Translate

Friday 31 August 2012

МНОГУ ПОВОДИ, ЕДЕН ПОСТ!

    Не знам колку е паметно за еден навивач на Milan да пишува пост на преминот кон последнот ден од летниот трансфер период, ама сепак се случија неколку битни работи изминатите два дена кои не би смееле да останат не искоментирани. Освен тоа, постот во еден дел всушност треба да биде и preview за мечот со Bologna. Одиме по ред...



        Клубот и официјално го доби Bojan од Roma! Лекарските прегледи утврдија дека дечкото немал расипани заби, ноктите му биле сечени, не пушел, ниту пиел (освен шампањско за роденден). А дали личи на оној Bojan, кој едно време во Barca ни создаваше дилеми чиј потенцијал е поголем, неговиот или на Messi, многу веројатно дека ќе видиме уште во Сабота кај Bologna. Ако доаѓањето на Bojan беше скоро завршена работа,  многу поинтересно беше денес со информациите околу Nigel De Jong. Две години наназад, Allegri не убедува дека за да бидеш негов DMC, треба да бидеш фудбалски убиец. Е овој, богами е сериски, со досие. Ако утре се покаже и здравствено, деструктивните намери на Max ќе доживеат кулминација. Потегот го оправдувам, сериозно, ни беше неопходен играч на таа позиција, а дали тоа требаше да биде креативец или џелат, ќе покаже времето. Тоа што никој не може да го негира е генијалноста во зделката. Стопати си се прашав сам себе: која е таа будала што дозволи продажба на играч како NDJ за толку малку пари? Околу другите шпекулации, останува онаа со Kaka. И добро е што има уште само еден ден од трансфер периодов оти што е многу, многу е. Ми се чини дека ако се врати во клубот, никој веќе нема да го вика Kaka. Името негово ми одѕвонува во глава! Толку многу пати го прочитавме тоа име, што сум сигурен дека ќе му измислат милиони прекари. :) Шпекулаторите вртат уште можен трансфер и тоа за покривање на најболната позиција – лев бек. Споменати беа: Antolelli, Peluso и Kolarov. И да не заборавиме, утре е последниот ден за уште едно големо засилување – заминувањето на Mesbah.

       Ждрепката беше добра! Немаме мега дуел, ама противниците не се екипи против кои можеш да се опуштиш. Баш она што ни требаше. Ако јачината на D групата е 9 од 10, нашава е некаде измеѓу 4 и 5. Задоволен сум ептен од противникот од третиот шешир, затоа што Anderlecht сезонава е бааги ослабена екипа. Ги гледав двапати сезонава (кладилница) + прво полувреме вчера и изгледаат растурено, недисциплинирано, хаотично. Не сум за доволен од Zenit, ама како на крај останаа тие и City, се прерадував на русите. И нив ги гледав двапати, еднаш тепаа многу комотно, еднаш изгубија од Rubin. И на двата натпревари беа доминантни, многу повеќе посед од противникот, го контрлираат мечот, нападот и е опасен, ама одбраната е решето. Тоа е екипа што ако ја нагазиш од старт, ќе ја чуваш мирна, ама ако не покажеш заби, ќе те изненадат, нормално ако си фаворит :) Malaga ми е тешка дилема. Требаше комплетно да се распродадат според најавите, ама решија да задржат нешто и сега се ни ваму, ни таму. Имаат сеуште солидни поединци и тоа е всушност главната опасност нивна, одат на индивидуални потези кои можат да решат натпревар. Не верувам дека ќе имаат сила да играат на два големи фронта и тука можеби ќе се преломат бившите арапски миленичиња. Тоа ја прави групата едноставна за прогноза – ние поминуваме како први, Zenit како втор. Исто и распоредот ни е одличен. Почнуваме со Anderlecht дома, па одиме во Русија и Шпанија.

       Во Сабота доаѓа многу важен меч. За нас, комотно може да се каже дека е нов почеток. Уште еднаш, неколку години во низа управата буквално го жртвува првото коло. Екипата што игра во стартното и колото после 31ви Август има толку многу промени што тоа не личи на ист клуб. Па формација сме менувале во рок од едно или две кола, заради сите тие операции во последен момент. И кога сите нормални клубови го знаат костурот на екипата уште пред почеток на сезоната и тренерот воигрува познати играчи, ние се правиме интересни со last minute captures. И нормално, никој не жали за поразот во жртвеното коло и уште понорамално, сите тие спасоносни потези се благодарение на милоста на Berlusconi. Ништо, менувај тактика, досадно е веќе. 
       Добро е што викендов не пречекува една од играчки најслабите екипи. Bologna уште трага по лидер во нападот, откако Di Vaio им кидна во Канада за да не го гонат во Scommessopoli. Денес беа блиску до Gilardino, ама уште ништо официјално. Си го дадоа и Mudingayi на позајмица и сега останаа со само едно позвучно име – Diamanti. Дури и единствените двајца прави напаѓачи, Pasquato и Gabbiadini, се позајмени играчи. Portanova и Perez (стандардни првотимци) им дисквалификувани за ова коло. Екипа по мерка за нашиот почеток на сезоната. Иако сеуште нема информација за повиканите играчи, може да се претпостават најголемиот дел од стартните 11. Abate е тешко веројатно дека ќе биде доволно фит, па за очекување е втор старт во низа за De Sciglio. Zapata ќе биде стартер во Сабота, заедно со еден од дуото Bonera-Yepes, а лево неприкосновениот Nini :) За очекување е и една ротација во средината, со тоа што Montolivo би отишол лево, Noce десно, а капитенот како последен везен, доколку е доволно здрав. Boateng повторно на CAM, со опција за прекоманда на RW, особено ако резултатот е негативен. Јас лично го очекувам Bojan како втор напаѓач, позади Pazzini, иако знам дека е пореално да го видиме SES на таа позиција. Како и да е, кој и да игра, што и да се случува, се освен победа ќе биде исклучително незгодно и во смисла на атмосфера и во смисла на пласман. Титулата не се добива во Септември, ама шампионската игра, тим и успех се градат цела сезона. Нека се знае дека новиот Milan оди на ново Скудето!

Siamo un Milan diverso ora, ma siamo sempre il Milan!! 
FORZA MILAN!!!



14 comments:

ReBorned said...

Одлично склопен пост кој покрива неколку различни теми. Браво!

Кога синоќа прокоментирав дека ќе спрема нов пост добив совет да почекаме и денес па потоа да напишеме пост. Одговорив, дај боже да пукне некој трансфер во последен момент од типот на Ricky или еве нека е и Peluso (кој е измислен лев бек за сите оние кои сега се во опција) па на драго срце ќе посветиме уште еден пост :)

Сликата за тимот полека се комплетира иако сите сме сложни во тоа дека оваа пракса на купување на last minute фудбалери колку е возбудлива од една страна толку е поразителна во однос на стартот на сезоната, од друга. Едно коло веќе е жртвувано, друго можеби, а зад вратата сè и првите натпревари од ЛШ а ние допрва го комплетираме тимот и допрва почнуваме да развиваме дискусии за можна формација со која тимот би играл, во период во кој останатите екипи веќе ја имаат дефинирано својата игра!
Сепак, тоа е Берлу, тоа е G style и излишно е се друго.

Јас лично очекувам De Jong да биде massive improvement. Таков тип на фудбалер по вокација, одамна не сме имале во тимот. Ако сакате, не сме имале после најдобрите денови на Gattuso. Конечно фудбалер во тимот кој нема да трча паралелно со противничките фудбалери (Nocerino) туку едноставно ќе им ја одземе топката! Конечно фудбалер кој нема да ги остави противничките плејмејкери и офанзивци мирно да ја плетат мрежата околу нашиот гол.
Околу цената, De Jong е веројатно топ 5 DMC во моментов во Европа! Тоа само по себе зборува дека 3.5 милиони евра сè премалку за таков фудбалер! Браво за G и Braida!

Со Bojan добиваме опција плус во навалната линија, централно и странично. Добиваме млад фудбалер кој знае да биде непредвидлив. Добиваме и фудбалер со разнишана самодоверба и треба ние да му дадеме чувство на сигурност за тој да ни даде резултати.

Со овие две аквизиции, особено со онаа на De Jong, полека но сигурно можеме да шараме со формации. Прва опција е онаа стандардната 4-3-1-2 но сега со De Jong како последен играч за врска со што сè овозможува Montolivo да тргне понапред, лево или десно. Друга варијанта е класична 4-3-3 во којa De Jong би играл централно а Montolivo на една од неговите две страни. Трета варијанта е формацијата со т.н double pivot во која Montolivo може да брилјира кога постои некој што ќе му го чува грбот а тешко може да се најде фудбалер кој му е достоен противник на De Jong во таа класификација. Тоа е формацијата 4-2-3-1 во која централно ќе оперираат токму Montolivo поддржан од De Jong.
Значи многу комбинаторики, многу математики. На крајот како и секогаш, најважни се резултатите на теренот. А сега G потврди дека очекува подобри резултати (во најмала рака борба за титула). Факт е дека не е баш сè идилично меѓу Алегри и раководството после некои негови изјави но факт е и тоа дека Мах е еден од ретките менаџери на Милан кој имал храброст да го дигне својот глас (иако тоа го прави доста суптилно). И веројатно на крајот на краиштата, најголем факт останува тоа дека ако Мах не го кренеше својот глас немаше ниту да добие солидни фудбалери!

Сега се надевам дека ќе успееме да избориме каква-таква победа против Болоња а потоа по репрезентативната пауза ќе можеме да ги дефинираме некои финеси во тимот и верувам дека потоа ќе биде подобро. Ова утре повторно ќе биде непријатно за гледање.

Денешниот ден можеби ќе помине мирно а можеби и не. И покрај тоа што многумина очекуваат трансфер на Рики, новинарите тврдат дека евентуалната аквизиција би дошла на позиција на лев бек и потенцираат дека тоа нема да биде Dossena. Еден Peluso би бил пак massive improvement за она што во моментов го имаме таму за разлика од Dossena кој иако офанзивно е подобар од Nini и Mesbah, дефанзивно веројатно е тука некаде. А веќе сме преполни со fodder фудбалери, ако нешто се купи, нека биде тоа квалитет за првите 11 во тимот.

ReBorned said...

И доста зборувате со прекари како убиец, касап, џелат и слично! Bitch please! Човекот има само 1 единствен црвен картон во својата кариера, во дресот на Хамбург против Рапид Букурешт (2 жолти, вториот поради приговор)!

ReBorned said...

Ама како добро го наместија B&G Алегри, му го донесоа Де Јонг и му велат: Сега нема оправдување, мора да се оди на титула!

Како да го очекуваат да падне...

Anonymous said...

Нема да има лутење ако ја ставам сликата од денес наместо оваа матнава така?
Иначе Габиадини е најдобар стрелец во U21 играше во Аталанта Јуве го купија него и го позајмија во Болоња или грешка сум?

Anonymous said...

Планирам пост деновиве околу конечниот состав од 32 играчи, кој дошол кој си заминал и така натаму.

Anonymous said...

Го гледам составов на Малага...
Камени,Демикелис,Тулалан,Дуда,Мареска,Жоакин,Баптиста,Портиљо...и во последниот ден ги земале Санта Круз, Савиола и Онијеву.
Не се толку лоши мада мислам дека нивното неискуство во ЛШ ќе биде пресудно и дека нашиот двомеч со Зенит ќе биде клучен за кој ќе биде прв а кој втор во групата.

Navigator said...

Дефинитивно воведуваме primavera section на блогов! MILAN v Verona 3:2 и тоа со коплетен пресврт! BRAVO RAGAZZI!!!

Anonymous said...

Сперанца нека го префрлат во прв тим, со Антонини и Месбах и повреден Дидак ништо не прајме супер левица има дечкото.
Де Фео е одличен техничар а начинот на кој кристанте ги освојува топките е незнам...
Ајде вечер јако!

Navigator said...

ANDIAMO RAGAZZI!!!

Navigator said...

PAZZO DI MILAN!! VAI RAGAZZI, VAI!!

ace1899 said...

PA3333333OOOOOOOOO !!!!!

ace1899 said...

Браво за Матија #2, горд сум што иаме таков талент у тим,наш производ, гледам светска класа у него и се надевам дека ќе има блескава кариера. Боа само да го намести нишанот ќе биде многу добро и еве вака да си се препородат тие шо треба и ќе тераме некако сезонава. Играта реално беше не многу различна од ова со самп,уште лутаме на терен,ама сеа 3 бода се 3 бода ние требаа вакви такви ко лани со удинезе барем да се подобри психолошкиот момент. Она што многу многу ме загрижува се повторно повредите,нема смисла тоа милан лаб треба шамари да летаат таму.Да се донесе викам ја сара карбонеро од челзи,силвио лично да преговара..

Нека е аирлија момци првава победа сезонава и да се множат !!!

Anonymous said...

Сара Карбонеро е женска му на Касиљиас ТВ презентерка незнам каква работа ќе ни заврши таа :)
Ева Карнеиро ни треба на нас :D

ace1899 said...

И ДВЕТЕ БЕ ! :)