Translate

Sunday 23 March 2014

Одиме кај што нè носи ветрот


Реално или не многу брзо почнаа шпекулациите за отпуштање на Seedorf. Холанѓанецот сè уште не  направил вдлабнатина во фотелјата со мерки на својот задник а веќе почнаа муабети низ кулоарите дека му се заканува отказ. И сето тоа наводно е врзано со следните 2 меча (Lazio и Fiorentina). Не знам колку има вистина во овие муабети но едно е очигледно, тимот после првичната еуфорија (која ја носи речиси секоја смена на тренерската клупа во било кој спорт во светот) се врати на претходната летаргичност и тешко излегува од таму. Clarence се обидува ментално да го крене тимот, се обидува да делува заштитнички кон Balotelli и се обидува да форсира некоја своја филозофија но ништо од тоа не носи резултати. Деновиве GDS излезе со колумна за тоа што (според нив) се најголемите проблеми во начинот на Clarence Seedorf:

1. По доаѓањето на Seedorf на клупата, тренинзите се извршуваат во попладневните часови а тоа според GDS е особено проблематично кога во тимот имаш многу млади фудбалери кои ги влечат ноќните вибрации на град како Milano. Најголемиот дел од тренерите во Европа практикуваат да имаат тренинзи во претпладневните часови.

2. Seedorf пред секој натпревар има посебни разговори со секој дел од тимот (одбрана, среден ред, напад) а нема разговор со тимот во целина па затоа (според GDS) тимот има проблем да делува компактно на теренот и тоа особено се гледа при спречување на противничките контра напади.

3. Неискуството на тренерот кое најмногу било видливо во гости против Napoli кога Milan одлучи да игра со висока одбранбена линија и лоши додавања меѓу дефанзивците, против една од најдобрите офанзивни екипи во Италија.

4. Според GDS, некои фудбалери во тимот не се задоволни од повластениот третман кој Mario Balotelli го ужива кај Clarence Seedorf. Balotelli упорно не игра ништо (не само во однос на она за што е платен т.е головите туку буквално најчесто се шета по теренот или се расправа со судијата и противниците) и упорно добива нови шанси. Надополнување, пред некое време (мислам дека беше еден од Costacurta или Boban) изјави дека Milan делува многу поопасно и игра подобро со Pazzini во тимот, отколку со Balotelli.

5. GDS има замерки и за (како што велат) играњето на Seedorf на фудбалерите на сосема неадекватни позиции. Abate стартуваше на AMR против Napoli за првпат после неговите тинејџерски години, Honda кој беше одличен во CSKA на AMC упорно е форсиран на AMR а Montolivo шета низ позиции. Кога сме кај шетањето низ позициите веројатно најшетан досега е Poli кој единствено нема одиграно како централен дефанзивец и напаѓач. Играше бек, во средина, на AMC и по двете крила.

За тоа дали и со колку точки ќе се сложите од она што е претходно напишано, оставам на Вас (ако некој го интересира мојата маленкост, јас повеќе или помалку се сложувам со точките број 2, 3, 4 и 5). Сум рекол неколку пати и ќе повторам, не сакам да го судам Seedorf со фудбалери кои „не се негови“ и во ситуација во која што е. Сепак, очекував некаков напредок (кој беше видлив на почетокот но како што реков, после секоја смена доаѓа до тој психолошки момент кај тимот).

Според последните шпекулации околу денешниот тим, конечно Pazzo ќе добие старт пред Balotelli и веројатно Honda ќе добие старт пред Taarabt (ако се прашувам јас ова е смешно, нема потреба Honda да зависи од неиграњето на Taarabt и обратно. И сакам Honda да игра на AMC неколку натпревари па после да донесеме заклучок дека не може да се снајде во тимот. Дури и ако тоа значи неиграње на Kaka). Urby повторно ќе стартува на LB (има ужасни, УЖАСНИ натпревари во дефанзива веќе неколку мечеви по ред и најголем дел од головите во последните неколку натпревари ги примаме по таа негова лева страна кога или директно греши и „излегува од игра“ или него никаде го нема па мора централниот дефанзивец да оди налево за да покрие и противникот постигнува гол токму во дупката која се создава во центарот на одбраната).

Веќе заклучивме дека сезонава е отидена во неповрат. Затоа и не одвоив многу време на конкретниот натпревар со Lazio. Ме интересира што Вие мислите за шпекулациите и тренерскиот (не) квалитет на Seedorf? Доколку се прашувате исклучиво Вие, дали би му ја дале следната сезона? Дали повеќе би сакале да го видите Pippo, Donadoni или некој трет на негово место? Сличните прашања можат да се употребат и за G...
Каде мислите дека оди Milan?

4 comments:

Anonymous said...

Скоро сите точки се внимателно анализирани меѓутоа во ваква ситуација каква што сме јас не би покажувал со прст. И дури и Хонда да изигра 5-6 натпревар на АМЦ каков ќе му биде придонесот не зависи од него. Во ваков тим каде што се оди надоле не се битни толку фудбалските квалитети на фудбалерот туку неговиот ментален склоп. Чисто сумљлам дека и Ибрахимовиќ и Меси и Роналдо да ги имаме во тимот ќе се вклопат во сивилото.
Околу смена на тренер да, сум за тоа. Спалети ми е омилена опција во моментов додека пак Сидорф може да остане во тимот како асистент или една од многуте работни позиции кои ќе бидат отворени летово во Милан.
Едно е сигурно, без јасен план, инвестиција залагање и темелни промени ништо не прајме.
Џабе ќе ни биде и нов тренер и нови играчи.

Kole.22 said...

Одамна не сум искоментирал за случувањата во овој Милан, па ке пробам да бидам концизен, а и морам некаде да се истурам.

Ајде вака. Пред почетокот на сезоната беше јасно дека нема да се трошат пари (тоа е друга приказна), и дека треба да го искористиме тоа што го имаме, со ситни промени.

А што тоа точно има(в)ме? Имавме тим пред кој стоеше ,,проект''и да бидам искрен, ланската втора полусезона ме натера да верувам дека тоа е вистински потег.

И како ја почнавме сезоната? Носејќи играчи без потреба, и молчење на реалните потреби и на слабите точки во екипата. Ова наметна една негативна енергија околу екс-тренерот и нормално е дека секој оној кој не спаѓа во категоријата врвни стручњаци, ке подлегне на притисокот.

Алегри, барем според учинокот кој го имаше, покажа дека не е во таа топ категорија. Повлековме со Сидорф како замена и очекувавме промени. Секој знаеше дека е тоа коцка, но мораше да се ризикува. Уште непристигнат на аеродром, најави 4-2-3-1.

Која е разликата мегу нив? Со Алегри немавме класична стандардна формација, измените ги правеше релативно доцна, игравме посолидни втори, отколку први полувремиња. Кларенс од првиот натпревар прави нелогични замени, испробува разни играчи на разни позиции, и како се ближи крајот на било кој натпревар, играчите се преморени и немаат сила за комплетни 90 минути, темпото драстично паѓа во вторите полувремиња.

ЗАПРЕПАСТУВАЧКИ е фактот дека до ова коло, не победивме ниту една екипа од 1-7 место, НИЕДНАШ.

Од прилично ефикасна екипа, не успеваме да шутнеме кон противничкиот гол неколку утакмици наназад.

Јасно е дека играме без натпреварувачки императив и сега и до крајот на сезоната, но кога секој ке научи каде му е местото, и кога некако магично ке сфатат чие знакче бранат овие циркузанти, тогаш можеме да се надеваме дека работите ке тргнат на подобро.

Да бидеме реални, овој фонд на играчи не смее да си дозволи да е на 12 место, 40 бода под лидерот, 10 бода над опасната зона.

Без да се впуштам во индивидуални анализи, уште повеке би го скратил и веке краткиот список на Curva Sud за оние што треба да останат.
Немаме управа, немаме тренер, немаме играчи, немаме публика на сопствениот стадион. Веке ми е доста од срамни статистики во секој поглед зачинети со непотребни изјави на некојси 'експерти' после секој натпревар.
Eдвај чекам да заврши сезоната и ги заборавам смешниве фаци разочарани од самите себе.

Мрш од мојот Милан!!!

Anonymous said...

Не го гледав натпреварот. Пропуштив нешто важно?

ReBorned said...

Не.