Во годините кога светската спортска јавност со нетрпение го очекува
палењето на олимпискиот оган и почетокот на најголемиот спортски собир - Олипмиските
Игри, УЕФА исто така го нуди своето најдобро. За некои само како загревање за
Лондон 2012, за други како летна спортска кулминација. ЕУРО-то го знаеме како
поскромниот, помалиот и помладиот братучед на Светскиот Куп, но годинива, Platini реши да оди и чекор подалеку. Да го
направи уште поскромен, финансиски полабилен и безбедносно неизвесен. Со
неколку збора, реши да ја тестира УЕФА наспоти навивачкото насилство (полските
ултраси) и политичкото влијание (украинските политичари) истовремено. Исходот –
просечно првенство, медиумски напумпано, што ќе значи аргумент повеќе за нов мандат на Michelle. Нејсе, нас не интересира фудбалот...
Подготовките за првенството веќе се во завршна фаза. Се играат последните
две рунди на пријателски натпревари, а селекторите веќе ги објавија
дефинитивните списоци на репрезентациите. Годинава, барем засега отсуствуваат
бомбастичните вести за повреди на големи ѕвезди непосредно пред почетокот на
првеството. Можеби најголемиот фаворит, бранителот на тронот Шпанија настрада
најмногу и ќе нема на располагање двајца играчи кои беа меѓу најзаслужните во
освојувањето на европскиот и светскиот фудбал врв. Villa и Puyol се веројатно најзвучните имиња кои нема да ги осетат терените низ Полска и
Украина, барем засега, на 12 дена од премиерата во Варшава. Неутралните,
реалните фанови, па и кладилниците (не сакам билтен да им видам :)) се
категорични – Шпанија е најголем фаворит! И се во право. Видете го само
составот... Но сме рекли илјада пати дека составот не го добива првенството,
туку перформансот на играчите, спроведените замисли на селекторот, ама и
фортуната, напредната технологија што пак ќе ја нема и вишата сила – волјата на
судијата! Дека најдобиот состав не гарантира пехар, годинава сакаат да докажат
и неколку други репки. Пред се Германија со суперсилната, талентирана и
мотивирана генерација, светскиот вицепрвак Холандија, зрелата за успех Англија,
секогаш силната Франција, потценетата Италија и Cristiano Ronaldo и Ibra како екипи сами по себе. :) Домаќините со свои
амбиции, Пољаците целат на малото финале (се пресмеав), а Украинците само да ја
поминат тешката група.
Без можност да се навива за својата репрезентација, секој од нас со свој
фаворите меѓу европските великани. Иако грото фанови кај нас се очекува
несебично да им ја дадат својата поддршка на јужните соседи во групата А :),
блогов претежно ќе носи друг син дрес, аѕурен. Иако бесцелно е да се расправа
кој за кого и зошто ќе навива на ЕУРО12, кога во муабетот ја нема Македонија,
јас останувам на тоа дека поддршката за италијанскиот состав е логичен тек на
активностите на блогов – верноста кон Milan. Како и да е, интересно би било да се спротистават мислењата
и да има малку подбивање, зашто ретко имаме прилика за тоа. Јас, како и
секогаш, од кога знам за себе, ќе се препуштам на чувството што ме обзема кога
ја гледам la nostra nazionale. Верувам во тие момци и покрај се што се случува деновиве. Сакам кога ги
потценуваат, кога ги отпишуваат и им се смеат во лице. Сакам, затоа што ме
потсеќа на едно СП, заедно со calciopoli и траумата со Pessotto, на антологиското
“andiamo a berlino”, на Grosso
vs Barthez, на најубавите
навивачки моменти што сум ги доживеал. Месец дена, само за уживање во најдоброто
фудбалско што го има Европа!
VIVA LA EURO!!! FORZA ITALIA!!!
226 comments:
«Oldest ‹Older 201 – 226 of 226Кратко време неактивност на блогов и човек да не знае кај да се сврти од коментари :)
Себеси се поштедив од нервози при ситуацијата со ТС и чекав или да потпише или да искочи некој и да каже-вака и вака е ситуацијата (срека тоа и се случи со хепи енд(засега))Едноставно не можам да трпам цело лето неизвесност и тегачење.
Цела срека што ситуацијата не излезе од контрола, па навреме росонер(к)ите се обединија, па ке ја имаме таа Чест да го гледаме најдобриот дефанзивец уште некое време на лагер.
Европсково испага поинтересно однего што очекував, барем според мене ги надминува очекувањата (од фудбалски аспект). Се надевам на нов пост во скоро време бидејки не знам на што да се надоврзам,да искоментирам,да критикувам. Мој предлог е да ја заокружиме целинава кога ке заврши првата рунда од ЕП, па да направиме генералка на планот и целите летово на нашиот Милан, паралелно со тоа, во втор план, и мислења за покажаните игри на по некој поединец/национален состав.
Јас момци искрено немам материјал за нов пост. Ништо крупно не се дешава, се се тоа некои ситни информации, шпекулации... ЕУРОто и за мене е подобро од што очекував, само уште да се среди ситуацијата со пролазот на Италија и ќе можам да го оценам како одлично. Според мене, во овие две кола најдобриот фудбал на првенството го игра Франција. За мене, за око, најубаво. Секако и Шпанија и Германија, но помалку или повеќе од нив беше очекувано.
Прандели размислува повторно да се врати на 4-3-1-2 со пола ремонт на тимот (Абате десен бек, Балзарети лев, Барзаљи централно а Де Роси во среден ред и Ди Натале напред место Балотели).
Единствена добра работа во тоа што Холанѓаните испаднаа, е тоа што Стротман не изигра ни една минута и не му рипна драстично цената како што се плашевме.
Тоа може да му смени на некој друг тим, не на нас...
Италија ќе треба да се гледа на стрим.
zs na stream? ke ja davaat na mtv 3 t.e sobraniskiot kanal
Така ли? Незнаев, фала ти!
Ако изиграат пак Хрватска и Шпанија 2-2, иронично, сите плукаат по Италија за местени првенства а на репрезентативно ниво тоа ќе биде втор пат како ја исфрлаат Италија со местен ТОЧЕН резултат а не фикс на мечот!
Интересна војна за Ацерби.
Веќе доаѓа dead line от до кога треба да се разрешат сите co own ситуации па и таа на Ацерби.
Џенова и Киево засега не можат да се договорат па најверојатно ќе одат на принцип на envelopes односно со понуди во запечатени плика.
Добро знаеме дека доколку Џенова го добие Ацерби тој ќе дојде во Милан.
Но, во последно време и Јувентус силно загриза за него па Јуве врши притисок од другата страна, кај Киево, да не се даде така лесно Ацерби на Џенова т.е да го откупи Киево по што Јувентус би го земал во своите редови.
Last week, Barbara Berlusconi created a file consisting of 18 pages in which she wrote all the consequences of selling Thiago Silva. Consequences from several aspects (marketing, sponsor, etc.) and the file was presented to Silvio who then decided to keep Thiago.
уште еднаш ќе речам дека не верувам во сојузот Шпанија-Хрватска. Ми се чини дека и шпанците и нашите ќе добијат лесно вечерва. А што се однесува до Barbara и клубот, размислував и си викам зошто да не е тоа уште едно од можните сценарија со продавањето на ТЅ. Таткото као испадна лаком за пари, влетува ќерката (покрај сите притисоци) и го убедува татко си да не прави клучна грешка. Добива симпатии помеѓу навивачите и за некоја година (можда и догодина) го добива местото на таткото. Тој заминува во голем стил, таа го продолжува неговото дела. Е сеа, едино што докрај не ми се вклопува во приказнава е придобииените симпатии за Barbara. Таа ми се чини дека и онака ги има симпатиите, да не речам фантазиите на грото росонери :) Ама да, треба да се придобијат и оние што мислат дека местото на жените не е во фудбалот :))
FORZA AZZURRI!!!
Проверена информација е ова за преносот на собраниски?
Да да, вчера одеше Германија-Данска на собраниски. Во Сабоата немаше заради ракометот...
http://www.twitter.com/ZarkoKa/status/214775290931593216
Buffon; Abate, Barzagli, Chiellini, Balzaretti; De Rossi, Pirlo, Marchisio; Motta; Cassano, Di Natale.
Класична 4-3-1-2 формација, каде на AMC е Motta. Знам дека Pirlo и Marchisio се незаменливи моментално, а De Rossi има заслуги од претходните 2 утакмици, ама Motta барем можеше да биде изоставен. Јас би го играл Giovinco на AMC, ама кога веќе Prandelli нема мадиња, повеќе ќе ме бендисаше поставава со Montolivo да кажеме. Одбраната е скоро комплетно нова и тоа може да биде потешкотија. Одиме на победа, убедлива победа!
DAI RAGAZZI!!!
Колку добро би ни легнал Балзарети по левата страна...
Честитки, одиме во елиминации. Кога е Италија во прашање, најтешкото помина :)
И сепак, да не заборавиме која е основната пасија на блогот:
Одлична статија за финансиските проблеми на тимот и како тоа може да има позитивен исход на среден и долг рок:
Little money for the market? The Milan fishing from Spring ...
As many experts say, this summer there will be great investments because there is no money and then, in theory, there are only small strokes market. The economic situation of Italian football is bad in this window and then market the little money we have to be used in a considered and prudent. Adriano Galliani has always used the Rossoneri fans to great shots of the market with small investments: the most recent example is that of Antonio Nocerino, passed from Palermo to Milan for only 500 thousand euros and author of a great season with 11 goals. In recent years, the club of via Turati, however, has invested much money in the youth sector, as soon as possible to get new home-grown talent. This year, the AC Milan Primavera team coached by Aldo Dolcetti came in the semifinal in the championship finals, showing many interesting players and good perspective. In the next season, some of them do not play anymore in the Spring of Milan for reasons of age, some of them will be sent to any team that plays in the minor leagues to grow, but others may already be included in the First Team coach Allegri. The first of these is certainly Sciglio De Mattia, who has already played a few games in the final last season, providing very good performance, and will surely shortlisted in Allegri. The young quarterback will start as vice-abbot, but could also be used on the left wing, having regard to its great flexibility. The Livorno coach has great confidence in Sciglio De Mattia, so you have defined it as a "player already for Milan." Another player ready to go in the first team is Simon Calvano, who, however, is still recovering from a serious ankle injury, remedied in early May in training. The young midfielder who can play both midfield playmaker that should revert to the month of August, although maybe it will take some more days given the severity of the injury (lesion of the lateral ligaments of the left ankle ). Another midfielder followed with interest by the technical staff of the First Team is Carmona from the Cantera of Barcelona, could be a viable alternative to Boateng, especially for the fact that Emanuelson, who last year replaced the Ghanaian in that role, seems destined to do more often left-back. Another name on the list of Allegri is to Rodrigo Ely, who had already begun with the first team shirt in the summer friendly in Malmoe. The Brazilian-born defender, but he plays in the Italian national youth teams, is a very strong player physically, but also good to start the action. Finally, two great players last season's team were finally Dolcetti certainly Comi and Ganz, author of more than 40 goals in two. For them, however, the landing in the first team this year will be much more difficult if not impossible, given that Allegri has already have 5 strikers in the first band to just two seats.
Ако се запне ќелавиот може за багатела да го земеме ама приоритет е средниот ред и Ачерби нормално.
Genoa успеа да го откупи Acerbi од Cagliari и со тоа Milan го победи Juventus. Фудбалерот кој и самиот е фан на Milan од детството, ќе ја продолжи својата кариера во Milan. Информацијата иако е точна се' уште не е официјална и затоа ќе почекаме да се официјализира.
Balzaretti одбива да го продолжи договорот со Palermo и причината поради тоа е Milan. Договорот на Balzaretti завршува следното лето и можно е да дојде летово во Милано ако Zamparini не успее да го убеди да потпише нов договор.
Во исто време Јуве го врати Џиовинко.
Е сега има некои полемики околу тоа дали ќе го носи дресот со број 10, но поголема дилема е дали ќе носи XS, XXS или kids size.
Јувентус оди со страшно темпо напред и искрено сметам дека ќе започнат нова доминација во калчото. Им фали само уште еден екстра напаѓач кој ќе ги реализира тие тон шанси што ги прават по натпревар а судејки според амбициите на управата, тој напаѓач и ќе го добијат!
Тие несомнено ќе бидат главните фаворити за Калчо следната сезона а ние би можеле да ја вратиме титулата во нашите витрини само со некоја injury-free сезона која што е тешко изводлива.
Се слагам се слагам, костурот на тимот, одбраната средината им се одлични, плус еден Фалкао/РВП и 2-3 резервисти одлични ќе бидат.
http://s1-02.twitpicproxy.com/photos/large/601334652.jpg?key=1024768
Со среќа нека е!
Дај нека биде што побрзо официјално и да направиме еден пола/пола пост.
Првата половина за доаѓањето на Ачерби,а другата половина ќе ја пополни некој од вас и ваљда ќе биде околу досегашниот тек од еврото и 1/4 финалето.
Околу Acerbi ме радуваат неколку работи:
1. Беше избран во идеалниот тим на Калчото во сезоната што измина рамо до рамо со Тиаго Силва а пред еден Киелини на кого му го зема местото во најдобрите 11 во сезоната што измина, список за кој гласаат сите фудбалери и фудбалски тренери од Серија А!
2. Интер а особено Јувентус загризаа многу за него во последно време, се шпекулираше дека дури Јувентус ја спонзорира другата страна, Chievo за да биде Acerbi откупен од нив а потоа проследен во Јувентус.
3. Не мора ништо да значи но неретко игра клучна улога, фан на Милан од дете со сето свое срце и душа! Од самиот почеток инсистираше дека ќе му се исполни животниот сон доколку заигра на Сан Сиро во црвено-црниот дрес, на секоја шпекулација за негово евентуално заминување во Јувентус тој одговараше дека сонува за дресот на Милан. Според гладта и љубовта кон светиот дрес новинарите го ставаат во едно елитно друштво составено од Гатузо, Албертини, Броки, Филипо Гали, Пипо Инзаги и Барези, фудбалери кои со секој чекор на теренот покажувале дека играат со љубов за Милан, без разлика дали победувале или губеле!
-----------------------------
И една можеби во моментов неважна но во перспектива вредна информација: Милан расчисти со Албинолефе и го донесе Матиа Валоти 100 % во своите редови. Момчето сезонава не блескаше но сите експерти низ Италија тоа го препишуваат исклучиво на несреќната сезона полна со повреди! Фактот што Валоти ја има честа да биде капитен на репрезентацијата на Италија во својата категорија, доволно зборува за неговите човечки и играчки квалитети како и довербата која во него ја има селекторот.
Acerbi во моментов е во Via Turatti и ги дефинира завршните детали.
Освен Acerbi, G ни го донесе и Kevin!!!
Ама не Kevin Strootman туку Kevin Constant, ќе дојде на едногодишна позајмица со опција за целосен откуп на договорот. Нашите се решиле на таков чекор кога слушнале дека Muntari се повредил со репрезентацијата на Ghana (незнам за каков тип на повреда станува збор но сигурно е сериозна кога се носи нов фудбалер уште во Јуни).
Ајдеее со среќа нека е, после пост следи.
Post a Comment