Translate

Sunday, 26 October 2014

Натпревар кој вреди злато!


Натпреварот кој вечерва ќе го одиграме против Fiorentina на San Siro е буквално еден од оние мечеви кои вредат злато! Синоќа Sampdoria одигра 0-0 со Roma и со наша евентуална победа вечерва, конечно стапнуваме на она посакувано 3то место (квалификации за ЛШ) и доаѓаме на само -2 бода од второто место односно од Roma. Дополнителен податок во наша полза е тоа што тимот на Fiorentina минува низ лош период, како резултатски така и во однос на повредените фудбалери. Rossi и Gomez се подолго време во аут а  нивната главна карика во средниот ред, шпанецот Borja Valero веќе 2 меча во серија е на клупа поради повреда и дури вечерва се очекува да стартува во средниот ред (фудбалер кој ни создаде многу главоболки во минатата сезона). Од друга страна доколку нема некои несакани повреди на последниот тренинг, Montolivo е единствениот фудбалер на кој не може да смета Pippo. Тоа значи дека во тимот повторно ќе стартува Don Keisuke!


Сезонава ја игра како вистинска нинџа! Неупадлив, тивок, повлечен, невидлив... и прв стрелец во Калчо! Постигна вкупно 6 гола на досегашните 7 меча. Постигнува голови и со двете нозе, од отворена игра и од слободен удар, па дури и со глава. 6 гола на 7 меча без ниту еден гол од пенал!


Кога сме кај него, се шушка дека Man City размислува да понуди сума од 18 до 20 милиони евра за неговите услуги уште во Јануари.


Веројатниот состав: постојат 2 недоумици, едната е на голот каде што првиот голман на тимот Diego Lopez е фит за да застане меѓу стативите, но Кичо имаше одличен последен натпревар против Verona со неколку извонредно важни интервенции. Втората дилема на Pippo е во нападот. Поради погоре наведените причини Don Keisuke е недопирлив па еден од El Shaarawy, Torres и Menez ќе мора да го почне мечот од клупата. Во средината ќе се продолжи со 3 фудбалери поради сигурниот настап против Verona, а по враќањето на одморениот De Jong таа игра во средината би требало да биде уште поцврста.

Кај гостите ќе треба да се обрати особено внимание на Cuardado и Borja Valero, како и на играта на Babacar во нападот кој е доста незгоден. Се надевам дека притисокот нема да ги изеде момците. Фантастична можност да дојдеме до 3то место, да дојдеме на само минус 2 бода од второто место и да му зададеме удар на директен конкурент за борбата за излез во Европа.

Forza Milan!!!

P.S Бонус: Нашиот сегашен тренер го постигна својот деби гол во светиот дрес токму против вечерашниот противник.

15 comments:

SendvicSoVegeta said...

Ииии, конечно се префрламе од ТЛ на блог.

Mario Prodanov said...

Ја па мислев на фб дека одиме :)

Mario Prodanov said...
This comment has been removed by the author.
Jakov Fendu said...

Иако овде е поавтентично, сепак мислам дека со разговорите кои ги водиме на твитер повеќе го популаризираме блогот. Кога сме кај Мунтари, не си ваљда сериозен? :)

SendvicSoVegeta said...

Може одвреме - навреме да пишуваме на твитер, ама гледам расте бројот на Миланисти па нема да можеме да пишеме ни два збора.
Иначе, Мунтари е толку нестабилен играч, што само Пипо знае како му се живците. А, да не бевме толку лоши во дефанзива на стартот, најдобро е да стартуваат Де Јонг, Монто и Џек.

Navigator said...

Добредојдовте сите! Мое мислење околу составот вечерва, особено офанзивниот... Би одиграл со SES, Torres и Honda од старт, колку нефер тоа да изгледа кон Menez. Кога SES беше на крајот на рехабилитацијата и кога ги бараше првите минути, а играта на тимот делуваше во ред, Stephan беше тој што чекаше на клупа. Слично и со Torres, се додека не беше фит, а немаше потреба од промени во екипата, тој чекаше шанса, останатите играа. Колку и да сум задоволен од Menez и неговите перформанси, денес не би ставил како стартер. Освен тоа, не сум љубител на постава без класичен напаѓач.
Во средината, барем денес, нема дилема. Со враќањето на Monti, Sulley ќе се пресели на клупа, но засега (за жал) е незаменлив. Bonaventura, слично како и Saponara го има проблемот со формацијата. За него оваа 4-3-3 формација е погубна: премногу дефанзивен за во навалната тројка, премногу офанзивен за средината. Можеби и сам не веруваше дека ќе биде стартер во Milan уште при преселбата, но сега со оваа формација уште помалку. За него4-2-3-1 е варијантата каде може да добие значителни минути. Ама за тоа, треба да покаже и нешто екстра. Одбраната втор меч во низа и иста, што е добро. Верувам дека ќе продолжат уште посамоуверено, иако Fio е тежок противник за дефанзивно консолидирање. Abiatti за мене е пред Lopez вечерва.
Udinese предмалку победи, така што ни треба цел плен за скок до 3тото место. Одиме момци!

FORZA MILAN!!

ReBorned said...

Држи вода муабетот на Navigator околу навалната линија. За да проработи Torres му се потребни натпревари. Menez (заедно со Honda) е нашиот најдобар поединец сезонава но многу често знае да претера со неговите соло пробиви. Од друга страна Torres можеби не е толку голгетерски расположен досега (иако и не доби некоја огромна минутажа) но одлично знае да повлече дефанзивци кон себе, сетете се на првиот гол на Honda по асистенцијата на El Shaarawy против Verona. Torres тргна на првата, левата статива и со себе ги повлече и двајцата Маркез и тоа му овозможи на Honda да остане сосема сам на втората статива. Не велам дека Menez не треба да добие шанса но можеби еден одморен и ултра брз Menez во 60та минута ќе направи поголема штета на изморената одбрана на Fiorentina.
Околу голманската позиција, јас сметам дека треба да стартува Diego Lopez. Кичо одигра одличен натпревар против Verona но од оваа перспектива сите забораваат на неговиот кикс против Чезена поради кој не ги освоивме трите бода. Сакам да кажам дека Кичо може да биде одличен но кај него секогаш виси оној момент кога ќе направи почетничка грешка која ќе ни одземе бодови. Од друга страна, Diego Lopez беше донесен да биде прв голман на тимот па дајте да му дозволиме да го прави она за што е донесен. Доколку сметавме дека Abbiati ќе биде добар како прв избор на голот, немаше потреба да го ангажираме и Diego Lopez.

ReBorned said...

Сето ова е мое лично размислување, во пракса најверојатна варијанта е со Menez, SES и Honda како стартери а Torres на клупа. Околу голманската позиција ситуацијата е речиси 50-50.

ReBorned said...

И во овој момент официјалните 11:

Abbiati; Abate, Alex, Zapata, De Sciglio; Poli, De Jong, Muntari; Honda, Menez, El Shaarawy.

Отприлика она што се очекуваше и се оствари она мало шушкање дека е можно Zapata да добие предност пред Rami поради тоа што е поподвижен и побрз фудбалер. Не знам дали е паметно константно да се менуваат централните дефанзивци особено кога Alex и Rami имаа 2 солидни натпревари заедно во серија.

SendvicSoVegeta said...

Како што гледаме, сепак Пипо ќе се одлучи за нешто побрз напад. Многу е веројатно дека ќе се чека на контри, со оглед на покреативниот среден ред на Виола - Матијас Фернандес, Аквилани, Куртич и Валеро. На голот е најголемата грешка на Инзаги вечерва, доколку е фит, таму требаше да биде Диего Лопез.
Среќно момци, одиме по трите бода!!! Dai Dai Dai... :)

ReBorned said...

Премногу камиказа игра на Запата за мој вкус. Се надевам дека во второ ќе бидеме посигурни со поседот на топката во чувствителните зони и дека нема да им дозволиме пак да не' притиснат. Немаа шанси ама не е убаво да се игра многу пред нашиот гол. Втор гол би бил идеален.

SendvicSoVegeta said...

Дечки, тоа е тоа. Изгубени златни бодови во типична калчо утакмица. Борбена игра, не баш убава за око и течна, и притисок до сам крај.
Иначе како најлоши поединци би ги издвоил Де Шиљо и на моменти Запата. Првиот е некако дезориентиран и немотивиран, а вториот е опасен по екипата кога ќе влезе во филм дека е Давид Луиз или Т.Силва. Исто, се надевам дека ова е последниот натпревар како стартер за Абиати, не смееше да прими таков гол, сигурно поинаква ќе беше реакцијата на Лопез, но што е, тука е... Одиме понатаму...

ReBorned said...

Проблемот е во тоа што неколкумина беа лоши а останатите беа просечни (со исклучок на De Jong и тоа не само поради голот). Немавме ниту еден фудбалер кој одигра одлично во офанзивниот дел и фудбалер кој ќе ја влече екипата напред. Honda беше невидлив, SES исплашен и со мала самодоверба а Menez себичен. Токму Menez имаше еден извонредно лош потег кога во контра го имаше сам Poli десно и SES во срцето на шеснаесетникот но се реши да шутира преку блок. Сето тоа се случуваше на 1-0 и којзнае каков ќе беше финалниот резултат ако асистираше. Немавме некои акции а голот падна исклучиво по заслуга на Gianni Vio (и нормално на фудбалерите кои сето тоа го изработија во пракса). Штета, фрламе бодови во натпревари во кои не сме надиграни. Чезена, Емполи, Фиорентина...

ReBorned said...

И уште еден збор за Pippo. Секоја чест на духот и стилот на игра кој го донесе во тимот но тајмингот на измените веќе му станува хронична болка. Не смееше да чека толку многу за да го стави во игра Torres.

Navigator said...

Пишувам нешто, многу кратко...