Translate

Saturday 6 August 2011

IL PRIMO TROFEO DELLA STAGIONE!!!

17 comments:

ReBorned said...

Очајно прво и одлично второ полувреме!
Незнам што кажа Мах на полувреме ама во вториот дел некоја нова екипа истрча на теренот.
Seedorf беше движечка сила во вториот дел. Сметам дека со овој состав ќе можеме повторно да го задржиме аблемот со 3 бои на средината од дресовите и следната сезона.
Сепак, за поголема партиципација во ЛШ очајно ни се потребни барем 2 квалитетни фудбалери од средината на теренот.
Најново, The Gold Tie Hero се сретнал со Perez и му дозволил да му ја допре златната врска. Како бескрајна благодарност поради доживувањето на Нирвана по допирањето на познатата врска Perez го понудил Kaka на free loan за следната сезона со buy out клаузула зацементирана на 13 милиони евра! Нашиот Prodigal son ќе заработува 5.8 милиони евра + 50 % од image правата на неговото име.
Сеуште сметам дека ова е резервната варијанта на G доколку не успееме во првичната цел (Cesc).
Ricky + Montolivo (со Cassano во Viola) е веројатна варијанта за фото-финиш...

Anonymous said...

За жал (или за среќа) го гледав само второто полувреме и одигравме баш машки,стабилно како и впрочем во поголемиот дел на оваа сезона.Комшииве изгледаат загубено сега за сега, распашана команда нешто како со Бенитез на стартот уште пробуваат формации, а и џабе им се фараони коа кај нас е малиот и вистинскиот фараон :Р
Што се однесува до пазарот...Се би прифатил, Аквилани, Монтоливо, Цеск, Гансо...ама враќање на Рики....не...видовме каков фејл беше враќањето на Шева, да не се повтори.
Иначе тоа последното што го видов со Пато и Барбара постирано 2 поста подоле ме потсеќа токму на Шева и неговата врска со Берлу, односно кумството на Берлу со синот на Шева, тоа ми влева сигурнист дека Пато ќе остане кај нас долгу години и најверојатно ќе биде продаден во вистинскиот момент во Реал или Барса :)

ReBorned said...

Thiago Silva:
"Against Inter in the first half we played with a little ' of fear. Allegri Then came in the locker room and told us to "remember that we won a difficult championship and we can reverse this game" . He gave us incredible confidence. When we returned to camp seemed to another team, but they were the same players ". Allegri was therefore decisive for the final, winning his second title as coach of AC Milan.
Она што го зборував, се чувствуваше во второто полувреме дека нешто моќно и мотивирачки било кажано во соблекувалната....

Navigator said...

Што мислите за новото позајмување на Paloschi? Нели требаше конечно да остане една сезона во првата екипа? Да, има голема конкуренција во нападот и уште 20 дена за евентуани нови напаѓачи, но неможеме вечно да ги криеме младите играчи од поквалитетните играчи. Јас мислам дека ова не е добар потег. Milan секогаш ќе има врвни напаѓачи во составот, така да незнам кога ќе дојде правото време за него. Ако во услови кога Borriello беше прв напаѓач, а ниеден младинец не доби шанса, не гледам теоретска шанса за сега при четворица големи ѕвезди да сврстите млад офанзивец во тимот. И знам дека е млад, нема ни 22 години, ама негови врсници се веќе капитени на нивните тимови. Беше најнапредниот младинец во екипата, па ако за него нема место, јас реално неможам да очекувам пробивање на нова млада сензација оваа сезона. Не ја негирам политиката на клубот за силна екипа што ќе треба да брани првенство и да напаѓа европски куп, но зошто Paloschi да не биде дел од таа шампионска екипа? El shaarawy би имал поголем ефект од Paloschi? Хмм, чисто сумљам...

FORZA ALBERTO, FORZA MILAN!!!

ReBorned said...

Најверојатно трајно ќе заврши во Chievo...
Имаат опција...

ReBorned said...

И уште нешто...
Знаете дека е можно да има lock out во Calcio сезонава?
Беше само најава но сега веќе станува сериозно.
Сите капитени на сите екипи од првата лига доставиле петиција до Abete и федерацијата дека сите фудбалери од првата лига во Италија ќе стапат во генерален штрајк и нема да го започнат првенството доколку федерацијата не го повлече спорниот закон кој претходно го донесе под притисок на најголем дел од клубовите а според кој ќе се спречат идни Пандев, Касано и слични случаи... имено според овој закон секоја екипа има право да изолира свој фудбалер, да го ослободи од обврските или да го одвои од тимот и сам да тренира доколку сака да го продаде а тој не сака да си замине од тимот.
Тука сум со фудбалерите. Иако ние конкретно како тим сме пателе од договори на стара слава и сл. сепак тоа се живи луѓе и неможе ниту смее со нив да се постапува како со робови!

ReBorned said...

И само да се надополнам околу Paloschi.
По него сега тимот ќе го напушти и Cassano, се прави место ;)
Drogba, Balloteli или Adebayor од трет план...
Drogba или Super Mario e многу веројатно според мене...

CurvaSud_Milan said...
This comment has been removed by the author.
CurvaSud_Milan said...

Дрогба е еден од оние играчи кои сум ги мразел од дното на душата! Стварно не би сакал да го видам во Милан. Искрено Касано мислам дека има уште многу да понуди, не прави мн проблеми што не игра често, т.е. што не е во првиот тим, има повеќе квалитет во него и незнам зашто би го смениле за Дрогба.

Во однос на Балотели, можеби има повеќе да понуди Балотели, но погледнете го што прави цело лето, и сезоните наназад! Исти Касано ама пред 10 години! Сега Касано е конечно созреан и такви проблеми нема да имаме. Стварно не ја гледам логиката на овие две комбинации, можеби дека Дрогба е класичен страјкер, како Ибра, ама па Балотели?! Незнам, што е до мене јас би го задржал Касано!

Згора на се, италијанец е! ...и вечер е стартер! FORZA MILAN! FORZA ITALY!

Navigator said...

Тоа што Cassano е вечер стартер е само еден од многуте проблеми во италијанскиот фудбал. Ако тој Cassano што неможе да се избори за првотимски статус во својата екипа е прв напаѓач на репрезентација што пред 5 години беше светски шампион, тоа е мизерија. Знаеш кој навивач сум на италијанската репрезентација и колку ме боли што ова го зборувам, ама така е. Жал ми е за тоа што никогаш докрај не го искористи својот талент, но Milan не е средината каде некој 28- годишњак треба допрва да се развива. Cassano почна да ме потсеќа на Пандев: спор е, недостатокот на брзина пробува да го надокнади до асистенции но игра премногу повлечен инаку нема да успее да добие топка, пречесто игра со грб кон голот и одбегнува превземање на одговорност.
Нас ни треба пргавост, брзина, креатива. Нас ни треба уште еден Boateng во екипата кој ќе игра како напаѓач. Во Balotelli го наоѓаш сето тоа плус две компоненти: извонредна техника и млад идиотски ум (ако воопшто го има). Ама немојте да зборавите дека дури и за него постојат авторитети. Јас сум уверен дека Ibra е еден од нив. Mario би бил далеку посмирен кога би играл со Homovic.
Инаку какви натпревари има вечерва, да незнаеш што да гледаш. Јас, нормално, би го гледал дуелот на последните два светски шампиона :)

FORZA MILAN, FORZA ITALIA!!!

Anonymous said...

http://www.youtube.com/watch?v=UZVeaoe31PM&feature=relmfu

да се надоврзам на муабетот...

ReBorned said...

Едноставно не смее да се влечка уште со стомак во Milan после една година! 9 Месеци не може да го симне стомакот!!! Беше суспендиран од тогашната екипа, во ред! Дојде во Јануари го чекавме до Јуни не се врати во ритам, дојде последен од летните одмори (кога сите очекуваа да се врати меѓу првите зошто е со најлоша кондициска форма) во уште полоша состојба. Сега треба да го чекаме до Февруари за да дојде барем до ПРИСТОЈНА натпреварувачка форма?! Не, благодарам!
Нека учи од Zlatan за тоа како треба да изгледа еден фудбалер кога ќе се врати од летните одмори!

ReBorned said...

Еве интересна работа околу Il Pharaone...
Неговиот агент вели дека Milan се обидува да му „врзе“ мускулна маса на неговото тело и поради тоа засега не го користат на теренот. Агентот смета дека Il Pharaone нема многу често да добива шанса сезонава во Milan но дека тимот се фокусира силно на него и тој е сигурен дека SES92 ќе направи големи работи со овој дрес во иднина...
Од друга страна неговиот поранешен тренер во Padova во едно интервју вели: „Паметам дека не го знаев тоа момче но уште по првите неколку одиграни натпревари се сеќавам дека му реков на мој познаник, ова момче ќе игра на СП 2014“

ReBorned said...

Italia пренос на Rai Uno.
Montolivo е стартер и засега е одличен, во една акција заедно со Cassano им ја сокрија топката на светските шампиони во една контра. Каков шут и статива на Criscitto!!
Italia ги напика во шише светските шампиони засега.
Ќе повторам, внимавајте на Montolivo. Cassano е капитен :)

ReBorned said...

MONTOLIVOOOOOOOOOOOOOO

Anonymous said...

Montolivo & Rossi ->
<- Cassano

Navigator said...

Значи Cassano е друг играч кога игра за репрезентација. Ако седне да чита некој што нема поим од фудбал што сме пишувале денес, ќе си речи дека ова е собир на идиоти :) Италија игра на ниво на светски шампион, далеку подобра од противникот, со едно 6-7 убави шанси за гол. А пеналот беше на место, чист фаул... NOOOT!
Очекувам краен резултат 3:1 :)

FORZA CASSANO, FORZA ITALIA!!!