По последниот бран дерби натпревари (Јуве, Рома , Барса) со две нерешени и една победа дефинитивно можеме да бидеме задоволни. Јес да одпаднавме од домашниот куп ама таму ситуацијата веќе беше позната по првиот натпревар дома.
Катанија не се воопшто наивни, атакуваат место за во Европа Лигата место кое му го држат на нашите комшии кои ќе се обидат со тренерот на младинската екипа наводен Страчатели или некојси друг вид сладолед не го запаметив да испливаат од калта во која се наоѓаат.
Ако сакаме 3 бода утре ќе треба многу да се испотиме за да ги добиеме, не само што ќе биде тешко да се постигне гол туку и треба да се обрне внимание на нивните контра напади. Лоди е главниот човек за постигнување голови. Ги следев минатата недела кадешто од загубена ситуација на гости во Неапол успеаа да се вратат од 0-2 а нивната домашна форма сигурен сум дека ви е позната.
Squad: Abbiati, Amelia, Piscitelli; Abate, Antonini, Bonera, De Sciglio, Mexes,Zambrotta, Yepes; Ambrosini, Aquilani, Boateng, Emanuelson, Gattuso, Merkel, Nocerino; El Shaarawy, Ibrahimovic, Maxi Lopez, Robinho.
Бонера, Аквилани, Сидорф и Ибра доколку добијат жолт кратон ќе ги нема против Виолетовите и познавајќи ја борвеноста на Бонера, глупавоста на Златан и последните фаули на Аквамен против Јуве ништо чудно и тоа да се случи.
Сепак мислам дека треба да видиме уште еднаш каде се наоѓа Фиорентина на табелата и дека еден напаѓачки мизерен Јувентус успеа да и збрца петарда на нивни терен.Нашата форма на гости (најдобра во целата лига) доставетува што значи утре нема што побрзо дадеме гол, тоа полесно ќе го добиеме натпреварот.
FORZA MILAN !!!