Translate

Thursday 25 September 2008

Милан со три бода од Реџо Калабрија!


Продолжува потерата по врвот, продолжува собирањето на плодови од 4-3-1-2 формацијата на Милан! Уште една победа, втора по ред (трета со се онаа над Цирих) и прва на гости сезонава! Победа во Реџо Калабрија против домашната Реџина со 1-2. Рака на срце, блед натпревар од страна на Милан, можеби поради фактот што релативно рано (24 минута) беше отворен резултатот од страна на БориГол со неговиот прв гол во дресот на Милан сезонава! Имаше фаул близу десната аут линија и Сидорф одлично го пронајде корпулентниот Боригол кој уште подобро го искористи екстремно лошото маркирање од противничките фудбалери и постигна убав гол со глава од 11 метри! По постигнатиот гол имаше уште една шанса за БориГол кога излезе сам пред голманот на домакините но се сплетка со топката и шансата пропадна! По ова се повтори старата болка на Милан... едноставно не се оди да се дотолчи противникот со уште некој гол и да се реши предвреме натпреварот туку Росонерите се повлекоа и играа млитаво како да чекаа да заврши натпреварот уште во таа 24 минута! Од друга страна, домакините иако беа очајни, кога увидоа дека фудбалерите на Милан не се заинтересирани за голот на Кампањоло тргнаа напред и создадоа константен притисок кон голот на Абијати во финишот од првото полувреме! Во овие моменти Абиати имаше 2 одлични интервенции! Во второто полувреме домакините продолжија да атакуваат кон голот на Милан и константно не решетеа по нивната десна а нашата лева страна во одбраната (Фавали). 90 проценти од нападите во тоа второ полувреме беа по нашата лева страна а во половина од тие напади Фавали беше поминат! Незнам како Карлито не го увиде тоа! БориГол при спринтот кон една топка ја истегна задната десна ложа и беше заменет од Шева кој беше очајно слаб! Фламс беше на граница на добивање на втор жолт картон и буквално во последен момент беше заменет со Амброзини. Сепак домакините успеаа да го изедначат резултатот по уште една смешна ситуација пред нашиот гол, вистински карамбол (их која рима)! Коради беше човекот кој го врати резултатот на егал! Ова се случуваше во 59 минута! И таман помислив дека повторно ќе останеме пократки за два бода од никаде изникна Але Але Але Пато!!! Дечкото иако беше невидлив во текот на целиот натпревар успеа со својот 3 гол за само 6 дена да ги донесе со себе 3 бода во Милано! Амброзини испрати длабочинска топка покрај десната аут линија која ја прифати Кака и ја сврти кон срцето на шеснаесетникот а таму ја распали од прва Але Але Але Пато и Кампањоло беше немоќен! По водечкиот гол на Милан стандардната замена на Карлито, евергринот Емерсон овојпат на местото на Але Але Але Пато! Домакините имаа уште една шанса до крајот на мечот и тоа беше се! Милан освои нови 3 бода кои добиваат уште поголема тежина ако се знае дека Рома беше поразена во гости од Џенова а Јуве изигра само нерешено дома со Катанија! Ова ќе беше перфектен викенд доколку Круз не погодеше за комшиите во 79 во натпреварот против Лече! Како и да е имаме шанса да им дојдеме на комшиите на само бод во Недела! Але Але Але Пато е во страшен ритам со 3 гола во само 6 дена! Не знам дали БориГол ќе биде спремен за во Недела но кој и да игра очекуваме три бода!!!

14 comments:

Unknown said...

bas ke bese ubav vikend sred nedela . . . .

Anonymous said...

Очигледно, дека треба НИЕ да бидеме менаџери и да го водиме Милна :)
Пошто и двајцата сме увиделе за оние пробиви по левата страна, само Карлиот не увидел....

Пато влегува во гол серија, се надевам дека со Интер ќе ја продолжи, а Шева токму против пациентите, ќе ја започне...
Шиткачот

Anonymous said...

Lucky,lucky us!
Kako и да е....победа си е победа....3 бода си се 3 бода....

Е сега што се однесува до недела и утакмицата со Интер...ако не почне Карло со 2ца напагачи треба да се линчува!Статистиката зборува сама за себе!
2 натпревари со еден класичен напагач=2 порази

3 натпревари со 2ца класични напагачи=3 победи!

Ако ми верувате цела недела си прам можни состави...кој ќе почне..замени и се тоа за со Интер!

Едноставно нели мора да се победи!

П.С.Пишувам пост за пред утакмицата со Интер


-И извинување што ме немаше задњиов ден-обврски :)

П.П.С. Росоњер,очекувам пост најдозна до сабота околу неделното собирање.


FORZA MILAN!!!

CurvaSud_Milan said...

m_007...доколку Круз не погодеше :)

Шиткач, све е тоа ок, и Пато што е во серија и на Шева што му лежи Интер...

...ама додека не ги подбере на клоци Анчелоти, Каладзе и Бонера ништо не правиме. Неможе секоја утакмица гол да примаме, и тоа скоро сите по нивни грешки, едвај чекам да заигра Сендерос. Не дека е некој квалитет, ама ќе има конкуренција, па овие двајцава ќе го запотат гзот да си ги подобрат перформансите!!!

Ри, респекат за update-от. :)

CurvaSud_Milan said...

Луѓе резервирав денес место, утре, или вечер ќе напишам пост со сите информации за собиранката.

...И ултра , ти кажав дека почнав да идам на италијански, ЗНАЧИ НЕ СУМ "росоЊер" ТУКУ СУМ "росоНер"! лООООЛ :))))


И од вечер ќе се прекрстувам, ќе бидам CurvaSud_Milan. :)

Пошо сите сме росонери, не сум само јас. Лоoл :)

Anonymous said...

одсекогаш и секогаш за милан и нема веќе шо да кажам.....хехе.....и не знам оти си толку изненаден....
инаку браво за патката играчиште е детето.....

ReBorned said...

На сред пишување на коментаров снема струја!!!
Шо сакав да кажам... Росонер најмногу треба да се подбере Каладзе... не памтам кога последен пат одиграл натпревар без да направи некој кикс! Бонера каков таков пак е на некое завидно ниво! Се ми се чини дека викендов против комшиите баш Ил Капитано и Бонера ќе бидат во задната (за нас проблематична) линија!
Bliss... Але Але Але Пато!!!

ReBorned said...

Пробабили формациони :)
http://www.corrieredellosport.it/live/SerieA/probabili-formazioni-274441.shtml

Navigator said...

па добро и не беше толку среќна победата со Reggina..сепак имавме повеќе од играта имавме неколку добри шанси поготово онаа на Borriello на 1:0..стварно можевме да ја прокоцкаме и втората предност ама најважно е што сега имаме 6 бода и напредуваме кон врвот..во недела ќе биди жешко, друго неможам да предвидам..
и едно прашање до сите на блогот..дали стварно мислите дека Sheva ќе старта во недела, покрај овие двајца ѕверови кои ни носат три победи со ред..без разлика на тоа колку голови има постиганто против копиљаците..и на Comadnini му одеше пред 7-8 години на против Inter па сеа и него ли да го реактивираме..статистиката од минатото е едно а реалната форма е сосема друг и побитен фактор при избирањето на првите 11..Borrigol и Ale Ale ги заслужуваат местата во нападот, го докажаа тоа на сметка на Sheva

ReBorned said...

Навигатор... забораваш еден многу важен податок... БориГол е повреден и нема да игра на следните 3 натпревари и најверојатно ќе се врати после интернационалната пауза!
Околу составот... се бира меѓу Шева и Дињо... ако игра Шева ќе се игра со иста формација... ако игра Дињо ќе се игра со кристмас три! Постои и трета варијанта пак кристмас три ама со Рино, Фламс и Амбро а пред нив со Рики да игра Сидорф а напред Але Але Але Пато!!!

Navigator said...

моја грешка..извинење до сите..ќе го преиначам прашањето..дали мислите дека Sheva би можел да старта при ваква форма на другите двајца напаѓачи без разлика колку му одело против таа екипа..зашо осеќам дека на некој начин го форсирате Sheva во состав пред секоја утакмица а тој до сеа баш ништо не покажа

ReBorned said...

Јас не го форсирам Шева ама ич! Линкот беше од можните формации... а бај д веј ако сакаме да ја задржиме таа (за нас досега успешна 4-3-1-2) мора да го играме Шева поради фактот што освен Але и Шева немаме друг алтернативен напаѓач во моментов! Незнам дали би било во ред да се проба пак 4-3-2-1 со Рики и Дињо позади Але или пак 4-3-1-2 ама Рики да оди напред како подршка за Але а Дињо да биде AMC! Сметам дека има магија за дерби натпревари во тие нозе!

Navigator said...

и јас така мислам за Dinho :) јас би играл X-mas tree за оваа утакмица со Кака заедно позади Pato..дефинитвно боље ми изгледа

The Last Mohican said...

а бе како сакаат нека почнат само нека тепаат...