Translate

Tuesday, 11 March 2014

Натпреварот на сезоната!


Иако звучи излитено сепак тука се сумира досегашниот тек од сезоната. Или за многумина ќе бидеме очекувано елиминирани и ќе го возиме остатокот од сезоната во лер или пак ќе направиме бум во фудбалска Европа и ќе ги погалиме срцата на навивачите во црвено - црно. Верувам во позитивен резултат (мој тип 1-2) пред се поради тоа што на првиот натпревар одигравме речиси перфектно. Atletico не играше апсолутно ништо и само огромната среќа и нашата апстиненција пред нивниот гол ги донесе до победа. Нешто слично се случуваше и против Juventus. Иронично, Milan од клуб кој е вистинска смешка во дефанзива се претвори во клуб кој има проблеми да ги реализира мноштвото шанси на секој натпревар. Balotelli сé уште апстинира од голови и искрено се надевам дека тоа вечерва ќе се смени (иако не верувам во тоа, попрво очекувам гол од Pazzo или некој трет отколку од Balotelli). Тимот што ќе стартува е очекуван, во конкуренција се враќа Poli кој играше одлично на првиот меч.

Верувам дека можеме да го елиминираме противникот кој веќе сите го ставаат во следната фаза. Сме го правеле тоа во Минхен, на пример. Не се сомневам дека момците ќе го остават срцето на теренот. Дали тоа ќе биде доволно за пласман, ќе откриеме доцна во ноќта.

Forza Milan!

13 comments:

ReBorned said...

Essien ужасен!

Ficho Kimovski said...

На какво ниво го симнаа Милан :(

Види ова

STAT: AC Milan have won only two of their last 13 Champions League knockout games (D3 L8). They’ve failed to win any of their last seven away games in the knockout stages (D2 L5).

Се согласувам со Саки
"This Milan is not a team.They don't defend collectively and there is no logic.It's a sad moment for Milan and Italian football"- Sacchi

Ако не ги избркаат на клоци пола од кретениве у Јуни жими се ќе уништат голем дел од мојата желба да го следам Милан.
Па уште кога и ќе ми текне дека имам планови да одам на Сиро.....

ReBorned said...

Ќе треба голема одважност и сила за да ги завршиме ажурно сите постови до крајот на сезонава. Од сите.

ReBorned said...

Big words from Weah.. says he'd replace the whole Milan team and start from zero and says players in his time didn't care only about money.

Ultras Milano said...

Не очајувајте момци, Милан ќе се издигне пак, а кога зависи од луѓето кои не си ја вршат работата како што треба, а резултатите го кажуваат тоа.
Не е во наши раце тоа, нас ни останува само да ги гледаме и да се надеваме на подобри времиња.
Спалети е слободен агент. Чисто онака.

Ficho Kimovski said...

Со грешките што ги прави управата секоја година и упорно нема намера да ги смени јас не гледам како би се промениле работите.

Знам дека и летово ќе нема да се троши.
Знам и дека Галијани ќе има потешкотии да се ослободи од Траоре,Матри,Ночерино и слично.

Прееска видов слика од Галијани и агентот на Шиљо,Монтоливо,Поли у Мадрид па испадна вест дека Анчелоти го сака Шиљо у Мадрид и ако се случи ова дефинитивно клубов губи дел од реномето што го имал.

Ја би сакал да ме демантираат ама премногу лошо се организирани работите.

ReBorned said...

Еве завчера на таа слика Navigator рече дека зборуваат за Poli а не за De Sciglio.

Ultras Milano said...

http://www.football-italia.net/46363/milan-eye-alex-and-adebayor

Добар трансфер.....ќе беше ова пред 8 години кога и бевме првично заинтересирани за Алекс.

Ficho Kimovski said...

И Адебајор ама во 2008ма кога бевме заинтересирани за него.

Со секој потег се подоле и подоле го влечат Милан.

Ако си заминат Закардо,Мексес и можеби Бонера јас немам ништо против Алекс но ќе мора да се инвестира во ШТОПЕР кој ќе е светски потенцијал нешто како со Тиаго Силва(човекот никогаш нема да го прежалам)

Треба да престанат со Ачерби трансфери бидејќи не ја бива.

Се спомнува и Ранокија и искрено би го потпишал, сеуште мислам дека може да се спаси неговата кариера.

Тарабт и Рами би коштале 15 милиона во мај и искрено не знам дали би сакал Милан да ги откупи.

Тие 15 милиона можеби ќе значат we are fine as we are а мене ми е преку глава од тоа.
Неиграње лига на шампиони ќе биде изговор на финансиски план исто така.

Ќе има понуди за Балотели и тука не знам дали би останал Милан рамнодушен.

Левата бековска позиција штрчи веќе 6 години и абер немаат од оправање на истата. Јас сум сигурен дека јас ако бев некој што одлучува за трансфери во Милан ќе најдев асален лев бек па и последно да ми беше.

Абијати е веќе изгубен германец и треба и тука да се купува.

Има толку многу дупки у тимот а Милан не е финансиски кадарен сите да ги закрпи за едно лето а летово е пресудно за иднината на Милан.

Да сум на место на Сидорф ќе се консултирам со Инзаги и најспремните од Примаверата ќе добиваат шанса се повеќе и повеќе до крајот на сезоната.

Капак на се спортскиов директор на Верона има двоумица за тоа дали да дојде во Милан а мене он ми беше идеална замена за Браида.

Ultras Milano said...

Па нормално ќе има двоуимица кога почнува да сваќа со кој си има работа. Раководните луѓе кои ужасно лошо ја вршат својата работа. И да да знам Милан е Милан династија, победи бла бла знам јас и сите знаеме. Ама успехот и враќањето на победничките патеки нема да дојде ако се молиме на слободни трансфери од потрошени играчи и неквалитетни замени.

Ficho Kimovski said...

Па тоа и ме нервира бидејќи ако продолжиме со ова темпо тогаш никој од подобрите играчи нема да сака да дојде, еве и сега имаме проблем да привлечеме таков.

Јувентус првата сезона со Конте направи комплетен ремонт и започна многу добар проект за италијански услови, можеби не ги носи далеку во Европа сега за сега но ќе стигнат у успесите таму за некое време.

Без квалитетен менаџмент ништо од бизнисот, навистина не ми е јасно како досега не научија што и како треба.

Ficho Kimovski said...

Пукна филмот и кај Курва Суд и еве директно го спомнуваат Галијани како виновник за ова што се случува

NOW ENOUGH!
As a result of yet another disappointment resulting from this troubled season, and after mentioning a protest in December already, now we have decided that patience is over and we have identified those which, in the opinion of our fans love, are the crucial points that lead our Milan in this bad situation.
Let us return for a moment last summer, and especially at the time of qualification for the group stage of the Champions League. A few days after the end of the market, we explained our concerns and we proposed some "hints" to the company on what to do to strengthen the team. We explained on that occasion a banner that asked the company to take action on the defense and midfield and avoid the purchase, apparently useless, to Matri . The answer of dr. Galliani at the microphones of TV was clear and unequivocal: the fans are not in the market and those who do protest is only a small minority. To date, the facts speak for themselves, Matri was sold in January for its futility, and even more unnecessary market movements were made ​​(male) on defense and midfield. Milan's history has always been full of great samples and immense budget in terms of the market, and for certain characters was a godsend to bring home the "phenomena". Today, however, the story has changed and the economic hardship has led to a market of limited funds ... clearly mismanaged. We wonder, for example, how it was possible to send away Ambrosini who, besides being the captain, he was a strong voice in the locker room, and even more we wonder how it was possible to release Pirlo not to grant him a three-year on his terms .. . then in front of an engagement onerous as that of Honda two years later. Too many media players masquerading as champions, finished too many players that are brought to Milan just because they have a name that can appease the square. Today the results of this policy are wicked in the sight of all, Milan navigates to the first 37 points in the standings and is out of everything! Well, since someone has taken the responsibility to silence us long ago, it now takes the responsibility for this defeat and stand aside. Perhaps the wave of novelty brought by the entry of Barbara Berlusconi at Milan shook someone? Someone that instead of creating a network of observers and a youth height was engaged in doing business with the usual prosecutors who now seem at home in this company? The answer to all ills, from 2007 to the present, has always been: "We are the most successful club in the world." And behind this response is justified failures and supplies excellent, were built teams made ​​up of players overpaid despite the dubious value, they made ​​a mockery of those who really suffered for this lack of success, the Milan fans. We come now to the team, made ​​up of a few serious professionals, surrounded by a host of useless overpaid players, who as first thought to put photos from idiots on social networks and book a table for the beautiful night at the club. Similar sterile characters, perhaps they feel great champions, but in the field then prove to be worth little or nothing, this is the case they decide to change the air, and leave with a minimum of dignity this team. The accusations are evidently not served and the atmosphere is saturated. We are tired of being taken to the ass of spoiled children and pseudo samples. Would take example from real professionals like Montolivo , Bonera , Abbiati , Kaka , Abbot, De Sciglio , De Jong , Poli, Pazzini , to name a few. We hope that the new Mister Seedorf take serious action against such elements that no longer have any justification. Expect all the people Rossoneri at the entrance of the Box Sunday before Milan-Parma together to express our dissent. For years, we hear complaints, now you also proven to really love this team and affiancateci in this day of protest!
Always with AC Milan in the heart, The Executive Curva Sud Milano

ReBorned said...

И јас дојдов со намера да го споделам ова ама гледам дека веќе сте го сториле тоа. Подобро вака отколку да се продолжи со We are the most successful club in the world оти ете, веќе и тоа не сме. Овие изјави на G со кои години наназад се обидува да го амортизира неуспехот и да ги замачка очите на навивачите го доживувам како политичка кампања пред избори! И така сезонава е изгубена па било каква лоша атмосфера не може да влијае којзнае како врз позицијата на крајот од сезоната (и така многу не им се игра во Лига Европа па ако не стигнеме ниту таму нема да биде трагедија). Од друга страна ако се раздрмат работите уште сега можеби ќе има време до Јуни да се поправат!