Translate

Sunday, 13 May 2012

GRAZIE!!!

102 comments:

ReBorned said...

http://www.football-italia.net/18774/italy-name-32-players-euro-2012

ace1899 said...

http://www.dailymotion.com/video/xqszyy_milan-novara_sport

ace1899 said...

Мислам дека и математички е веќе решено дека милан ќе стартува во прв шешир догодина

ace1899 said...

Ќе ги избегнеме барса реал баерн јунајтед,ама сигурно ќе бидат незгодни за формирање групи и сити,дортмунд,монпеље,псж,малага евентуално...

Navigator said...

Хмм, ова е дефинитивниот список и на него не се додаваат нови играчи, нели? Само би се стеснувал списокот? Ако е така, тогаш сум изненаден. Очекував дека меѓу напаѓачите ќе видам некој од покрупните шпицеви (Matri, Gillardino, Pazzini...). Не дека овие тројца имаа незаборавни сезони, напротив, но знаеле да бидат корисни на вакви натпреварувања.
А за враќањето во првиот шешир, ќе речам само дека секогаш ќе има незгодни противници во сите јакосни групи затоа што тоа е ЛШ и секогаш се се сведува на среќа при ждрепката. Ама веројатност тука е друга категорија...

ReBorned said...

Иван, ти спомена дека си ги симнал новите дресови за следната сезона за на FIFA 12? Дај линк! Планирам да започнам нова сезона без сенаторите и Робињо а со Монтоливо, Траоре, Мунтари, Ацерби и Тевез. За Огбона уште се двоумам :)

Anonymous said...

Еееее Ри, јас веќе 2 недели играм со новите дресови custom made од мене на pes6 благодарение на многуте edit опции и на моето познавање на играта, не е совршено ама е најблиску што може да се направи, и јас веќе изиграв една сезона во мастер лигата без тие што си заминаа со плус траоре и монтоливо и си земав двојна круна.

Anonymous said...

А нема да должам многу зборови околу легендиве ама сакам да си кажам...
ја гледав на снимка утакмицата да бидам искрен првото полувреме и го мотав (што пропутшти аквилани мама миа)
и кога го даде Пипо голот станав почнав да урлам и по една секунда почнав да плачам како некое мало детенце по омилената играчка и неможев да се смирам...кога седнав на блогов и ги изгледав видеата што ги постави ти посебно она каде плачеше крудели плачев и јас со него...и сега ми течат солзи...немам плачено година дена...пичка му матер па немораа ваљда сите наеднаш да си отидат...сигурен сум дека нема да биде толку емотивно наредната година со Амбро, ама добро можеби е вака подобро.
За Монтоливо се оствари тоа во кое бев сигурен, а со Аквилани што одлучија? Фламини ќе ја прифати понудата или?

Anonymous said...

И јас сум изненаден од Италијанскиов список, Матри немаше лоша сезона а им треба таков таргет мен напред, сигурно поголеми шанси му давам на него одколку на Борини,Верати,Скиелото,Дестро(??) и уште некој кои се наградени за добрите сезони.
Според мене нема многу дилеми:

Buffon
Sirigu
De Sanctis/Viviano Сеедно

Maggio
Abate
Bocchetti
Barzagli
Bonucci
Chielini
Balzareti
Criscito

Pirlo
Marchisio
De Rossi
Thiago Motta
Montolivo
Nocerino

Cassano
Giovinco
Balloteli
Di Natale

Мислам дека овие 20 сигурно патуваат, а останатите 2 места би требало да бидат некои мање више изненадувања, значи Борини,Диаманти,Ранокиа и тн.

Anonymous said...

21*

ace1899 said...

http://www.youtube.com/watch?v=IjqYI8vmxR8 Погледнете ја симболиката во акцијата за голот на Пипо учествуваат Неста,Рино и Кларенс. Се расплакав како бебе коа го гледав ова во живо зашто осетив дека гледам антологија за последен пат

Navigator said...

Да Ри, заборавив прееска. Ова е тој пач, а на страната ги има премногу за се и сешто.
http://www.fifa-patch.com/2012/04/fifa-2012-ac-milan-1213-adidas-kits-by-mateus-guedes.html

Ако ги сакаш Muntari и Mesbah во тимот заедно со апдејтирани оцени , да си го симнеш и пачот со зимските трансфери од Јануари. Winter update беше или така нешто. Инсталирањето на апдејтот е малку покомплициран и ќе кажеш ако имаш проблем ќе ти објаснам на фб, сега да не пишувам од мобилен. А за пачот со дресовите ќе ти треба едно мало дополнително програмче creatikn master 12 и оттаму ќе ги додадеш дресовите или било какви измени на дресови, опрема, стадиони, амблеми и сл. Доста интересна ми ја направи играта стрАнава со пачовите.

А за Драган само една реплика: после Giovinco, Borini е напаѓачот во најдобра форма од тие на списокот. Едноставно мора да биде во Украина!

Navigator said...

*creation master 12 или CM12

Anonymous said...

Во форма е ама и има 21 година и на утакмицата со Милан се изгуби, ја сметам дека еден Пацини или Матри поголема работа ќе завршеа ама селекторот си го крои списокот.
Изненаден сум и Пепе што го немаше на него.

Anonymous said...

Abbiati 34*
Amelia 30


Abate 25*
Mesbah 27*
Thiago Silva 27*
Antonini 29*
Bonera 30*
Mexes 30
Yepes 36



Emanuelson 25*
Boateng 25
Nocerino 27
Muntari 27*
Traore 27
Montolivo 27*
Ambrosini 35

SES92 19*
Pato 22*
Robinho 28
Cassano 29*
Ibrahimovic 30*


Нашиот моментален тим (плис Монтоливо Траоре и Мунтари)
Тие што се со ѕвездичка до крајот на годината имаат роденден.
Значи просечната стартост моментално е 28 години а до крајот на оваа година ќе изнесува 28.6 не ги ставив Де Шиљо,Валоти,Меркел,Страсер овде бидејќи иако имаат сениорски одговори не очекувам многу да се изнаиграат наредната сезона.
И нешто да си кажам сакам, а тоа е дека во моментов радо би се одкажал од Бонера,Месбах и Робињо и би им дал шанса на Де Шиљо,Валоти и уште некој младинец, можда ќе трпи тимот ама затоа тоа ќе вроди со плод во наредните неколку години.

Anonymous said...

Amelia 30
Abbiati 34*



Abate 25*
Mesbah 27*
Thiago Silva 27*
Antonini 29*
Bonera 30*
Mexes 30
Yepes 36



Emanuelson 25*
Boateng 25
Traore 27
Nocerino 27
Muntari 27*

Montolivo 27*
Ambrosini 35

SES92 19*
Pato 22*
Robinho 28
Cassano 29*
Ibrahimovic 30*


Нашиот моментален тим (плус Монтоливо Траоре и Мунтари)
Тие што се со ѕвездичка до крајот на годината имаат роденден.
Значи просечната стартост моментално е 28 години а до крајот на оваа година ќе изнесува 28.6 не ги ставив Де Шиљо,Валоти,Меркел,Страсер овде бидејќи иако имаат сениорски одговори не очекувам многу да се изнаиграат а и некои најверојатно ќе бидат испраќани по позајмици.
И нешто да си кажам сакам, а тоа е дека во моментов радо би се одкажал од Бонера,Месбах и Робињо и би им дал шанса на Де Шиљо,Валоти и уште некој младинец, можда ќе трпи тимот ама затоа тоа ќе вроди со плод во наредните неколку години.

ReBorned said...

Фала за линкот, ќе го видам вечер. Инаку, како што кажав Фламини најверојатно ќе остане и ако остане, слушајте ми го зборот, догодина Ночерино ќе го изгуби местото на стартер. Ако не дојде некој друг, веројатно од Фламини. Ночерино сезонава ка имаше сезоната од соништата а од друга страна искрено, освен головите (кои недостасуваа во втората полусезона) не добиваме ништо друго од него. Човекот трча ама нема воопшто никаков tackling или нешто друго. Едноставно, само трча. Фламини е далеку покомплетен фудбалер и ако е здрав и ако остане ќе игра пред Ночерино, слушајте ми го зборот.

Anonymous said...

Профучија шпекулации дека многу брзо Ибра ќе ни каже збогум, и самиот сакал да оди по нов предизвик, оној што му преостана: ЛШ и Англиското првенство, башка на Сити ќе им требаат такви играчи за наредната сезона.
Доколку се спремни да се откажат за двајца од Тевез,Балотели,Коларов,Де Јонг тогаш јас сум за остварување на овој трансфер :)

Navigator said...

Апсолутно си во право Ри. Мене ми беше страв во текот на сезоната да го искоментирам истото заради лоши реакции. Реално да зборуваме, да имавме класичен CAM на располагање сезонава, Nocerino немаше да постигне ни пола од головите. Тој е само пофина верзија на Gattuso, ако зборуваме за технички квалитети. Секако не мислам тука на ментални карактеристики. Nocerino е добро да го имаш во екипа, ама за разлика од времето кога Rino беше стартер, сега имаш еден куп деструктивци. А кога терен ти се Muntari и MVB, чуму ти е Noce? Дури и еден Aquilani е далеку покорисен во ваква ситуација. Сепак, тешко ќе му биде на Allegri да го дистанцира од стартниот тим со оглед на тоа дека тој е без конкуренција најдоброто засилување од минатото лето и сите се сложуваат со тоа.
А околу Zlatan и City, немојте да си играте момци. Мене не ми омилен и го пцујам скоро на секоја утакмица, кога ноншалантно губи топка и не му е гајле, кога не трча воопшто по цели 10 минути, кога коментира на секое лошо додавање кон него, дури и кога грешката е само негова. Ама едноставно не сме во позиција да калкулираме со неговот заминување или останување. Тој, со сите негови маани е најдобриот фудбалер на денешницава после оние двајца, тој е најдобриот играч на клубот убедливо, во последните две сезони, пред него знаете што се случуваше во нападот и на крајот на краиштата тој е новиот capocanonierre! Zlatan мора да остане, а нормално, познавајќи го, дека ќе има слични шпекулации цело лето.

Navigator said...

И уште една работа што заборавив да ја спомнам вчера, да го поздравиме и да се простиме од уште еден великан на италијанскиот фудбал, вистинска легенда и лојален juventino - il Pinturicchio! Секоја чест Alex!

P.S. Што ќе искоментирате за испаѓањето на Villarreal?

Anonymous said...

Се си во право и најверојатно нема да се оствари сето тоа, но јас си дадов мое видување на ситуацијата, 2ца супер помлади играчи добиваме во замена за еден.

ReBorned said...

Остави ментално, гледај чисто технички. Ночерино не знае да одземе топка од противник. Ночерино може цел терен да го трча паралелно со фудбалерот кој ја има топката и на крајот тој да фудбалер да даде гол, едноставно не знае да одземе топка, не знае да направи добар sliding. Да бидам попрецизен, не паметам тој да направиј sliding (без разлика дали добар или лош).
Околу приказната за Златан, не верувам во неа но и доколку се случи нешто во таа насока тоа би се случило дури после 15ти Август, доколку Златан биде разочаран од недостигот на ентузијазам (читај добри засилувања) на управата.
Верувам дека ќе си замине Робињо, можеби Месбах.
Не ја гледам логиката во продолжување на договорот на Јепес, освен доколку не го донесе Муриел по колумбиска врска следната сезона (не верувам ниту во тоа).
Ацерби го сметам за завршена работа но не ми е јасно зошто толку се зборува за доаѓање на Андреас Гранквист. Веројатно Златан му е протеже ама човекот има 27 години и не ја гледам логиката во негова аквизиција кога го продолжуваме Јепес, го купуваме Ацерби а во тимот останува и Бонера. Засега неможам да сфатам кој се смета за првотимец покрај Тиаго Силва во срцето на одбраната. Мексес сезонава беше обичен на кај очаен кога најмалку требаше. Всушност не сум баш сигурен и дека Мексес ќе остане следната сезона, нема да бидам многу изненаден ако биде продаден летово доколку се најде клиент. Можеби Огбона? Имаме одлични релации со Торино, пола нивна екипа е составена од наши деца и Огбона веќе се изјасни неколку пати дека е фан на Милан. Но не верувам дека нашите ќе дадат поголема сума на пари за централен дефанзивец исто како што не верувам дека Торино, сега, кога влезе во Серија А ќе се откаже од него. По една добра сезона во Серија А, неговата цена ќе скокне многу.
Веројатно нема да ги откупиме ниту Макси Лопез а ниту Аквилани. Ако ме прашувате мене и со право. Можеби би го сакал Макси но не под договорените услови (засега тие се 8 милиони).
Според некои шпекулации и математики Милан планирал да донесе 5 фудбалери од кои 1 ќе биде ѕвезда. Досега сигурни се 2 (Монтоливо + Траоре) еден е речиси дојден (Ацерби) а околу „ѕвездата“ веројатно ќе биде еден од Тевез или Балотели. Со ваков расплет ќе бидеме во дефицит и во задната линија и во средниот ред.
И веројатно најголемата математика, како ќе се однесуваат повредите следната сезона.
За мене лично голема работа би завршила аквизиција на барем еден од Ериксен или Стротман но за жал не верувам во таков исход.

Navigator said...

Ако останува Yepes заради некаква колумбиска врска, подобро нека биде поради Falcao, James Rodrigez, Perea, Varela, Zapata, Guarin, Cuardado или Armero :) Секоја варијанта е подобра од споменатата...

Што се однесува на трансфер политиката, мислам дека најизвесно и најпогодно би било ангажирање на 2 поголеми ѕвезди - централен дефанзивец и везњак. Три работи ме плашат најмногу летово. Првата е дали управата е решена да го "крпи" второто стоперско место со неискусни или докажано просечни фудбалери. А продолжувањето на дофоворот со Yepes укажува на тоа, за жал. Од денешна перспектива единствено логично решение би било простување со Mexes и ангажирање на еден world-class стопер и Accerbi. Купувањето на Ogbonha би било супер потег, но во моменталната ситуација не се вклопува воопшто. Единствено ако баш тој не го сметаат за звучно засилување што пак води кон тоа "крпење". Втората работа што исто така ме загрижува е евентуалното ангажирање на Dani Alves. Бразилецот деинитвно си оди, а Milan би била убава средина за него. Така, многу пари би отишле на играч за позиција која е солидно покриена. И покрај испадите сезонава, во ваков глобален дефицит на десни бекови, Abate е еден од, да не претерувам, петте најдобри RB-а. Третата работа е што со лев бек?? Најболната точка во тимот 5 години наназад! Criscito? И тоа не би било ефтин трансфер... Немам "ефтина" идеја.

ReBorned said...

И официјално The Boss потпиша 1 годишен договор со PSV!
И официјално, неможам да ја најдам програмата creatin master 12, уште таа ми фали за да пробам.
И официјално, помогни ми.

Navigator said...

А сега читам дека се преговара со Raul Albiol и сум максимално збунет

Navigator said...

Повели:
http://www.fifa-patch.com/2012/03/fifa-2012-creation-master-12-cm12-db-master-12-dbm12.html

ReBorned said...

Абате ми е се’ повеќе антипатичен и неможам да го гледам! Сезонава не што не напредуваше, не што стагнираше туку назадуваше!
Не е стар но годините за развивање на својата игра полека но сигурно ги поминува. Абате не би можел да направи употреблив центаршут дури и животот да му зависи од тоа! Единствениот употреблив центаршут на Абате во неговата кариера беше ланското дерби кога всушност шутираше на голот на Интер но толку лошо шутна што излезе како центаршут па Пато ја сврти топката во голот!
СЕПАК, каков-таков тој е солиден за таа десна бековска позиција или да се изразам поинаку имаме многу поголеми проблеми на други позиции во тимот за да фрлиме пари на десен бек.

ReBorned said...

Фала за линкот, ај да пробам...

ReBorned said...

Не можам, незнам зошто. Финтата е во тоа што јас кога инсталирав EURO 12, видов дека клубскиот дел е буквално ист како на FIFA 12 и ја избришав FIFA 12. Незнам дали тоа игра улога или правам нешто погрешно.
Од каде ја стартуваш играта? И како го вметна тој database со трансферите од Јануари?

ReBorned said...

Леле уште не можам да се смирам од видеото на Крудели! Тоа не се глуми! Тоа не се изведува! Тоа се чувствува! Гатузо, Пипо, Замброта, Боатенг, Златан, Антонини... солзи на сите страни!

ReBorned said...

И пак ми течат солзи! Мора да престанам да го гледам!

ReBorned said...

Може ли некој поубаво да ми го преведе Тициано?
Од 01:40 натаму...
Grazie Pippo, Од длабочината на срцето! Ти ќе бидеш засекогаш во нашите срца! Доста со сите патетики! Се’ што се случило? Таа љубов е вечна?


Иван?

ace1899 said...

Летово добар шопинг може да се направи од виљареал(роси,нилмар,борха валеро,запата..)мислам дека за бруно сориано имавем и интерест пројавено едно време,а тука се и клубовите кои не обезбедија ЛШ догодина и можат да се фатат на таа мамка во зависност од нивните амбиции догодина. Тука мислам на Лион,ПСВ,Наполи...
Голманската позција е нешто што забораваме Абијати е веќе на залез,мое мислење и желба е Иго Лорис кој сам кажа дека го одби милан само затоа што не сакаше да биде замена и можеби поради тоа што спомнав претходно вреди да се прати некоја понуда. Тука е и рене адлер кој не знам дали го продолжи договорото со Леверкузен а е одличен голман со замижани очи би го зел на free трансфер,сега читав шпекулации за сиригу но не ми се верува дека ќе биде продаден како и ханданович поради ЛШ. За одбрана секој ден излегува некој нов трач и повеќето од играчите што ги слушам не се реална замена за Неста барем не во следните 2-3 години. По мене добар стопер мора да биде ИСКУСЕН,сетете си и ТС кога дојде во Милан имаше потенцијал кој сега се покажува но му требаше уште време да се докалеми,така да младите таленти кои звучат како добра аквизиција на менаџер астори,ачерби,огбона.. мислам дека тешко ќе имаат инстант импакт во екипата. За жал не можам да помислам на реална замена што не кошта многу пари и ќе се надевам дека еден од овие ќе ме дементира и брзо ќе прерасне од млад талент во светска класа стопер каков што треба моментов за да се закрпи дупката. Напоменав пред некое време дека левата бековска позиција ни е кошмар кога го гледам мезбах најодговорно тврдама дека 1на1 можам да го издриблам. Да се залечи таа рана обожавам да го слушам името на Кришито ама не ми се верува дека ќе го пуштат за ефтино,па така поверојатен е тука сисоко од лион-ваљда до сега ги попраил забите.

За средината деновиве се шушкаше дека имаме пратено официјална понуда до Бенфика за Витсел и дека се следи ситуацијата со Нури Сахин. По мене две имиња кои заслужуваат да играат за Милан. Стротман е исто така одличен,а Ериксен е wonderkid од класата на Gotze и Hazard кои коштаат бајаги.

Во нападот би ги задржил без размислување Ибра,Касано и Стефан,а другите може слободно да се компонираат во некој пазар со Гансо ,или да речеме Пато релација ПСЖ(можеби сако).

Како и да е,се ова ќе остане fantasy football, мислам дека милан често прави трансфери после големи натпреварувања и ќе се следат многу имиња на ЕУРО 2012 и се знае на 31 август 18:51 тука ги прават главните трансфери Фестер и компанија.

Битно е да не дозволиме забревтанава стара дама да не победува на маркетот(видал) и да внимаваме на комшиите кои ќе прават тим само за едно натпреварување догодина. Мора да се внимава и да се направат правилни потези летово,сигурно е дека нема да ја има истата атмосфера во соблекувална со заминувањето на легедните ама летово е можеби најтешката задача за раководството да создаде нова легендарна екипа без да помисли на заминување на по мене 3 темели Ибра,Тиаго Силва и Боатенг.

ReBorned said...

Flavio Roma се префрли од другата страна. Ќе биде асистент тренер на голманите.

Anonymous said...

Се сте си изнапишале и сите сте во право, незнам што би додал :)
Порано, пред секое лето знаев точно што сакам во мојот Милан и кои играчи му требаат, во моментов само се надевам дека ќе се купат достојни крпеници, бидејќи сум вечити песимист, а ако ова го надоврземе со изјавата на Берлу дека наредна година Милан ќе се фокусира на ЛШ (ова го викаше кога Броки и Џилардињо ни беа алтернативи во нападот)што у превод значи, ќе се бориме за што подалеку идење во ЛШ и минимум 3то место за во за пласман во Лига на Шампиони, жално ама вистинито јас така си ја сваќам оваа изјава.
И јас не сваќам зошто Бонера,Јепес и Месбах се овде....Ачерби,Астори,Огбона моментално се играчишта за нив.
Со Господ напред ќе биде летово.

Kole.22 said...

Читајки ги погоре коментарите, да знаете дека you got my support кога станува збор за Азурите летово (15 коефициент за шампион) Чекам убав пост од некој од вас па да отвориме поубава дискусија.

Кога станува збор за трансфер политиката, играчи од типот на тевез/балотели, играчи слични според менталниот склоп, не ни требаат во Милан. Се покажа каква фамилија сме во неделата,па се плашам да не се наруши она што беше градено 10тинава години наназад. Ке речете дека Берлу има склоност кон смирување на проблематичните персоналитети, но запамтете дека повеке немаме костур на тимот. Под костур не подразбирам играч што е индивидуално најдобар, физички најспремен или ментално најпоткован. Костурот треба да има нормално од овие квалитети, но какви и тие да се, пред се треба да има срце во и вон теренот, треба да има Срце ала Пипо, rolemodel во дефанзива во Неста, борбеност како Рино, интелигенција како Професорот. Невозможно е се обединат овие личности во една, па затоа, мене лично ми е доволно наредниве години ми е да гледам Милан кој се бори, Милан што покажува што научил последнава декада, Милан што знае да добие голем натпревар на инспирација, Милан што игра за Curva Sud и Сан Сиро. Пред се мислам на помладата генерација и идните дојденци.
Големо да за Монтоливо, нова и порешителна шанса за Мексес, Аква. Искрено ги немам пратено ниту Ачерби,Огбона,Стротман и останатите кои ги спомнавте, па нема да коментирам за нив. И ајде веке да се залечи таа левата бековска, имам чувство како играчине да се плашат да играат на поранешното место на Капитенот.

GRAZIE DI CUORE,
GRAZIE CAMPIONI

Navigator said...

Само да дојдам до PC Ри (најверојатно утре), па ќе ти објаснам и за играта и за видеото

Kole.22 said...

http://www.youtube.com/watch?v=9lPQrGS-Ag8&feature=player_embedded

не му личи вакво нешто на иден росонер

Kole.22 said...

http://forzaitalianfootball.com/2012/05/how-to-replace-a-golden-generation-why-silvio-berlusconi-must-spend-to-avoid-a-ac-milan-meltdown/?

и уште една интересна статија.. горе доле се поклапа со нашето размислуање

ReBorned said...

Алегри некни на пресот кога изјави дека доаѓа Монтоливо, меѓу зборови изјави дека тој е нашиот нов regista т.е тој ќе биде замената на Ван Бомел на теренот. Тоа значи дека добиваме малку повеќе на техника и пас игра на таа DMC а од друга страна Монтоливо не е Ван Бомел во деструкција но не е ниту мек како Пирло. Во неделата и се обиде нешто слично Алегри за да види како ќе функционира, го играше Аквилани како regista.
Сепак, ова треба да се земе со мала резерва, од досегашните искуства знаеме дека Алегри знае одлично просечни африкански фудбалери да ги прави извонредни поединци па ако Бакаје Траоре е барем просечен, верувам дека Макс може и тоа како да го среди за играње на DMC. Токму тоа е и предноста на Монтоливо, не е врзан со конкретна позиција на теренот и може да игра секаде во средниот ред.

ReBorned said...

Интересни размислувања...


Allegri: "Emanuelson will play as a left back next season. He could grow and develop well in that position."


Galliani: "I was with Ibra on Sunday and we talked for a long time. I assure you that he will 100% be staying at Milan."

Allegri: "The next season will be great for Mexes. I'm sure that he will perform well."

Allegri: "Boateng or Robinho will be used as the trequartista next season."



Allegri: "The squad next year will consist of 25 players and I hope that our head athletic trainer, Daniele Tognaccini, will stay."

Allegri: "Bakaye Traoré will play on one of the sides in the 3-man midfield."

ReBorned said...

ANSA објавија статија дека Алегри побарал од Галијани и Берлускони Златан да биде продаден затоа што веќе не се трпел во соблекувалната и на теренот.
Милан демантираше било каков проблем меѓу нив двајца на официјалната веб страна.

ace1899 said...

http://www.youtube.com/watch?v=LFSGP-Sxypk&feature=g-all-u

ReBorned said...

Иван што направи со ФИФА? Ако не да правам рачни трансфери па да си почнам...

Anonymous said...

Thumbs up за неговото премислување околу Емануелсон, изгледа кога му стана јасно дека абер немаат од купување на лев бек овие морал вака.

ReBorned said...

Гледаш, интересно е и размислувањето за Бакаје Траоре. Јас на пример секогаш него го замислував исклучиво како DMC а Алегри гледа на него како некој нов Гатузо, кој игра странично а не централно во средниот ред. Можеби е лабилен со топка па е опасно да игра централно, нешто слично како и Гатузо низ својата кариера.

Kole.22 said...

Дали УЕФА2012 играва може да се симне без разлика дали ја имаме инсталирано ФИФА претходно или му доага како пач?

Navigator said...

Вака момци...
1. Да ве замолам да не постирате веќе од клиповиве, ги отварам и пола ден сум депресивен. Не се издржува веќе!
2. За FIFA-та: Тој пач со трансферите е од Февруари и ги има само зимските трансфери, да се разбереме. Тоа што сакаш да си почнеш со Montolivo и новиве ќе мораш рачно. Пачот го симињаш и тој "fifa_ng_db" фајл го копираш во ...Fifa12/Game/data/db
Ако евентуално во data фолдерот немаш db подфолдер ќе си направиш и таму го ставаш. Тоа е за пачот.
Потоа ги симињаш дресовите и го отвараш CM12. Од CM12 го отвараш тој fifa_ng_db фајл си го наоѓаш Milan, неговите дресови и сликите на дресовите ги заменуваш со новите слики соодветно (домашен горен за новиот домашен горен, шорцеви со новите шорцеви итн) или менуваш било што друго (дресови, амблеми, страдиони, дури и рекламни паноа). Откако ќе измениш се што сакаш Save и излегуваш. Останува уште "рефреширање" играта. Симнуваш i68Fifa12 регенератор, преедноставен програм со две копчиња и нема да ти обајнувам. КОга ќе завршиш со тоа и коа влезеш во играта треба да ти се направени сите промени.
Ако има нешто пиши, ќе ти објаснам пак.
И сега ја симнувам EURO12, па ќе зборуваме и за тоа утре

ReBorned said...

Јас го имав и претходно направено сето она што ти ли го кажуваш ама ми излегуваат некои error-и. Пример по отварање на CM 12 ми вели дека не постои .BIG file т.е со CM 12 може да се закачат само excel фајлови. При отварање на i68 ми вади друг error и не можам ниту да ја стартувам. Менував дури и во регистрите на компјутерот (читав дека и други имале проблеми).
Најважното од се, каков Windows имаш? Јас имам Windows 7 ultimate и сметам дека тука лежи зајакот...

Navigator said...

Да, можно е да до windows-от. Јас ја играм исклучиво на десктоп кај што имам XP. На лаптоп имам 7ца и се сеќавам дека тогаш ми појави сличен проблем. Проблемот е во отворањето на фајлот. Седмицата не те остава да одбереш "all files" кај file type кога бараш во некој фолдер. А како .big фалјови не ти го чита тој што ти треба. Да, да, така беше... Жал ми е.

Сега дај ти помагај со EURO12. Ја симнав, ја инсталирав, ја отворив со Deamon и на влегување ми пишува Origin is not installed. Please reinstall origin. :S

Navigator said...

сум го заборавил skidrow јеботе :)
а и не сум воодушевен од играта кога видов дека морам да си ја избришам прекрасната тренерска кариера со Porto :)

ReBorned said...

Шпекулациите зборуваат дека Алегри сака да се ослободи и од Месбах затоа што планира стартер десно да биде Абате а негова замена Де Шиљо а лево да биде стартер Урби а негова замена Антонини. Плус тука се придодава Бонера кој покрива и на двете страни па Месбах доаѓа вишок.

Anonymous said...

Ми се допаѓа тоа, мислам дека сме подобро без него.

ReBorned said...

Sky Sports го избра Acerbi во тимот на сезоната во калчото, го има него а го нема Киелини. Извадок:

Експертски тим од „Скај Спорт“ го избра идеалниот тим на Серија А за сезоната 2011/12, и во него очекувано дури шест фудбалери доаѓаат од шампионот Јувентус и вицешампионот Милан.

Тимот е составен со форминација 3-4-3 и во него има седум Италијанци, а со по тројца фудбалери партиципираат Јувентус и Милан. Предводник на тимот е тренерот на Јувентус Антонио Конте.

На голот е словенскиот репрезентативец од редовите на Удинезе Самир Хандановиќ кој одигра уште една фантастична сезона.

Во одбраната се најдоа играчот на Милан Тиаго Силва заедно со дефанзивецот на „старата дама“ Андреа Барзаљи и откритието на сезоната Франческо Ачерби кој од следната сезона најверојатно ќе игра за ’росонерите’ и кого на Апенините го сметаат за нов Алесандро Неста.

Navigator said...

За кого навиваме вечерва момици? Јас лично за Chelsea

ReBorned said...

Исти ѓавол, штознам...

Anonymous said...

Кој и да освои нема да биде незаслужено, Челзи пред 4 а Баерн пред 2 години изгуби финале еве им можност да се искачат на врвот.
Разумот и логиката ми вели Баерн.М со некоја 2-0 победа, ама.....

ReBorned said...

FILIPPO GALLI: "The club will point on De Sciglio"

ReBorned said...

Наводно според Sky, деновиве во Милано доаѓа младиот голман на Крузеиро, Габриел кој ќе потпише договор со Милан. Габриел има 19 години, висок е преку 190 см а член е на младиот тим на Крузеиро и на Бразил U20. Милан го следеле него уште од младинското СП во 2011 и тимот ќе го чини нешто повеќе од половина милион евра.

Anonymous said...

Имам некој голем оптимизам дека Урби ќе блесне наредна сезона на LB поради корпата што ја доби од репрезентацијата. :D

Kole.22 said...

ЛШ финале?
лабаво

Navigator said...

Поприлично лабаво богами. Мојата логика пак, пред финалето велеше: кога знаеме дека тоа не се двете најјаки екипи, дека не го играа најдобриот фудбал и не беа најстандардни, па со тоа не заслужија да се таму, нека победи послабиот. Кад је бал, нек је маскенбал. И така би...

И David Cameron и направи на Merkel in your face притоа :)

Anonymous said...

И сеа пак сме во прв шешир или?

Anonymous said...

http://u.goal.com/187100/187179hp2.jpg

Најдете го натрапникот.

Kole.22 said...

типчево лево доле? o.O
Не знам зошто како ова натпреварување да ми го губи шмекот што треба да значи врвен фудбал, возбуда и слично.Порано едвај чекав да дојде вто/сре вечер, па грицки пивце едно друго.. Сега сеедно ми е..
Ама конечно, веке од другата година канал5 нема да пренесува па многу работи ке се сменат на подобро.
Иначе не знам дали знаевте дека:
http://bleacherreport.com/articles/1188935-ac-milan-transfer-news-santos-midfielder-gansos-agent-is-in-milan?

Гансо+монтоливо=доминација

Kole.22 said...

Galliani "Pato resta al Milan. Non partirà ne a titolo definitivo, ne in prestito. Recupererà dall'infortunio qui da noi"

ReBorned said...

1. И официјално сме назад во прв шешир
2. Наводно со завршувањата на договорите на сенаторите и обновените договори на некои фудбалери (Фламини) Милан заштедил 33.5 милиони евра на плати!
3. Агентите на Гансо се повторно во Италија, се очекува утре вечера со Галијани (наводно ќе имало полнети пиперки-сарма за вечера). Исходот веројатно ист како лани, пак ќе се договориме без проблем со агентите (фудбалерот) ама нема да се договориме со Сантос. Сантос наводно бара 20тина милиони евра. Сепак, овојпат имаме џокер во рака во Робињо па можеби ќе има поинаков исход од лани.

Navigator said...

Имаш 3 "наводно" во коментарот што автоматски го прави неверодостоен :D
Мислам дека редно е да ја решиме сагата со Ganso и тој потег комбиниран со ангажманите на Montolivo и Traore веројатно би го затворил тој дел од ростерот. Потоа, ќе остане само сложувањето на одбраната. Сепак, прерано е да се носат какви било заклучоци...

ReBorned said...

Се појави и друг муабет дека НАВОДНО Милан го поканил Стротман да долета во Милано за да ги дефинираат и последните детали од неговата преселба?!! Освен муабетот со Гансо и овој за Стротман, третата верзија е дека G притиска кај Перез да го добие Сахин на жими мајка (loan со опција за откуп). Било која варијанта да се реализира ќе бидам пресреќен (иако не мора да значи дека со една варијанта се елиминира друга, на пример Гансо позиционо не влијае воопшто на евентуална аквизиција на Сахин или Стротман, ама да бидеме реални и скромни).

Anonymous said...

@kole најгоре лево ;)
Сите комбинации ми се свиѓаат, а највеќе во онаа кадешто е Стротман, мора да се земе тој дечко пред да почне европското, 11 милиони не се многу за него, а со Гансо малце потешко ќе биде ама ако се земат овие двајца може да се каже дека сме завршиле работа во средниот ред.

Kole.22 said...

Леле да беее хахахаха кај го приметивте браво

Navigator said...

Еве ти го Conte! Цел!!

Anonymous said...

Чекај ова се рачуна ко пораз? пошо тој од нас не го рачунаа нели? :Р
Драма во Франција Оксер-Монпеље 1-1 доколку победи оксер ПСЖ зема титула, имаше голем прекин има уште 15ина минути до крај.

http://www.lshunter.tv/streams/1/lshtennis4.html

Anonymous said...

Ги зареков Џон Утака за 1-2.
Интересно, првпат у живот ги гледам Монпеље освен Утака кој го имам и гледано како игра од овој тим ги знам и Souleymane Camara кој беше во Монако едно време и Joris Marveaux кој го знам од ПЕС6.

Anonymous said...

http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=WFt0ru-TA38

Navigator said...

Мило ми е за PSG што не освои и покрај Carleto. Почнав сериозно да ги презирам тимовите што добиваат арапска финансиска инекција. И за Chelsea го мислев истото до скоро, ама во последно време и Roman е малку смирен. Сега после сношти дали пак ќе се опушти ќе видиме :) A за Montpellier што да кажам... Почнаа чуда да се случуваат. Ако лани Dortmund беше изненадување, пред тоа Twente и AZ, ова е бомба. Екипа никаква, игра уште помалку, ама бодови на малите екипи никако да им дадат. Стандардна домашна екипа (освоија 50 од 57 можни бода дома), ама си ги тепаа стандардно и аутсајдерите. Нема губење планирани бодови, тоа е рецептот очигледно. И да, нека има што повеќе вакви екипи во ЛШ, немам ништо против. Напротив, ги посакувам и во наша група!

Anonymous said...

Ептен се заинтересирав и ги најдов шеширите за наредната сезона во ЛШ иако се далеку од комплетни:

1.
Chelsea
Man.Utd
Arsenal
Barcelona
Real.M
AC Milan
Baern.M
Porto

2.
Man.City
Valencia
Schalke
Benfica
Braga
Dinamo Kiev
Shakhtar
Zenit

3.
Juventus
PSG*
Ajax
Anderlecht
Olympiacos
Panatanaicos
FC Basel
Spartak Moscow

4.
Borussia Dortmund
Celtic
Montpellier
Galatasaray
FC Salzburg
BATE Borisov


-Басел,Панатанаикос,Брага,Динамо Киев,Андерлехт,Селтик,Бате и Ред Бул Салцбург треба да играат квалификациско коло (2ро,3то) додека другите се веќе квалификувани.
-ПСЖ не се знае дали ќе биде во трет или четврт шешир.
-Удинезе,Малага и тн не се ставени бидејќи како и другиве тимови не само што не се квалификувани туку и не се знае во кој шешир ќе бидат.

Замислете група:

Реал.М,Манчестер Сити,Јувентус,ПСЖ

Е сега од вториов шешир искрено би сакал да ги одбегнеме Сити и Валенсија, а за трет и четврти ќе немаме гајле мислам, не би било лошо да ги избегнеме токму ПСЖ и Дортмунд :)

Ептен се занесов, ама тоа е досада...очај по фудбал...

Anonymous said...

Или уште подобро:
Реал,Јуве,Сити и Дортмунд!
Победниците од 4те најсилни првенства во иста група! ауууу ова го сакам :D

ReBorned said...

Срамота е шампионот на Италија да биде во 3 шешир а екипи како Брага, Шахтјор и Динамо Киев да бидат во вториот шешир!

CurvaSud_Milan said...

Драгане ќе ти купам еден шешир, цел месец за шешири збориш :D

...многу се смеев дека G "сака да го земе Сахин на жими мајка" :D

...иначе тука сум, ве читам константно но ретко, многу ретко седнувам пред PC, телефонот е мојата судбина :) Како и да е, изминативе 8-9 дена беа исполнети со плачење и емотивни моменти, гледање видеа кој несакаш да ги гледаш затоа што растажуваат, а срце не ти дава да не ги пуштиш, спуштивме завеса на една незаборавна ера! Благодарност до сите момци почнувајќи од Il Capitano, преку Били Костакурта, Шева, Сержињо, Руи Коста, Кака, Стам, Каладзе, па и Шимиќ, Панкаро, Броки, Џунти, Коко, Командини, а посебно оние кои останаа до самиот крај Џенаро, Сандро, Пипо, Кларенс, Замбро и секако ван Бомел! Почнуваме нова ера, т.е. само продолжуваме, ера во која предводник ќе биде Тиаго Силва, следен од Ибракадабра, КПБ, Пато, Касано, Абате, Емануелсон, можеби и Де Шиљо зошто да не, и секако неколку нови деца кои ќе ни се придружат во фамилијата!

Гансо и Стротман покрај Траоре и Монтоливо е одлична комбинација, да не речам перфектна за пополнување на дупките во средниот ред, во тој случај ќе ни треба уште еден CB и G ќе може да си ги пушти нозете некаде на некој океан. Со прекомандување на Урби на лев бек мислам дека ќе добиеме многу, Антонини како негова опција, десно Абате и Де Шиљо, Мексес и Јепес како опција на ТС и мистер х и мислам дека ростерот ќе ни биде и повеќе од компетитивен, не само за дома туку и во ЛШ! Сепак има уште многу време, ќе видиме...толку од мене за сега, со повќе инфо, следното седнување пред pc :)

Navigator said...

Шампионот на Италија се теши со шампионите на Германија и Франција :)
Good job Драган! Само ти биди заинтересиран и нека ти биде досадно, па апдејтирај ја листава како врви време :))

Navigator said...

Пред пола саат е извршена ждрепката за плејофот во primavera. Слободно можам да речам дека Milan имаше среќа и го доби Juventus. Велам дека имаше среќа заради тоа што ги одбегна страшната Roma, суперсилниот Lazio и за нашите младинци, комплексот наречен Inter. Екипите беа поделени во две групи: носители и предизвикувачи. Во првата беа сместени шампионот на Италија (Roma) и трите екипи што завршија како најдобри во трите групи од регуарниот дел (Juve, Inter и Lazio како најдобар после Roma во третата група). Во другата група се најдоа: Milan, Palermo, Varese и Torino. Еве ги двојките:

Inter-Palermo
Juventus-Milan
Roma-Varese
Lazio-Torino

Dolcetti поприлично задоволен после ждрепката, најмногу поради одбегнувањето на римските екипи. Сепак, има доста време до мечот кој ќе се игра на 3ти Јуни во 21.00 во Gubbio.

FORZA PRIMAVERA!!!

Navigator said...

P.S. Победникот од нашиот дуел, во полуфинале вкрстува со победникот од дуелот Printer-Palermo

Anonymous said...

Срамота не срамота момци таков е рејтингот, Јуве нема 2 години играно ЛШ, дома завршуваше 7ми а додека пак тимовите кои го спомнавте стигнаа и до 1/8ина финале на ЛШ. Тоа добивме и изгубивме од Платини и неговиот систем.
Мислам дека е посрамота што Милан прошлата година беше ставен во шешир со екипи од многу послаб ранг.

Navigator said...

Нема тука што да е срамота или не. Се е проста математика, или подобро речено статистика. Собирање на коефициенти од пет последни години во Европа... Fair enough!

Anonymous said...

Да се официјализира ова со голманчево од Бразил и мислам убаво е да се освежиме со некој пост, мислам овој иде накај 100 коментар и не само тоа секад коа ќе го видам Крудели ми текнува на минатото а тоа е завршена приказна, сега ги имаме Габриел,Траоре и Монтоливо (а со надеж и Стротман за некој ден)

ReBorned said...

Алегри потврди дека догодина Боатенг ќе игра во средниот ред а не како полушпиц. Монтоливо никој не го гледа како полушпиц, уште помалку Стротман. И Робињо и Касано можат да играат на таа позиција но спорадично, не верувам дека целата сезона можат да ја понесат на свои плеќи. Дали тоа значи дека одиме на нов AMC на трансфер пазарот? (Гансо?)

Anonymous said...

И јас го мислам истото (изглеа пошо читаме од исти места)
Урби на бек и Боа во средина значи -ца дека единствен trequartista ние Касано, мада сумљам дека ќе се потпреме само на него.
И јас мислам дека покрај Стротман дефинитивно ќе идеме на уште еден везњак.

ReBorned said...

Ама за Боатенг во средина ќе треба многу работа. Искрено беше изгубен кога играше неколку натпревари во средиот ред сезонава, буквално не знаеше каде се наоѓа.

Anonymous said...

-Милан нема да ја искористи клаузулата за да го откупи Макси и тој се враќа во Катанија.
-На 1 Јуни повторни ќе се разговара со Ливерпул околу евентуален трансфер на Аквилани но за поповолна цена
-Ел Шарави е наш играч, а Меркел и припаѓа целосно на Џенова.
-Пато ќе направи уште една Магнетна за да се утврди дека е 100% фит.
-Робињо се очекува да остане и наредната сезона.

Kole.22 said...

Јас мислам дека е време за нов пост.
По можност Еуро2012, колку да се дешава нешто ново, бидејки надминавме 90+ коментари
поздрав

Navigator said...

Cе ми се чини дека позајмицата на Aquilani ќе се мења со позијамица на Sahin, Strootman ќе се купува, а Boateng пак ќе си игра на AMC...

Anonymous said...

Најново што стигна од Италија е дека на Милан понудил 8.5м за Стротман, 4 годишен договор за 1м по сезона.
Ќе повторам, мора да се земе типов пред Европсково многу ќе му рипне цената иначе, читав изјави од негов агент дека Кевин пристигнал во ПСВ пред само една година и е прерано за заминување и дека моментално е фокусиран само на Европското.
10-12 милиони да се инвестираат во него не е на зијан, па и златна канта да добие (а ваљда нема) барем сме пробале.
Фламини и Сидорф сеуште не одлучиле што понатака, Фламс може да остане секако, заедно со Мунтари,Траоре,Монтоливо,Строотман,Аквилани и евентуален AMC (Хернандес) мислам дека би било сосема доволно во средината.
Гансо има воспаление на коленото, ќе отсуствува 2-3 недели од терените а и важи за доста стаклен дечко, затоа секоја понуда над 15-20м е голем ризик и коцкање.
Радо би Хернандес од Лацио за 10м + некој играч него да ризикувам со Гансо пред се пошто дечкото 2 години игра солидно во Италија, не е Кака и неможе да очекуваме такво нешто од него ама пак сепак, и од Ночерино не очекувавме да ни биде втор стрелец па ете.
Околу обраната, -Таиво и Месбах а + Ачерби и Астори/Огбона (мора нешто од децава да се земе нема да биде на зијан) мислам дека ќе завршиме работа.
Нов пост мислам дека прво треба за нашите три засилувања, на крај краева фан клуб на Милан е, не дека неможе некој да си пише тука за Европско нешто апсолутно не ме сваќајте погрешно ваше право е колку повеќе постови толку подобро.
Прашање:
Се официјализира Суљо или? што се случи? нели му заврши договорот со Интер и нема пречки за да остане кај нас?

И за крај, едно црно сценарио:


https://fbcdn-sphotos-a.akamaihd.net/hphotos-ak-ash3/547695_455562281136285_100000475517747_1697181_166781272_n.jpg

ReBorned said...

Мунтари ќе си го лапнеме како локумче во Јули оти ќе биде без договор. Со Стротман си играме играчки, ризикуваме! Таков фудбалер за таа цена (10-12 мил) е невозможно да се најде во денешниот фудбал! И да биде тешко промашување (а нема) ќе можеме да го продадеме близу таа цена! Не губиме ништо, а верувајте ќе добиеме! Хернанес не е во најдобри односи со Лацио и веројатно ќе си оди но кој може да се разбере со Лотито?! Сигурно не екипа која повеќе од 10 милиони дава само за напаѓач! G како да почнува да подготвува терен, од НЕМА ШАНСИ ДА СИ ОДИ ТИАГО ретерира во ЌЕ НАПРАВАМ СЕ ШТО МОЖАМ ДА ОСТАНЕ ТИАГО и РЕДОТ НА ЕКИПИ КОИ ЧЕКААТ ЗА ТИАГО Е НЕВЕРОЈАТЕН! Ако ја продадат единствената реинкарнација на Франко Барези во денешниот фудбал, screw you!!! Ако се прашувам јас, Тиаго е апсолутно последниот фудбалер во тимот кој би го продал и единствениот кој е недопирлив! Неговиот агент уште еднаш потврди дека тој е пресреќен тука и не мисли да си замине од Милан па само клубот може да одлучи да си оди.
Агентот на Ацерби вели дека со Тиаго Силва тој ќе стигне до настап во сениорската репрезентација!
Потполно се согласувам за пост за засилувањата па потоа ЕУ, ова доаѓа од фан на Италија! Сепак, не чекајте на мене, како што некои од Вас веќе знаат (ping Ultras) не можам да станам од кревет и цело време Ве читам и пишувам од тел.
Forza Milan!!!! E Andiamooo!!!

Navigator said...

Не мислам дека се подготвува терен за продажба на TS, а редот на заинтересирани екипи е разбирливо голем. Чиј ред не е голем кога се работи за играч од таков калибар? Со продавање на Thiago не си пукаш во нога, туку во слепоочница и мислам дека дополнителен муабет на таа тема е излишен. Од друга страна, ми се допаѓа играта со PSV. Премногу е добра за двете страни оваа "трампа" MVB-Strootman за да не се оствари. Холанѓаните би замениле двајца играчи со слични карактеристики, а притоа би добиле пари. Тие знаат дека нема уште долго да го задржат, а сега плус и добија играч за таа позиција. Уште повеќе, van Bommel ќе сака да игра доста сезонава и ете ти проблем повеќе ако Kevin остане. Мене ми изгледа дека единствената пречка е сумата и натегањето за некои 3-4 милиони. G не сака да даде 15, а на холанѓаните не им се дава таков играч за 10-11 и се во право. Претпоставувам дека си викаат: ако не даваат 15 сега, ќе мораат (можда и повеќе) после ЕУРО-то.
Момци, ако некој ги "пречека" новите засилувања со пост деновиве, јас ветувам пост за ЕП на 1ви! И ќе биде пристрасен, да знаете :)

Navigator said...
This comment has been removed by the author.
ReBorned said...

Само како пикантерија, Ван Бомел го одбра токму дресот со број 6 кој сезонава го носеше Стротман. О работава со Сахин делува сериозно (иако не гледам зошто Реал би ни го дале на жими мајка)

Anonymous said...

@ReBorned
Да да читаш сигурно :D
Ајде, јас се пријавувам за пост за засилувањата,ако не денес утре.
За ова со Тиаго нема што да коментирам, го делиме истиот став.
Баш само да го видам тој пристрасен став жабари едни низаедни, коа ќе ви го преплавам форумов со Германци и Холанѓани :P

ReBorned said...

Малага сака еден напаѓач од Милан (Робињо или Касано). Робињо би го продал за секунда а ако се знае дека Малага игра во квалификации на ЛШ и на чело има шеици...

ReBorned said...

Детево веројатно следната сезона ќе биде прекомандуван во А тимот http://www.youtube.com/watch?v=KXCd3SH8DXM

Anonymous said...

100 коментари, ова е сто и првиот, време е за нов пост.
Само вака да продолжи за 12 дена 100 коментара пу пу :)

Navigator said...

и јас се радувам на активноста на блогов и 100те коментари, ама пак морам да спомнам дека не ми е толку битно дали се 100 или 50. она што ептен ми прави кеиф е квалитетот на дискусијата, изразување на сопствени ставови, анализи, дискусија за моменти со кои малку навивачи се запознаени, а не само штуро реобјавување на вести што можам да ги прочитам насекаде. браво момци!