Translate

Saturday 5 March 2011

DOUBLE D-DAY!!!

     Какво време дојде, да неможеш да одлучиш кој е поважен меч, кое натпреварување е приоритет, кој играч заслужува повеќе стартови од останатите... оние фанови со барем десетина  години росонерски навивачки стаж или подобро кажано, оние што почнале да го следат клубот во ерата на Ancelotti, сигурно не се осеќале вака добро во текот на целата сезона..можеби постарите од нив, момците што имале можност да ги гледаат тимовите на Sacchi и Capello, би можеле да потврдат дека ова е тимот припреман за титула..и не само за една, туку за доминација..нешто како ова што ни се случува пет години наназад, но овојпат таа низа би почнала регуларно, без скандали, природно во смисла на тоа дека работите ќе си дојдат на свое место..овојпат новиот шампион нема да добие бодовна предност, ниту предност во обезглавување на најтесниот круг конкуренти..и на крајот на краиштата, добро е Milan што го има блиску зад себе градскиот ривал кој редовно ќе му ја јаде прашината..
     Целата оваа приказна за скандалите и местењата, (не)регуларни првенства и (периодов актуелните) злосторнички здружувања :), недвојбено потсетува на еден клуб, најголемиот губитник во италијанскиот фудбал последната деценија - Juventus..иако со далеку помала омраза кон нив после сето тоа што им се случи и им се случува сеуште, неможам одвреме-навреме да не се пошегувам со некој фан на Juve за сезоната мината во Serie B, за моменталните резултати и за безуспешните напори кои управата ги прави за да го врати клубот на врвот..повеќе од очигледно е колку еден така голем клуб може да зависи од еден човек..отстранувањето на идиотот Moggi од фудбалот во Италија, значеше потполно нестабилна иднина за Juve и период во кој клубот мора да бара замена за незаменливиот..можете да замислите што би се случило со Milan ако утре Uncle Fester неочекувано си замине...
     Во пресрет на "најдоброто од Италија", на дербито на најголемите италијански клубови постои огромна напнатост..не дека постои којзнае колкава омраза (сега повеќе заедно го мразиме prInter, отколку што се мразиме меѓусебе), туку последиците од вечерниот резултат може да бидат огромни..домаќините ќе се борат за пресвртница во нивната кампања, обезбедување на место во европските купови (макар тоа било и ЛЕ), а можеби и сламка за спас за Del Neri..од друга страна, од Милано доаѓа еден екстремно опасен состав кој сака да го докрајчи великанот или ранетот ѕвер, како што Allegri сака го нарекува вечерашниот противник..ја знаеме сите силината на Juve, а и од искуство ја знаеме и желбата да се добие ривалот кога сме во незавидна позиција..минатите наши сезони можат сами да не научат како вечерва би се однесувал противникот..иако Massimo нема искуство во водењето на големи клубови, сигурен сум дека знае што му спремаат на најмрачниот стадион во Италија..
     Со дербито во мислите и Лондон низ нив, момците вечерва најдобро можат да докажат дали во нив има таков потенцијал, за каков сите ние веруваме..и не дека со евентуален неуспех го губиме Скудетото и се пропаѓа во вода, но само да замислиме како ќе се осеќаат сите во клубот после победа во Торино..дали нешто воопшто ќе може да ги скрши или некој да ги надигра? како тогаш ќе изгледа борбата за титулата? како Totalhate ќе не пречека на реваншот?
     За се ова да се оствари и да изгледа пореално, Max им а на располагање 21 играч: Abbiati, Amelia, Roma; Abate, Didac Vilà, Jankulovski, Nesta, Oddo, Papastathopoulos, Thiago Silva, Yepes; Boateng, Emanuelson, Flamini, Gattuso, Seedorf, Van Bommel; Cassano, Ibra, Pato, Robinho..лично не би се осудил да ја прогнозирам првата постава, со оглед на тактичките игри при комбинирањето на состав кој ќе брка негатива во Лондон за некој ден..во секој случај, тука и денес паѓа одлуката за приоритетно натпреварување и најпосакувана титула, иако тоа не значи откажување од двете..победата над Juve, расчистува многу, а дополнително кикс на комшиите значи Скудето..редно е да му поклонат на Berlu домашна титула во јубилејната година!

FORZA CAMPIONI!!!

13 comments:

ReBorned said...

Але имал грип неколку дена и не е сигурен за во стартните 11 иако Мах се чиси сака да го игра како стартер.
Има дилема и на АМС, дали Бињо или Боа како и напред дали да се започне со Златан или со Касано поради тоа што Златан имал некое истегнување на грбот а и да биде свеж за Тотенхем.
Се' на се... многу дилеми. Одбраната е јасна, ќе биде истата која што играше против Наполи, средниот ред е истиот од претходноспоменатиот натпревар (освен ако Боа игра на МС па тоа да направи некакви претумбации)... нападот е дилема.

ReBorned said...

Abbiati; Abate, Nesta, Thiago Silva, Jankulovski, Gattuso, van Bommel, Flamini, Boateng, Pato, Ibrahimovic .

CurvaSud_Milan said...

Момци настрана утамицава имам едно прашање до вас, поточно до тебе Ри затоа што си активен највеќе по странскиве форуми и имаш највеќе информации па можеби ќе можеш да ми помогнеш.

Значи јас се спремам со уште двајца другари да одам на дербито со Интер, во сопствена режија со кола.

Најголем проблем секако ќе биде да се обезбеди карта. Јас се спремав преку интернет да купам, затоа што тие што се на интернет се само за странски државјани и неможе италијанец да купи онлајн карта, но денес излезе информација на веб страната дека карта ќе можат да купат само оние кои имаат cuore rossonero card, која патем ја поседуваат и странци, не само италијани, што ќе каже дека најверојатно ќе немам пристап и до тие карти што ќе бидат на нет.

Моето прашање е како и на кој начин би можело евентуално да се стигне до карта, да дадеш некој ум :)

...тие cuore rossonero card колку што можев да прочитам се продаваат пред почетокот на сезоната, и евентуално ако има мала продажба пуштаат нешто и на полусезона, меѓутоа, веројатно сега неможам никако да ја набавам.

...по мое сега единствен спас ми е да најдам некој што има таква карта а нема да иде на утакмица, па да купам во негово име карта, ама па може да се искомплицира така кога ќе ја подигам, ќе се појавам јас место он :)

кажи некој ум, чини нешто :))

ReBorned said...

НАЈНОВА ВЕСТ:
Сепак грипот, треската и температурата преовладуваат: Але се враќа назад во Милано заедно со Масимо Одо!
Најверојанто Бињо ќе го придружува Златан а зад нив Боа!
За инфо околу карти и сл. ... дополнително, сега искрснуваат други непријатни детали :(

ReBorned said...

Инаку околу картите:
Друже... за дербито само со членски...
на црно продаваат карти во метрото и пред стадионот ама незнам како би тргнал на такво патешествие за да дојде ред да одиш на ризик да се пазариш околу карта пред стадионот. А и доколку би се пазарел, којзнае каков би бил тој пазар и колку евентуалното пазарење би ти одел во прилог на тебе.

ReBorned said...

И последното... Касано ќе стартува со Златан а Бињо ќе чека шанса од клупата (Боа на АМС).
Але на дупла доза цефалексин, ќе биде мачкан со Гасо и ракија а во чорапите ќе му бидат вметнати свежи компири за што побрзо да му падне температурата и да биде спремен за во Лондон.

Navigator said...

јас незнам ништо околу картите...
знам само дека ќе биде тешко да се земат трите бода од Торино..знам и дека ќе биде тврд натпревар, особено во првото полувреме..неможам да ја разберам одлуката да не игра Binho кога веќе не игра Pato..Binho е мотор на екипата и кога е неразиграна и кога делува подвижно..вака, со КРВ на таа позиција ја губиме креативноста, а тоа што добиваме сила, мислам дека малку ќе се одрази на играта..останатото беше очекувано..
единствено ме радува тоа што Den Neri најверојатно знае што го чека утре без оглед на исходот од овој меч и делува како незаинтересирано да ја бирал првата постава..нивниот среден ред и напад се идентични од пред една недела против Bologna, а тогаш делуваа очајно..пресреќен сум што напред им играат двајца големи играчи, а уште посреќен што воопшто игра Martinez..на стопер го враќаат Chiellini, што не е вест за радување кај нас, но отсуството на Bonucci и играњето на Barzagli како негов партнер е голема предност за Ibra..

одиме да ги докрајчиме!! FORZA MILAN!!!

ReBorned said...

Forza Milan!!!
Одиме момци!

ReBorned said...

Логиката да се стартува со Касано наместо Бињо е поради фактот што за нецели 3 дена имаме тежок реванш во Лондон на кој е можно да не настапи Але а Касано нема право на настап таму па веројатно е подобро да го имаме колку што е можно посвеж Бињо, посебно на ваков резултат

Vase_AC Milan said...

ANDIAMO RAGAZZI
VOGLIAMO QUESTA VITTORIA

FORZA MILAN

Navigator said...

нешто различно од она што го очекував - доста жива игра, отворена, со шанси, иако не некои сто процентни..сепак, се забележува надмоќноста на нашите момци најчесто на средината на теренот..втор меч по ред, одбраната е перфектна, уствари противничките напаѓачи незнаеме дека се на терен..сите оние "фаули" над Toni беа најмалку на 35-40 метри од голот..очекувам интензивирање на шансите со влезот на Binho и материјализирање барем на една :)

ANDIAMO RAGAZZI!!!

ReBorned said...

FORZA RINO!
FORZA RAGAZZI!!
Сега утре нека блесне нашето дете на нашиот стадион!
FORZA MILAN!!!

Vase_AC Milan said...

Перфектна утакмица со перфектен крај.Значи цел живот чекам да го видам Џенаро како дава гол и тоа се случи баш вечерва и на ваква утакмица со огромно значење.Од почеток до крај бевме надмоќни и втора утакмица по ред не дозволуваме ни ШУТ НА ГОЛ!!!!И после пак нека кењаат стручњаците за нашата слаба и порозна одбрана.Абате изигра феноменално а исто така и Јанкул за кој пред 2 недели го рамнев со нивото на морето (мое извинување до него).Средниот ред како МАНИЈАЦИ трчаа а Касано мораше да игра затоа што им е ноќна мора на умрентус,кога и да игра против нив растур ги прави.И вечерва одигра повеќе од солидно.
Сега да се молиме за БОА и за Пато да бидат во летот за Лондон и да ја свртиме работава и таму.
Морам да го пофалам и Алегри кој почна веќе да созрева и на тактички план.Утакмицава беше шах-мат од негова страна перфектно изведено се.
Со ваква игра и со овие играчи се можеме да освоиме.Следна мисија: Tottenham Hotshit

FORZA MILAN TU SEI TUTTA LA MIA VITA