Translate

Sunday, 13 April 2014

Parma, Verona и Lazio кикснаа, комшиите победија


Тоа значи дека со евентуална (и очекувана) победа вечерва ќе ги прескокнеме Verona и Lazio на табелата и ќе дојдеме на само -3 од Parma и -5 од комшиите (токму тие 2 екипи играат меѓусебе следниот викенд, кога ние играме повторно дома, со Livorno). Отприлика и таму ќе завршат лесните натпревари за годинава се до последното коло бидејки до крајот на сезоната ќе играме со Roma и Atalanta нагости а имаме и натпревар со комшиите пред финишот од сезоната со Sassuolo дома.

Honda се приклучи на листата на повредени каде има еден куп фудбалери и нема да настапи денес. Негови алтернативи за старт се Birsa и Poli со тоа што младиот италијанец е во предност. Другата варијанта е да заиграат и двајцата од старт со тоа што Poli би настапил поназад, до De Jong а на местото на Montolivo. Напред Balotelli се враќа во првите 11 на местото на Pazzo.


Иако ваков тип на натпревари кои се сметаат однапред за добиени, можат да бидат проблематични верувам дека не би требало да имаме поголеми проблеми ако ги напнеме од самиот старт (слично како што започнавме со Chievo) и дека брзо ќе го решиме победникот.
Формата дополнително го ветува тоа.

Forza Milan!

12 comments:

Navigator said...

Играта синоќа беше во ред, имаше доста шанси, контролиравме најголем дел од мечот. Ама загрижуваат падовите. Сме го зборувале ова милион пати: не смее противникот со 10 играчи да не притисне на наша половина. Па уште помалку кога противникот е Catania. Мечот требаше да се затвори многу порано.
Seedorf очигледно чепна во главата на многумина во тимот, ама треба работа. Среќна околност е што сега тимот има цел за бркање. Ќе му биде уште полесно ако момците успеат да изборат излез во Европа. Имаме реални шанси, само треба континуитет. Четири победи во низа звучи малку нереално, но се остварени. Има изгледни шанси серијата да оди на 5, со оглед на противникот во сабота - Livorno. После тоа доаѓаат тешките 2 недели и директната борба за ЛЕ. Но да одиме чекор по чекор, само така и без притисоци, идентично на послените неколку недели. Промената во перформансот е очигледна!

Forza Milan!!!

Navigator said...

И да, Abbiati era stepitoso e clamoroso. MOTM одново, за мене.

Anonymous said...

Мал подем во формата, и фокусирање на резултатите и одеднаш сме во битка за ЛЕ. Иако тоа мене не ми е по ќејф, Милан повторно победува и тоа е важно. Делуваат посигурно, на моменти како тим што се бори за титула.
Ни следи уште доста работа.

Navigator said...

Зборувавме со Ри, од една страна е лоша ЛЕ, особено квалификациите, затоа што ја мобилизираш екипата многу рано, одма после СП. Ќе немаат никаков одмор, барем клучните играчи. Но финанискиот аспект на европските купови и целта, мотивот кој се постави на крајот на оваа сезона е на другата страна на вагата. Не смее да не се спомне и фактот како (не)играњето воопшто во Европа ќе се одрази на статусот на клубот. За мене ЛЕ не е страшна работа, би избрал да бидеме таму догодина. Тие квалификации се поминуваат без Balo, Monti, Rami... Мислам дека севкупно, поголем удар би било неиграњето во еврокуповите.

ReBorned said...

И друга работа е многу важна, дали ќе влеземе во ЕЛ како 5ти или како 6ти. Со евентуално 5то место играме само бараж а со евентуално 6то ги играме тие квалификации што почнуваат доста порано.

Anonymous said...

Видете ги Ливерпул како го искористија тоа што не играа во Европа.

ReBorned said...

Liverpool и лани не играа во Европа па ништо не направија.

Navigator said...

Дури и да играме ЛЕ, ама пазариме ситно и паметно како Liverpool (Mignolet, Coutinho, Sakho, Aspas + неколку позајмици + 2-3 играчи од сопствена школа) можеме до врвот. Настрана тоа што италијанскиот врв и англискиот се разликуваат, бааги.

ReBorned said...

Дали некој има повеќе информации околу закаченоста меѓу Seedorf и Montolivo? Работата била до точка на вриење и едноставно не можат да ја смират ниту добрите резултати. Наводно, Seedorf воопшто не ни сакал да го игра Montolivo против Catania (и на графиката што ја постирав јас пред мечот, Poli беше на негово место) но во последен момент попуштил под огромен притисок од клубот за Montolivo да стартува. Наводно ситуацијата во соблекувалната била ужасна и покрај добрите резултати и атмосферата била на најниско можно ниво. Seedorf во прв план бил закачен најмногу со Montolivo и Abate. Пред некој ден Seedorf револтирано изјави дека во соблекувалната има молец (шпион кој ги вадин информациите надвор) и тој тоа не може да го поднесе. Токму во тој период се појавија и овие бурни релации со Montolivo (Montolivo не ни играше извесен период). Читам многу статии но сите се на италијански па дури и со превод не се доловува сржта на проблемот туку само се потенцира дека работата била отидена до точка од која нема враќање. Демек ситуацијата излегува или Seedorf или Montolivo! Clarence не можел да го смисли Montolivo и само огромниот притисок од раководството го натерал да го стартува со Catania но не е задоволен од тој притисок иако Montolivo го постигна единствениот погодок. Најавено е и доаѓање на G на тренинг и обид да се стиши огнот!
Знаете ли нешто повеќе околу тоа?

ReBorned said...

Gazzetta - Still friction between Galliani and Seedorf

04/16/2014 10:00

The case Montolivo continues to keep the tension high in the house Milan. Yesterday he skipped the announced meeting between the CEO Adriano Galliani and coach Clarence Seedorf. For the communication to the official superadded obligation. According to the reconstruction of the Gazzetta dello Sport today, however, could easily hide a "no" diplomat. Behind all these frictions between Galliani and Seedorf right on the case Montolivo. THE midfielder known as Caravaggio was not given between the holders in Milan-Catania, then a tip of the CEO would have suggested the use of the captain from the first minute. In Seedorf did not like drafts that made the audience behind the scenes of technical choice and clutches remain.

"There's no empathy between Clarence and Galliani," wrote La Gazzetta dello Sport. And probably the CEO yesterday he wanted to avoid having to respond to reporters about the future of Seedorf at Milan. The fifth is the only placement that could save the Dutchman, so as to reconcile the revenue cost of the Guinness Cup and the benefits of entry into the Europa League.

ReBorned said...

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=705275542848555&set=a.165093646866750.30548.164226816953433&type=1&stream_ref=10

Unknown said...

Мислам дека е класична мискомуникација на ниво капитен-тренер.
Првиот пред себе има одговорност која најверојатно не е спремен да ја носи, а вториот пак од нигде никаде стана тренер на еден од најдобрите светски клубови директно од теренот.