Translate

Wednesday 26 March 2014

Без наслов и без повод


Да не се лажеме, единствената причина поради која се пишува нов пост во оваа веќе загубена сезона е желбата да се задржи неприкосновениот ритуал на пост пред апсолутно секој натпревар. Ми оди се потешко поради низа обврски и се надевам дека ќе имам пристојна помош од Вас, во финишот од сезоната.
G доби покана наместо од VIP ложата, овој меч да го следи од кабината на Sky поради заштита од повторен судар со домашните фанови (лани имаше непријатен инцидент на Artemio Franchi) меѓутоа тој го одби тоа па ќе си седи на истото место но домакинот му „донираше“ зголемен број на редари околу него.
Seedorf повторно ќе започне со 4-2-3-1 со тоа што Taarabt, Balotelli, Muntari и Abbiati се враќаат во првиот тим а Bonera ќе започне на RB.


Веројатно Марфи би бил во свој елемент ако доживееме пораз со гол (ови) постигнат (и) од Matri.

Forza Milan!

6 comments:

Anonymous said...

Ако тоа помогне во намерата Фиорентина да го откупи нека даде хет трик Матри.

Anonymous said...

Вака така, ја победивме Фиорентина и тоа на гости и тоа на моменти изгледаше дека овој тим не е 12ти на табелата туку дека се бори за титула

ReBorned said...

Уште еднаш се покажа дека на овој тим и покрај сите свои недостатоци, најголем недостаток му е недостигот на самодоверба. Особено во второто полувреме и особено по вториот гол фудбалерите играа многу сигурно, слободно и без грешки.

Kole.22 said...

И на лето ке треба да го пуштиме Матри за смешна сума гледајќи го последниве наптревари.

Kole.22 said...
This comment has been removed by the author.
Anonymous said...

Јас ќе пишувам пост за утре.