonymous said...

Борини.
Најмлад е, Италијанец е. Толку.
Не би бил задоволен со тој избор ама е најмало од трите зла.
Ќе се збудалиме деновиве осеќам. Секој саат некоја нова вест излегува. Треба да изгасам твитер до 1ви септември и на раат да си го видам ростерот тогаш.

Unknown said...

Торес пред Борини и Солдадо било кога ама финтата е да не дојдеме до тој избор :D

ReBorned said...

G се жали дека Pippo му ѕвонел на секои 15 минути, дење и ноќе.

Unknown said...

Уште од кога беше Пипо тренер на Примаверата го тера муабетот со досаѓањето.

ReBorned said...

Од глупости во глупости. Најновата вест (и тоа оди на Milan Channel) е дека Milan и Torres ги делат 2.5 милиони евра од конечен договор и Milan размислува да го продаде Rami на Monaco и со заштедата од неговата плата да ја пополни разликата за да ја презентира сумата која Torres ја бара.
Не знам дали и колку е ова сериозно (повторувам, оди на Milan Channel) ама ... ах Pippo каде заглави! Без разлика какви ќе бидат неговите тренерски квалитети и резултати, никој не може да му ја одземе гладта, посветеноста и желбата. А овие од раководството буквално си играат мајтап, како што цел свет си игра мајтап со Milan како клуб!

Navigator said...

Без да помисли некој се заебавам или се правам интересен, јас не мислам дека трансферот на Torres би бил лош потег. Уште повеќе ако сумата би била под 9 милиони. Знам дека не се работи за младич, туку за играч што некое време се тера (неоправдан) мајтап. Сепак, Torres е шампион во вистинска смисла на зборот, а не како шампионите на B&G. Сигурен сум дека трансферот ќе им помогне и на клубот и на играчот. Од грбот на Torres ќе се симне товарот од лошиот имиџ што го доби во Chelsea и воопшто во EPL и ми се чини дека многу лесно потоа ќе падне таа негова "проколнатост". Самото тоа на Milan му дава врвен и убиствен напаѓач. Видете само како Torres реагира на средина различна од неговиот моментален клуб. Споредете ги репрезентативните и клупските перформанси. На тоа мислам кога зборувам за поинаков Torres во Milan. Кога немаме друг избор, јас потполно го одобрувам и навивам за El Nino во Milan!

Anonymous said...

Епа штом толку си го сакаш Торес и си го одобруваш да си пишеш еден пост за него! :D

ReBorned said...

Се изјаснив и јас слично за Torres на твитер. Не мислам дека ќе биде толку лош како во Челзи исто како што не мислам дека ќе ја врати онаа форма од Ливерпул. Едноставно ќе биде ок напаѓач кој може да ни гарантира некои 15 голови по сезона. Продолжуваме да играме смешно (буквално смешно) на трансфер пазарот. Ни се гарантираше квалитетно десно крило, се шушкаше за стабилен фудбалер за врска а ништо од тоа, напротив сакавме да го продадеме и веројатно најдобриот дефанзивец на тимот, фудбалерот кој лично си ја плати разликата само за да дојде во Milan.
Дури и самиот фудбалер мораше јавно да ја одбива понудата од Монако и уште еднаш да ја деклараира љубовта кон клубот!

https://twitter.com/Rami13officiel/status/504708028500029441

ReBorned said...

Conte вели дека Torres е најопасен во open space и би бил идеален во системот на игра што сака да го имплементира Pippo

ReBorned said...

Веројатно тоа би значело дека во новата сезона Pippo ќе се обиде да игра на контранападот како наше најсилно оружје кога веќе немаме пристојни фудбалери за врска кои можат да ја држат квалитетно топката во свој посед. Оваа игра на убиствени контранапади беше извонредно воочлива и против Juventus и против Sassuolo на TIM купот.

Anonymous said...

Јас незнам зошто не се проба со Де Јонг, Монтоливо и Хонда во средината. Да, Монти ќе го нема малку подолго, но со Де Јонг и со уште еден играч од средината кој ќе покрива Хонда ќе добие многу простор за максимално да ја покаже својата креативност.

Navigator said...

Како што напиша некој на twitter, можеби закаснивме 8 години, ама битно го лапнавме Torres :) Ај нека ни е честито!

ReBorned said...

Да нема забуни, не очекувајте јас да напишам пост за утре. Јас сум на одмор во странство и се враќам во понеделник.

Anonymous said...

Навигатор ќе пише.

Navigator said...

Ќе пукне пост, осеќам :)

«Oldest ‹Older   201 – 238 of 238   Newer› Newest»