Translate

Thursday 27 November 2008

Евро обврски



Следат Евро обврски, не онаму каде што сме навикнале да ги имаме но ќе се вратиме само посилни! Натпревар против Портсмут, екипа која ја направи Хари Реднап а (барем според резултатите) ја расипува Тони Адамс! Милан е релативно растоварен на ова гостување во Англија како поради фактот што оди со максимални 6 бода на коло пред крајот така и поради тоа што последниот натпревар го игра на домашен терен против Волфсбург. Крауч бил наострен да се одмазди поради тоа што Милан не му дозволил да земе титула во ЛШ! Ќе видиме дали ќе си остане на зборот!
Очекуван состав:

-------------------Дида

---Антонини----Сендерос---Фавали----Замброта

----------Гатузо---Емерсон--Фламини

--------------------Кака

--------------Инзаги---Шевченко

6 comments:

Zoki said...

Nwanko

ReBorned said...

Мислиш Дињо или Супер Пипо?

CurvaSud_Milan said...

Да мислеше дечкото добро ќе беше :))))

Што мислеа тие Портсмут ? Дека ако ги оставивме да дадат еден гол дека може да дадат уште 2? Само касно се свестија и нашиве дека поентата е да се победи, али ок, два гола за неколку минути само колку да им се потсетат Портсмут против кого играат сепак е ок.

Giallorosso said...

дали сте приметиле дека кога Интер и Рома се во форма Милан и Јуве играат слабо, и обратно....

пак ги гледав вашите младинци и овој пат убедлива победа, 5-1 со Сиена....
Лука Скапуци направи хет-трик.

иначе Интер изгубија зошто Матераци му ги украде новите Најки Вејпор копачки на Пинк Пантер ;)

http://www.youtube.com/watch?v=oMPwBTl8gGE

ReBorned said...

http://www.youtube.com/watch?v=SlDCnRpFATU

Суд... на нас не ни требаше победа на овој натпревар, впрочем немаше потреба дури ни од бод... но ептен почнаа да се уфилмуваат домакините последните 20-тина минути по 2-0 па колку тие да се чукаат во главата а на нас не ни менува којзнае колку овој натпревар!

ReBorned said...

Инаку тие што го гледаа натпреварот знаат дека Пипо трипати ја погоди стативата пред конечно да постигне гол!!