Translate

Friday, 25 April 2014

Дерби кое ќе прекине една серија


Вечерва на Олимпико се среќаваат двете екипи кои се во најдобра форма во овој период од сезоната. И Roma и Milan се во серија од 5 победи така што барем една од тие две серии ќе биде прекината вечерва (можеби и двете, со евентуално реми). И покрај тоа што влегуваме во дуелот со 5 победи по ред, нешто што се нема случено неколку години наназад, сепак Roma е фаворит на овој дуел и тоа не само поради фактот што игра на сезонава тешкиот Олимпико за гостински екипи. Roma си создаде своја игра, лесно ги решава противниците и делува како компактен тим во кој секој си го знае своето место и секој игра за тимот. Огромна заслуга за тоа оди кај Rudi Garcia. Одлично вкомпонираниот и квалитетен тим се гледа по тоа што и покрај фактот што ќе недостига фудбалер од калибарот на Strootman (заработи тешка повреда и го пропушта дури и СП) на негово место има фудбалери како Pjanic односно Nainggolan.

Кај нас единствена непозната е дали Honda ќе добие место од самиот старт. Самурајот се врати по повредата но неизвесно е дали ќе го започне мечот од теренот или од клупата. Негова алтернатива во стартните 11 е Andrea Poli. Принудна измена има во средината, поради парниот број на жолти картони на De Jong, на негово место ќе стартува Muntari. Назад повторно Bonera се враќа на десен бек на местото на Abate за да се добие дефанзивно поизбалансиран Milan. Остатокот од тимот е познат и тоа се фудбалерите со кои ќе одиме на продолжување на серијата победи и на продолжување на бркањето на ЛЕ место.
Специфичен термин, петок 20:45.

Forza Milan!

18 comments:

Dragan Trajkovski said...

Кога го видов насловот се збунив за момент, помислив дека си знаел дека ќе изгуби Милан : )
Голот на Пјаниќ е илустрација на одбраната која ја има Милан во моментов.
Затоа не ги играм новите пес туку си ја играм 6ката и си ги имам во одбрана кафу, сержињо, малдини, неста, костакурта, фавалињо.. :D

Dragan Trajkovski said...
This comment has been removed by the author.
Dragan Trajkovski said...
This comment has been removed by the author.
Dragan Trajkovski said...
This comment has been removed by the author.
Dragan Trajkovski said...

И за малку ќе заборавев.

https://www.youtube.com/watch?v=_KAea4tW6cw

Dragan Trajkovski said...

Иначе јас сум, Ултра само пишувам од друг уред и со друг гугл акаунт.

Kole.22 said...

Што е разговорот јас ништо не разбрав ?!

Kole.22 said...

Што е разговорот јас ништо не разбрав ?!

Ultras Milano said...

Значи до блогерот е не е до мене штом и тебе ти се дуплираше коментарот.

Ти најдов превод

http://www.football-italia.net/48343/balotelli-you-know-nothing

http://ekipa.mk/baloteli-zbesna-pred-kamerite-site-vie-poim-nemate-od-fudbal/


Ultras Milano said...

Си ги читав Спорт Италија и Скај вчера и денес и сфатив на кое дереџе дојде нашиот Милан поради лош менаџмент.

Читајте.

http://www.football-italia.net/48364/berlusconi-seedorf-not-me

http://www.football-italia.net/48353/enough-balotelli-alibis

Префрлање на одговорност. Праќање на најбесниот и најнеразбраниот човек да збори во име на клубот (тоа е одлука на клубот кого да пратат после натпревар). Не дека го бранам Марио, тие мушички во главата најверојатно засекогаш ќе му зујат и нема да се опраи ама од страна на раковдството сум максимално разочаран.
Милан моментално е како куче, а Силвио е лош газда. Несака да го чува како што треба, а несака ни да го продаде.

ReBorned said...

Вчера и денес низ сите медиуми во Италија вест на денот е тоа дека Clarence Seedorf дефинитивно добива отказ на крајот од сезоната и тоа без обештетување поради тоа што дал интервју без притоа да го информира клубот. Да биде иронијата поголема, во исто време додека Seedorf давал интервју за Sky, Berlusconi имал сопствено интервју на Canale 5.

Dragan Trajkovski said...

За кои интервјуа станува збор? линкови?

ReBorned said...

Интервјуто само по себе е нормално и нема никакви „отровни“ стрели или напад кон било кој од клубот. Едноставно политика на клубот било секој член пред да дава интервју задолжително мора за тоа да го извести клубот. Seedorf ја заобиколил процедурата и да биде белјата поголема, неговото интервју се поклопило во термин со она на Berlusconi. G подоцна рече дека Seedorf ја прекршил процедурата на клубот со тоа што дал интервју без претходно да го извести клубот (задолжителна обврска за секој член на клубот) но „во интервјуто немаше ништо спорно и дискусијата завршува тука“.

ReBorned said...

Where Balotelli will play next season: percentages by Mediaset:
Milan: 30%.
Galatasaray: 25%.
Monaco: 15%.
Arsenal, Chelsea, Tottenham: 10%.

ReBorned said...

Ова морам да го споделам:

Во 2013 година Milan потрошил:
- 3.89 милиони евра за изнајмување на San Siro за сезоната,
- 4.3 милиони евра за храна и пијалоци за фудбалерите,
- 3.06 милиони за сместување на фудбалерите (кирии и сл.)
- И ПАЗИ СЕГА, Milan во 2013 година потрошил 11.4 милиони евра на скаути и спортски агенти.
Со ваков буџет и ваква незаинтересираност можат слободно да ја укинат последната ставка, G со 11 милиони може да направил цел нов тим од резервните фудбалери на Genoa и Cagliari. И така не користи скаутинг информации.

Ultras Milano said...

ЌЕСЕ убијам.
11 милиони?? не ме јеби бре? Кој го скаутирале? Бакаје Траоре? ја сваќам дека тука спаѓаат плати, бонуси, смештај, спиење, јадење, спиење ама 11 милиона?? ненормални пари се перат во Милан. Затоа сме до ова дојдени.

ReBorned said...

Ова ни треба во клубот!

Cristante's agent: "Cristante wants to become the future captain of Milan. We will talk with Milan about the player's future. He doesn't seem himself playing for another Italian club than Milan."

Ultras Milano said...

Ќе пишува некој пост?