Translate

Saturday 13 September 2008

Џенова - Милан

По болниот и тотално незаслужен пораз од Болоња и паузата од две недели за квалификационите натпревари за ЈАР 2010 конечно го дочекавме и продолжението на калчото. Во недела ќе треба да докажеме дека тоа што се случи против Болоња беше чиста случајност и немање на доволно среќа. Но, во меѓувреме се случи и еден преседан да не речам скандал. Во пријателски натпревар против второлигашот Лугано загубивме со 2-0. Составот со кој настапивме на тој натпревар беше сосема солиден и едноставно мораше да победи, без разлика што беше само пријателски натпревар. Еве го и составот со кој настапивме : MILAN: Abbiati; Bonera, Senderos, Maldini, Antonini; Cardacio, Emerson, Ambrosini; Seedorf; Inzaghi, Pato.
По натпреварот Анчелоти за прв пат од кога е тренер на Милан, односно од 2001, не се појави на пресот по натпреварот и одговорноста ја превзеде Сидорф и ни се извини на сите фанови за таквиот испад што го направија. Сепак, имам впечаток дека многу малце фанови го примија тоа извинување и го опростија тоа што се случи. Единствено извинување ќе биде победа утре против Џенова, ако не се случи тоа голем дел од подржувачите на работата на Анчелоти(вклучувајќи ме и мене) ќе се приклучат кон оние кои одамна бараат негова смена. Знак дека нешто такво е можно даде и Галијани со тоа што после мечот со Лугано не излезе да каже "работата на Анечелоти е сигурна" што вообичаено го правеше после вакви испади.
Bac to the subject. Утре Анчелоти ќе го има на располагање скоро комплетниот тим, исклучувајќи ги Неста, Гатузо и Инзаги. Од овие тројца реално само Неста би ни бил неопходен во овие моменти, но со оглед на тоа што Манара најави негово враќа кон половина на Октомври и од него не треба да очекуваме ништо во скоро време. Утре најверојатно дебито ќе го има Филип Сендерос, кој одигра 45мин. против Лугано, ќе игра покрај Малдини. Утре најверојатно по незнам кој пат по ред во првиот тим скоро со сигурност ќе настапи и Пирло. Не памтам кога последен пат човекот бил одморен, ги игра сите калчо натпревари , ги игра сите репрезентативни натпревари, непамтам кога последен пат бил повреден па да биде на принуден одмор. Едноставно лошите игри на Пирло се должат исклучиво на неговиот замор. Тоа Липи го увиде на мечот со Грузија и на полувреме го замени со Анџело Паломбо. Незнам колку време му треба на Анчелоти да го увиди истото. На Андреа очајно му треба одмор. Покрај него би требало да играат Фламини и Амброзини, пред нив Сидорф и Роналдињо, а како единиствен напаѓач најверојатно Шева(кој на квалификационите натпревари за Украина постигна 2 гола, еден од пенал,решавачки во 94мин. , и еден од игра, одигра вкупно околу 110 мин. на двата натпревари) Еве како би изгледало сето тоа :

-------------------------Абијати--------------------------

--Замброта--Сендерос---------Малдини---Јанкуловски--

---Фламини------------Пирло-------Амброзини-----------

-----------Сидорф------------Роналдињо-----------------

-------------------Шева(Пато)----------------------------

Анчелоти за утре на располагање ќе ги има и Кака и Бориело. Како одигра 45мин. против Лугано и изјави дека не чуствува никакви болки во коленото и е спремен за настап. Мислам дека Анчелоти нема да брза со негово враќање но доколку има потреба(се надевам дека нема да има) ќе влезе во игра.
Резултатот од семафорот погоре ќе биде сосема доволен за да се заборават и натпреварите и против Болоња и против Лугано. Ако не, како што кажав, бројката на фанови кои ќе бараат смена од Анчелоти драстично ќе се зголеми. Но не треба со ништо да се брза, зашто ако се види дека единствени опции во моментов се Рајкард, Донадони и Закерони, тогаш треба неколку пати да се размисли пред да се донесат било какви одлуки. Сепак Анчелоти е неколку класи подобар тренер од овие тројца што се на располагање.
Како и да е, недела, 15 00, Макпетрол ТВ Џенова-Милан!!!


FORZA MILAN!

35 comments:

Anonymous said...

Добар пост али околу составот....хммм....очекував Ка-Па-Ро на овој натпревар,но се поизвесно е дека тоа нема да се случи....сепак според мене Пато почнува со Сидорф и Дињо зад него,а што се однесува до одбраната мислам дека лесно може да се случи и бонера да го започне натпреварот на десната бековска позиција со тоа што замброта ќе биде прекомандуван на левата бековска позиција каде што одлично се снајде на натпреварот со Болоња.Секако вавко нешто би се должело на слабата игра на Марек на минатиот натрпевар, и пред се тактичката замисла на Анчелоти.

Како и да е очекувам победа за враќање на довербата како кај играчите така и кај навивачите.

ПС:Макпетрол ТВ Ме уби ејјј хахахах ЛоЛ


ФОРЦА МИЛАН!!!

ReBorned said...

Таа „Макпетрол ТВ“ е телевизијата со најголема традиција во македонскиот ТВ етер кога станува збор за преноси од некоја од најдобрите европски лиги! Околу тоа, секоја чест!
Околу составот... речиси е сигурно дека Рики ќе биде во стартните 11. Карлито завчера на тренинг комуницирал на малку повисок тон со фудбалерите од вообичаено што само укажува на тоа дека работите не се како што треба! Иако тоа никој не сака да го признае, сепак очигледно е дека фудбалерите се заситени од Карлито и им треба нов предизвик кој може да им го пружи нов тренер со нови идеи и тактики! Сепак, оној што добро го следи Милан знае дека Карлито од 2001 до сега секогаш кога се наоѓал во ситуација под притисок и се соочувал со шпекулации околу негови наследници, освојувал нешто! Значи, Карлито покажал дека знае и тоа како да се справи со притисокот... се надевам дека таа традиција ќе продолжи (повеќе за доброто на Милан отколку за негово лично добро).
Entiamo!!!

ReBorned said...

Дојдов на блогот со намера за друго нешто ама кога го видов постот...
Палоски постигна гол за Парма!!! :)
П.С Ќе видите утре дека Сендерос е многу подобра опција од Каладзе во одбраната

Anonymous said...

Не посумљав ни за момент за палоски :) Само се надевам дека Милан нема да ја направат грешката со него како со ред др млади теленти кои доагаат од школата на Милан и не успеале да се истакнат во Милан,а во помалите клубови станале звезди :)

Anonymous said...

А и во сендерос иам мн доверба...штом галијани го споредува со Стам...ако сендерос биде барем пола од Стам тогаш ќе биде нашиот најдобар дефанзивец!

CurvaSud_Milan said...

Re, не се нервирај одма :), тоа со Макпетрол онака од шала го пишав, инаку и јас ја почитувам највеќе, не толку заради програмата што ја нудат, ,туку заради тоа што известуваат најобјективно и никогаш не завземаат страна, ова нормално се однесува на политчкиот дел.

Што се однесува на спортската програма исто така сум презадоволен што низа години наназад редовно го пренесуваат калчото. Така да тоа беше само шала без никаква намера да ги навредам.:)

Инаку и јас очекувам многу од Сендерос, иако баш и не го почитував многу додека играше во Арсенал,сепак се надевам ќе не демантира сите вакви скептици како мене.

Aнчелоти на пресот денес, кој се одржа после објавувањето на постот, изјави дека Кака е спремен за 90 мин. но не потенцираше дали ќе стартува. Сеедно, најави дека има шанси да биде во првиот тим. Рони и Шева исто така рече дека се спремни за 90 мин. но кажа и дека нема потреба да се форсираат, што значи дека некој од нив може и да не игра. Кажа и дека Рони импресионирал на тренинзите последниве денови, така да по сево ова најблиску до клупа е Шева.
Сепак Анчелоти ме испобуни и сеа стварно неможам да предвидам кој ќе стартува.:)))

Navigator said...

за Carlo..ако утре Milan било како успее да победи, фудбалерите ке го дочекаат јуни заедно со сегашниов тренер го сакале тоа или не..добро спомна некој во коментарите дека Carlo стално бил под притисок..едноставно чоекот навикнал да работи под такви услови, него не му пречи никаква изјава на кој било од челниците на клубот..јас имам чувство дека coach-от има изгубено ориентација за тоа на колку ниско ниво смее да го спушти клубот..ама Carlo си е таков копиљ (извинете на израз) што никогаш нема да дозволи да го сменат со тоа што знае да се снајди кога е најгусто..а ќе се снајди така што утре ќе ја прегази Genoa и уште толку ќе ги разбесни нивните навивачи со кои нашиве и не се во којзнае какви добри односи..баш ми е криво што не ќе можат да одат малку на море, ќе беше стварно интересно и на трибини..како и да е сите заедно ќе ја гледам на ТV, кој на макпетрол тв, кој на некоја друга :)
за мечот..јас од пресот на Carlo разбрав дека Sheva ке биди стартер заедно со Dihno и Seedorf шо е и нормално заради долгото отсуство на Кака, а повеќе од сигурен сум дека ке добие некои 30тина минути..имаше и неколку критики кон Pato ама и без нив, самото тоа што Sheva даде 2 гола на 2 меча за репка го седнува малиов на клупа..овие во средина ми се некако сигурни и тука нема што да се дискутира, во добра форма се и Pirlo и Ambro и Flams..мило ми е за Фичо што добива шанса да стартува а за бековите мислам дека е во право ultra за она со Bonera..и јас би играл со Zambro лево само заради тоа што феноменално изгледаше левата страна на "премиерата"..Abbiati е сигурен - рече Carlo..доволно
Ве чекам утре уште на полувреме да прославиме тука за сефтето :)) уфф ама ќе си го напраам ќефот утре со една петарда..па редно е веќе да згазиме некој

ANDIAMO TUTTI PER IL NUOVO MILAN
FORZA MILAN!!!

ReBorned said...

Нема врска за „Макпетрол ТВ“ не е моја па да се лутам, само го кажав тоа што го мислам!
Јас сметам дека утре Дињо ќе биде на клупа...

Navigator said...

предобар беше на првата утакмица за да седи на клупа утре..штета ќе биди да се почни без него..сега Dihno е главнот играч во клубот после 1вото коло..ако Carlo не го стаи во први 11 значи сам сака да не го дочека Lazio за една недела

CurvaSud_Milan said...

рррррррррр... ме заеба Барса, ќе си ја чекав утре Милан за 100 евра! Па и ја кај сум нашол да играм тим од каде си отиде најдобриот играч и очекувам да победат! :)


како и да е, идеме утре на петарда па сите после да запееме "КАСНИЛА ЈЕ НА МОМ САТУ НОВА ГОДИНААААА" ....ајдее и ја зебагав...хихии

Giallorosso said...

Карло,Венгер и Рафа се мајстори за да се извлечат од вакви мали кризи, така да ова би требало да биде една минлива фаза...иначе сакам да ве поканам да се приклучите на Уефа Фантази лигата, не иронично туку пријателски ;).За регистрирање на Уефа.ком, а кодот е 7426-2060.Очекувам првенец од Шева утре.

ReBorned said...

Навигатор не велам дека треба да биде Дињо во аут... туку сметам дека по враќањето од репрезентативните обврски во петокот Карлито има шанси да го остави на клупата! Најлошо е што во било која комбинација (ако Дињо се одмора Рики е стартер и ако не се сака да се ризикува од старт со Рики, Дињо е стартер) Сидорф сигурно стартува! А тоа воопшто не го сакам!!
Forza Ragazzi!!!!!!!!!!

Navigator said...

да да..тоа е веќе јасно дека Seedorf ќе старта само кога јас би избирал кој да игра на другата страна би го одбрал Dihno и поради тоа да не се ризикува одма со Kaka зашо знаете како се игра на нож против него ама и поради минатата утакмица на Dihno..денес сите очекуваат од него да ја повтори играта од пред 2 недели..btw Carlo рече дека нема замор кај никој од репрезентативците така да не очекувам некое изненадување во стартни 11
хмм..колку било добро да имаш поголем избор на играчишта :))

ReBorned said...

Да да... а лани требаше да се бира помеѓу Броки Џила (во зависност од тоа дали ќе се игра 4-5-1 или 4-3-1-2).
По се изгледа сигурни се две работи... Сендерос ќе дебитира и ќе се почне со Шевченко во шпицот!

ReBorned said...

btw една топ вест!
Нели Формула 1 се вози викендов во Монца! Епа Матераци (кој бил голем фан на Фелипе Маса) дошол на тренингот и откако се поздравил со Маса му го понудил дресот на Интер како подарок... Маса го одбил велејки дека неможе да замисли да го облече дресот на интер затоа што е голем Миланиста! Матераци по втор пат го понудил велејки дека ќе му претставува голема чест ако Маса го облече дресот но и по втор пат го добил истиот одговор по што си заминал со свиткана опашка!
Јас сум Мекларен фан ама... ми се наполни душата! :)

Navigator said...

xaxaxaxaxaxa..браво Massa..абе кој нормален сака да облече дрес од Inter!?!?!

Anonymous said...

Не сум го знаел ова....од сеа сум за МАСА!!!

Тачно навигатор!!!

Ова се кажува:
INTERISTA DIVENTI PAZZO!!!

Anonymous said...

А и богами има разлика помеѓу Броки и Џила,наспроти Фламс,Дињо,Шева,Бореиело... хD

хехехе...


ПС:Ја сум BMW фан =D

Navigator said...

ОФИЦИЈАЛНА ПОСТАВА - MILAN: Abbiati; Zambrotta, Bonera, Maldini, Favalli; Flamini, Pirlo, Ambrosini; Ronaldinho; Schevchenko, Kakà.
Преку к** веќе со овај Favalli..е сеа стварно ме изнервира Carlo..ај барем да видиме како ке функционираат Kaka и Dihno..осеќам дека Seedorf ќе биди нервозен денес :)

CurvaSud_Milan said...

Ја реков дека Карло ме испобуни со пресот и дека после тоа неможев да предвидам кои ќе стартуваат. И би така, ФАВАЛИ ВО ПРВИ 11, што убаво не изненади Карло!!!!!!!!!!!!!!!

...А Сидорф ќе биде мн. напнат денес. :))))

CurvaSud_Milan said...

RE, и ја го прочитав ова за Маса, многу јака случка!!!:))))) По заминувањето на Раиконен од Мекларен не навивав за никој заради тоа што Хамилтон неможам да го смислам!! Али сеа ќе го сменам и тимот и возачот!! :)))

Anonymous said...

Favalli out Senderos in -која логика? ај не се жалам,фавали е искусен дрн дрн јариња....ај ај Кака-Дињо тоааа глеам!!! =D

Anonymous said...

Џенова-Милан 1-0 Халф тајм...

ова не ми мирише на арно....

ReBorned said...

Моментални импресии... Катастрофа! Никаква идеја, никакво меѓусебно разбирање на теренот! Ве молам кажете кој е најдобриот фудбалер на Милан до полувремето?!?! НИКОЈ!!!
Доколку јас би бил на местото на Карлито сега би ги извадил Шева и Амбро а би ги ставил Але и Бориело со формација 4-2-3-1 Бориело напред а позади него Дињо, Рики и Пато кој ќе се придодава како втор шпиц! Рики дефинитивно не е спремен за цел натпревар...тоа е повеќе од очигледно!
Карлито фала за се што направи за нас но очигледно ни требаат нови идеи во играта и нов тренер кој што ќе ја врати гладта за успех на фудбалерите! Ова мислење нема да се смени и при евентуален пресврт во второто полувреме!
П.С Не си го кршете јазикот со Re... Ри ми викаат :)

Giallorosso said...

да, и на нас ни треба некој нов, а и Карло сака да дојдекај нас...додека Рајкард има само една пречка за да дојде кај вас, Рони !

Anonymous said...

Ronaldinho out-Seedorf in
Shevchenko out-Borriello in


Ај си господ напред...

Anonymous said...

62 минута.... 1-0....луѓе ко шо ми се глеа утакмицава е изгубена....знам дека звучам мн негативен али тоа е тоа....само чудо би не спасило и нас и Анчелоти....

Не ме загрижува толку резлутатот како што ме загрижува играта....џенова изгледа супериорно...надмоќно во секој сегмент од играта....



Надежта последна умира...



FORZA MILAN!!!

Anonymous said...

91 мин Милито 2-0 од непостоечки пенал(ако ова беше пенал си го сечам! :@ )


Како што глеам си чучна карлето за последен пат на клупата....

Anonymous said...

Крај....сеа уште чекам AC Milan official......

ja кажав што иам да кажам.....

Giallorosso said...

епа другар, сечи го...незнам што требаше да му направи за да биде според тебе пенал, да му го пукне глуждот.Чист пенал, заслужена победа, Карло во Рома,Рајкард во Милан, Спалети во Јуве.

CurvaSud_Milan said...

ултра другар, пеналот беше чист како солза! ...а и да не беше исти ку* ќе беше!


...јас ги извлеков последните позитивни атоми од моето тело, сега сум страшно нервозен и затоа нема ништо да коментирам зашто во афект може секакви гчупости да кажам!!!

Мохикан, seems you were right!

...се обидував да бидам позитивен, но по ова денес??!!?!?!?!?!?!?

Navigator said...

УЖАС, КАТАСТРОФА, ПОНИЖУВАЊЕ, РАЗОЧАРАНОСТ, СРАМММММ...
Алооо, ове требаше да биди утакмица во која игра MILAN, не некоја екипа од С1..незнам дали само јас вака се осекам ама прв пат во животот не ја догледав утакмицата на мојот MILAN, го плукав тренерот на мојот MILAN, пцуев по оние кои пред мечот викав дека се играчишта и најлошо од се беше тоа што Genoa (замислете Genoa!!!) играше многу подобро од мојот MILAN
Иди у курац Carlo со се тие твои идеи за составот а за измените можам само плукнам во фаца..кажете ми една причина да се почни утакмица денес без Фичо..една причина да не игра Марек..една причина да игра Favalli!?!? стварно неможев да поверувам кога го видов составот..идеме даље..повеќе од очигледно беше влечењето на Кака по терен и на моменти смешното изнудување на фаули..Dihno навистина не покажа ништо посебно ама најмалку 3 пати беше подобар од Кака..самата помисла дека му е прва утакмица по подолго време требаше да го натера, се надевам сега веќе бившиот тренер, да го извади на сметка на Dihno..и само уште нешто..секоја чест за капитенот ама да примиш два идентични гола во две кола заради неможење да пратиш играч а згора на се да направиш и пенал е премногу..капа долу за што има направено за клубот ама мислам дека е многу покорисен како измена
РЕЗИЛ MILAN!!!

Anonymous said...

Само сакам да напоменам дека не видов дали беше пенал или не,затоа што не видов ни една репетиција бидејќи се исфрустрирав одма штом ја видов одлкуата на судијата и не ја дочекав репетицијата...до душа и сеа незнам дали е пенал или не али како и да е ќе ве послушам.

ReBorned said...

Сега се оправдуваш за да избегнеш сунет?
Беше пенал!

Anonymous said...

Се би направил за да одбегнам сунет! xD

хехе....шала на страна стварно...не ја дочекав репетицијата и наместо да ја гледам искоментирав овде :)