Translate

Tuesday, 23 September 2014

Емполи - Милан!

Натпревар од вонредното четврто коло кое се игра нa Carlo Castellani во Тоскана. Противникот е повратник во Калчото после неколку години и со единствена цел опстанок во лигата. Без разлика на моменталните амбиции на двете екипи, ние миланистите потхранети од офанзивниот фудбал на Пипо во првите две кола очекуваме цел плен од нетолку едноставното гостување. Со малкумина познати имиња, и Верди, еден од производите и таленти од нашата школа, домаќинот ке се обиде да го запре засега најефикасниот напад во Серија А. 


Она што Пипо пробува да го стори последниве 2-3 дена е да им го избрише од глава на момците поразот од саботата. Само со победа вечерва може да се каже дека успеал во намерата. А она што е сигурно е дека промени во формацијата нема да има. Инзаги останува при неговата 4-3-3 со ситни промени. Наводно се очекува старт на Торес и ван Гинкел. Менез и Хонда како крилни напаѓачи. Де Јонг, Запата, Абате, Де Шиљо, и Абијати се сигурни стартери .Остануваат 2 недоумици, едната е Поли или Мунтари, додека втората е Бонера(?) или Рами. Без разлика на составот, натпреварот мора да биде добиен, не толку битно дали на сила, квалитет или техничка подготвеност за зачувување на позитивниот дух кој без сомнение е присутен во таборот.


Стариот и добар Милан не може да се врати преку ноќ, тоа на сите им е јасно, но патот по кој се тргнува и тоа како може да биде добра насока во продолжението на сезоната. Само континуитет, напорна работа, желба и ментална подготвеност и заеднички да се вратиме на врвот, таму каде што припаѓаме, за инат на сите.



Un anno di rabbia, per tornare grandi!! Oдиме!

FORZA MILAN!!!

14 comments:

ReBorned said...

Добар пост и убаво е кога некој некогаш ќе ги замени оние стандардните (на пример јас сега влегувам дома од работа и сега ќе пишував пост ако немаше напишано). Се надевам дека сите почесто ќе го практикуваат тоа.
Околу мечот, целосно се согласувам со она што е напишано во постот. Натпревар кој мора да се добие и поради тоа што противникот е екипа која ќе се бори за опстанок и поради враќање на позитивната атмосфера која спласна по целосно заслужениот пораз и тотално погрешниот пристап на дербито од саботата. Верувам дека Pippo максимално ќе го изработи оној емоционалниот дел и дека на теренот ќе видиме екипа која ќе биде гладна за успех и екипа која самата ќе тргне за да ги зема трите бода (нешто што беше очигледно во првите 2 кола) а не екипа која ќе чека шанса за да посегне по трите бода (она што го гледавме во саботата).
Искрено и без никаква помпа очекувам деби гол на Torres. Тоа што Honda ќе игра е огромен плус пред се за самиот Torres, нему му треба фудбалер кој знае да испрати топка со очи.
Верувам во пристојна победа од 2 гола разлика, 0-2 или 1-3.

Ultras Milano said...

Што е работава со Ел Шарави пак? секој втор натпревар само ќе го гледаме? И што прави Бонерот таму? Дали Пипо сака да покаже нешто или што знам. Рами си скрати од платата за да остане во Милан а седи на клупа. Ми се допаѓа тоа што Ван Гинкел ќе биде фрлен во оган веднаш, исто и Торес.
Очекувам тврд натпревар.

Navigator said...

Пост по мерка за вака краток период меѓу два натпревари. Во право си, Inzaghi деновиве направи се за да го неутрализира ефектот од поразот. Победа ќе значи ресетирање на гладта за што е можно повисок пласман, киксот ќе значи мини-криза. Pippo прави се како што поголемиот дел од нас би направиле и затоа толку брзо и лесно ни легна на срце. Но Bonera е мистеријата. Зошто пак тој стартер?? Ај да ја изгледаме утакмицата, па ќе бидеме многу попаметни.

Forza Milan!!

ReBorned said...

Некогаш разликата од тоа дали ќе победиш на натпреварот или не е едно Daniele Bonera. Рака на срце цела одбрана (освен Abate кој има СТРАШЕН почеток на сезоната и има ист број на асистенции како и Messi) и Muntari беа крш но тие фудбалери некогаш играат пристојно а некогаш потфрлуваат. Кај Bonera резултатот е секогаш ист! И секогаш игра!
Torres одличен! Honda и Menez се страшен тандем! Abate има чудо од сезона! Го имаме најдобриот напад во лигата и најслабата одбрана во лигата. Штета што не успеваме да ги затвораме мечевите со сигурни победи поради ваквата игра во дефанзива.

ReBorned said...

Скаутинг мрежата за млади таленти на Juve во овие неколку години е брилијантна! Pogba, Coman, искрено верувам и Rabiot следното лето а сега и ова

http://www.football-italia.net/56338/juventus-monitor-bayern-starlet

Без разлика дали ќе успеат да го земат или не, самото тоа што за секој млад талентиран фудбалер низ Европа кој е на истек на договорот секогаш Juve е една од екипите во прв план, зборува доста за нивниот начин на работа!

Ultras Milano said...

Стварно треба да се преиспита како тоа Рами не игра па и еден Мексес како не игра а не нивно место игра Бонерот. Колку што голови се дадоа по заслуга на Абате толку и прибивме по заслуга на Бонера.
За само 3 дена паднавме за неколку позиции и сме на -5 од Јуве и Рома.
Задоволен сум од Торес, Хонда и Менез кој сега за сега е играч број еден во нападот и организацијата на нападите во Милан. Комплетна слобода му е дадена да игра каде сака напред и да креира. Уште одбраната да се зацрврсти и добри сме.

ReBorned said...

Веројатно единствената идеја со старт на Bonera пред Rami е во тоа што Bonera се третира како фудбалер кој е малку послободен со топка во нозе и има подобри долги додавања од Rami кој е класичен робусен дефанзивец. Pippo сака нападот да почнува од задната линија. Не велам дека се согласувам со тоа велам дека веројатно таа е причината. Ако гледаме искрено Mexes е веројатно најдобриот дефанзивец во тимот кога станува збор за прецизни долги додавања напред но тој е во заден план поради неговиот карактер и поради тоа што договорот му истекува и ќе си оди.
Имаме криза во средниот ред, повредени се Montolivo, Saponara, Van Ginkel и Essien (сите освен Essien во аут по минимум уште 1 месец). Единствени здрави фудбалери од средината се De Jong, Muntari и Poli па затоа Pippo размислува да ја менува формацијата од 4-3-3 во 4-2-3-1 со Torres напред а Menez зад него на слободна AMC кој во напад ќе оди напред до Torres и ќе делува како 2 напаѓач а на крилата ќе бидат двајца од El Shaarawy, Honda и Bonaventura.

Ultras Milano said...

Не ќе беше лошо да го имавме Кристанте сега во тимот при оваа криза во средниот ред.
Мислам дека можеме да пишеме цел пост за нашите централни дефанзивци. Пример Запата е ужасен за испраќање долги топки, тој впрочем е ужасен и да му се даде топка од голманот бидејќи многу често завршува во нозете на противникот. Бонера и Мексес праќаат добри долги топки, додека пак Рами и Алекс се малце по рационални и го бараат најблискиот играч до себе.

Kole.22 said...

Од Мексес, Рами, Бонера, Запата и Алекс да се извади по една најдобра карактеристика и се добива Тиаго Силва... тоа е...

Ficho Kimovski said...

Пак глеам некои изјави на Берлускони у стил "Слушајте ме мене и растур ќе праиме" и се молам да не испадне Сидорф втор дел.

Инаку ќе падне ли Фабрегас викендов?
http://i.imgur.com/eQRqM9z.png

Најверојатно со Чезена од 4-3-3 идеме на 4-2-3-1 па да видиме што ќе биде.

Средината ќе биде посигурна така и се надевам на 3 бода.

Ultras Milano said...

Абате игра како препороден во нападот. Ги послушал советите на Берлу изгледа :D

ReBorned said...

Како што предвидов во еден пост пред долго време, Mastalli е капитен на Milan Primavera и токму во овој момент погодува за 1-0 против Pescara :)

ReBorned said...

И кога сме кај Primavera, вреди да се напомене дека веќе 2 меча во серија голот на Primavera го брани Gianluigi Donnarumma, помалиот брат на Antonio кој своевремено беше голман во младите категории. Но за разлика од брат му (веќе пишував за малиот), Gianluigi е далеку поперспективен во очите на сите фудбалски стручњаци во Италија. Малиот има само 15 години а е висок неверојатни 193 сантиметри и веќе брани за Primavera со своите 15 години!

ReBorned said...

Конечен резултат 4:0. Мастаљи, Ди Молфета х 2 (еден од пенал а другиот по асистенција токму на Мастаљи) и Локатели.

Малиот голман за кој пишував претходно одбрани пенал и ситуација 1 на 1 и после 2 кола во Primavera сè уште нема примено гол. 15 години.