Translate

Saturday, 19 April 2014

Milan - Livorno


Во мутава атмосфера и чуден термин денес Milan го дочекува Livorno во 15:00. Атмосферата е мутава затоа што според (прет) последните информации, скоро цело италијанско лоби во клубот (минус Balotelli) му е намерачен на Seedorf и не се разбира со него најдобро. Тука се наведени имињата на Montolivo, Abate, De Sciglio и Poli. Зад нив стои и G кој поради тоа што му наложи на Seedorf да го стартува Montolivo против Catania, ја подигна точката на вриење на повисоко ниво. Во контекст на овој муабет, изворите велат дека односите меѓу тренерот и италијанското лоби во клубот е толку лоша што тој сигурно си заминува летово без разлика на остварениот резултат. Негова најсериозна замена е Pippo во прв и Donadoni во втор план меѓутоа GDS денес излезе со информација на насловна дека Milan го сака Montella и за него ќе треба да плати оштета од 7 милиони евра која е негова buy out клаузула. Milan не дава 7 милиони за фудбалер (се обидува да добие дополнителен попуст на договорените откупни клаузули на Rami и Taarabt) а не па за тренер. Значи доколку се менува Seedorf, Pippo it is! Само да се додаде тука дека Curva Sud му дава поддршка на Seedorf и се очекува тоа да го направи и јавно денес на San Siro.

Околу денешниот натпревар кој некако оди во сенка на она што се случува изминатата недела, Abate под притисок на G веројатно ќе добие старт пред Bonera во обид да се спаси неговото стартно место во репрезентацијата летово. Се шушка и за изненадувачки старт на Robinho кој би започнал на местото на повредениот Honda односно Poli од последниот меч. Останатиот дел од тимот е идентичен со оној што настапи против Catania. Значи без грижи, Constant е повторно константен покрај левата аут линија.


Без разлика на сите претумбации, потребна е победа денес бидејќи само добри резултати можат да ја намалат тензијата и затоа што во ист термин играат Parma - Inter.

Forza Milan!!!

11 comments:

Navigator said...

Ќе беше вистинска штета ако не водиме на полувреме. Вака течна и лесна игра одамна не сме гледале. Еден куп шанси и цело време малку фалеше, се до голот на Balo. Taarabt е несопирлив, Kaka и Binho одлично соработуваат, Balo опасен и желен за игра. Мала замерка за на моменти пропустливата одбрана. Livorno со Emerghara е опасен преку контри. Сега фали уште еден гол рано во вториот дел и се друго ќе биде само формалност. Да не дозволиме падови како во минатите натпревари, па да виси голот и Кичо повторно да спасува.
Ајде момци, ова е нашиот Milan!

ReBorned said...

Ако се игра вака со наводни тензии и несогласувања во соблекувалната, нека има константни тензии и нека има константни вакви резултати. G не ми делуваше баш среќен на трибините. Ако Seedorf успее да извлече 4 бода од следните 2 натпревари (Roma на гости и Inter) G ќе мора да си подголтне.

Taarabt мора да се откупи. Колку и некогаш да претерува со дриблинзи, дечкото е светски талент и еден од оние фудбалери кои сами можат да направат разлика! Освен тоа што има одличен дриблинг, има и цврсто и корпулентно тело со кое може да ги издржи дуелите после дриблинг. Едноставно е премногу подвижен за своето тело, нешто што можеби му ја дава клучната предност во дуелите! Би требало да се откупи и Rami, не знам дали ќе најдеме подобар централен дефанзивец за 7 милиони евра. Проблемот е во тоа што доколку се купат овие 2 фудбалери, G ќе каже дека тоа се нашите нови имиња и we are fine as we are.
И Pazzo, Pazzo mio :) Задолжително секогаш треба да се има ваков фудбалер во тимот (наводно и тој бил во групата италијанци што не се мириса со Seedorf). Токму повредата од финишот на ланската сезона на Pazzini, нè заглави со Matri.

Доколку се гледат резултатите во Калчото по доаѓањето на Seedorf, Milan е на третото место само зад Juventus и Roma.

P.S El Shaarawy се врати на теренот и ги одигра последните 35 минути денес во Primavera тимот на Pippo против Verona. Конечни 2-1 со головите на Modic (слободен удар) и Petagna (пенал).

Ficho Kimovski said...

Ако им се верува на медиумите тогаш штета што место ваквата супер серија не носи радост во управата туку Галијани ќе чека Сидорф да потфрли на наредниве 2 дерби средби за да може да му пресуди.

Сидорф го почитувам повеќе од сите играчи што се моментално во тимот и секој што ќе се сврти против него може комотно да си поднесе трансфер барање.

Navigator said...

Убав празник момци!

Ultras Milano said...

Каква серија. Како да не е ова истиот Милан кој ја почна сезоната. Браво, на мое изненадување.
Не ги гледав последните 2 натпревара, а асално немам гледано натпревар на Милан од пред 5 кола.
Што немање желба, што обврски.
Ова со тензијата во клубот ќе го игнорирам. Чисто сумљам дека Пипо преку ноќ ќе не оправи исто како и Кларенс што не оправи преку ноќ,
За мене најдобро решение е Спалети. Омилен лик ми е меѓу сите Италијански тренери.
Честит празник.

ReBorned said...

Се шпекулира со De Sciglio во Real Madrid.

Од друга страна Gazzetta вели дека Milan летово ќе треба да потроши околу 18 милиони евра за да ги откупи Rami, Taarabt и Poli.

Интересна дилема: Дали би го продале De Sciglio на Real ако тоа значи дека со негов трансфер ќе можеме да ги финансираме доаѓањата на Rami, Taarabt и Poli + Santon како замена за De Sciglio?

ReBorned said...

Само како дополнување на претходното.

Corriere: Milan fear, De Sciglio puts himself on the market: “For now I’ll stay, but if an offer arrives...”

И да е точно, не го обвинувам. Без разлика дали тоа нам ни се допаѓа или не, ќе треба да поминат пристоен број на сезони пред да се вратиме на пристојно (повторувам, пристојно) ниво на резултати и фудбалски ѕвезди во клубот.

Dragan Trajkovski said...

Апсолутно. Млад е, за негови години одличен, во Реал е Анчелоти, и сите благодети што ги носи играњето во Реал.М.
Меѓутоа ни под разно не би прифатил негова продажба за да дојдат другиве.
Тоа е само изговор. Башка никој не ни гарантира дека сите 3ца ќе бидат откупени па уште дека ќе дојдел и Сантон кој досега 100 пати можеа да го откупат ако сакаа наместо да се глупираат со Констант и што ти знам јас.
Јас сакам Де Шиљо да остане засекогаш во тимот, да има кариера од типот на Малдини, Костакурта, Барези, Тасоти...

Navigator said...

А вие Poli би го откупиле? Јас не сум сигурен... Taarbat и Rami се no-brainer, ама Poli не ме убедува во последно време. Тие двајца, без Santon, со De Sciglio - тоа е најдобрата варијнта за мене.

Настрана ова, Juve силно загриза за Alexis Sanchez. Градат светски тим, мамето нивно...
http://www.video.mediaset.it/video/sportmediaset/calcio/455191/juve-caccia-al-bomber.html

ReBorned said...

Мене Poli ми е ОК со оглед на тоа што ние веќе поседуваме 50 % од неговиот договор па за невого целосно откупување не би требало да се троши некое богатство. Плус олеснителна околност е тоа што Braida е сега на чело на трансфер пазарот во Sampdoria.

Според моите информации Juve не гризат туку веќе го договорија Alexis Sanchez. Juve е страшен на секој фронт! Имаат неколку фудбалери за кои можат слободно да направат аукција во која без размислување би влегле екипи како PSG, Real, Barcelona, City, Chelsea... Што е уште пострашно, најголем дел од тие страшни фудбалери со кои можат да ја преминат цифрата од 50 милиони евра во обештетување, играат на слични позиции. Доколку решат било кој од Pogba или Vidal да стават на трансфер аукција, ќе земат 60 милиони без проблем а нема толку да се забележи тоа отсуство. Можат слободно и Marchisio да го продадат, пак нема да се почуствува. Силни се во сите линии од тимот и немаат фудбалер без кој не се може. Иронично, најголема главоболка за нив летово ќе биде да го задржат стратегот на клупата. Одлично, одлично играат на трансфер берзата неколку години со ред.
И мало потсетување и Pogba и Vidal ни ги зема Јуве. За Vidal не ни се даваа 11 милиони евра а наместо за Pogba (кој дојде со истечен договор) се одлучивме за Bakaye Traore. Тоа се тие потези кои менуваат цела фудбалска историја. Настрана титулите кои Juventus ги освои, за било кој од овие 2 фудбалери можат да добијат 50 милиони евра а играат на слични позиции. Можевме ние да земеме барем 1 од нив.

ReBorned said...

И кога сме кај MDS, интересно видување од страна на Eranio, неговиот тренер во младите категории (пред Primavera)

Eranio MC: "De Sciglio born central defender, I hope that the future is in that position.'s A silent leader in the field"

Speaking to the transmission of Milan Channel 'Page Three', Stephen Eranio, coach of the National Juniors to which he belonged Mattia De Sciglio, told the beginnings, growth, future possibilities and the personality of the boy: "Matt has made an important path but Already you could see from a young age that he had something more. born central defender with the innate gift of knowing how to read before all situations and a great top speed, his only problem was the physical was very thin, but the company was good at it grow. Still I would prefer to see it as central because he grew up there and played in all red and black youth in that role, only the changed position in the spring. I hope that in the future can build a great career as a defender rather than from the side , has a very high speed and if he had Thiago Silva at his side, growth would have been incalculable, they would have known perfectly balanced with one another. His right foot is strong so if he is asked to push a lot of it is normal that the band prefers, then clearly it can also make the left hand lane. In pink Ignazio Abate is that right can be great and Matthias who can live band on the left, so playing with the two full-backs from the Spring. Among the Juniors National was Franco Baresi in the field, did not talk much but he was a leader and everyone listened to him. It is quiet and does not think he can change his personality but he will talk about the facts and the continuity that it will improve more and more. One last thing, I want to say that an educated person like him should not go without as personality, they are two different things well. "