Translate

Wednesday 9 March 2011

ОДМАЗДА!!!

   Дојде и тој ден, тој меч, конечно..со денови наназад, всушност цели три недели мислиме и се спремаме за повторното соочување со должникот..потиснатa од сите оние натпревари дома, големи и битни, некако во втор план се спремаше одмаздата од екипата која можеби најмногу не понижи сезонава..поразот од Tottenham, каков и да беше, убаво не излади, злобниците ќе речат заслужено, бидејќи најголем дел од нас фановите беа уверени во "растурањето" на гостите до Лондон на San Siro..но она што најмногу не болеше не беше резултатот, тој е достижен..горчината доаѓаше од тоа што нашите момци не заслужија за загубат, иако рака на срце одиграа полувреме непрепознатливо за нив сезонава..грешката ја признаа сите, без исклучок..некои дури и се извинуваа, ама и уверуваа дека знаат и можат повеќе и дека тоа ќе го докажат..
   Го избраа потешкиот пат, сршнаа едно 1200-1300km, за визата за четврт-финале да ја чекираат на White Hart Lane, а не на тогаш преубавиот San Siro..и пак сите веруваме дека Milan може преку оваа препрека, со право..па изминатата недела видовме две исклучително добри изданија, шампионска екипа, силна, компактна, екстремно опасна напред и екстремно цврста назад..некој ќе рече: кога можеме да ги згазиме Juve и Napoli, who the f*** is Totalhate??
   Сепак, тежината што ја носи европскиот натпревар, надополнето со императивот на победа, етикетата на фрустриран фаворит и онаа намерно креирана слика за негостопримливата италијанска екипа, драстично ја отежнува работата на тимот..непријателскиот однос на англичаните е очекуван, но она што изненадува во пресрет на реваншот и поприлично разгорената игра на зборови, односно изјави со очигледна доза на непочитување на противничката и фалење на својата страна..тоа дефинитивно не оди во прилог на една екипа што ќе игра под притисок, а тоа утревечер ќе е Milan..оттаму не ми беше јасна изјавата на Max за Тот'нем како една од најслабите тимови во нокаут фазата и останатите провокации..искрено, повеќе очекував "патент на уста", а веќе од Четврток сабајле едно слатко смеење со прст кон заруменетото лице на Redknapp, а богами и Jordan..
   Како и да е, најголемиот проблем за Allegri и Tassotti е одамна познат - составувањето на средниот ред..испадна како најболна точка во оваа сезона, иако никој летово не помислуваше да купува везњаци..кошмарот за стручниот штаб, најверојатно ќе се одрази на играта утревечер..иако сите "новоповредени" летнаа за Лондон и ќе бидат на располагање, во прашање ќе биде која минутажа се спремни да ја издржат..несакам да поверувам дека се работи за користење на финтите на Redknapp "игра-неигра", па да излезе дека или е спремен за цел натпревар или не е ниту на клупа..знам дека ни самиот Massimo уште незнае кој ќе ја сочинува средната линија, затоа што има мал милион комбинации од млада полетна и брза постава, до постари искусни играчи што веќе го кревале овој трофеј..од изборот на средината зависи и тоа кои дефанзивни позиции остануваат слободни, така што единствено напаѓачкото трио е извесно..
   Таму треба да го бараме нашиот најсилен адут, барем утре, со оглед на негативата што треба да ја бркаме..она што ќе се случува на WHL не е непозната ситуација за момците, за жал..знаат колку е тешко да се стига тоа што го испуштиле дома..минатите три години искусувавме рано испаѓање од европските купови, НО ова е различна приказна! годинава тимот е граден за освојување на титули, а кога Berlu дава екстра пари, знаеме која е неговата омилена..човекот е едноставно болен по публицитет и не му е којзнае каков предизвик да ги крева домашните пехари..она што му се случи во Атина, а пред тоа во Манчестер го подмладува и така младоликиот газда :) не е лошо да му се подари уште една таква, од тие европските, колку да се одбележи јубулејот..башка тоа, со триумф среде Лондон ќе може да може бар некое време да му се к**чи на голегата Cameron што значи да си имаш ваков клуб зад себе :)
   Одиме јако, од старт, одмазнички, да докажиме дека заслужуваме!!

   FORZA MILAN!!!

22 comments:

Vase_AC Milan said...

Мое лично мислење во координација со претходните акции од страна на Мах ми се чини дека Бињо ќе биде на клупа.Секогаш настојува да има еден напаѓач на клупа кој ќе може да го уфрли доколку има потреба од него,па според моменталната форма и пред се физикусот на Пато би требало тој да добие предност.Ако веќе е спремен Боа нели тој ќе игра позади напаѓачите а во средината ќе работат Наполеон,Сидорф и младиот Меркел.Со Сидорф на ДМФ видовме сите против Удине што може да ни се случи но кога веќе немаш избор тоа е,ќе се молиме да ги врати годините наназад.Во одбрана тројката е стандардна е сега четвртиот би требало на биде Антонини но не треба да не изненадува ако го уфрли Замброта.Едно е сигурно од нив - не очекувајте шут на гол вечерва :)
Омразата е невидена особено поради начинот на кој гледа противникот на нас.Едно е да се биде самоуверен а тоа што они го прават е дури зачудувачки и мислам дека тоа ќе им се удри од глава.Овој пат ќе биде поинаку.Боатенг со него носи креативност,сила и борбеност и уште многу други работи кои не ги забележуваме.Меркел носи креативност и брзина и веќе е спремен за поголем чекор во неговата екстремно кратка кариера како Миланиста.Огромен товар ќе има момчето но Милан не би бил тоа што е ако не знае и во вакви ситуации да се снајде.
Најважно ми е да им се покаже какво е вистинското лице на Итаљанскиот фудбал а не какво тие го прикажуваат.1 гол не е ништо а и овие не се нешто посебно и немаат скоро никакво искуство во вакви ситуации.Значи кога сме во ваква ситуација се знае што треба да се направи - победа по секоја цена,а тие од што имаат варијанти за бирање ќе незнаат дали да напаѓаат или да се бранат,нешто слично ни се случуваше и нас во Италија и верувам дека тука ќе биде разликата.
Силно верувам во победа и продолжување на походот кон Вембли.


FORZA LEONI

Navigator said...

епа баш поради тоа што викаш дека треба да се оди на победа по секоја цена, мислам дека е извесно дека овојпат Max ќе почни со тројцата достапни напаѓачи..вечерва нема место за тактизирање и неможеме да се раководиме од претходните потези на Allegri, бидејќи никогаш сезонава не се нашол во ваква ситуација..најлесен начин да се неутрализира негативата е напад од почеток, дури и поагрсивно од изданието со Napoli и секако далеку поостро од она против Juve..точно дека противникот нема искуство во ваккви натпревари и тоа е уште еден агрумент за непоколебливата напаѓачка тактика..Totalhate знае да се изгуби кога е притиснат, а ако навалната линија успее да одигра динамично и прецизно во завршната фаза, ќе ја добиеме сликата од последните два натпревари - огромен посед на топка плус невработена одбрана..
и за крај ќе го цитирам во превод еден коментар што го прочитав деновиве во врска со играта на Ibra..дечкото вели: Ibra ќе треба да се потруди да даде гол, не да даде спектакуларен гол! Само нека ја стави топката во мрежата!

ANDIAMO RAGAZZI!!!

kiko_pato said...

само да не го игра ТС во средината!

ReBorned said...

Пак ми отиде коментаров во неповрат!
Не го игра ТС во средниот ред, одбраната и нападот е тој! Назад се четворица со Јанку лево а напред се Златан и Але.
Дилемата е само меѓу Бињо и Меркел. Во зависност од тоа кој ќе игра од овие двајца ќе зависи каде ќе настапи БОА, дали како АМС или МС.
и да Ви кажам искрено и јас самиот незнам што е подобро. Бињо е познат сезонава со тие негови константни шпартања лево-десно околу шеснаесетникот на противникот, толку уникатни движења кои носат голем немир и несигурност во противничката дефанзива. Но со БОА на АМС добиваме нешто што го немаме со никој друг фудбалер, дури ни со истиот тој БОА кога би играл на МС.
Але самоуверено вели дека тој ќе го донесе Милан во 1/4 финале. Големи, тешки зборови од така млада уста. Сеедно, да стигнеме таму, да дојдеме до 1/4 финале, најмалку е значајно кој би не донел таму.
Нашата игра? Константно да се игра пред шеснаесетникот на домакините, на некои 25 метри од голот на Гомес. Константен притисок токму таму, каде што ги боли. И ќе пукнат, верувајте! Имаат слаба одбрана и голман месечар. Голман кој брилјираше во Милано па сега е на ред да им донесе горчлив вкус во устата на англичаните.
Одбраната ќе пукне, ќе пукне како швајцарско сирење, само треба да го имаме тој константен притисок токму таму! Баш поради тоа што имаме (поради Х фактори) слаб, блед среден ред (квалитативно и квантитативно со оглед на формацијата) а тие се таму најдобри, баш поради тоа треба да се игра само напред кон дуото Златан + Але и третиот кој би играл зад нив (БОА или Бињо). Ако треба и без убавина, да се скока средината на теренот и со долги топки да се бара Златан кој би ја спуштил таа топка до Але или некој друг (сетете се на голот на Гатузо против Јуве). Мора да има притисок токму таму и тие ќе пукнат!
Ајде момци, за Италија, за Гатузо, за Џордан... за Милан!!
Forza Milan!!!

ReBorned said...

Знајте кој е рецептот за позитивен резултат:

This is ten percent luck, twenty percent skill
Fifteen percent concentrated power of will
Five percent pleasure, fifty percent pain
And a hundred percent reason to remember the name!

Fort Minor - Remember the name

ReBorned said...

MILAN: Abbiati, Abate, Nesta, Thiago Silva, Jankulovski, Flamini, Seedorf, Boateng, Robinho, Ibrahimovic e Pato.

Navigator said...

опааа, каква офанзивна формација..ова ме радува, ова сакав да го видам..сега сум сигурен во успех!

ANDIAMO TUTTI INSIEME... FORZA MILAN!!!

ReBorned said...

Незнам како е кај вас ама кај мене на Канал 5 гласот е страшно несинхронизиран и гласот е пред сликата околу 5 секунди што е екстремно глупо кога гледам.
Ќе ја гледам на грчката Мега...
Forza Milan!!!

ReBorned said...

Бињо е слаб во ова прво полувреме

Navigator said...

Ibra е слаб во ова полувреме..Binho несмее да излези оти неопходно е повеќе трчање, бушење, шпартање...
ама ќе биде! има уште многу време, а гол ни треба само еден!

FORZA MILAN!!!

ReBorned said...

Добро не е баш само еден ама тоа би помогнало многу ;)

ReBorned said...

Бидете подготвени на тоа дека Бејл и Дефо ќе влезат во игра кога нашите ќе бидат изморени... не коментирам дали тоа ќе им донесе резултат или не... велам дека треба да бидеме подготвени на тоа.

Navigator said...

ни еден!! на Tottenham, замислете!!

ReBorned said...

Тоа е тоа. Малку немавме среќа, малку немавме синхронизација напред и кога се' ќе се собере... Одбраната веќе стандардно добра, нападот лош (со исклучок на Пато кој се обидуваше нешто, Златан и Бињо беа лоши) од средниот ред не ни очекувавме нешто повеќе.
Се насочуваме на домашно тло, Скудето + Копа Италија... се надевам дека ова нема да има лош психолошки ефект врз тимот во однос на резултатите на италијанско тло. Добра работа е што следен предизвик е Бари па можеме малку да се консолидираме и со позитивен резултат да го оставиме ова зад нас.
Forza Milan, sempre con te!!!

ReBorned said...

И сакам да напоменам уште нешто...
Ако бараме светли точки, Абате продолжува да ме импресионира! Секој следен натпревар, секој следен викенд е upgrade од претходниот меч!
Само продолжи така момче.
Исто така Меркел внесе свежина во тимот по влегувањето во игра (се надевам дека БОА нема некоја посериозна повреда)

ReBorned said...

Што сте овенале? Реално никој не ни очекуваше ЛШ сезонава, сеуште немаме екипа за тоа. Знам, никој не очекуваше елиминација од тотенхем ама топка е, се врти, ни фалеше барем малку среќа а ја немавме на ниту еден од двата дуели. Се насочуваме на Калчото, тоа и беше планот на сите во Миланело уште на почетокот на сезоната. Треба да видеме екстремно внимателни и таму, го имаме убедливо најтешкиот распоред до крајот на сезоната.

Navigator said...

кај мене не е до овенување, искрено, знаеш барем ти колку зборував за приоритетите годинава..само чекав уште некој ден да пројде па да го закачам новиот пост..ај довечер ќе биде...

Vase_AC Milan said...

А можевме повеќе да имаме сега а ЛШ како сон ни бега.
Ако ги поминевме за следниот двобој ќе се вратеа Пирло и Амбро а може и ќе ни се паднеше полесен противник како на пример Шалке или Барса :))
Не ми се допаѓа свесното откажување на европската традиција која толку време ја гаиме.Неможам да ја сварам елиминацијава дефинитивно особено кога знам дека имавме големи шанси да одиме понатаму.
Точно е топката се врти ама во наша корист одамна не се завртела.Играме како марсовци а сепак отпаѓаме,тешко е.Ај барем мердите ќе ги пукнат кеифот ќе ми го напраат.

FORZA MILAN SIEMPRE CON TE

ReBorned said...

Е баш тоа ме интересираше, какви се вашите желби за реваншот Баерн и комшиите. Ама се на кантар, од една страна омразата кон нив, Лео и сл. ама од друга страна коефициентот на италијанскиот фудбал, нивната презафатеност со ЛШ и евентуалното отсликување на тоа во резултатите во Калчото...

ReBorned said...

БРЕША! Карачоло можеше да биде вистински херој но промаши пенал во 90-та за целосен пресврт. Сепак тој го постигна и голот за егал резултат и сум презадоволен од овој резултат на комшиите!
Forza Milan!!!

Navigator said...

ете, кога најмалку очекуваш :)
ах Caracciolo, Caracciolo... не дека не заврши убава работа, само што не беше одличен до крај :)
каков импулс треба да е ова момците во Недела! па сега како сака и кога сака нека заврши авантурата на Printer-овци во Европа..сеедно ми е...

CAMPIONI SIAMO NOI!!!

ReBorned said...

Многу ме изненади уште моментот кога Карачоло се местеше да го шутира пеналот. Бев сигурен дека ќе го шутира Диаманти, има страшен удар со левата нога и секогаш тој ги изведува пеналите (така беше и во Вест Хем).
Forza Milan!!!