Translate

Sunday 2 November 2008

Преку рововска битка до врвот!



Во најтешкиот натпревар сезонава преку рововска битка на теренот Милан се искачи на врвот во Калчото! И мора да признаам чувството е фантастично!!!
Вистинско дерби на Сан Сиро во кој мора да им се даде почит на фудбалерите на Наполи кои одиграа цело полувреме со фудбалер помалку но изиграа лавовски! Проработе и инаетот на Росонерите и сето тоа беше наградено со победа и со запоседнување на врвот! Воопшто не се поколебавме, воопшто не паднавме психички и во ниту еден момент не помисливме на нешто друго освен победа! Вистински тест за психолошката зрелост на екипата, тест кој беше поминат! Не паднавме дури ни по нереализираниот пенал на Рики и веќе во следната минута беше постигнат решавачкиот погодок од трагичарот Денис по одлично изведениот слободен удар на Роналдињо! Одлична игра на Гатузо и Сидорф, одлично помагаа во нападот Замбро и Јанко и Рики повторно беше душата на овој тим! Не престана со обидите во текот на сите 90 минути, погоди статива и промаши пенал но беше во свој елемент! Безброј пати ја промени страната и позицијата на теренот! Дињо беше тивок но беше директен учесник во решавачкиот момент! Повторно се играше Самба на Сан Сиро! Мора да им се оддаде почит и на Бонера и особено на Фавали, не толку поради којзнае каквата игра туку поради смиреноста и рутината со која ги извршуваа своите обврски!
Продолжуваме понатаму!
Форца Милан!!!

9 comments:

Anonymous said...

ПРВИИИ НА ТАБЕЛАААА!!!!


АЛЕЕЕ АЛЕЕЕ АЛЕЕЕ МИЛАН АЛЕЕЕЕ!!!

ReBorned said...

Ова е напишано некаде во 55 минута веднаш по повредата на Сантакроче:

Originally Posted by radioactivenerd

lol Santacroce is out, Maggio is out, Hamsik isnt playing. what more do we need for us to win? or are waiting for Napoli to score an own-goal as well?!?

CurvaSud_Milan said...

хахахахахахаха дечкото имал добар осеќај! :)) јбг, некогаш мора и вака да се помине, иако Пато да беше поприсебен и мн. порано ќе водевме. Енивеј ПРВИ СМЕ!!! :)

Anonymous said...

Ама факат,на крај и на ацмилан.цом е објавено дека според правилникот на ФИФА голот му се пишува на Роналдињо.Не дека прави голема разлика пошо и така и така сме на ВРВОТ али ВАКА е подобро :)))


FORZAAA MILAAAAN!!!

Anonymous said...

Rossoneri siamo noi, Inter vaffanculo!

Ете дочекавме прво место на табела, после долго време.

Важно да се спомене е дека по начинот на игра потсеќаме на Јувентус од пред Калчиополи, буквално цедејки еден гол предност секој натпревар. Иако можеби не толку убав за око како против Болоња на пример, сепак овој начин на игра е очигледно по ефикасен во Калчото овие денови.

Лично немам ништо против. Да завршат сите утакмици до крај 1-0 за Милан ќе биде одлична сезона, без разлика што ќе кажат навивачите на Мерда и ЈуБентус. Интер купи 3 скудета, ЈуБе украде безброј, едно освоено на неубедлив начин не е ништо страшно.

Forza Milan.

Giallorosso said...

Ај да ви ги дадеме утакмиците од ЛШ со Челзи,Клуж и Бордо да не внесите барем во осмина финале за тоа сте махери а ќе ви ги дадеме и за понатака ако ни се падне најнеомилениот тим а за вас најомилен Ман.Ју ;)

Море земете ги сите утакмици и стигнете до кај што можете а ние да гледаме да извадиме глава во Калчо

ReBorned said...

Многу фер и искрени коментари од Римче... штета што на еден друг спортски блог на него гледаат како на провокатор!

CurvaSud_Milan said...

На Рома и се случува она што на Милан му се случи лани, па и пред две години.Премногу бавен старт со неколку катастрофални резултати и потоа кога ќе се свестат што се случува и кога ќе почнат да победуваат ќе биде касно. Сепак мислам дека ќе обезбедат пласман у ЛШ.

ReBorned said...

Јас сметам дека нема да успеат да стигнат до 4 место!
Неста полека но сигурно ја завршува кариерата... обновена повреда и не се очекува да се врати пред зимската пауза!
Ах колку добро би ни дошол Сантакроче во зима или барем Бранислав Ивановиќ (пак не игра за Челзи)