Translate
Saturday, 5 May 2012
Уште две финалиња...
Уште 2 финалиња, уште два натпревари до окончувањето на оваа сезона. Сезона исполнета со подвизи и падови, повреди и херојски настапи. Наша обврска е да ги победиме нашите натпревари па што биде нека биде. Како што реков и претходно, само со победи во серија на сите натпревари до крајот на сезоната фудбалерите и стручниот штаб ќе можат да се оддолжат на навивачите а навивачите нема да можат да негодуваат за посветеноста на тимот. Првиот од тие два натпревари е дуелот на поделениот Милано.
А Милано освен по боите на клубовите е поделен и по емоциите, шансите и оптимизмот. Додека црвено-црниот дел од Милано е во блага еуфорија поради двата бода кои Лече успеа да ги откине на Јувентус арената, сино-црните се под земја, длабоко разочарани од поразот на Енио Тардини и од загубените шанси за учество во Лигата на шампионите во следната сезона. Сепак, станува збор за дерби а во такви натпревари апсолутно никогаш на ништо не можеме да се потпреме во шпекулациите и прогнозите.
Нас не’ интересира само победа, Нас не интересираат само 3 бода кои ќе бидат доволни во најмала рака да го одржиме притисокот врз Јувентус во пресрет на последниот викенд во Калчото а со малку повеќе среќа, како наша така и на Каљари претходно, можеби тие три бода ќе значат и враќање на врвот на табелата. Интересно е тоа што и Јувентус а и Милан посакуваа натпреварите да се одиграат во ист термин но федерацијата го одби тоа така што Јувентус ќе му гостува на Каљари во Трст утре во 15:00 а ние ќе го играме дербито во 20:45, значи пред почетокот на „нашиот“ натпревар ќе знаеме на што сме во однос на Јувентус. Дали тоа ќе донесе психолошка предност или хендикеп ќе видиме утревечер.
Столбот на нашата одбрана и столбот на нашиот тим сепак, нема да биде способен да помогне и на овој натпревар. Иако се очекуваше да се врати токму против Интер, Алегри спомена дека иако O Monstro кондиционо се чувствува способен да игра сепак чувствува болки на лузната која што е направена при интервенцијата и затоа ќе го пропушти и овој меч. Затоа Неста ќе стартува во одбраната а покрај него ќе застане еден од Мексес и Бонера. Десно Абате е сигурен но затоа лево имаме непознаница. Антонини (кој игра одлично во вториот дел од сезоната и е далеку подобар од Абате во текот на целата сезона) има некоја незгодна повреда па и тој го пропушта овој меч. Во негово отсуство има неколку варијанти за таа лева бековска позиција (Месбах, Бонера па дури и Де Шиљо). Средниот ред ќе биде составен од MVB, Ночерино десно а бившиот интеровец Мунтари, лево. Пред нив ќе застане Боатенг а има дилема околу партнерот на Златан во нападот, Касано или Робињо. Доколку јас се прашувам (а сигурно и Алегри) Касано без проблеми би стартувал но тука има многу комбинации во прашање пред се’ во неговата подготвеност да одигра неколку натпревари во серија од старт по она низ што помина.
Тоа стокмено формациски би требало да изгледа вака:
Јас сакам 2 победи до крајот на сезоната. Без разлика како ќе заврши таа! Forza Milan!!!
P.S Секоја чест за момците! Заслужуваат! Forza Milan Indonesia!
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
56 comments:
Две победи, шест бода ништо повеќе, ништо помалку.
Доколку ни се даде шанса ќе ја искористиме ако не здравје.
Иако сите брзаат да уплатат за Милан јас сум во недоумица, баш кога сите очекуваат дури и навивачите на Интер дека Милан лесно ќе победи не сум баш сигурен во тоа исто како што не бев на претходнот натпревар, значи дерби е се е можно, интер и за опстанок да се бори пак е интер и станува збор за дерби.
И јас сум за Касано да почне, па по потреба нека влезе Робињо.
Средината многу ми се бендисува, најдобрата во моментов дефинитивно, да го имавме Силва со чисто срце ќе пишев 2ка али тоа е.
FORZA MILAN !!!
Таа блага еуфорија за која зборуваш беше неминовна после киксот на Juve и тоа е добро и за играчите и за навивачите. Особено што следува вакво дерби кое често го решава вишокот на мотивација, отколку квалитетот. Сепак, Milan треба да покаже и да докаже дека е кадарен за Скудетото во самиот финиш и убаво да го збрише душманот. Минатиот натпревар го започнавме премногу потценувачки кон разнишаниот Printer и сега не очекува слична ситуација. Но како што ние не се предадовме во трката за титулата, верувам дека и тие нема да се предадат до последното коло за влез во ЛШ. Не постои екипа што би се откажала на нивно место, колку и да е лоша ситуацијата.
И јас се надевав дека ќе се игра во различни термини, но не е така и повторно ќе треба да пратиме два натпревари во исто време. Натпреварот во Трст дефинитивно е од 20.45! Тоа што нас може да ни оди во прилог, а ќе биде во 15.00 часот е натпреварот Bologna-Napoli, каде со евентуална победа на гостите, нашите комшии се простуваат од елитното натпреварување.
А Драган незнам зошто се плашиш да уплатиш 2ка. Па ќе уплатам ебени 50 денари и ќе верувам во мојот клуб. Као другите "сигурни" утакмици ги знам, па од оваа ќе се плашам. Јас не верувам само во победа, туку и во Скудето. Еве го мојот тикет од Петокот:
Slovenia U17 - Holland U17 - 2 checked
Blackpool - Birmingham - 0-2 checked
Chelsea - Liverpool - 1 checked
Philadelphia - Chicago - H1 checked
Newcastle - Man. City - 1X
Printer - Milan - 2
Cagliari - Juventus - 1X
Со 50 денари, за 10.100 денари ;)
Со тоа : "Иако сите брзаат да уплатат за Милан јас сум во недоумица" мислев дека не сум толку многу убеден дека како повеќето навивачи на Милан/Интер дека Милан ќе победи, а не дали ќе штедам 50 денари на мојот омилен клуб, не се кладам добри 3 месеца и тешко дека пак ќе почнам :)
Шевченко за Алегри:
Berlusconi did well to confirm Allegri as the coach for next season.
With Allegri, Milan have started playing differently, but also play better in my opinion.
Allegri is a very concrete coach, he has a lot of grittyness and he never gives up or gets discouraged.
Allegri has been very good at handling the injury crisis at Milan in the past 2 years.
When you're fortunate enough to have a player like Ibra in your squad, then it's normal and right to depend on him.
Milan without Ibra? In my opinion, Allegri is capable of doing well even without him. He has a first class team at his disposal.
Добро е да се чуе ваква поддршка од ваква легенда како Sheva, иако се што кажа е кажано десетици пати од разни луѓе во и вон клубот и тоа ни е јасно на сите нас. Сепак, со Berlu никогаш не си на чисто и јас би чекал до крај да видам како ќе се заврши приказнава наместо да градам некое мислење врз разни изјави.
Curva Sud од 11am ја средува кореографијата на Сан Сиро на која работеше веќе 2 месеци. Покриен е целиот Anello Blu сектор.
D-Day!
Е дури сега сумљам дека MVB навистина ќе си оди летово. PSV нема да игра во ЛШ догодина... Да на ја одложи одлуката за година дена?
Abbiati; Abate, Nesta, Yepes, Bonera; Nocerino, van Bommel, Muntari; Boateng; Ibrahimovic, Robinho.
A disposizione: Amelia, Mexes, De Sciglio, Ambrosini, Flamini; Maxi Lopez, Cassano.
Mexes нема да стартува, туку Yepes! Во случај кога на лев бек го имаме Bonera, јас би го играл сепак Mexes како стопер. Вака, кога ќе ја споредиме брзината на Zarate со нашите дефанзици по таа страна, добиваме првична слика за тоа како најчесто би се градел нападот на противникот. За жал, тоа не значи дека на другата страна ќе може да се одигра многу офанзивно, затоа што Abate има комплекс од Milito, а брзината на Nagatomo би го поколебал при одлука дали да се нападне поинтензивно. Улога тука ќе игра уште една непозната. Дали Boa ќе се насочи кон десната страна во напад или ќе извлекува поназад чекајќи топка од средниот ред и потоа проигрување, најчесто за Binho. Претпоставувам дека од почеток ќе видиме поконзервативна игра на двете страни, со тоа што Ibra на некои 40тина метри би имал голем посед на топка. Заради опасноста што ќе доаѓа на двете страни од таа CAM позиција, веројатно и MVB и Cambiasso ќе бидат поповлечени. Со тоа ќе се ослободи простор за Nocerino и Muntari и Zanetti и изгледа Obi. Тоа таму ќе биде масакр и може да го диктира текот на мечот. Ама ако игра Alvarez или Guarin на таа MRC, ќе биде поинаква приказна, со што Sulley игра далеку подефанзивно, а Binho игра лево, формациски поназад и од Prince.
И да скратам, според мене players to watch на двете страни ќе бидат "принцовите".
FORZA RAGAZZI!!!
Слични размислувања имам и јас за играњето на Јепес. Незнам дали тоа се должи поради недоволната физичка спремност на Мексес или навистина постои нешто меѓу него и Алегри, како и да е мене не ми се допаѓа стартот на Јепес исто како што не ми се допаѓа и стартот на Бињо на сметка на Касано (иако таму знаеме дека причината е оправдана).
Кој и да игра од Рики Алварез и Гуарин ќе биде опасно. И двајцата знаат да бидат многу многу опасни во пенетрација, во вертикални трчања кон противничкиот голман. Тоа што Наполи загуби од Болоња само повеќе ни ги искомплицира работите пред вечерашниот натпревар. Како и да е, очекувам набиен натпревар. Не толку убав за око колку што ќе биде борба за секоја топка, жесток дуел за секоја педа од теренот, срца на теренот! Интер игра поотворено по доаѓањето на новиот тренер и тоа од една страна носи шанса за убав фудбал и опасност по Абијати но од друга страна носи и повеќе простор за Боатенг, Бињо и Ночерино во офанзива. Милан секогаш играл подобро кога противникот не е набиен во сопствениот шеснаесетник.
Не знам дали повеќе се плашам од Милито или од Абате...
Гуарин прогнозираат да почне, а ништо чудно и Алварез па интер да игра поповлечено со еден класичен напаѓач иако тоа не личи на нив.
Излегоа и официјалните. Нашите се тие 11 што и ги мислевме а кај нив Зарате оди на клупа а Рики Алварез игра заедно со Снајдер пред Милито. Во средината го нема Оби но игра Занети со Гуарин и Камбиасо. Се’ на се гледано, имаат далеку подобар среден ред од нас.
Сега вечерва пак ќе биде комбинирана или? Оти најдов HD стрим ако е комбинирана :)
Stramaccioni испадна класична кукавица! Го засили до максимум средниот ред и го остави Milito сам. Во однос на тоа што го зборував прееска за нашата лева страна, оваа одлука им ја олеснува задачата на Yepes и Bonera. Printer одби да удри онаму каде што сме најслаби, затоа реков кукавица. Сега MVB нема да има задача за бранење на Snejider, туку Nocerino ќе треба малку повеќе да се повлечи. За Muntari повеќе слободен простор за шут, но исто и за Guarin. Се на се, сега помалку се плашам од нивниот напад, Milito тешко ќе се снајде сам. Сега само размислувам како нашето три ќе ја пробие клетата пацерска одбрана :)
ОДИМЕ МОМЦИ!!! FORZA MILAN!!!
Колку што знам, само евентуалните голови ќе одат од Трст. А стримот може да го споделиш за секој случај...
Значи убаво сум прочитал, дефанзивен интер значи потешка задача за нас, позатворен и понеубав натпревар и најверојатно помалку голови, тоа е тоа.
ALEEEEE ALEEEEEE ALEEE MILAAN ALEEE
Какви кореографии... mamma mia!!
ај да не грешам душа, прво да видам снимка од голот на Vucinic... ама мислам дека ќе збеснам!!
Сеедно е, требаше 2-0 за интер да биде сеа готово е.
33та минута 2ца играчи надвор поради повреда. mamma mia
готово е.
ако искочи слика од голот на умрентус пуштете ја.. а бранко кај е пристрасен па уште ЌОРАВ е бре
беше ли бе пенал?
за спорниот гол на Printer нема да коментирам, не се гледаше од снимката убаво. а за пеналот, едноставно, не беше! одиме на победа!!
FORZA MILAN E FORZA CAGLIARI!!!
нема шанси, никаков пенал.
Неофицијално: Цезар му рекол на Ибра ако си поштен ќе го утнеш...за понатак незнам.
ја бев убеден дека беше стварно пенал, ама изгледа ептен сум возбуден сум бил. my bad
цезар сакаше да му ги залиже мади*ата на златан xD
Dai ragazzi
Dai ragazzi
http://www.youtube.com/watch?v=k61uiIOaB6M&feature=related
ете ги!! мамицата да им ебам!! VERGOGNA!!!
Ne me interesira kako, SAKAM SHAMPIONI DA BIDEME!! ANDIAMO!!
Конечно е готово.
Не ми се збори веќе за оваа сезона, само жал ми е што бев во право.
Последниот натпревар идеме лабаво, и сакам да им се даде шанса на 10те играчи на кои им истекува договорот +Макси/Ел Шарави/Де Шиљо.
значи вака нешто
http://www.footballuser.com/formations/2012/05/397674_A_C__Milan.jpg
Честитки за Интер, заслужена победа! Кореографиите на 2те страни, Mamma Mia!! Натпреварот, вистинско дерби! Машки фудбал!!
Треба да честитаме и кога ќе се собере и одземе се, да кажеме дека е заслужено. Undefeated season е огромен успех, успех за почит, за историја. Ќе имаме два месеци за одлука што понатаму, без да го сметаме периодот за ЕП, така што многу битни одлуки треба да се донесат за подобра иднина. Ама не краткорочно, напротив. Нијанси решаваа во оваа претешка за нас сезона. Штета момци! Баш верував во успех, ама го нема. И сега ќе му симнам капа на лудиот Conte и ќе речам ЧЕСТИТО ЦРНО-БЕЛИ!
FORZA MILAN, FORZA ITALIA!!!
Ја би му симнал перика на Конте.
Сега кога се е готово, кога на никој не му се отвара уста за оваа веќе мината сезона, сите погледи ни се свртени кон трансфер периодот и следната сезона. Тоа секако ќе ни биде тема за разговор но отварам тема и за ЕП 2012, посебно со Иван околу селекцијата на Италија :) ...ако имам време ќе срочам и еден пост за ЕП, но тоа понатаму, има уште еден месец. Ајде Иване ме интересира што мислиш какви се шансите на Азурите и кој се треба да биде повикан. Да почнеме од Касано..
Јас, да признаам, имав многу чудни напади на тага и нервоза пред два дена :) На пример, истата вечер зедов да играм FM12 како менаџер на San Marino од четврта лига C2-A. Целата ми е да бидам шампион на Италија за 7-8 години :D И засега добро ми оди, на чекор сум до вллегување во C1!
И за репрезентацијата почнав одма да размислувам, за целата таа gli azzurri приказна, од состав, до формација, до резултати, па како да им се спотиставиш на најголемите фаворити... Тогаш дојдов до заклучок дека најверојатно едно добри 6-7 ако не и повеќе од стартните 11 ќе биде juventini и тоа ми беше премногу во тој момент :) Ќе излезам со мое гледање околу EURO 12 и се што имам во глава за Италија за некои две недели, само не сакам тоа да биде силување на блогов, зашо колку што се сеќавам, другите навиваа за други репки. Иако природно би било да се прати и коментира италијанска репрезентација со оглед на клубот во кој се крстиме. Имам многу што да кажам Владе во секој случај...
Од мене имате зелено (или во случајов, сино) светло за Италија. Фанс ум на Азури од кога гледам фудбал :)
Инаку веќе е официјално, Траоре потврди дека доаѓа во Милан. Добредојде!
И кога сме веќе на темата баш во овој момент јас почнувам, незнам за Вас...
http://zamunda.net/details.php?id=309821&hit=1
Италија симпатична ми е само поради приврзаноста со Милан иначе се знае, Германците и Лалињата ќе ги згазат тие ваши таљани!! :))
Во меѓувреме:
-Челзи губи на полувреме 3-0 од Ливерпул, и освен ако не направат некој пресврт ко ние во Лече тогаш се дефинитивно аут од ЛШ, ни нерешено не им врши работа.
-Лил има 11 бода и 1 натпревар повеќе од Лион и тука приказната е готово.Макар и да ги победи трите натпревари до крај, а Лил ги изгуби и двата се се знае и овде.
Е сега во Италија и Шпанија е малце покомплицирано.
-Имено Интер и Наполи имаат по 58 бода, еден повеќе од нив има Лацио, додека пак Удинезе има 61 бод, и со победа или нерешено на Удинезе тогаш Интер е дефинитивно аут од ЛШ.
-Удинезе и гостува на незгодната Катанија која и нема зошто да игра.
-Наполи ја пречекува Сиена која е во иста позоција како Катанија.
-А Лацио го пречекува Интер во еден дефинитивно интересен натпревар.
Се на се, многу малку треба и тука да ни се поклопат коцките.
Е сега едвинстениот проблем: Шпанија
Малага има 55 бода и гол разлика 53-53
Атлетико има 53 бода и гол разлика
52-46
Атлетико игра со Виљареал кој сеуште е само на бод од опасната зона.
Малага го пречекува Гихон кој има некакви луди теоретски шанси да остане во лига на гол разлика ако победи а неговите ривали изгубат.
Значи, барем бод од Удинезе и три од Малага и се враќаме таму каде што ни е местото.
http://bit.ly/Juft1l
Повеќе на Нејма ми личи :D
Нејмар* Гад демит!
According to the latest reports, Galliani will offer Flamini a 2-year extension with an annual salary of €1.75m. He currently earns €4.5m.
Плус утре ќе бидат објавени имињата на клубовоите и играчите од последниот скандал со местење на натпревари во Италија.
И оваа титула ќе им ја земат на Juve?? :D
Новара, Аталанта и Лече се од серија А.
Неста по се изгледа ќе ни каже чао преку прес конференцијата што ќе се одржи утре или тоа или трансфер во МЛС.
По се изгледа освен сигурните Амбро и Рино, на нив ќе им се придружи Јепес а сеуште во игра се Фламини и најмали шанси има за МвБ.
Ако се точни шпекулациите дека Зедорф нема да игра во недела и да се прости како што му доликува на едно ЛЕГЕНДИШТЕ на милан странец со најмногу настапи во екипата во историјата само заради тоа што алегри има проблем со суетата тоа ќе биде минус огромен за макс голем колку нивото на перверзност на силвио. Ќе ме налути многу зашто покажуе муда кај шо не треба и покрај тоа шо го подржувавме да остане вакви работи не..
И официјално Неста ни кажа чао.
Тој ќе биде капитен в недела против Новара.
NY Ред Бул е најочекувана опција но во игра се и други клубови како што рече врпочем и самиот тој.
Ван Бомел во понеделник ќе потпише за ПСВ, Амбро и Јепес продолжуваат а уште Гатузо е во игра за истиот.
Што порано се расчисти, тоа подобро. Да знаеме со време на што сме и да бараме солуции!
http://www.youtube.com/watch?v=GUSzR6UwdEo&feature=related
http://www.youtube.com/watch?v=IYbrKRX2pKo&feature=youtu.be
http://www.youtube.com/watch?feature=player_detailpage&v=R-mxmL-vd7c#t=332s
Ќе ме уништите со видеата :(
Сега сфаќам како му е некогаш на Галијани :(
Не претпоставував дека толку тешко ќе ми паднат овие разделби, најискрено. Моментално ме тепа носталгија и блага депресија.
Многу чудно чуство, пцуеш некој а после ти се плаче по него.
Љубов ли е што ли е.
Pippo Mio, Sandro, Clarence, Zambro... Ќе се потрудам уште вечерва, ако не вечерва, утре сигурно пишувам пост за последниот натпревар сезонава.
Рино!! Можам да кажам дека сум малце изненаден.... е тек сега ќе се лигавиме, само се надевам дека си оди под добри услови и дека не му понудиле некој смешен договор и тоа е причината поради која си оди.
Рече дека ќе се врати по една година, ама не како фудбалер.
Еве го писмото од Пипо:
http://www.acmilan.com/en/news/show/141274
а еве кратко интервју со Рино:
http://www.youtube.com/watch?v=iDAOXz4fvbA
Значи само Амбро и Марио останувааат.
Малце сум во шок....само Амброзини и Абијати може да ги вброиме во оние легенди на Милан што ќе останат да играат....
Значи зборуваме за целосен ремонт, после овие играчи само Пато и Антонини се дојдени во 2008ма што е доволен показател за какви промени станува збор.
Пишувам...
Post a Comment