19 годишно момче од Крузеиро кое брани за младата селекција на Бразил.
Се претпоставува дека дојде за околу 440.00 евра и мислам дека ни е најскап голман што сме го купиле по подолго време (Амелија мислам дека го земавме со некои расчитување на co-own договори).
Ќелавиот потврди дека ќе ни биде трет голман и дека најверојатно завршивме тргувањето со голманите за ова лето.
Bakaye Traore
27 годишен дефанзивен играч за врска кој ни доаѓа од Нанси за џабе.
Импресиноираше на ACN годинава и токму тоа беше неговата најголема препорака за да дојде кај нас (и башка беше гага)
Постигна неколку спектакуларни голови пред крајот на сезоната како мало загревање за новиот предизвик кој му предстои.
Ricardo Montolivo
27 годишен универзален centrocampista и репрезентативец на Италија кој ни доаѓа од Фиорентина каде и беше капитен.
Галијани изјави дека се обиделе да го потпишат уште кога имал 10 години но тогаш неговите родители одбиле било каков трансфер.
Растеа заедно со Џампаоло Пацини низ младинскиот тим на Аталанта каде правеа ршум (на Менаџер барем) и потоа заедно заминаа за Виола, и по авантуарата на Пацини во Самдорија сега дојде ред долгогодишните соиграчи да бидат лути ривали во најголемото градско Дерби во светот.
Растеа заедно со Џампаоло Пацини низ младинскиот тим на Аталанта каде правеа ршум (на Менаџер барем) и потоа заедно заминаа за Виола, и по авантуарата на Пацини во Самдорија сега дојде ред долгогодишните соиграчи да бидат лути ривали во најголемото градско Дерби во светот.
И тој дојде за гага а најави за неговиот трансфер имаше уште од минатото лето.
Со надеж дека за една недела ваков сличен пост ќе му посветиме и на еден Холанџанец го завршувам постов.
Добредојдовте во ФАМИЛИЈАТА момци!!
FORZA MAGICO MILAN !!!
56 comments:
Извинете за белата линија на почетокот на текстот, незнам што е и како да ја тргнам а немам ни време.
Бујрум шпекулирање,коментирање и припреми за Европско.
Еве една микс на вест од ЕП и Милан на пример:
Прандели е загрижен за состојбата на Монтоливо кој сезоната ја заврши со повреда на мускулот и веќе подолго време тренира одделно од репрезентативните колеги. Не се знае дали ќе биде спремен за ЕП. Штета!
Интересна би била евентуалната аквизиција на Сахин. Одличен фудбалер кој го сакав уште кога играше во Борусија но фудбалерј кој (барем според мене) исто како и Монтоливо не може да игра осамен на DMC т.е подобар е кога игра како двоен пивот односно на DMC но со уште еден фудбалер во линија со него кој што му го чува грбот. Можеби доколку дојде Сахин би играл MLC а Монтоливо MRC? Конечно ќе имаме фудбалер во тимот кој природно шутира со левата нога :)
Инаку доколку навистина добиеме од Малага 20тина милиони евра за Робињо, со тие пари можеме веројатно да го „затвориме“ средниот ред, односно би биле доволни за аквизиција и на двајцата, Стротман + Сахин со што значително би го освежиле пред се’ квалитативно средниот ред! Продажбата на Робињо би била идеална од секоја гледна точка, тој имаше слаба сезона од една страна а и полека но сигурно треба да се дава повеќе простор на Ел Шарави а 5 напаѓачи се многу!
Гансо со нова операција и нова пауза од 3 недели, бизарно.
Златан го кажа јавно тоа што сите го знаат: „Милан има финансиски проблеми и не може да си ги дозволи да ги купи фудбалерите кои ги сака но јас останувам тука“.
Златан и Тиаго се недопирливи. Доколку Тиаго си замине многу веројатно и Златан ќе го направи тоа поради недостиг на амбиции на клубот.
СЕПАК, се појави нова вест која многу ме интересира како ја интерпретирате Вие! Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид се заинтересирани за Боатенг! Дали и за колку пари Вие лично би се разделиле од Боатенг? Моето мислење ќе Ви го кажам откако ќе ги прочитам вашите, не сакам да Ви влијаам на одговорите ;)
Forza Milan!!!
Штознам за Сахин...возджан сум ако дојдат еве тие двајца кој ќе ни биде AMC? Замиување на Робињо па уште за 15+ милиони е најдобрата вест што можев да ја чујам до сега, радо би го гледал ЕЛ92 како се развива во играч одколку како Робсонот промашува празни голови.
Боатенг заедно со Ибра и Тиаго се дефинитино предводниците на новата генерација во Милан јас сум против негово заминувањ, неговата екслозивност е ретка и тешко се наоѓа кај било кој играч.
Дојде време кадешто никој не е незаменлив, но ако дојде некоја екстра понуда од 30 милиони (за помалку не ни размислувам)и доколку за тие пари се донесе негова соодветна замена или две тогаш би прифатил.
Чисто мој став, јас искрено не верувам дека цел живот ќе остане кај нас Боа, сигурно ќе сака да ја осети Шпанија па и Англија.
Никаво давање на БОА ни под разно !!!
Во моментов играч за мене со најголеме потенцијал за идна икона на клубот поголем дури и од ТС (знаеме за јужно американците и нивната верност). Башка има тетовирано скудето 18 дечкото ми делува лудо заљубен во Милан и ако случајно се решат на негов трансфер ќе бидам бесен премногу
Реално за Боатенг би можеле да се добијат околу 25 милиони, никако 30. Тогаш?
Не би го дал ја ни за 50 ама ја да се прашувам ;) Не глеам замена за него која ќе дава голови како против лече,барса,арсенал... Таква дрскост на шут е со ендемитски размери.Играч што може да подигне атмосфера,што може да одлучи утакмица,што има посебна харизма,миленик на сите навивачи,тој е од тие da milan играчи и по мене во моментов е непроценлив.
Тие 5 милиони можеби ништо нема да сменат, а ќе бидеме скоро 20 милиони во ќар од неговата сума кога го земавме, може ама некоја паметна одлука кога ќе почне да му опаѓа формата барем да се земат добри пари, а за прежалување, што Малдини,Кака Шева и тн ги прежаливме ќе можеме и Боа.
Мој конечен став, нека остане барем уште оваа сезона.
Извинете за сите мои печатни грешки пишував на брзање од туѓ лап топ.
Јас да додадам дека конечно ќе се менува целосно тревата на Сан Сиро во Јуни, ќе се започне веднаш утредента по концертот на Мадона. Тоа ќе чини околу 240.000 евра а теренот ќе биде како тој на новиот Вембли односно на Емирати. Околу месец време ќе траат измените за да се стигне токму навреме за квалификациите за ЕЛ коишто ќе ги имаат комшиите. Искрено се надевам дека тоа ќе значи крај на бизарниот број на повреди!
Кога сме на таа тема Тоњацини веројатно ќе остане во тимот (главниот на лекарскиот и фитнес тимот) а Алегри како вистински маж на прес ина прашањето од новинар дали Тоњацини ќе сноси одговорност и дали ќе биде тука и следната сезона, Алегри рече дека тој ја презема вината за сите повреди изминатата сезона и дека не треба да се бара проблемот на друго место. Како засилување на фитнес тимот догодина доаѓа човек кој е дел од фитнес тимот на сите тимови каде што на чело бил Алегри, уште од СПАЛ.
Галијани ова го вети и претходно:
Milan have brought back the scout that spotted Mattia De Scigilio back in the day: Paolo Bertani. Milan signed De Sciglio for 500 euros.
Абе ајде не зезајте па зар Милан е клуб да ќарува на продажба од најдобрите играчи? Може неаме премногу пари и го продадовме Кака зашто ептен бевме во криза со тоа што се знаеше дека ќе си влече повреда хронична ама јас знам дека навивам за еден од најголемите светски клубови кои секогаш иде на титули во сите натпреварувања и нерезонски е да се понаша како расадник на таленти и најдобрите играчи да си ги продава. Се покажаа и продажбите на шева и кака како екстремно непопуларни кај миланистите,посебно втората кога огромен дел од навивачите ја бојкотираа сезоната и не купија сезонски билети. Така да ако Берлу и Фестер сакааат Милан да си го зачува реномето на шампионски тим и да не го навлечат гневот на сите навивачи не смеат да дозволат вакво нешто,да дојдеме на дереџе да ќаруваме на играчи на кои се полагаат најголеми надежи и се чека допрва да покажат многу работи. Не е ова ајакс,шалке,арсенал.. Ова е МИЛАН и дај боже да доживее КПБ таква кариера ко малдини тогаш нема за шо да жалам.
Алегри изјави дека Берлускони му ветил дека Златан и Тиаго остануваат во тимот!
Allegri: "Everyone doesn't get my jokes? But I like to make jokes. The more angrier the people get, the more I have fun."
Пренос на Данска - Бразил
http://www.sportp2p.tv/p/channel1.html
Тиаго Силва стартер и капитен на Бразил, го носи дресот со број 3!
Пато можеби ќе добие шанса во вториот дел (иако првичните информации зборуваат дека денес нема да се ризикува со него, ќе игра на следната пријателска на Бразил)
Апсолутно се сложувам со Аце, од збор до збор. Треба да се расчисти со статусот на клубот во светскиот фудбал моментално и следствено на тоа, со нашите амбиции и цели. Кога зборувам за статусот не мислам на она "piu titolato al mondo". Денес во светскиот фудбал бројот на титулите и не значи премногу. Rangers, Boca, Dinamo Kyiv, PSV, Crvena Zvezda се едни од најтрофејните тимови на сите времиња, ама денес комотно би го изеле 5-0 од истотака трофејниот Real. Јас зборувам за местото на Milan во денешниот фудбал. Имам една мала забуна: дали фудбалот, дали пазарот со фудбалери се сведе на 5-6 екипи кои го ловат најдобрите, а останатите им изигруваат расадник на таленти и одвај чекаат "големиот" да им бендиса некој играч за да ќарат некој милион. Ако е така, кој к**** таквите тимови целат на титула во ЛШ? Ова е ситуација која воопшто не ми се допаѓа како фан на клуб што се свртстува меѓу гигантите. Не ми се допаѓа од едноставна причина што цело лето се тресам дали клубот ќе се реши да потклекне пред богатите и дефинитивно да им се поклони. Наместо тоа, според реномето на клубот, јас очекувам таквите играчи да бидат бркани од мојот клуб. Успехот во европските натпреварувања се сведе на две мизерни реплики. 1. Ако Barca, Real или догодина City ја освои ЛШ општата констатација ќе биде дека тоа е очекувано, се знаеше. 2. Ако освои некој како Chelsea годинава, ќе се каже дека е незаслужено. Незнам момци, ова порано го немаше и се беше некако поинтересно. Не го зборувам ова заради тоа што Milan беше покомпетитивен, туку едноставно тоа е факт. Огромен број фанови го делат тоа мислење. Правилото за финансиски фер плеј ми дава некаква надеж за враќање на некој поголема рамнотежа во европскиот фудбал, иако тоа би било и удар за Milan. Секако, помал удар во споредба со овие арапско-шпански тимови. Клубот терба да одлучи: или ќе ги снабдува богатите со најдоброто што го имаме или ќе се врати на старите практики да ја збогатува фамилијата, да создава легнеди, икони на клубот и со тоа да освојува и заработува. Дали Real размислува да го продаде најдобриот. Не мора тоа да е CR, еве нека е Ozil. Моментално незаменлив играч, тоа ми е зборот. Размислува ли Barca да го продаде Iniesta? Не, тие градат тим околу овие играчи. Ако Milan издржи ова лето, не потпадне под разни шеички лукративни понуди и одигра паметно како што веќе започна, многу веројатно дека баш ова лето ќе значи голем чекор во враќањето на врвот на Европа. Потенцијалот е тука, искуството на G евидентно, љубовта на B неизмерна, а успехот на дофат!
FORZA GRANDE MILAN!!!
Jani Urdinov > Mesbah
Ри ти што ќе кажеш за нашиве вака? :D
Многу беше јако второ полувреме, како Барса-Челзи да гледав само се мотаа во круг португалците ама без резултат.
Малце среќа да имаше Шиков и ќе беше сега сензација :D
Е не знам која е поголема сензација, победа над Португалија или пораз од Луксембург :) Инаку да не бидам сфатен како плукач, да им честитам на нашите момци, ми се бендиса пристапот и залагањето на мечот. Сите што одиграа денес имаа свој придонес за резултатот, особено Јани! Како не се роди како десен бек, кај ќе го ставиме сега Попов :)
Shut up everyone, speaks Thiago: "Milan is my home, I'm not moving! The rest is gossip"
И КОНЕЧНО ДА СЕ РАСЧИСТИ СО ТОА:
Директно од устата на Тиаго Силва:
Many have pointed the finger at Massimiliano Allegri, after the famous Milan-Rome, which has effectively excluded from the season finale Thiago Silva. The Brazilian was not the best that day, but fell in the same field but then abandon their comrades after a few minutes. "The responsibility for what happened is mine and no one else - has confessed to the player to the Gazzetta dello Sport - . I've been wanting to play for strength. I knew I did not feel good, but at that moment I felt I had to help the team, so I decided to try. The coach I was never forced, indeed. Until the end he repeated ' Thiago do what you feel, I trust you. 'I remember that during the heating Bonera told me' Do not risk it, you serve us well in the next games, we can not miss'. But I have not heard anybody and I did the head mine.
И што расчистивме? Дека TS беше сам виновен, а не Allegri?
Ако зборуваме за нашата форма после таа повреда, исти к****, сеедно ми е чија грешка е. Она што остана како факт од таа грешка е дека игравме со играч помалку до крај на сезоната.
Ако зборуваме за тоа дали Max оправдано или неоправдано беше критикуван, само ќе речам: за мене, оној дел 'Thiago do what you feel, I trust you' е неприфатлив! Тоа е еден вид на кукавичлук, недостаток на храброст или најдобро речено недостаток на искуство. Зошто постои тогаш тренерот? Зошто се тука неговите помошници и лекаркиот тим? За Thiago сам да проценува дали може да игра или не? Тоа не оди така! Дел од градењето на тактиката на еден тренер е и одлучувањето околу (не)играњето на одредени играчи, нивните ротации, замени... Тренерот одлучува дали некој игра или не. Секако, во претходна консултација со лекарите, асистентите и самиот играч. Пак ќе речам, ова за мене е неприфатливо!
Тиаго Силва инсистирал да игра за да добие повеќе на сила (фитнес) пред дуелите што следуваат. Тренерот може да пресече ама на крајот на краиштата ниту еден тренер на светот па ни најдобриот лекарски тим во светот не може подобро да знае од самиот фудбалер дали е подготвен за игра или не.
Така е, никој не знае подобро од самиот играч, ама тој најчесто (да не кажам секогаш) во таква ситуација ги преценува своите можности. Е затоа се тука лекарите и тренерот да пресече. Тоа е негова работа, тоа е негова одлука и негова одговорност потоа. Ако ваквите одлуки се препуштаат на играчите, што останува работа на тренерот?
Човек ако играчот вика дека се чувствува спремен, се загрева и трча ко да е спремен за да игра утакмица што можеш ти тука жити се? нема смисла башка да се враќаме на ова.
Наводно Берлу бил бесен на интервјуто на Златан во кое тој вели дека Милан нема пари да купи повеќе квалитетни фудбалери. Веднаш утредента и Мино излезе со тоа што всушност Златан сакал да каже и како неговите зборови биле извртени.
Незнам колку е ова точно но и покрај тоа што она што Златан наводно го рекол за финансиската ситуација во клубот е точно, сепак не може тој да се излетува во јавност со вакви изјави, посебно не човек кој заработува повеќе од Меси на пример.
Ете, отиде се’ по ѓаволите!
Полицијата упаднала рано утрово во националниот камп баш кога треба да се објави списокот за ЕП!
Уапсени се Кришито, Конте, Маури и (уште не е сигурно за) Каладзе! Особено ќе губи Италија како нација и Кришито како фудбалер, Доменико беше сигурен стартен лев бек на Италија а сега веројатноста воопшто да не биде повикан за ЕП е енормно голема! Не е во ред! Не е фер спрема Прандели, пред се’! Ова се подготвуваше и мораше да се направи порано, денес е денот кога Прандели треба да го состави конечниот список за ЕП! Кришито веројатно нема да оди! Се расипува атмосферата во репрезентацијата!
Во моментов се претресува куќата на Антонио Конте! Сигурен сум дека таму ќе најдат 2 буриња регенератор за коса!
Калчополито се случи непосредно пред светското првенство 2006, епилог Италија светски шампион. Да, тогаш немаше упад во кампот на Италија но сета таа ситуација наместо демотивирачки делуваше мотивирачки врз играчите. Кришито не е уапсен но е под истрага.
Zenit St. Petersburg defender Domenico Criscito is under investigation as well, and was paid a visit by the police at Italy's Euro 2012 training camp at Coverciano on Monday morning.
The left-back did not feature in Italy's training session afterward, but public prosecutor Stefano Di Martino stressed that his participation at Euro 2012 is not in danger.
"The player can participate at the Euros without any problems," Di Martino stated.
Сепак мислам дека нема да има преголем негативен ефект сето ова што се случува, дури и напротив може да излезат појаки!
ANDIAMO AZZURI!
...и секако муабетот и коментарот ми е за италијанската репрезентација и конкретно за европското првенство, за тоа како ќе делува и што ќе се случува со италијанскиот фудбал во глобала после сето ова е многу поширока тема за разговор и анализа.
Кришито надвор од ЕУ!
мислиш од ЕП? :) сеуште е граѓанин на ЕУ :) ...ок да, но тоа е одлука на Прандели. Формално-правно можеше да учествува на првенството, засега...додека не го уапсат :)
Сепак е одлука на FIGC да го повлече, по мое лично уверување против волјата на Прандели, од кој сеуште немам прочитано изјава но имам претчуство дека ако имаше простор он сепак ќе го повикаше Кришито и покрај се.
Ќути, можев да кажам надвор и од НАТО, сега тоа е поактуелно :))
Мимо беше стартен лев бек на Италија.
А и по некоја извртена логика, Мимо игра во Русија а Русија не е дел од ЕУ :))
Беше, веќе не е :))) Искрено му верувам на Балзарети, дури мислам и повеќе може да придонесе за тимот. Само незнам кој ќе му биде back up, веројатно некоја варијанта Киелини лево по потреба, друго решение не гледам.
Киелини лево, средина од Барзаљи и Бонучи а зад нив Буфон, практична цела одбрана на Јувентус. Веројатно тоа би било и најдобро од аспект на тоа дека сите се познаваат одлично меѓу себе, изиграа 40тина натпревари заедно!
И јас мислам дека со Балзарети лево а Киелини и Бонучи (?) во средина ќе бидеме добро. Десно сигурно нема да биде Абате :)
Всушност, на последните тренинзи Прандели вежбал 4-3-1-2 формација каква што игра Милан со Касано и Балотели во напад и интересно, Монтоливо веднаш зад нив, на AMC.
Ако бре, нека им е! Нека ги уапсат, нека ги осудат, нека пропадне ЕУРО12! Ако!! Нека се доведе во ред еднаш тој срам за италијанскиот фудбал. Збеснав кога прочитав утрово. Па кој курац ќе биде тој репрезентативец, или тренер или било каков ѓавол ако точно тоа што се зборува? Зарем заслужуваат таквите да носат дрес или да седат на клупа на голем клуб, уште помалку национален состав? Се што е труло нека се тргне, се што е виновно нека се суди. Ама како што му се судеше на Moggi, не само шминка! Па до кога бре вака? И не мора да значи ова многу со успехот на екипата. Италија игра најдобро кога е потценета. Сакам да ги потценат и овој пат, ама другите, не самите репрезентативци.
FORZA PER LA NAZIONALE!!!
Целосно се сложувам! Нека се исчисти се’ и нека се почне одново!
И Албертини нема да оди на ЕП, ќе остане во Италија да се расчисти ситуацијата.
Може сте осетиле и знаете колку ја сакам оваа репрезентација италијанска, може не. Сум славел повеќе од оние низ Рим, сум плачел и ден денес срце ми трепери кога ги гледам пеналите на Baggio, Di Biagio, полуволејот на Тrezegeut... Ама момци, од срце ви велам: нека е жртва ова првенство, ако тоа е цената еднаш засекогаш да се расчити со местењето низ Италија!
La Lista dei 25 convocati per Parma:
Portieri: Buffon, De Sanctis, Sirigu;
Difensori: Abate, Balzaretti, Barzagli, Bonucci, Chiellini, Maggio, Ogbonna, Ranocchia;
Centrocampisti: De Rossi, Diamanti, Giaccherini, Marchisio, Montolivo, Th.Motta, Nocerino, Pirlo;
Attaccanti: Balotelli, Borini, Cassano, Destro, Di Natale, Giovinco
До утре до 12.00 УЕФА налага листите да бидат дефинитивни, односно скратени на 23. Кој се последните двајца што ќе испаднат? Според мене, Destro е дефинитивно едниот, а вториот веројатно Diamanti.
Ја би радо Diamanti него Џакерини.
И јас сум песимист дека некогаш ќе се расчисти ова и воопшто местењето, фудбалот во Италија бил и ќе остане таков.
Околу списокот, уште ми боде очи тоа што нема ниту еден тенк напаѓач, напаѓач кој може да загради топка без да падне, да спушти топка кон свој колега, напаѓач кој и кога нема да има добар ден ќе влече повеќе од еден фудбалер кон себе. Нешто што порано беше Пипо а што денес би бил на пример Матри. Уште не ми е јасно што се случи меѓу Матри и Конте но Матри буквално на свој грб го носеше нападот на Јувентус во првата полусезона! Потоа наеднаш, при ситуација на прв стрелец го изгуби местото во тимот на сметка на фудбалери кои имаа по 1 или ниеден гол во сезоната.
Мислам дека фали таков тип на напаѓач во Италија и тоа многу боде очи.
-----------------------------
15 годишен напаѓач од Венецуела, Andres Ponce се наоѓа на trial во Миланело неделава. Момчето тренира со младите а Милан јавно покажа интерес за него и речиси сигурно ќе остане во Италија.
http://yfrog.com/nutjoqp
http://yfrog.com/nyvdunp
Момчето одигра пријателска со тимот U17 и дури и постигна гол во победата од 5-1.
Местење и се околу местење одсекогаш биле дел од фудбал и така и ќе остане. Италија можеби е најпозната по таквите скандали ама ја сум сигурен дека ниедна лига не е имуна на контраверзи само некаде тоа се прави посуптилно и тие што треба да гледаат замижуваат. Како и да е јас ја поздравувам секоја акција за откривање на вакви работи без разлика на временски тајминг,или чии и кои играчи биле(мада се глеа чива школа се сите).
Околу европосково ја сум голем итаљанофил и жестоко ги бодрам аѕурите секогаш и мислам дека Бало може многу да изненади се разбира ако успее да се изконтролира.
пипо тенк? па ако ми дадеа да бирам играч што има најмалку карактеристики на тенк ке го одберев пипо без размислување. им фали играч како виери тоа е тенк а денес во италиа нема таков играч и им фали еден квалитетен полушпиц т.е тоти. Касано монтоливо итн сите тие се гола вода за римскиот император аи тоа е тоа да поминат групи топ.Топ за тие што навивааат за италиа за мене лично голема расдост погадна екипа нема на свет.
Знаев дека ќе се фатите на тоа Пипо - тенк. Ама Пипо колку и да беше пердув - категорија кога сакаше знаеше и тоа како да ја загради топката и да ја додаде до соиграч во нападот. Кога го правеше она негово препознатливо движење како да седи на непостоечка фотелја свртен со грб кон голот апсолутно никој не можеше да му ја турне топката без да го фаулира.
Виери беше тенк, денес нема таков фудбалер (Бориело) но Матри знае да загради топка и да смири на пример. Најдобар во таа работа од италијаните додуша е Бориело ама тој не играше ништо 2 сезони па одигра 3-4 натпревари во финишот. А и идиот е!
Гадна екипа? Cassano гола вода? Интересно... Познавам многу вакви навивачи што ја мразат Италија и Калчото воопшто. Не разбирам зошто! Зошто години наназад се зборува толку многу за тоа дали италијанскиот фудбал е слаб или јак? Па никој не твдри дека е најсилна лига на светот. Ниту дека репрезентацијата е најсилна? И што треба, да не се навива? Или ако е толку интересно да се зборува за послабите лиги, зошто не ја напаѓаат Bundesliga-та или Ligue 1? Што е тоа толку што ве иритира во италијанскиот фудбал?
А дека на овој состав му треба голем напаѓач е факт. Тоа не значи дека треба да жалам оти го нема Totti или Vieri (кај го најде него од толку квалитетни напаѓачи). Нивното време заврши и сега Prandelli игра со тоа што го има. Знаеш ли ти колку му фали денес Maradona на Аргентина, Eusebio на Португалија? Знаеш колку фали Raul во Шпанија? Не ја гледам логиката во жалење по пензионирани играчи :)
А кога викаш квалитетен полушпиц, мислиш на Giovinco, така? Или и тој е гола вода?
Јас би го стартувал Џовинко зад Касано и Балотели. Или можеби би стартувал и со Џовинко зад Касано и Ди Натале?! Зошто не?! Ди Натале многу повеќе заслужи да стартува од Балотели, од сите што се таму во шпиц. А Касано е таков фудбалер што знае да ја протне топката и таму каде што ретко кој може. Треба само квалитетен финиш. А во тоа Ди Натале е немилосрден!
утре после објавувањето на финалниот состав, очекувајте пост за ЕУРО12
навигатор нема потреба од лутенње ја само сакав да кажам дека мометално италија не гледам дека може да понуди нешто друго освен бламажата на СП 2010 како прво јас сум за аргентина и на ЕП кој сака нека тепа али тоа е реалноста моментално нема тим и сите го знаат те разбирам али на крај краева те рабирам топка е се се дешава али тоа е мое мислење и на 99% од светската јавност
Нема лутење дечки се е дискусија и разменувања мислења.
Него само што сакав да пишам за ова, 4 дена 50 коментари пола од нив за EURO2012, а кога освен шпекулации нема ништо конкретно за нашиот Милан на само 9 дена од стартот на првенството ја разбирам вашата нетрпеливост. :)
Дестро и Ранокија аут, мама миа не ми се верува дека Џакерини стигна до европско :)))
Браво за Огбона,Диаманти и Борини :)
99% од светската јавност? машала...
1 Gianluigi Buffon
14 Morgan De Sanctis
12 Salvatore Sirigu
7 Ignazio Abate
6 Federico Balzaretti
15 Andrea Barzagli
19 Leonardo Bonucci
3 Giorgio Chiellini
2 Christian Maggio
4 Angelo Obinze Ogbonna
16 Daniele De Rossi
22 Alessandro Diamanti
13 Emanuele Giaccherini
8 Claudio Marchisio
18 Riccardo Montolivo
5 Thiago Motta
23 Antonio Nocerino
21 Andrea Pirlo
9 Mario Barwuah Balotelli
17 Fabio Borini
10 Antonio Cassano
11 Antonio Di Natale
20 Sebastian Giovinco
Дестро и Ранокиа аут, очекувано. Ранокиа искрено после оваа сезона и незнам како се најде на поширокиот список. Вечер првиот тест од 20:45 со Луксембург.
ANDIAMO AZZURI!
нема лутење, таман работа. ти изрази став, јас чудење за тој став и неколку прашања на кои не добив одговор. и дај логирај се, поинтересно е да ти се обраќам на име :)
Ќе почекате за првиот тест, одложен е мечот поради нов замјотрес во околината на Модена.
Најјаката работа денес:
https://twitter.com/ZarkoKaramicev/statuses/207389179351531520
хаха и 150 лајкови на коментарот :)))
Секој ден најмалку една лоша вест во кампот на azzurri-те, а има уште 12 дена. Што се може да се случи до мечот со Шпанија? Chiellini да ја обнови повредата, Balotelli да се степа со Giovinco, Prandelli да добие срцев удар, Abete да поднесе оставка, CONI да ја повлече репрезентацијата од EURO... Сите се во опција!
Ништо не не плаши Иване! :D
Post a Comment