Translate

Sunday, 18 May 2014

Милан - Сасуоло за клуч на сезоната.


Теоретски сеуште имаме шанси за последното место кое носи во Лига Европа, но иако шансите затоа се премали сепак овој Милан треба да игра за престиж. Јас а и сите навивачи на Милан се надеваат дека овој натпревар ќе биде своевиден крај на црните денови за нашиот клуб и дека веќе од утре, па се до почетокот на следната сезона ќе се работи на еден нов, подобрен и силен Милан.


Она што е важно да се спомене околу повиканите играчи дека за првпат на тој список е Хаким Мастур кој е промовиран со 15 години во сениорскиот тим на Милан!!  Бисерот на младинската школа на Милан и еден од најголемите фудбалски таленти во светот во моментов можеби ќе ја добие својата шанса уште вечер ако тоа го дозволи резултатот и тренерот Сидорф.
Бидејќи доцна го пишувам овој пост ги имаме и стартните 11:

Christian Abbiati; Mattia De Sciglio, Adil Rami, Philippe Mexes, Kevin Constant; Riccardo Montolivo, Nigel De Jong, Sulley Muntari; Ricardo Kaka, Adel Taarabt; Giampaolo Pazzini.

Сакаме победа, за престиж, за преостанатото реноме на Милан, за добар крај на кој се надевам дека ќе следи нов почеток.

FORZA MILAN !!!

145 comments:

Ultras Milano said...

Имаме многу интересна ситуација на голманската позиција.
Од 4 голмани кои ги имаме на тројца им истекува договорот а Габриел пак повторно сакаме да го пратиме на позајмица веќе трет преоден рок.
Амелиа и Копола скоро сигурно си заминуваат, а скоро сигурно и Абијати ќе продолжи уште една година. Ако вака планираат да вртат нов лист нашиве тешко ни се пишува. Продолжувањето на договорот на Кичо значи одложување на неизбежното за уште една сезона.
Од друга страна се зборува дека веќе го имаме договорено Агаци да дојде како слободен играч.

ReBorned said...

Одлична сезона, никогаш да не се повтори!

Ultras Milano said...

Сакате да ви кажам нешто тажно? Бомбардерот Матри ни се враќа! го подзаборавив тој бисер на нашата школа јас :D

ReBorned said...

Сакаш нешто уште побрутално? Се враќа и Bakaye Traore.

ReBorned said...

Tuttosport тврди дека Milan одбил да ја искористи клаузулата и да го купи Rami за 7 мил. (истече вчера и G потврди дека нема да го земат под тие услови) но G ладнокрвно ја понудил истата сума од 7 мил. ама за Rami + нашата стара љубов Cissokho. G дури прифатил и тој лично да ги покрие денталните трошоци за Aly!

Ultras Milano said...

Значи од 2ца играчи во одбраната што ни вредеа (Де Шиљо и Рами) едниот од нив не го заджуваме?

ReBorned said...

Тоа нема ништо со евентуалното доаѓање на Aly. De Sciglio по вокација е десен бек. Abate веројатно си оди па De Sciglio следната сезона ќе биде прва опција на десен бек.

Нов удар за G, Sean Sogliano, несудениот нов трансфер гуру на Milan, кој сепак реши да остане во Verona, на прашањето дали ќе оди во Milan изјави:
“Milan? No thanks,” he told Telenuovo. “I would never have gone there to be Galliani’s waiter.

Ultras Milano said...

Да де муабетот ми беше од 15 играчи во одбрана и 4ца на гол само 2ца од нив ни вредат а еден од нив ќе се врати од позајмицата.
Ја се би сменил освен Де Шиљо и Рами назад.
Со средината и нападот може да се работи.

Navigator said...

Ај се кладиме дека Prandelli ќе биде нов тренер на Milan. Нема да биде тренер на Италија после Бразил, дури и да го освои СП, а нормално дека ќе го освои :) Не, сериозно, прифаќам кладби.

ReBorned said...

И официјално го добивме првото засилување за следната сезона. Michael Agazzi потпиша договор до 2017та година и ќе му биде резерва на Abbiati кој го продолжи договорот за уште 1 сезона. Amelia си оди а Gabriel останува како 3 голман.
Milan наводно го понудил Constant + кеш за Davide Santon. Не е познато дали треба да понудиме повеќе кеш кога веќе Constant го ставаме во понуда или поефтино ќе поминеме само со парична понуда без да е тој вклучен во дилот.

Ultras Milano said...

Kupci za Mexes ima li? Pola tim treba da ni bide na transfer lista i da bevme normalen klub uste vo mart ke znaevme koj ke ni bide trener slednata sezona. Vaka pocna da pravat potezi vo klubot za koi neznaeme deka mu se vo plan na idniot ni trener. Maksimalna neserioznost. Agazzi mislam deka ne e mnogu daleku od Amelia. Gabriel moze i 10 godini da bide vo klubov i da cekame da dobie sansa

Ultras Milano said...

Kupci za Mexes ima li? Pola tim treba da ni bide na transfer lista i da bevme normalen klub uste vo mart ke znaevme koj ke ni bide trener slednata sezona. Vaka pocna da pravat potezi vo klubot za koi neznaeme deka mu se vo plan na idniot ni trener. Maksimalna neserioznost. Agazzi mislam deka ne e mnogu daleku od Amelia. Gabriel moze i 10 godini da bide vo klubov i da cekame da dobie sansa

ReBorned said...

За Mexes последните информации велат дека е можно дури и да остане во клубот.

Дојде уште еден наш несуден фудбалер во Калчото. Ganso за кој пишувавме текстови и текстови, на раб од доаѓање во Napoli.

Паметните екипи купуваат пред СП (за да не дозволат напумпување на цена од евентуален добар настап)а не после СП. Ама тоа не нè засега нас, ние и без тоа немаме намера да купуваме фудбалери кои имаат забележителна улога на СП.

Ultras Milano said...

http://www.football-italia.net/49521/bonera-amelia-brawl-milan-bus

И ова го има :)

А незнам дали го прочитавте извадокот од биографијата на Ѕамброта во кој го критикува Алегри.

ReBorned said...

Читам се, циркуси :)

Ficho Kimovski said...

Најпосакувано сценаријо е следното
МИЛАН НЕЗАДОВОЛЕН ОД НЕПРОФЕСИОНАЛНОТО ОДНЕСУВАЊЕ НА БОНЕРА И АМЕЛИЈА И ИМ ГИ СПАКУВА КУФЕРИТЕ НА ДВАЈЦАТА!

Следни за туча се КОнстанТ и Емануелсон.
Мунтари и Есиен.
Матри и Галијани.

ReBorned said...

Thiago Silva: "I wanted to stay at Milan, and I also told Galliani and my agent that."
Thiago Silva: "I wanted to keep on playing for Milan for the rest of my career, but you never know what will happen in football."
Thiago Silva: "Seedorf can become the best coach in the world: he has qualities, knows football and he's a great person."
Thiago Silva: "I'm sorry about what Milan are going through at the moment."
Thiago Silva: "It is very important to have top class players in your team, and Milan only have very few of them."

И ПАЗИ СЕГА:

Thiago Silva: "I think that some of the players don’t get along with Seedorf."Thiago Silva: "But I’m saying this as an outsider and not because I have talked with some of the players."
Thiago Silva: "I still watch Milan's matches, and I'm sure that there are some internal problems."
Thiago Silva: "I don't know if the players have problems with Seedorf, Galliani or Berlusconi, but Milan have a big off-pitch problem."

Многу се зборува за Unai Emeri вчера и денес? Впечатоци? Јас лично го преферирам, свежо освоен евро трофеј + создаде повеќе од респектабилен тим од Sevilla а нема ниту едно звучно име во тимот.

Би сакал да пробаме нешто ново и поинакво, ако веќе правиме ново седиште на клубот, нови канцеларии, нов стадион, да почнеме и со нешто сосема ново на клупата (прв шпански тренер + некој што не е бивш фудбалер на клубот). Типот негува 4-2-3-1 со многу трчање, вкрстување и работење на теренот. Формација која е одлична за El Shaarawy и Taarabt во прв план. Повторувам, би сакал да го имаме него на клупата.

Anonymous said...

Со ваква политика на управата џабе ни е и Пеп и Мурињо. Дрвото од корен се сече.

Ultras Milano said...

Што мислите за детево. http://www.transfermarkt.co.uk/nicola-murru/profil/spieler/171399

ReBorned said...

Читав дека тој е една од варијантите. Сум го гледал низ сезоната ама да бидам искрен го паметам само по презимето (специфично е). Да сум знаел дека некогаш ние ќе бидеме заинтересирани за него, сигурно дека ќе сум го ставел под лупа :)

Млад е, U21 репрезентативец и одлични 180 cm. Со него на лев бек и De Sciglio на десен би биле млади и италијанци.
Друга работа што може да влијае на нашиот трансфер пазар: Ги гледав преѓеска QPR и Derby, Derby имаше еден куп шанси, QPR играше со фудбалер помалку од 60та минута, Green одбрани еден куп топки и на крај Bobby Zamora даде гол од грешка на одбраната во 93та и многу се изнервирав. Тоа може многу да влијае околу ситуацијата со Taarabt. Од една страна тие ќе сакаат да го вратат бидејќи ќе настапуваат во Premier а од друга страна и да го продаваат, нема да бидат заинтересирани за ниска понуда бидејќи добија 100 милиони фунти со влезот во Premier па веќе не важат оние информации дека се во финансиска криза и ќе го распродадат тимот.

Ficho Kimovski said...

Сега па и тренерот на Бенфика е у игра?

Не знам ја би да му се даде на Сидорф уште една сезона со пар трансфери по негов мерак летово.

Инаку интересно голче постигна вчера Верди, го прати некој дечкото? до каде е?

https://www.youtube.com/watch?v=bJoivjd_LSg

Ficho Kimovski said...
This comment has been removed by the author.
ReBorned said...

Иван што беше облогот?

Italy Coach Cesare Prandelli tells reporters today: "I have just signed until 2016"

Navigator said...

Не се нафати никој :)

Нешто многу битно (не проверив дали е официјално): „Од следниот преоден рок, косопственост на фудбалерите нема да биде можна. Јавноста веќе долго време говори за тоа и јасно е дека Италија досега се разликуваше од остатокот на Европа“, изјави Џанкарло Абете, претседателот на ФИГЦ.

ReBorned said...

Официјално е со тоа што може да се направи уште еден, финален co own ова лето кое ќе трае само 1 година и толку.

Со Pippo не очекувам да имаме резултати (клубот нема да даде пари) меѓутоа очекувам повеќе да се внесуваат фудбалери од Primavera (Pippo со тие момчиња го освои Viareggio овој Јануари) и очекувам така да се прави тимот за иднина. Тренерот ќе нема резултатски императив, управата ќе се правда со тоа што се гради нов тим (а фактички им одговара затоа што нема да даваат пари за трансфери). И волкот сит и овците на број.

Ultras Milano said...

http://ekipa.mk/taka-pravat-golemite-klubovi-legendata-pujol-desna-raka-na-zubizareta-vo-barselona/

Логично зар не?

ReBorned said...

Montolivo stretchered off Ireland-Italy said to the doctor 'I broke myself'. So sad. Seems he broke his leg and will miss World Cup

Navigator said...

Штета! Ненадоместлива штета!

ReBorned said...

И околу Verdi

Milan are ready to buy Torino's half of Simone Verdi. However, they want the player to remain on loan at Empoli next season.

Ultras Milano said...

Подоцна во текот на денот ќе биде објавен конечниот список каде сигурно нема да биде Монти.
Од другите 29 имиња 20ина се сигурни но со неверување читам дека најверојатно Касано, Роси и Инсиње нема да се најдат на листата?!
Бало неможе сам се напред, а единствен креативец во тимот би бил Пирло?!
Нелогично ми е сево ова и ако некој мене ме прашува овие тројца МОРА да одат на светско.


Gianluigi Buffon
Salvatore Sirigu
Mattia Perin

Abate
Maggio
Bonucci
Barzagli
Chielini
De Sciglio

Pirlo
Marchisio
De Rossi
Thiago Motta
Candreva
Verrati

Cerci
Balotelli
Immobile

Мислам дека овие се 100% сигурни и остануваат уште 5 места.
Не гледам причина зошто Прандели би избрал некој од Дармиан,Палета,Ранокиа и Пасквал,Ромуло,Аквилани и Дестро.

Пароло,Касано,Роси,Инсиње мислам дека си ги заслужуваат местото и еден од овие погоре кој ќе влезе во игра пред се поради повредата на Монтоливо.

Ваши ставови прогнози околу составот?

Navigator said...

Не ти го прочитав коментарот навреме, но моите претпоставки испаднаа поприлично слични со одлуката на Prandelli. Еве го финалниот состав:

Buffon
Sirigu
Perin

Abate
Bonucci
Barzagli
Chielini
Darmian
De Sciglio
Paletta

Aquilani
Pirlo
Parolo
Marchisio
De Rossi
Thiago Motta
Candreva
Verrati

Cerci
Balotelli
Immobile
Cassano
Insigne

Изненадување за мене е само испаѓањето на Rossi, а жал ми е што Maggio не успеа да се доопорави. Darmian е логично решение, кога веќе го нема Maggio. Paletta го живее сонот со огромна поддршка на Prandelli. Јас лично, не би го избрал. Aquilani е другиот миленик на Prandelli и за него бев сигурен дека патува за Бразил. Parolo е тој што ќари од повредата на Monti. И тука, не разбирам во што овие двајца се подобри, да кажеме, од Poli. Во нападот се знаеше дека ќе има 2ца ST и 3ца SS/WF. Кога веќе знаевме дека Cerci и тип на играч што може да притреба на оваа репрезентација, изборот беше меѓу Insigne и Rossi. Тренерот го одбра понадежниот и поздравиот.

Во секој случај, одлична екипа. За мене Италија е прв од вториот ред фаворити. Напред се Бразил, Шпанија, Аргентина и Германија. Веднаш после нив: Италија, Холандија, Португалија, Франција. Се друго би било сензација.

Andiamo Azzurri!!!

Navigator said...

Денес го видов конечниот список на германците и се премислив. Германија е во ист кош со Италија. Германија нема надап, дупка. Додуша и Аргентина нема одбрана, ама сепак, двојат.

Ultras Milano said...

Се слагаме Ри.
Палета и Пароло имаа одлични сезони во своите клубови, но мислам дека само вториот заслужи да оди на светско. Аргентинецот пак влегува во игра само затоа што во тимот има само 3 стопери.
Наградени за одличните сезони на своите клубови од Торино и Парма се Черчи, Имобиле и Дармиан, односно, Палета, Пароло и Касано. Уште еден доказ дека поради слабата лига, трпи репрезентацијата.
За Роси ми е само криво. Иако немаше играно цела сезона, мислам дека Роси и СЕС ќе можат повеже да направат на овој мундијал од на пример Аквилани кој како што спомена е миленик на Прандели.
Мило ми е за Инсиње, мислам дека може да биде многу важен играч ако добие шанса.
И за Дармиан ми е мило. Дете на Милан е, беше капитен на Примаверата и ова му е шанса и голем потик за да се докажува во кариерата, па можеби и да си го трасира патот назад кон неговите корени.
За мене само 2 фаворити има. Бразил и Аргентина. Неможе Шпанците се да освојат, ќе се лизнат и тие, само незнам кога. Првите 2 ми се фаворити зошто се игра на нивна почва и не освоиле Светско долго време.
Лев се одлучи да го подмлади Германскиот тим. И тоа драстично. Нешто што мислам дека само Германците можат да го направат. Но нека не те залажува тенкиот напад од Клосе и Подолски (кој патем играат заедно во репрезентацијата 10 години), затоа што најсилната страна на Швабите е средниот ред кој заедно со оној на Шпанците е најсилен.
Ројс, Шурле, Милер, Гетце и Озил и те како знаат да бидат опасни од втор план. Така да, нека не те залажува тоа што имаат само еден класичен напаѓач во тимот, мене пак ми се фаворити. :)
И Холанѓаните се многу подмладени.
Ќе ви го копирам составот чисто онака, само затоа што сигурен сум дека не го пратите Холандското првенство и од 23 имиња 10ина ќе препознаете само :)

GK Michel Vorm
GK Jasper Cillessen
GK Tim Krul

DF Ron Vlaar
DF Daryl Janmaat
DF Bruno Martins Indi
DF Stefan de Vrij
DF Daley Blind
DF Joel Veltman
DF Paul Verhaegh
DF Terence Kongolo

MF Wesley Sneijder
MF Nigel de Jong
MF Jonathan de Guzman
MF Jordy Clasie
MF Leroy Fer
MF Georginio

FW Dirk Kuyt
FW Robin van Persie
FW Arjen Robben
FW Klaas-Jan Huntelaar
FW Jeremain Lens
FW Memphis Depay

Ultras Milano said...

Се слагаме навигатор* :)

Ultras Milano said...

https://www.youtube.com/watch?v=cNURPBKmHak

Сидорф не заборавил како треба против Јуве.

Ultras Milano said...

https://pbs.twimg.com/media/BpIPv-LCIAA5RG_.jpg:large

ReBorned said...

Со евентуално потпишување и на Rami и на Alex (нешто што посакав тука пред неколку недели) сметам дека по подолго време конечно ќе имаме респектабилен централен дефанзивен тандем пред голот. Се шпекулира и со Santon во кој би го вклучиле Niang (Newcastle се заинтересирани за него) и тоа веќе би било повеќе од добро конструирана одбрана. Ова со Montolivo ги поремети плановите... докторот што го оперира вели цели 6 месеци а неговиот агент на тоа одговори со „тоа не е ниту преоптимистичка ниту препесимистичка оценка“ значи со други зборови, толку. Тоа е огромен период!

Anonymous said...

Алекс беше добра солуција, кога првпат се заинтересиравме за него, пред 10 години, кога играше во ПСВ во одлична форма.
На кое ниво сме и каква ни е одбраната негово доаѓање и останување на Рами би било солидна солуција. Сантон би бил бонус и моја неостварена желба. Во истовреме може да се профитира од Абате и Мексес.
Ова со Монтоливо ме плаши само поради една работа. Панично купување. Матри беше купен поради повредата на Пацини. Есиен беше купен поради тоа што немавме со кој да играме на двомеч со Атлетико во ЛШ.

Ultra

ReBorned said...

Milan екстремно близу до потпишување на 2 годишен договор со Alex и 3 годишен договор со Jeremy Menez! Близу во стилот, агентот на Alex е во Milano а G, Pippo, Menez и неговиот агент седат заедно на маса во ресторант во Ibiza 3 часа и сето тоа е илустрирано преку фотографии! Ова е веројатно шлаканица во лице за QPR и за Valencia иако искрено верувам дека сепак после Alex ќе дојде и Rami. Знам дека Menez и Alex се free transfers но мора да се навикнеме на таков тип на трансфери а ако се прашувам јас ова се прилично добри засилувања со оглед на тоа дека немаме и не трошиме пари на нив. Се шпекулира дека доколку Menez дојде летово, можно е Kaka уште летово да замине во MLS (прво се шпекулираше за следниот Јануари). Сметам дека е прилично реално да ги добиеме сите 4, Menez, Alex, Rami и Taarabt. Не сакам да бидам преголем оптимист судејќи според она што се случува последните неколку години но некои работи паѓаат во очи, Pippo е буквално застапен секаде! Не паметам кога последен пат тренер на Milan лично бил присутен при разговори со потенцијални засилувања. Значи на сликата Pippo и Menez седат еден до друг и Pippo му зборува во лице!
Друга работа, Pippo во период од само 2-3 дена веќе има 2 средби во вилата на Berlusconi, придружуван од G и тоа не средби од куртоазија туку буквално средби кои траат по 4 часа!
Трета работа, Berlu наеднаш делува многу заинтересирано за клубот, во само неколку дена, имаше 2 долготрајни средби со G и Pippo во својата вила а вчера го посети и Montolivo по операцијата и остана кај него речиси цел час! Не се сеќавам кога последен пат Berlu толку се експонирал околу клубот во така збиен период во последните неколку години!
Можеби клубот нема пари но ако Berlu сака, може да помогне и да инвестира! Се надевам дека ова трчање на Berlu и G со Pippo значи дека и нив ги прифати неговата извонредно заразна енергија. Ќе се сетите на една изјава на G од лани: Кога доаѓам во Milanello, се кријам од Pippo бидејќи константно трча по мене и бара да му исполнам некои желби за засилувања во клубот (во тоа време за Primavera).
Можеме да се жалиме дека купуваме само free transfers меѓутоа фудбалери како Menez и Alex се нешто многу поразлично од Bakaye Traore (и тој дојде како free transfer), Birsa или Silvestre, на пример. И згора на се, уште многу многу рано во трансфер летото. Факт е дека тимот ќе треба многу да се кастри, ние секако имавме вишок фудбалери плус ќе се вратат други од позајмиц а и имаме co own ситуации кои треба да се решат. Згора на тоа ќе мора и дополнително да се крати ростерот поради тоа што не играме во Европа и воопшто не е потребен поголем број на фудбалери во тимот.
Се надевам дека Berlu и G ќе застанат целосно зад Pippo, финансиски и емотивно а верувам дека Pippo може да донесе нова енергија во клубот. Многу поранешни негови соиграчи и сегашни тренери го потврдија тоа. Само кратко од Gatusso:

"Inzaghi used to get CDs of the opponents and study them for days on end," Gattuso told Milan Channel. "He knew everything about them. He was obsessed.

"Everybody thought that Pippo was just lucky, but it was all down to skill and preparation. He used to get so angry with the wingers if they didn't send in the right crosses and he would study things meticulously."

Ова го потврдуваа и други луѓе блиски до клубот, Pippo бил опседнат со скенирање на играта на противникот и гледање на CD'a дури и во неговите денови на клупата на Primavera.

ReBorned said...

И на крајот на краиштата, веројатно најдобрата варијанта: Mexes го напушта клубот со своите 4 мил. по сезона + даноци и заминува во PSG како слободен фудбалер а ние со неговата плата ги покриваме Alex + Rami.

ReBorned said...

Pippo трча насекаде, прво разговараше лично со Menez во Ibiza а веднаш потоа се врати назад во Milano за повторно лично да разговара со Kia Joorabchian, агентот на Alex (и на Taarabt).

Menez's agent has confirmed the player is interested in Milan and an answer will be given soon; said Inzaghi's words were important.

Pippo Mio! :)

Ultras Milano said...

Одлични вести. Најважно од се е заангажираноста на управата. По сево ова што го читам Пипо е најзаслужен за ова. Браво. За Менез ќе ми биде многу мило бидејќи добиваме еден офанзивен играч за врска/полушпиц/крило. Сестран играч со одлична техника и во најдобрите години.
Ова за Мексес не сум го прочитал на друго место меѓутоа доколку дојде до тоа ќе испадне како трејд да си направивме со Алекс и Мексес.
Битен момент кој треба да се запази се платите на 2те нови потенцијални засилувања.
И тотално си во право. Во тимот имаме преку 30 играчи со се позајмиците, и треба доста да се продава зошто ни треба квалитет а не квантитет! Наредната сезона ќе играме минимум 39 натпревари а максимум 45-6. Што значи многу време за одмор, избалансиран распоред и вадење максимум од расположливите средства. Ако иизигра паметно нашата ишрава летово, наредната сезона ќе има потенцијал да биде успешна.

ReBorned said...

За да се случи ова со Mexes треба Barcelona да го купи Marquinhos. По заминувањето на Balotelli се шпекулира со имиња како Negredo, Dzeko (желба на Pippo) и од денес Mandzukic. Мене лично Negredo не ми прави некој ќејф иако станува збор за корпулентен фудбалер, напаѓач сидраш кој е потребен доколку играме 4-3-3. Balotelli не игра ништо од тоа, секогаш се повлекува на 30 метри и немаме фудбалер во нападот. Не верувам дека City ќе сака да се ослободи од Dzeko (сигурно не евтино) но Mandzukic e интригантно име. Класичен напаѓач каков што му треба на Milan, фудбалер кој гарантира голови а не игра во Bayern.

И уште нешто околу Menez, Menez имал речиси се договорено со Fiorentina и фалел само неговиот потпис на договорот но вчера сè се променило по доаѓањето на G и Pippo и мислењето на Menez (според зборовите на неговиот агент) драстично се променило по разговорот со Inzaghi. Убаво е како за промена ние да украдеме фудбалер од пред нос на други екипи. Transfermarket ја цени вредноста на Menez на 15 милиони евра.
Под водство на Ancelotti имаше 28 гола и 21 асистенција во PSG но остана во сенка по доаѓањето на Blanc со кој има лични несогласувања уште од времето во репрезентацијата на Франција. Доаѓањето на Menez може да значи и затворање на вратата за Taarabt и QPR а лично сметам дека Rami сепак ќе дојде и покрај тоа што дојде Alex.
За лев бек има 2 опции, Santon и Gabriel Silva од Udinese кој наводно бил една од желбите на Pippo. Момчето има 23 години и е универзалец, првенствено игра лев бек меѓутоа може да игра и десен а дури да покрие и на штопер. За Santon можеме да се договориме ако ги убедиме Newcastle да го дадат на позајмица со можност за откуп и земат некој од Constant или Niang кај нив.
Како замена за Montolivo се шпекулираат имињата на Parolo, Milan Budelj со Hamburger, Baselli од Atalanta (одлично младо дете и иден репрезентативец на Италија) и вечниот Lodi а денес се споменува и името на Banega од Valencia која ќе прави чистка по доаѓањето на Lim (кој Milan го одби да влезе во клубот а сега ќе прави нов тим во Valencia и планира да ги купи пола Benfica и Porto).

И уште една работа, кога последен пат Milan купувал во првата недела од Јуни? Ние секогаш го чекавме 31.08 за да намалиме од цена и да направиме некои панични купувања!

ReBorned said...

И сепак за да не биде сè така розево (покрај 6 месечната пауза на Montolivo) се погрижи De Jong. Прилично сум сигурен дека летово ќе го напушти клубот. Имаше интервју во кое доста зборува за Seedorf и го заврши со зборовите: Убаво ми е во Milan ама треба да седнам и да разговарам со челните луѓе за да знам во која насока ќе се движи клубот па ќе одлучам дали ќе останам или не. Реално De Jong (кој многу го ценам) е во години во кои има му преостанува уште само 1 шанса за богат повеќегодишен договор а тој нема да го добие во Milan.

За Gabriel Silva Udinese барал 8 милиони еврa a Milan нуди 5 + еден фудбалер од децата (Petagna, Cristante, Modic, Piccinocchi или Tamas). Ако се прашувам јас, Cristante никако а Petagna, Tamas и Modic само на позајмица, веќе нема co own :)

Ultras Milano said...

Ако го изгубиме и Де Јонг со кој ќе останеме во средината? Есиен? Мунтари?

ReBorned said...

Веројатно ќе си оди и Есиен. Би требало. Ќе купиме друг

Ultras Milano said...

И јас читав за тоа дека турци и грци има заинтересирани и ќе буде полн погодок ако се продаде затоа што се ослободуваме од превисоката плата плус и некои пари од оштета.

Ultras Milano said...

http://www.football-italia.net/50069/report-psg-table-%E2%82%AC8m-abate-bid

Прифатливо нели? Горе доле таа би била и сумата за оштета за помладиот и поуниверзален Сантон кој се мачи со константноста. Ако се случи ова и го земеме конечно Давиде тогаш е win-win за сите. ПСЖ и онака бара поквалитетен бек од Ван Дер Вил, а Абате за француската лига е Кафу :)

ReBorned said...

За Abate постојат само 2 опции: Продолжување на договор или продажба летово. Договорот му истекува следното лето и веќе во Јануари ќе може да преговара да си замине без оштета. Доколку останеше Seedorf (кој иронично сè уште е актуелен тренер) Abate сигурно заминуваше. Вака со Pippo постои реална можност да го продолжи договорот затоа што Pippo сака „својот“ Milan да го гради на италијанска срж. Ако се прашувам јас, прифаќам веднаш. Да имаше барем пристоен центаршут ќе беше еден од најдобрите 5 десни бекови во светот. Барем пристоен. Вака, само молскавична брзина и лабилна игра во дефанзива не е доволно за долгорочно решение на бек.

Ultras Milano said...

http://gianlucadimarzio.com/en/calciomercato/cristante-benfica-milan-says-no/

Одбиена една од многуте понуди што ќе стигнат летово. Ако не му се даде адекватна шанса и самиот ќе сака да си оди.

Ultras Milano said...

Santos, PSV, Chelsea & PSG

Во сите 4 клуба во кои настапувал досега Алекс освојувал титула во домашното првенство.

Ficho Kimovski said...

После Алекс очекувам деновиве да потшише и Менез и потоа треба да следи официјализирање на Пипо(Сидорф си бара голема оштета и не можат да се договорат) и чистење на непотребните играчи.

Искрено со повредава на Монтоливо и евентуалната продажба на Де Јонг критична е ситуацијата во средината и не знаеме дали сметаат на Кристанте а понуди за малиов ќе стигаат од сите страни. Прв понуда прати Руи Коста а знаете дека слабо праат утки со трансфери португалциве.

Дечкото од Хамбург ми личи на прифатлив трансфер, играч во подем кој не би коштал многу а може да се доразвие во јак играч и детето од Аталанта ми е јака опција но не сум сигурен дека е спремен за прв тим тој. Може да му треба уште една година у серија а у помал клуб.

Од одбрана би го продал Абате и бековските линии со Шиљо,Дармиан,овој од Удинезе и Бонера кој може да ротира таму ми се сосема океј.

Балотели не знам дали би го продале ама ако не планира да се напика у 16 метри и да дава голови мислам дека би летал. Ни Берлу ни Пипо не сакаат напаѓач(главен) да е толку далеку од гол.

Ultras Milano said...

@WhoScored: Alex completed 1434 of his 1572 attempted passes last season: best pass success (93.9%) in Europe’s top 5 leagues (10+ apps).

Ultras Milano said...

Многу пати сме говореле.
Бало не е класичен шпиц и никогаш најверојатно нема да биде. Барем не за да игра осамен таму напред, мора да има подршка од играч кој знае да навлече неколку противнички играчи на него и со тоа да му отвори простор за маневерирање (Пацини)

Ficho Kimovski said...

Пипо и Берлу бараат таков а он не е и сега ќе го продаваат ли?

И дали би прифатиле понуда од 35 милки за финансирање на трансфер пазарот?

Ако продаваат најверојатно ќе чекаат СП да помине па ако Балотели се покаже да го дадат за што поголема цена.

Ultras Milano said...

Ако се искористат тие пари за одбраната и средината и тоа како би прифатил.

Ultras Milano said...

2 недели.
https://pbs.twimg.com/media/BpWqIR2CYAAqMZU.png:large

Толку остануваат за да се решат овие 15 co-own ситуации.
Ваши желби?

ReBorned said...

Се шпекулира дека најголем дел од парите би отишле на Манџукиќ.

Ultras Milano said...

https://pbs.twimg.com/media/BpYUUh3CAAE7CO1.jpg:large

Добро друштво а?

Мислам да почекаме наредната недела да се официјализира доаѓањето на Менез па да склопиме еден пост а?

ReBorned said...

Не знам дали читавте, неколку поранешни фудбалери се согласуваат во тоа дека Калчо титулата тогаш ја изгубивме поради реванш мечот со Арсенал. Настанал општ хаос после тој меч и огромна поделба на фудбалерите, сето тоа придонесло да му ја препуштиме титулата на Juventus. Allegri го разбеснал Zlatan а и Van Bommel и Zambrotta биле вчудоневидени кога Allegri пред мечот рекол дека и да има 30 фудбалери на располагање исто му се фаќа, тој секако игра само со 13. Исто така биле запрепастени од фактот што на тој меч Allegri решил на клупата да остави 2 резервни голмани затоа што се плашел од неколку исклучувања во серија...

Ultras Milano said...

Се читам, се. И се чудам. Во тој момент бевме зад тренерот ние меѓутоа не ја знаевме целосната слика. Нешто слично како што го кривевме тренерот зошто Онијеву не играл а не знаевме за инцидентот со Ибра се додека не беше објавено во неговата биографија. Исто како што незнаевме. Идентична ситуација кога ја пцуевме цела управа и Карлето зошто суперталентираниот Гуркуф не добива вистинска шанса, за потоа да дознаеме од Капитенот дека Јоан бил доста неодговорен, често каснел на тренинзи и сл.

ReBorned said...

Milan Channel вели дека клубот одбил 3 понуди за Cristante во последните 3 дена. Benfica прво понуди 3 милиони + бонуси па беше одбиена, потоа повторно Benfica со 4 милиони + бонуси а денес е одбиен и Empoli. Најискрено се надевам дека момчето ќе остане и ќе добие шанса кога веќе Montolivo долго време ќе биде во аут. Каква порака за „нов млад Milan“ ќе испратиме со евентуална продажба на Cristante?!

Berlu денес за првпат ја посети новата Casa Milan.

Накратко:
Сака нов италијански Milan, екипа која претежно ќе биде составена од италијанци и уште повеќе од фудбалери кои ќе можат успешно да ја претставуваат Lombardia (значи home grown играчи). Потенцираше дека клубот има некои неверојатни таленти родени 95, 96, 98 година. Го пофали Pippo дека „поседува се она што го сака клубот“, одби да разговара за несогласувањата со Seedorf а на прашањето дали ќе остане Balotelli одговори со: Верувам дека ќе остане само искрено се надевам дека ќе научи како да игра како класичен напаѓач. Berlu заедно сo Barbara и G ги гледаа финтите на Mastour на мониторите во Casa Milan. Creepy!

ReBorned said...

- Milan го договори Poli, неговите преостанати 50 % ќе чинат 2.5 милиони евра + цела сопственост на Salamon (кој сега беше во Сампдорија а ние имавме 50 %).
- Milan е заинтересиран за Casemiro. Pippo веќе разговарал за него со Ancelotti, единствената дилема за негова аквизиција од страна на Pippo е тоа што го гледа Casemiro како реплика на De Jong. Веројатно ќе има loan со опција за откуп следното лето за околу 6 милиони евра (најдобра и најсигурна варијанта).
- Galli (директорот на младите категории во Milan) потврди дека Mastour од следната сезона ќе настапува во сениорскиот состав и рече дека за него веќе постои специјална програма која тој ја следи за да може да биде подготвен за сениорскиот состав следната сезона.
- Berlu во својата канцеларија во Casa Milan има реплика од златната топка на Van Basten од 1992 година.

И еден текст кој уште еднаш потврдува дека Pippo е „виновникот“ за ново разгорување на љубовта на Berlu кон клубот.

Pippo(re)ignites a passion of The President: there is a desire to invest in a young Milan and Italian


Like a river in flood, with renewed enthusiasm and desire, Silvio Berlusconi has a little 'surprised everyone. The visit to Casa Milan seems to have reignited the passion of the Rossoneri's patron, who is now aiming to renew the team, with the aim of expanding the trophy room, much bigger, he said ... Now that the policy does not give him more satisfaction The President - highlights La Gazzetta dello Sport - took refuge in the arms of his love.

THANKS TO INZAGHI - In addition to his daughter Barbara and the charm of the new headquarters in Via Aldo Rossi, there is a man who, according to the rosy, he helped revive the ambitions of the President: it is Filippo Inzaghi, but technical-elect future guidance of a Milan pointing back great. Berlusconi - writes the Gazzetta - lived bitterly disappointing last season, but took only a couple of meetings and talks with Pippo to awaken in him the old ardor and, above all, to find the will to invest.

YOUNG AND ITALIAN - "Milan must return protagonist in Italy, in Europe and in the world. Inzaghi I saw a very determined, hungry for victories and consistent with everything you want it to be AC Milan" . Here comes again the love Berlusconi, who does not want to live only in memories. The effect Inzaghi, therefore, seems to have rekindled the spark in the heart of the President, which ultimately was not very present in the daily life of his AC Milan. Now he wants to (re) start a winning cycle, dividing by the young, by the Italians and ... by Mr. Inzaghi.

Ficho Kimovski said...

Нели е интересно како Инзаги има приметено проблем што не мачи повеќе од 3-4 сезони и одма сака да го реши?

@ Milanello

Inzaghi wants Milan to hire the set-piece coach Gianni Vio (he's considered an expert). He currently works for Fiorentina.

Inzaghi is considering to implement some of Novak Djokovic's methods (special diet, yoga, meditation) at Milan.


The psychiatrist (and criminologist) Massimo Picozzi could be hired soon. He will be at Casa Milan next week.

Е мене ми се допаѓа ваквото размислување а и ми се допаѓа неговата заангажираност која ја видовме кога беше на Ибица за Менез и потоа се врати за Милано да преговара за Алекс.

Значи буквално го прати Галијани, преговара заедно со него а воедно и учи од него.

Ова го немавме одамна и се надевам дека ќе испадне се во најдобар ред.

Инаку кога сме кај Кристанте одбиена е и уште една понуда од 5 милиони + бонуси.

Инаку и Кака е на излезна врата и најверојатно се враќа во Сао Паоло.

Ultras Milano said...

Битен момент е дали ние навивачите веруваме во овој проект на Милан? За подмладвање слушаме 5 години ама на дело тоа многу не се гледа. Дали сега со ангажирање на легендата на клубот и тренерот на младите конечно играчите како Кристанте, Петања, па и оние кој не се во клубот како Дармиан и Палоши ќе добијат шанса да се докажат? Марио и онака многу не ми е по ќејф, квалитетен напаѓач е дефинитивно но факт е дека никогаш нема да созрее пред се поради тоа што треба да прифатат сите дека едноставно Балотели е таков и таков ќе остане и ова не е фаза.
Тие 25-30 милиони од него можат да бидат инвестирани во одбраната и некој солиден играч за врска. Млади играчи желни за докажување кои знаат да покриваат назад и да трчаат а не само да се лутат на соиграчите кога не им дале навремена топка. И онака не играме нигде во Европа, па зошто да не биде оваа таа сезона за пресврт?

Ultras Milano said...

Tuttosport claims that Mattia De Sciglio is not on the market also because Inzaghi considers him a future captain at Milan.

Ова ми се допаѓа!

Ultras Milano said...

Последните инфо од спортиталија велат дека Милан е СПРЕМЕН да го продаде Кристанте за 5м за да го финансира доаѓањето на Рами? Сериозно? Не е ова малце Булшит? Милан нема 5 милиони па треба да го продаде бисерот на младинската школа за ефтини пари во тим кој е познат по препорадавање на фудбвалери за енормни суми? СЕРИОЗНО?

Ultras Milano said...

Скоро е сигурно дека Дани Алвеш оди во ПСЖ што значи дека за Абате други купци во моментов нема, што значи дека тешко дека ќе дојде Сантон.

ReBorned said...

Одлично интервју со Mattia De Sciglio на повеќе теми од приватниот и професионалниот живот. Има неколку интересни моменти

http://www.rossoneriblog.com/2014/06/08/de-sciglio-on-his-personal-life-the-national-team-milan-and-more/

Ultras Milano said...

Го прочитав интервјуто.
http://www.wiziwig.tv/broadcast.php?matchid=264387&part=sports

Италија-Флуминензе на сопкаст. Добра шанса да видиме до каде сме, и како ќе се снајде Дармиан на левата бековска позиција :)

Anonymous said...

Денешни инфо:
-На Сидорф му бил врачен отказот преку имејл. Тотално непрофесионално од најуспешниот тим на сите времиња и лош начин да се третира легенда на клубот. Не ја знаеме целата приказна дефинитивно меѓутоа познавајќи го третманот на Милан ко своите легенди нормално е да се сочуствуваме со него.
-Менез утре ќе пристигне во Милано а во четврток ќе ги има медицинските прегледи и потпишувањето на 3 годишниот договор.
-Претставен е гостинскиот дрес за наредната сезона, повторно промени кај амблемот.
-Балотели се сврши :)

Ultra

ReBorned said...

- Фамозниот „отказ преку mail“ не е потврдена информација, само шпекулација на дневен весник. Меѓутоа, не може никој да ме убеди дека Seedorf не направил некоја ОГРОМНА ОГРОМНА ГЛУПОСТ со што го предизвикал гневот (не лутината, гневот) на раководството. Уште во вчерашниот ден по соопштувањето на смената на тренерите се забележа дека дури ниту на acmilan.com немаше куртоазија од типот „му благодариме на Seedorf и му посакуваме се најдобро во понатамошната кариера...“ и тоа ми падна во очи уште пред да излезе денес оваа шпекулација со mail. Очигледно е дека Seedorf толку многу го откачил Berlu во прв план (а токму Berlu му беше протеже) што претседателот делува во стилот: Во ред, ќе ти ја плаќам цела плата до крај на договор но те рамнам со 0. Никој не може да ме убеди дека раководството отстапи од својата пракса на величење на историјата и бившите фудбалери само поради некое локално несогласување на Seedorf со G или со играчите. Тука има нешто што ја прели чашата и нешто што го извади Berlu од контакт. Јас сум со клубот!
- Аблемот на гостинските дресови е всушност аблемот на новата Casa Milan. Чуден ми е, можеби ми треба време да се навикнам. Не велам лош, велам чуден.
- Со среќа нека му е на Mario, се надевам дека ќе девојката ќе успее да го смири. И прилично сум сигурен дека тајмингот не му е по ќејф на Prandelli. :)
- Се посилни шпекулации дека Kaka ќе си оди летово во Бразил поради приватни проблеми со сопругата. Искрено се надевам дека тоа ќе се случи. Падна во форма во вториот дел од сезоната, не е компатибилен за онаа 4-3-3 формација а на AMC веќе го имаме и Honda. Ќе заштедиме и одлична бруто сума од неговата плата.
- Paloschi веројатно ќе биде целосно продаден. Pippo го обожава но едноставно таква е ситуацијата во клубот, имаме премногу напаѓачки опции. Постои варијанта парите од неговата продажба да се насочат кон Taarabt кој би дошол како замена ако си замине Kaka. Одлична варијанта.

P.S Кога зборувавме за внесеноста на Pippo во проектот, во овие моменти Pippo заедно со своите помошници и Tasotti има деловен ручек со G во Casa Milan. Повторно се разговара за трансфер пазарот :) G нема толку работено во последните 5 години заедно а сè уште е почеток на Јуни. Мислам дека е прашање на време кога ќе си побара боледување :)

Слика

Ultras Milano said...

Не ја знаеме целата приказна, ама третманот кон легендите на клубот воопшто не ми се допаѓа.
Секој ден се додека Малдини не добие раководно место во тимот ќе спамам за тоа! Голема срамота е !! Што се случило помеѓу Кларенс и тимот ќе дознаеме во некоја биографија или некое интервју за некоја година, сега џабе е да збориме за тоа.
Јас лично би сакал Палоши да се врати. Миленик му е на Пипо и заедно со Петања може да чекаат шанса од клупата секако во ова сценарио рачунам да биде продаден Марио.
Друга работа околу заминувањето на Кака е отварање на простор за Сапонара. Не треба да се купува "замена" за Рики кога имаме веќе таква во тимот. И тоа домашна варијанта.

За мене ќе биде исполнување на сон да ги видам наредна сезона во прв тим Монтоливо,Кристанте,СЕС,Сапонара,Хонда и Пацо.
Па и уште ако се купи Сантон... :)
Да не се лажеме ужасен е амблемот на вториот дрес. Маркетингот тука игра улога и кога го видов уште пред некој ден кога беше leaked не верував дека е тој само поради амблемот.

Ultras Milano said...

И друга многу битна работа.
Треба со време да се бараат купци за играчите. Робињо 2ро лето по ред го продаваме, не смееме да чекаме во август да ни ги купи некој играчите па да собираме пари за засилувања за нашите.
Предничи Марио, меѓутоа и Матри, Нианг , Кака, Бирса, Мунтари, Есиен, Констант и доста други најверојатно ќе си бараат нов клуб.А ние ако сакаме да ги продадаеме треба да се активираме околу тоа.

ReBorned said...

Pippo продолжува во жестоко темпо. На негово инсистирање Milan го донесе Andrea Magni тренер на голманите на Brescia за да му биде тренер за голманите на Pippo. Тоа е истиот човек кој најпрвин го изгради Nicola Leali (голман кој важи за голема иднина на италијанскиот фудбал и кој ги помина сите младински категории на репрезентацијата) а сега и Gori (голманот кој на инсистирање на Pippo во Јануари го засили Milan Primavera токму од Brescia). И не само тоа, Pippo синоќа имаше вечера со Ариго Саки и се обидува да го убеди да прифати функција на супервизор на сите младински категории во клубот.

Од другата страна, Milan ГО ИЗБРИША Clarence Seedorf од линкот Hall Of Fame на официјалната веб страна на клубот. Никој не може да ме убеди дека сето ова е само поради некои несогласувања! Berlu имаше несогласувања и со Leonardo (и тоа со отворени прес конференции на Leonardo) па тој се наоѓа во Hall Of Fame, G има несогласувања со Maldini па и тој се наоѓа таму. Ова е нешто многу повеќе од несогласување!

Ultras Milano said...

Имаме Hall of Fame на нашата страна?

Navigator said...

Гледам турбо работите на блогот и ептен ми е мило тоа :) Јас некако повеќе се окупирав со СП и од вас разбирам за информациите околу клубот.

Имам еден предлог: Сите овие информации, баш вака како што ги пишувате на блогов, зошто да не одат на ФБ? Баш вака, ист формат, евентуално со некоја слика. Не мора да значи дека ако е инфо на ФБ треба да биде официјална или убаво напишана. Мене баш вака би ми се допаѓало да прочатам. Па да видиме дали ќе има некој реакција. Затоа што, реално да зборуваме, малку се мачиме со ФБ-от. 200 лајкови не се ништо, а не ни работиме на промоција. Друга варијанта е да го откажиме фан пејџот. Што мислите?

Ficho Kimovski said...

Се надевам дека Саки ке ја прифати понудата на Галијани и Пипо!!!

Добредојде за Менез и ми се свиѓа изјавата кога го прашуваат што е поразлично од тој Менез во Рома и овој сега и одговорот е дека ќе видат на терен што е разликата.

ReBorned said...

@Ultra http://www.acmilan.com/en/archive/hall_of_fame

Ficho Kimovski said...

Иначе ми се допаѓа што рано купуваме ама мислам дека до сега требаше и да исчистиме нешто.

Ultras Milano said...

Па слободни агенти се, сакаме нејќеме мора да ги купуваме рано.
А ако се интересираме за играчи со ангажман кои се очекува да им се дигне цената по Светското (Дармиан) тогаш заостануваме тука како и секогаш.

https://pbs.twimg.com/media/Bp4brX-CYAAs3lr.png:large

За откажување не сум јас бидејќи се обложувам дека тие малце што не читаат не пратат поради квалитетот на дискусијата и изворите од каде ги црпиме информациите кои ги пренесуваме. Значи во глобала не пратат луѓе што сакаат квалитет наместо квантитет.
Доколу Ри планира да доаѓа во СК во наредниов период јас сум за да седнеме на едно пивце, може да изгледаме и еден натпревар од СП и да направиме план што како понатака.

Ultras Milano said...

btw го најдов Сидорф на Hall of Fame ot.

ReBorned said...

Го вратиле назад :)

Seedorf го НЕМАШЕ 2 дена на Hall of Fame, сега го вратиле :)

Ficho Kimovski said...

It's official now: The set-piece expert Gianni Vio has joined Milan (coaching staff) from Fiorentina.

Значи Пипо се што сакаше до сега исполни успеа да донесе па ќе видиме за понатаму а многу ми е кејф што ќе работат сериозно на прекините.

Ficho Kimovski said...

Montolivo says he has just received @DjokerNole's book about diet.
Inzaghi might have sent it to him and the squad

Berlusconi reportedly called Inzaghi during the dinner with Sacchi and said: "I'm very envious of you. I want to be there with you all."

ReBorned said...

https://twitter.com/ZarkoKa/status/477023600986562560

Ultras Milano said...

Момци, би бил безкрајно благодарен ако некој може да ме упати каде би можел да го најдам овој дрес:

http://www.football-shirts.co.uk/fans/wp-content/uploads/2012/02/italy_chiellini.jpg

http://www.uksoccershop.com/images/italy-euro-2012-goalkeeper-shirt.jpg

Станува збор резервниот бел од прошлото еуро и голманскиот на Џиџи.

Ultras Milano said...

Како што пишав на фан пејџот останаа уште 5 co-own ситуации.
Сите играчи ќе ги продадеме најверојатно ама мислам дека може да профитираме од Коми и Верди пред се затоа што се играчи на Торино и тие може да бидат клучот за враќање на Дармиан дома.

Се на се, 13 јуни е, добивме нов тренер, 2 нови помошници тренера по барање на Пипо, 3ца нови играчи, откупен Поли, се очекува наредната недела конечно и Рами да биде официјално наш играч, обновена позамицата на Сапонара, и брзо разрешување на сите co-ownership.
Вака добар почеток на лето не памтам кога последен пат имавме.
Сега е битниот момент и покажување на зрелоста и сериозноста, мора да се продава. Мора да се најде нова средина за вишокот играчи кои земаат плата а не се дел од иднината на Милан.

+Галијани изјави дека Кристанте никако не е за продажба и дека стигнала само една понуда од португалците од 3м која била експресно одбиена. Самиот Пипо сакал да го задржи Брајан во тимот а тоа многу го израдувало агентот на Кристанте.

Ultras Milano said...

Само што објави Танкреди пред неколку минтуи.
Монако испратил понуда за Бало. 20-30м.

ReBorned said...

Денес на големо се зборува дека Milan (по желба на Pippo) го испитува теренот за ангажман на Iturbe и дека би можело парите од евентуалната продажба на Balotelli да бидат насочени кон Verona за Iturbe. Verona го откупи Iturbe од Porto за 15 милиони па веројатно не би го продале за ништо помалку од 25 милиони. Е сега се поставува една дилема: Доколку даде преку 20 милиони евра за еден фудбалер (нека е и Iturbe) нема да може да плати уште еден со сличен износ. Тоа логички значи дека доколку на пример дојде Iturbe (од продажбата на Balotelli), сезоната на стартен напаѓач би можел да ја започне Pazzini (со Matri од клупа) а зад него би стартувале El Shaarawy и Iturbe со Menez од клупа (во 4-3-3). Дали е подобра варијанта ако се продава Balotelli да се купува некој стабилен, квалитетен напаѓач или вреди да се дадат парите за Iturbe кој ќе дојде на позиција на која веќе имаме првотимци (El Shaarawy и Menez) но немаме и клупа. Реално Iturbe е една од најквалитетните млади ѕвезди и фудбалер пред кој има неограничен потенцијал. Многу сличен на игра на El Shaarawy со тоа што тој е левучар а игра на AMR. Топовски удар, суперсонична брзина и трчање назад и покривање на просторот зад себе.

Како некои нови замени за Balotelli се спомнуваат Soldado, Negredo и Bacca.

Уште една Fantamercato вест денес беше таа што вели дека Milan (G поточно) се обидува да го испита теренот за донесување во клубот на Radamel Falcao! Falcao јавно изјави дека сака да го напушти Monaco, јавно прокламираше пред 2 години дека Super Pippo му е најголемиот идол (дури го замоли Yepes да му донесе дрес од Pippo и овој го направи тоа) и G е во одлични односи со претседателот на Doyan Sports, групацијата која го донесе Falcao во Monaco и сè уште има извесен процент од неговите права. Тука влегува во шема и тоа што Monaco го сака Balotelli па...
Јас искрено не верувам во ова Fantamercato. Ама дали Falcao би бил истиот (или барем близу до тоа) после тешката повреда на коленото поради која го пропушти и СП?

Ви дадов доста теми за размислување и за муабет. Бујрум :)

Ultras Milano said...

Фалкао да дојде во било која варијанта ми одговара. Еден од најдобрите шпицови во последните 5 години. Напаѓач во вистинска смисла на зборот, уживање за гледање.

Ficho Kimovski said...

Ама доаѓањето на Фалкао ќе значи не за Итурбе ама и непродавање на Балотели значи не за Итурбе освен ако нема некој поклон од Берлускони.

Не знам имаме доста дупки во средина и на лев бек па некако повеќе би сакал да се насочат таму па после на позиции од нападот.

Сантон па ете и Вршаљко се солидни опции за бековските позиции а дури и евтини се.

Инаку Сес-Фалкао-Итурбе звучи фантастично! :D

Патем ако Милан ги продаде Палоски и Матри може да донесат некој добар играч од средината.

Ficho Kimovski said...

Стана жешко после дебаклот на Шпанија

Berlusconi has given Galliani permission to offer €25m for Iturbe.
Roma, Juventus, Real Madrid and Barça are also interested. [GdS]

Navigator said...

Iturbe го зборувавме и минатото лето. Уште тогаш имавме полна уста пофалби, а сега уште повеќе. Само некако поверојатно ми изгледа дека парите од евентуална продажба на Balo ќе одат на класичен шпиц. Ако формацијата на Pippo е 4-2-3-1, испаѓа дека моментално имаме повеќе од доволно (го рачунам и Taarabt) офанзивни играчи. Сите се сложуваме дека проблем се класичните везњаци. Тоа што мислам дека не го гледаме исто е спремноста на Pazzini да биде прв напаѓач. Според мене, во никој случај. Pazzo како back-up и ништо повеќе!

ReBorned said...

Јас дури би се согласил да се продадат и Pazzo и Matri па да се бара и нов резервен напаѓач. Pazzo не е она што беше...
Верувам дека и со евентуално доаѓање на Iturbe, ќе имаме солиден напаѓач (или Balotelli ќе остане или ќе се донесе некој стабилен напаѓач). Не би било логично да се донесе фудбалер како Iturbe, да се направи една страшна офанзивна линија со SES, Iturbe, Menez (па и Honda), да се има стабилна дефанзивна четворка а да се нема барем пристоен напаѓач. Можеби ако го продадеме Balotelli, со неговите пари ќе донесеме нов напаѓач а Iturbe би бил подарок од претседателот за Pippo. Мене повеќе ме плаши тоа што за Iturbe се заинтересирани и екипи кои можат да му понудат апсолутно се повеќе од нас, освен можеби сигурно место на теренот. Juventus, Roma, Real и Barcelona се екипи кои можат инстантно да му понудат играње во ЛШ, борба за трофеи и поголема плата (па и оштета на Verona). Единствено нешто што би можело да биде наша карта е гарантирање на минути на теренот (нешто што нема да биде така сигурно во било кој од горенаведените клубови). Евентуално ангажирање на Iturbe ќе значи дека Milan се обидува да се врати во елитата, тоа ќе значи дека Milan (и раководството) е решен да се враќа онаму каде што му е местото! Тоа ќе даде силен сигнал до останатите италијански клубови (пред се екипите кои претендираат за пласман во ЛШ).

Ultras Milano said...

Момци пак околу нападот се вртиме.
Куќата од темел се гради.
Голманска позиција, одбрана, средина, па тек после нападот.
Џабе ни е Фалкао и Итурбе кој чисто сумљам дека и 2цата ќе дојдат да дадеме 3 гола кога назад и во средината промаја дува.
Ако се остварат најавите Куртоа да се врати во Челзи конечно, тоа скоро сигурно значи дека Чех оди во Парис.
Сиригу ќе биде вишок. Само гласно размислувам.

ReBorned said...

Одбраната (под претпоставка дека Rami е сигурен за доаѓање) ми е сосема солидна. Можеби уште еден квалитетен лев бек (па De Sciglio да оди десно) или Darmian на десен бек, на пример. Abbiati ќе ја истурка и сезонава а догодина ќе се инвестира во нов голман. Тоа е тоа. Средниот ред е најчувствителниот дел од тимот. Куќата се гради од темел но и нападот е најдобрата одбрана, ако одиме со изреки :)

Forza Italia! Школа за секогаш препотентните англичани.

Navigator said...

Forza Italia! Радоста е посебна против Англија. Мада да бидеме реални, годинава англичаните беа реални и претпазливи пред мечот. Ваму-таму по некој забеган новинар што сеуште верува дека не смее да постои подобра репрезентација од англиската. Joey Burton на Twitter многу реално и убаво ја доловуваше цела утакмица, сигурно го пратевте.
Околу Darmian, многу добар меч, иако мислам дека и Abate да одиграше десно вчера, ќе имаше сличен учинок. Baines беше тешка мизерија. Поуплашен и од Paletta. Мислите дека би се вратил во Milan? Клубот што никогаш не му даде шанса? Не сум читал негови изјави, не знам што мисли за нас сега.
И се сложувам со Ри, Кичо слободно може уште една година, а со Rami назад сме ОК, барем подобри од лани, ако не повеќе. Знае некој зошто Rami не е на список на Blanc? Имаше некои расправии или така само ми се врти во глава? Затоа што е подобар играч од сите француски стопери заедно, без Varane.

Navigator said...

*На списокот на Deschamps

ReBorned said...

Убаво четиво иако ги знам сите деца, знам кои им се најсилни страни и што може да се очекува од нив. Сум го гледал Llamas, страшен лев бек!

http://www.balldog.net/top-dogs/5-talents-of-milans1-academy-class-of-1998.html?slide=1

Ultras Milano said...

Нешто не е добар линкот Ри. Ај вака види.


http://www.balldog.net/top-dogs/5-talents-of-milans-academy-class-of-1998.html

Баш пред 1 час го прочитав ова Пете го стави на Твитер кај него.

Штознам, дај боже сите да добијат шанса да се докажат, дај боже Кристанте и Петања да добијат шанса сезонава, посебно првиот кој при повредата на Монти и евентуалното заминување на Де Јонг МОРА да добие прилика да се докаже.

Ultras Milano said...

http://ekipa.mk/gratis-vrven-golman-herojot-ochoa-e-sloboden-za-transfer/

ReBorned said...

G душкаше околу Ochoa уште пред да почне СП. Најголемиот проблем со него (покрај тоа што ќе треба да се прави една фабричка ракавица со 6 прсти) е во тоа што тој е NON EU фудбалер а ние веќе го земавме Alex. Доколку го земеме и него, ќе немаме право на друг NON EU летово.

Ама затоа без грижи, Muntari го продолжи договорот со клубот за уште 1 сезона па сега истиот истекува во 2016. Ова беше очекувано со оглед на тоа што Montolivo се повреди и се знаеше дека Muntarinho ќе остане.
Добра вест: De Jong јавно изјави дека му се допаѓа во Milano, дека сака да остане во клубот и покрај тоа што тренерот беше сменет и дека тој во ниту еден момент не побарал да биде продаден.
Од друга страна, Raiola himself вчера на прашањето за Arsenal рече дека тоа е 1 од само 8-10 светски клубови кои можат да си го дозволат Balotelli и дека се е можно во преодниот рок (тоа значи, си оди). Останува паметно да ги потрошиме тие пари.

ReBorned said...

Да се дополнам околу Balotelli, останува на нас паметно да потрошиме дел од тие пари (Milan сè уште му должи 15 милиони на City од трансферот на Balotelli, значи ние во најдобар случај ќе имаме „чисти“ 15-20 милиони евра од неговиот трансфер).

Ultras Milano said...

И така, продолжен е договорот на Сулеј во преостанатите 2 години ќе земе 6 милиони (со се данок околу 10ина милиони)и ќе стане меѓу најплатените играчи во клубот. Значи 30 годишен просечен нестабилен играч кој неможе да сврзе 2 добри утакмици.
"Проект Милан"

ReBorned said...

Поради вакви ситуации во моментов сме заложници на Kaka и Robinho. Milan не може да понуди добра сума за Iturbe додека не се ослободи од платите на Kaka и Robinho (па и Mexes). G наводно го замолил Sean Sogliano за повеќе време за да може да најде клубови за Kaka и Robinho. Наводно Sogliano го става Milan во привилегирана позиција во однос на останатите клубови поради тоа што сè уште се очекува токму тој да биде новиот спортски директор во клубот, следната сезона.
Друга работа, Arsenal е подготвен да даде 30-35 милиони евра за Balotelli но и нешто уште поважно, Arsenal (според Tuttosport) е подготвен да го понуди Joel Campbell за да намали дел од оштетата. Не знам дали сте го гледале момчето ама станува збор за вонсериски талент!! Има 21 година, може да игра како класичен напаѓач и офанзивно крило а буквално сам ги победи Уругвај во првото коло, во дресот на Коста Рика. Момчето не доби шанса да заигра во Arsenal само поради тоа што не доби работна виза од федерацијата (нели од Коста Рика е) ама затоа беше позајмен на Олимпијакос и ако се сеќавате ги растури Манчестер Јунајтед на првиот дуел во Грција и постигна фантастичен гол. Има одличен шут, многу брз и незгоден техничар. Го обожавав уште пред да се појави оваа шпекулација. Внимавајте на него во вториот дуел од групата!

ReBorned said...

И официјално расчистивме со Paloschi. Конечно на еден ден до крајниот рок успеавме да се договориме и тој сега е во целосна сопственост на Chievo.

Navigator said...

Еве да се сложам да го продадеме Balo на Arsenal. Со овие суми, ќе добиеме околу 15-20 милиони чисти, откако ќе се раздолжиме со City. Помалку ќе останат ако се вклучи Campbell. Клучното прашање за мене е: кој ќе го замени Balo? Pazzini - не, Campbell - не, Matri - никако. Да не зборуваме за разрешување на напаѓачката линија без сериозно име на позиција шпиц. Еве и Iturbe да заврши кај нас, кој ќе дава голови? За мене тоа е чекор наназад. Ќе направиме ситуација каде ќе имаме еден куп странични офанзивни играчи (FW, SS), а ќе немаме стрелец. Јас не сакам Milan да биде Barca во смисла на напаѓачки ростер, не во смисла на успешност, секако :)
И прашање за вас: зошто во секоја варијанта го гледате Milan без Balo догодина? Јасно ми е дека е проблематичен, дека сумата што би ја добиле е примамлива, но не сакам да немам сценарио каде Mario би останал. Ми смета малку тоа.
Друга работа: Не постои активен играч што повеќе ме потсеќа на Pippo од Mandzukic. Кога почнаа него да го поврзуваат со Milan, тоа беше идеја на Pippo или нема врска?

ReBorned said...

Mandzukic е идеја на Pippo а јас го гледам Milan и тоа како без Balotelli. Едноставно не сакам фудбалер кој игра со 1/3 од она што го може па нека е и Balotelli! Не сакам фудбалер кој повеќе ќе се дере на соиграчите и судиите отколку што ќе игра фудбал (тоа ќе прави дополнителен проблем и за младите фудбалери од кои сакаме да направиме тим). И да не се лажеме, Balotelli е напаѓач само во формацијата пред да почне мечот, тој не е напаѓач кога ќе започне натпреварот. И верувај дека ако го продадеме Balotelli СЕКАКО доаѓа еден класичен шпиц (независно дали ќе го купиме Iturbe или не). Раководството и Pippo се паметни дотолку и знаат дека ни треба напаѓач. Доаѓањето на Iturbe не значи дека тој е замената за Balotelli, тоа значи уште еден агресивен офанзивец кој покрива и во дефанзива, слично на El Shaarawy на спротивната страна и фудбалер кој е одличен од слободен удар. И уште повеќе, аквизиција на Iturbe значи потцртување на амбициите за следната сезона и еден своевиден statement до останатите екипи во Калчо дека Milan се враќа или се обидува да се врати! Balotelli е напаѓач? Ајде да ги броиме головите од игра. Не оние од пенал, не оние од слободен удар, оние од игра. Лани во онаа „фантастична“ полусезона кога постигна 12 гола половина од нив му беа од пенал. Голови од пенал може да дава и Honda, Montolivo или некој трет. На нас ни треба голгетер. Уште се сеќавам на снимките од тренинзи кога Kaka (и другите по него) трчаат преку шипките а Balotelli си ги поминува од страна. Каков е тој пример за оние млади фудбалери од кои сакаме да го креираме новиот Milan? Balotelli за 20 милиони не би го продал, Balotelli за 25 би се размислил а Balotelli за 30+ милиони, воопшто не би ни размислувал. Еве го имаше и Seedorf кој целосно стоеше зад него + беше црномурест па и од таа страна имаше некој баланс и на крај успеа да се закачи и со него поради тоа што го извади порано од игра (а не играше ништо). Не треба да гледаме на името Mario Balotelli, треба да гледаме што тој направи сезонава во клубот. Свесен сум дека во клуб кој треба да биде составен претежно од млади талентирани фудбалери (како што се стреми Milan) треба да има лидери но јас претпочитам лидер како De Jong наместо лидер како Balotelli. Дај боже Mario да биде најдобар стрелец на СП, тоа ќе значи и дека Италија ќе отиде далеку од една страна и дека тој ќе набие цена, од друга. Ама после СП, не го сакам во клубот (освен ако не се случи нешто драстично прво во неговиот стил на игра и позиција на теренот а потоа и во неговото однесување). И за жал, секогаш доаѓаме до таа реченица... освен ако не се случи нешто драстично... и кај Mario никогаш не се случи ништо.

Ultras Milano said...

Ри јасно го кажа и мојот став.
Како што иде работава и Милан нема да биде многу тажен ако си замине Марио. Му беше дадена шанса да се докаже, да созрее конечно но тој ја упропасти. Најверојатно светот ќе треба да прифати дека Балотели е таков каков што е, и никогаш нема да биде тоа што се бара од него.
Доколку се продадат Балотели, Робињо, Матри, Кака, Мексес тоа се повеќе од 20м годишно за плата. Бидете сигурно дека ќе купиме 1 или 2ца напаѓачи. Јас сум за да останат Пацо и Петања и да се бара еден шпиц, но моментално потешкиот дел е наоѓање нова средина на вишокот играчи.

ReBorned said...

На Pippo како млад тренер кој сака да наметне некои свои принципи, најмалку од сè во моментов му треба некој кој ќе го поткопува неговиот авторитет. И на крајот на краиштата, независно од она што ние го зборуваме, јас тука напишав уште на крајот од сезоната дека Balotelli си заминува од Milan и дека Raiola нема да дозволи тој да не игра во ЛШ. Тој си заминува без разлика дали ние тоа го сакаме или не а еве конкретно во мојот случај, се поклопува и со моите желби.
Или да цитирам еден спортски новинар и навивач на Milan (ќе ми простите, сега не се сеќавам на името):
Цел живот сум навивач на Milan и сум гледал фудбалери како Baresi, Maldini, Gattuso... Mario Balotelli е многу талентиран фудбалер ама верувајте ми, тој не е тип на фудбалер за Milan.

ReBorned said...

Di Stefano (Sky): "Sorgliano will be the new sporting director of Milan for the 15/16 season. Berlusconi himself wants Iturbe."

На тоа и алудирав, не мора да значи дека парите од Balotelli се сите пари што ни се на располагање за трошење, Berlu сезонава делува како да сака да даде подарок од него. Ако расчистиме со платите на Kaka, Robinho, Mexes (овој сака да остане и да ја раздели платата на повеќе сезони), тогаш ќе се растерети буџетот па заедно со мала дополнителна помош од Berlu би можеле на пример да го земеме Iturbe а парите од Balotelli би можеле да бидат инвестирани во некој класичен напаѓач кој би бил замена за него.
Имаме огромен проблем со фудбалерите кои треба да си одат!

Ultras Milano said...

Кака во Сао Паоло via Орландо Сити.
Најверојатно.

ReBorned said...

Така изгледа. Се надевам дека ќе го следат Robinho, Matri, Birsa, Mexes...

ReBorned said...

Расчистивме со нашиот талисман. Bakaye Traore со кој Milan извојува победи апсолутно на сите натпревари на кои тој згазнал на теренот барем 1 минута (вкупно 7) замина во Bursaspor и потпиша 3 годишен договор.
На другата страна, Milan целосно го откупи Ricky Saponara и плати 1 милион за оние 50 % на Parma (можно е во трансферот да биде вклучен и Ganz Jr. но тоа уште не е прецизирано). Saponara сега е во целосна сопственост на Milan и веројатно веднаш ќе биде позајмен за да добие натпревари. Најсериозна дестинација за него е Empoli, тимот во кој тој се прослави и имаше брилијантни партии во Serie B. Empoli следната сезона ќе игра во Serie A па тоа ќе биде одлична шанса за Saponara да добие минути во најквалитетната Calcio лига.
Расчистивме целосно и со Paloschi па останува уште да се расчисти ситуацијата со Albertazzi (веројатно е да се обнови co own уште на 1, последна година).

ReBorned said...

G душка...

Ochoa: "I like the Serie A a lot. Playing for Milan would be a dream come true."

Ultras Milano said...

А Пацифико и Сапорети ги заборави? Мислам дека ќе има blind auction и за двајцата

Ultras Milano said...

Ако Габриел отиде негде на позајмица ќе му биде продолжен договорот на Нандо Копола за една година?!! Младински проект?
И уште полошо, се шушка дека сака да му се понуди нов договор на Мексес до 2016та за 2.5м по сезона.
Значи ако планираат со Мексес и Мунтари rebuild ќе се обесам жими мајка.

Ultras Milano said...

Ја би го земал Очоа. Вреди за ризикот. еден од Абијати/Агаци/Габриел на позајмица негде и готово.

Navigator said...

Да знаете дека понекогаш кога немам доволно инфо за некоја вест, а сакам да ја постирам на ФБ, земам дел од вашите коментари, го средувам и ја објавувам веста. Да не се чудите кога ќе видите ваши зборови, ненапишани од вас :)

Navigator said...

И еве еден сублимат на co-owns:

Bought: Albertazzi, Gori, Poli, Saponara.

Sold: Bertoni, Lora, Paloschi, Perucchini, Piscitelli, Salamon, Saporetti, Valoti.

Renewed for 1 year (to be resolved by June 2015): Comi, Verdi.

No agreement - the player stays at Milan: Pacifico. (Ова последново не го разбирам. Нели ако нема договор се оди на blind auction. Или допрва ќе се прави тоа?)

Ultras Milano said...

Немај гајле бе, се постирај.
Мислам дека Пацифико се враќа во Милан и неговата ситуација ќе се разреши наредното лето. Малце ги имам гледано примаверата но Пацифико бидејќи е лев бек на 2 пати ми фати око, доброе што останува.
Кака си заминува, а најверојатно и Бирса, Робињо, Бало, Матри... ЗОШТО да не остане Сапонара?

Ultras Milano said...

И гледам сме ја добиле blind-акукцијата за Албетраци, што значи дека Милан сака да заработи на него.

Ultras Milano said...

Massimo Oddo to Rai: "When I was at Lecce I told Milan to sign Cuadrado and Muriel. They wound up signing Mesbah."

ReBorned said...

Tassotti: It wasn't easy with Seedorf

Milan assistant Mauro Tassotti has revealed the difficult working relationship he had with Clarence Seedorf.

The Dutchman was appointed as Massimiliano Allegri’s successor in January, but after guiding the Rossoneri to eighth, was swiftly sacked in May to be replaced by Pippo Inzaghi for next term.

And the former defender has admitted that it was tough working alongside the ex-Netherlands international.

“It wasn’t an easy relationship,” he told reporters. “But that is all in the past so it’s useless talking about it.

“I haven’t spoken to him since it happened. I tried to work with him in the best way possible by putting myself at his disposal.

“But you have to feel like it’s a collaboration, and feel easy working together – it didn’t feel like that.

“I was very close to leaving Milan.

“But then I was told that there would be a new man coming in and I was wanted as part of the coaching staff.

“I spoke with Pippo and with the club and decided to stay after that.”

Ficho Kimovski said...

Скоро се сте изнапишале па јас само ќе ве пецнам со една слика

https://pbs.twimg.com/media/Bq2V4LVCIAEKfIn.jpg:large



Никогаш нема да го преболам играчов. НИКОГАШ!

Ultras Milano said...

Најверојатно затоа што ни тој самиот неможе уште да не преболи.
Незнам кога пак ќе се роди дефанзивец како него, па уште да го зграбиме ние.
Тоа е тоа, мислам дека ќе се врати пред крајот на кариерата кај нас пак.

ReBorned said...

Bitch please, порачав оригинален дрес од Milan Store со #33 на грбот...

https://fbcdn-sphotos-c-a.akamaihd.net/hphotos-ak-frc1/t1.0-9/267971_237676242923964_3352642_n.jpg

Navigator said...

Ако има некој време, да чкртнеме еден нов пост. Ништо специјално, кратко, само да не го гледаме Сасуоло веќе на насловна :)

ReBorned said...

Ако излезе и ова точно како за Menez, апсолутно немам никакви зборови за Pippo!

Bargiggia on Iturbe: "He spoke with Inzaghi has given his word to Milan"

Important news on the front Juan Iturbe. As reported by Paul Bargiggia during tg Sportmediaset, the jewel of Hellas Verona has already said yes to Milan, after an interview with Pippo Inzaghi: "Juve are working on Ibarbo - said Bargiggia - because it is not easy to tear Iturbe the competition, that is, at Milan. Iturbe, will depend on whether he will choose to Milan, because he has already given his word to Milan. The Argentine has had the opportunity to speak with Inzaghi and was assured the starting spot. course Milan must first make two outbound operations. "

Ultras Milano said...

Bitch please 2 години веќе имам дрес од Силва ама од Бразил :)
Добро изгледа ова за Итурбе. А добро изгледа и чистката со играчи, ако им се верува на последните информации Закардо заминува во Турција.

ReBorned said...

Цел тим го чекаше Prandelli пред автобусот додека тој на прес изјави дека си дава оставка и меѓудругото дека: „Бирањето на Балотели беше моја грешка“
Додека тоа се случува, цел тим го чека Prandelli пред автобусот а само Balotelli himself си влезе буквално сам во автобусот и си седи сам внатре.
Прашање до Иван, сè уште сакаш Milan со Balotelli?

ReBorned said...

Бонус:

De Rossi: 'We don't need Panini stickers'


Daniele De Rossi slammed Mario Balotelli. “We need real men, not Panini stickers or characters.”

The Roma midfielder spoke to La Repubblica after Italy’s World Cup elimination, sealed by a 1-0 defeat to Uruguay.

“There were certainly components that affected the result, like the heat or the refereeing, but we must not cling to these things,” said De Rossi.

“We must forget about all this quickly. Actually, I take that back: we should remember well what went wrong and begin again with real men.

“We need real men, not Panini stickers or characters. These are of no use to the Nazionale.”

It is widely believed De Rossi was referring to Balotelli, who posted on Twitter a picture of the Italy Panini album with his sticker in every slot.

Balo was substituted at half-time for risking a second yellow card and appeared detached from the group after the game.

When Cesare Prandelli went to announce his resignation, the entire squad waited in the dressing room for the Coach to return except for Balotelli, who sat on the team bus by himself.

Ultras Milano said...

Ако по прошлото еуро му се дигна цената, по ова светско му падна на Марио. Чисто сумљам дека ќе извадиме 30м од него.
А мора да си иде, што е можно побрзо. Нека оди на одмор и нека не доаѓа воопшто на припремите и првиот тренинг.

Ultras Milano said...

Ќе пишам јас пост, ама ви давам еден предизвик на сите: пратете ми линк/слика од Фламини каде што го држи дресот на Милан (како кога потпишува со клубот.)

ReBorned said...

Какви апчиња лапавте на прославата за МЗТ? Пред некој ден бараше некои чудни дресови од Џиџи и Киелини а сега бараш слика од Flamini (?!?!) при потпишување...

А златно дете беше...

ReBorned said...

А ова што му го прават на Balotelli не е во ред! Не го бранам и сè уште се надевам дека ќе го продадеме летово меѓутоа не смее цела вина за елиминацијата да падне исклучиво на него! Имаше фудбалери кои одиграа далеку полошо од него (не дека тој одигра сјајно ама барем постигна гол). Буквално го користат како жртвено јагне! Па цел тим со исклучок на Verratti и Darmian (кој патем беше во скок кога Godin постигна гол) одиграа под своето ниво на СП! Зошто сите да се вадат само со него?
Повторувам, не го бранам и сè уште се надевам дека ќе го продадеме летово ама едноставно е лицемерно цела елиминација да се префрла на негови раменици!

Ultras Milano said...

Дресовите од Џиџи и Кијелини беа како пример дека го сакав голманскиот од еурото и гостинскиот, па на твитер најдов слика од СЕС и Де Шиљо во тие дресови не ме хејтај :D
Секогаш било така и така ќе биде.
Бало е големиот страшен лош црн волк.

Ultras Milano said...

По последното фијаско вчера, уште прашувам ЗОШТО му се понуди нов договор на Сулеј?

Ficho Kimovski said...

Повредата на Монтоливо можда.

ReBorned said...

https://twitter.com/KPBofficial/status/482187604591665152

ReBorned said...

Реално, после вакво СП и збрките што ги направил на полувремето и по завршувањето на мечот против Уругвај, не се ни исплати да го продаваме Balotelli. Заинтересирани веќе и нема (Wenger дигна раце) а и кога би го продале сега не би добиле ништо повеќе од онаа цена по која го купивме. Единствена можна реална опција би можело да биде Monaco со оглед на тоа дека го продаде Falcao и станува збор за екипа која нема проблеми со кеш. Можна варијанта
ќе беше и Liverpool ако Real/Barca фрлеа богатсво за Suarez ама после збрките и суспензијата, којзнае што ќе се случува на тој план. Во ваква ситуација продавање на Balotelli е неисплатливо за тимот. Подобро да остане и да се надеваме дека после сите овие критики и лоши моменти ќе успее да одговори на теренот. Секоја друга варијанта е неповолна за клубот.

Ultras Milano said...

Чекај, ќе видиме како ќе се одвива летото.

ReBorned said...

Ни се лизгаат Iturbe и Mustafi од раце додека ние се крстиме Kaka да прифати да игра летово во Sao Paolo...

ReBorned said...

https://twitter.com/tancredipalmeri/status/482482103142318080