Во годините кога светската спортска јавност со нетрпение го очекува
палењето на олимпискиот оган и почетокот на најголемиот спортски собир - Олипмиските
Игри, УЕФА исто така го нуди своето најдобро. За некои само како загревање за
Лондон 2012, за други како летна спортска кулминација. ЕУРО-то го знаеме како
поскромниот, помалиот и помладиот братучед на Светскиот Куп, но годинива, Platini реши да оди и чекор подалеку. Да го
направи уште поскромен, финансиски полабилен и безбедносно неизвесен. Со
неколку збора, реши да ја тестира УЕФА наспоти навивачкото насилство (полските
ултраси) и политичкото влијание (украинските политичари) истовремено. Исходот –
просечно првенство, медиумски напумпано, што ќе значи аргумент повеќе за нов мандат на Michelle. Нејсе, нас не интересира фудбалот...
Подготовките за првенството веќе се во завршна фаза. Се играат последните
две рунди на пријателски натпревари, а селекторите веќе ги објавија
дефинитивните списоци на репрезентациите. Годинава, барем засега отсуствуваат
бомбастичните вести за повреди на големи ѕвезди непосредно пред почетокот на
првеството. Можеби најголемиот фаворит, бранителот на тронот Шпанија настрада
најмногу и ќе нема на располагање двајца играчи кои беа меѓу најзаслужните во
освојувањето на европскиот и светскиот фудбал врв. Villa и Puyol се веројатно најзвучните имиња кои нема да ги осетат терените низ Полска и
Украина, барем засега, на 12 дена од премиерата во Варшава. Неутралните,
реалните фанови, па и кладилниците (не сакам билтен да им видам :)) се
категорични – Шпанија е најголем фаворит! И се во право. Видете го само
составот... Но сме рекли илјада пати дека составот не го добива првенството,
туку перформансот на играчите, спроведените замисли на селекторот, ама и
фортуната, напредната технологија што пак ќе ја нема и вишата сила – волјата на
судијата! Дека најдобиот состав не гарантира пехар, годинава сакаат да докажат
и неколку други репки. Пред се Германија со суперсилната, талентирана и
мотивирана генерација, светскиот вицепрвак Холандија, зрелата за успех Англија,
секогаш силната Франција, потценетата Италија и Cristiano Ronaldo и Ibra како екипи сами по себе. :) Домаќините со свои
амбиции, Пољаците целат на малото финале (се пресмеав), а Украинците само да ја
поминат тешката група.
Без можност да се навива за својата репрезентација, секој од нас со свој
фаворите меѓу европските великани. Иако грото фанови кај нас се очекува
несебично да им ја дадат својата поддршка на јужните соседи во групата А :),
блогов претежно ќе носи друг син дрес, аѕурен. Иако бесцелно е да се расправа
кој за кого и зошто ќе навива на ЕУРО12, кога во муабетот ја нема Македонија,
јас останувам на тоа дека поддршката за италијанскиот состав е логичен тек на
активностите на блогов – верноста кон Milan. Како и да е, интересно би било да се спротистават мислењата
и да има малку подбивање, зашто ретко имаме прилика за тоа. Јас, како и
секогаш, од кога знам за себе, ќе се препуштам на чувството што ме обзема кога
ја гледам la nostra nazionale. Верувам во тие момци и покрај се што се случува деновиве. Сакам кога ги
потценуваат, кога ги отпишуваат и им се смеат во лице. Сакам, затоа што ме
потсеќа на едно СП, заедно со calciopoli и траумата со Pessotto, на антологиското
“andiamo a berlino”, на Grosso
vs Barthez, на најубавите
навивачки моменти што сум ги доживеал. Месец дена, само за уживање во најдоброто
фудбалско што го има Европа!
VIVA LA EURO!!! FORZA ITALIA!!!
226 comments:
1 – 200 of 226 Newer› Newest»zamisete sto bi bilo eventualno polufinale italy vs spain i germany vs holland ili bilo koja kombinacija od tie cetiri selekcii lelelele e toa e vise situacija za mnogu mnogu pivo i milion komentari. ke se slozite site imame omileni ekipi i se palime na LS ali mundijaot i evropskoto e sosema druga dimenzija ajde uste 12 pa neka pocne ludiloto a posle toa ludilo uste edno na transfer pazarot ne ceka interesno leto.
италија со шпанија и германи со холандија може да се сретнат повторно само во финале, ама ти ја разбирам поентата, битни се екипите, помалку комбинациите. апсолутно си во право, уникатно е чувството. а ти со нов на блогов или порано си коментирал, па привремено си анонимус?
ја чекав пријателската вечерва за да го напишам мојот став во врска со тактиката на Prandelli и како мислам дека ќе ја постави играта, ама ништо. во секој случај вечер ќе си го кажам своето...
nov sum na blogov samo zatoa sto ne sum fan na milan pa mi bese bezmiseno i idiotski da vlagam i da se karam so fanovite na milan megutoa sega oga zavrsi sezonata i koga nema postovi za milan a temata euro 2012 mozam da si kazam nekoi stavovi koi gi mislam ne mora da se tocni. fan sum na barcelona megutoa ne e novopecenite a tokmu zatoa sto pogolem procent se novopeceni i najiskreno nema ni eden kvaliteten blog kako sto go smetam vasiot pa da dremam na nego :D
Гаучос фала ти за убавите зборови :)
Доколку сите би се согласувале во своите мислења и би имале идиличен начин на размислувања, не само фудбалот туку светот воопшто би бил потромаво место за живеење и луѓето никогаш немало да достигнат до ова дереџе до кое што се сега (добро или лошо) :)
И јас сум фан на Италија, фан на Италија од кога знам за себе. А како да не бев кога истите лица ме врзуваа со Милан и со репрезентацијата, па тука беше Il Capitano! Прво него после, сите други! Тука беа веројатно најдобрите дефанзивци кои што некогаш светот ги забележал во фудбалот и тоа на едно место (Малдини, Неста, Канаваро а да не одиме малку поназад Барези).
Знам дека често претеруваат со дефанзивен фудбал, знам дека често претеруваат со тактика но знам дека апсолутно сите се плашат кога Италија ќе ја помине групата со резултати 1:1, 0:0 и 1:0 во трето коло. Италија ја минува групата низ иглени уши, но кога ќе ја помине никој не ја сака за противник. Тоа е така затоа што Италија секогаш имала проблем да игра табеларен систем на натпревари (низ групите на ЕП и СП или низ групите на квалификации за ЕП и СП) но Италија е веројатно една од 3 селекции кои никој не ги сака во дуел еден на еден, кога еден натпревар решава се и кога сме или јас или ти. Тогаш, со сите свои проблеми, со сите свои тактики, катанаџо или контри, продолженија или пенали, Италија е сурово непредвидлива!
Се надевам на убаво ЕП, се надевам на добри натпревари и многу возбуда! Се надевам на успех на Италија но незнам што ќе се случи!
Знам само едно, Англија пак ќе скока како и секогаш и пак ќе се тресне од земја како и секогаш! Без дискусија најпреценетата светска репрезентација во историјата на фудбалот, репрезентација која во својата историја има освоено само 1 (со букви, една) титула, пред половина век, на домашен терен, во најконтроверзното финале во светската историја! И секогаш се максимално запалени, секогаш се со ставот дека светот се врти околу нив, секогаш се дигнати и своеглави и секогаш, апсолутно секогаш се треснати од земја! И апсолутно секогаш уживам кога тоа го гледам! :)
П.С Освен фан на Италија бев и фан на Португалија но не оваа Португалија туку онаа, вистинската, Португалија на Руи Коста и Луис Фиго, Португалија на Витор Баија и Серџо Консеисао, Португалија на вистинските фудбалски мајстори кои ми се полнеше душата кога ги гледав! И кога ги споменав едно по друго Англија и Португалија веднаш ќе си спомнете кој ми е најомилен натпревар нели :)
http://www.fkvardar.mk/vesti/237-2012-05-29-20-35-43 !!!
Деновиве прочитав многу коментари на разни навивачи и поддржувачи на италијанската репрезентација, најголем дел од нив италијани. Во коментарите прочитав многу гнев во врска со најновиот скандал, но и повеќе критики на сметка на Prandelli, отколку пофални зборови. Ги разбирам, затоа што и јас сум за расчистување со сите тие аномалии кои редовно го пратат Калчото, но и сум сведок на нерегуларности и во нашиот фудбал. Се работи за вистински промотор на самата држава и апсолутно се во право да бидат критички настроени. Сепак, кога зборувам за моето мислење и моите ставови, се трудам да ја дистанцирам работата на селекторот и неговите потези наспроти аферите кои постојано се појавуваат низ Италија и за време на неговиот мандат. Мислам дека Prandelli моментално е само жртва на валканите кладилничарски игри и дека човекот само трпи поради тоа. И покрај целиот анимозитет што последниве години го насобра Калчото, а со тоа и самата репрезентација и покрај паѓањето на квалитетот на италијанската лига и покрај дефицитот на таленти на чизмата, Prandelli со своја заслуга успеа да ја крене самодовербата на сите што играат и работат во националниот состав и што го поддржуваат. Успеа да одработи една од најдобрите квалификациони кампањи во историјата на аѕурите со одличен скор 8-2-0. Успеа, во една група каде имаше само еден класичен аутсајдер и уште три репрезентации кои атакуваа на ЕУРО, во групата каде Естонија од поправач на гол разлика стигна до бараж, да остане без пораз и на тој начин да се спротистави на критиките.
Prandelli го почитувам затоа што е одмерен и скромен во јавност и жесток на терен. Тактички способен и подобен за баш ваква репрезентација. Му замерив затоа што не повика ниеден голем напаѓач, потоа го видов списокот на напаѓачите и се замислив. Кој да испадне, за да влезе Matri на пример? Borini, Balo или Giovinco кои се убедливо најголемите напачки таленти во Италија и имаа одлични сезони? Di Natale кој е 5 години наназад во топ 3 стрелци во лигата? Cassano кој е душата на репрезентацијата? Заклучив, правилна одлука Prandelli! Да беше тука и Rossi, тоа ќе беше еден од најкомпетитивните напади на цело првенство, колку и да сакаат да прикажат Италија како дефанзивен состав. Баш дефанзивата е најголемата главоболка на селекторот овојпат. Човекот има се на се 7 одбранбени играчи, од кои 3 се бекови. Од стоперите, Bonucci беше нестандарден со вкупно 24 натпревари цела сезона, башка тоа е под истрага, а Ogbonha доаѓа од лига од втор ранг. Средината е друга приказна. Таму имате двајца играчи, Diamanti и Giaccherini кои верувам дека ќе бидат маргинализирани и за кои влезот во 23цата одбрани е успех за по себе. Останатите 6 везњаци ќе конкурираат за 3 места во средината и тука слободата на Prandelli е огромна. Сo Pirlo како незаменлив плејмејкер, може да комбинира кои било двајца. Во таа група имате и деструктивци и трчачи и шутери и креатори. Знаат и да нападнат и да се соберат во сопствен шеснаесетник.
Се на се, добро завршена работа работа Prandelli!
P.S. Ако имате саат време слободен, прегледајте го:
http://www.youtube.com/watch?v=reMR5kPfXZk&feature=related
Околу формацијата...
Со оглед на тоа дека и годинава, како и многу многу пати порано, Juventus го дава костурот на репрезентацијата, уште повеќе што годинава станаа и шампиони, нормално е селекторот помалку да се прилагодува на еден систем на кој навикнале најголем број од играчите во групата. Тоа не значи дека треба да се пресликува работата на Conte, но во извесна мера мислам дека тоа може да му помогне на Prandelli. Очигледно е дека се подготвуваат две формации, две тактики за два типа на различни противници. Претпоставувам дека со таа логика беа одбрани и двата противника на пријателските натпревари.
Првата варијанта се однесува на полесните противници или онаму каде што треба повеќе да се напаѓа. Верувам дека во се ќе биде во зависност од расплетот во групата, но формацијава може да се аплицира на мечевите против Хрватска и Ирска. Класична обранбена линија од 4 играчи, пред нив 3 везњаци, два полушпица и еден истурен напаѓач, со тоа што вториот полушпиц би играл измеѓу како SS. Xmas tree која може лесно да се трансформира во 4-3-1-2 со еден AMC и двајца класични напаѓачи. Или графички:
Abate---Barzagli---Chiellini---Balzaretti
------Marchisio--Pirlo--Montolivo---
-----------Giovinco-------------------
----------------------Cassano---------
----------------Balotelli-------------
Втората варијанта е подефанзивна, тактички позахтевна, бара многу трчање и е реплика на тактиката на Conte за освојување на Скудетото. Особено кога одбраната ти е најпроблематичниот дел од екипата, сакаш да одиш на сигурно и да извадиш што е можно по воигран состав. Тука имате цврста тројна стоперска линија и двајца бекови, кои се измеѓу бекови и крила, двајца подефанзивни и еден поофанзивен везњак, два вингери и еден шпиц. Убеден сум дека формацијава ќе биде употребена против Шпанија на отварорањето, а можеби и против Русија во Петок.
------Barzagli--Bonucci--Chiellini----
Maggio---------------------------Balzaretti
--------------Pirlo--Marchisio--------
----------------Montolivo-------------
----Giovinco----------------Cassano---
-----------------Balotelli------------
Не ме фаќајте за збор за играчите во формациите, не типувам стартни 11, туку каков тип на играч за позицијата што сакам да ја претставам.
FORZA ITALIA!!!
За втората формација ФИФА и Блатер ќе треба да донесат промени во правилникот околу бројот на играчи на терен, или евентуално Прандели да настапи без голман :))) мала шала, сфаќам дека е ненамерна грешка...како и да е, интересно ќе биде да се види како ќе ја постави формацијата Прандели против Шпанија, искрено мислам ќе оди со класична 4-4-2 со Пирло, Де Роси, Мота и Маркизио, со полушпиц како Касано и еден класичен страјкер што го нема, а ќе го глуми Балотели. Маркизио по потреба ќе делува на AMC. Немам многу време сега, вечер сакам и малце поопширно да се осврнам на можните формации, а богами и видеото убаво да го изгледам.
Не знам од кај излезе Montolivo во втората :) Сум се занесил... :))
Иван, те начекаа на клизачи :))
Curva_Sud ни е коректор на блогов деновиве... И јас се занесов со ЕУ :)
Јас го немам гледано видеото (на моб сум) и незнам дали се однесува на тактиките или не ама не верувам дека ќе се игра 3-5-2. Тоа никогаш не била игра на Италија и не верувам дека сега ќе се игра. Дури и верувам дека на пример со Шпанија ќе се оди со Киелини на лев бек а Бонучи и Барзаљи централно, барем така мислев пред скандалот и сега незнам дали ќе ризикува со психички нестабилниот Бонучи во првите 11. Напред сигурен е Касано а другото не се знае. И попрво би играл Монтоливо на AMC отколку Маркизио. И не го исклучувајте никако Монтоливо до стартни 11. Не ја знам каква е неговата физичка спремност после повредата но доколку е 100 %, игра сигурно. Не дека е наш, едноставно Прандели е вљубен во Монтоливо, тоа е неговиот најголем фетиш!
Околу Прандели, го почитувам и го поддржувам. Италија одамна не играла таков забавен фудбал! Италија одамна не поминала така фуриозно низ квалификациите! Сепак, мора да го помине тестот кој се брои, ЕП и/или СП.
Тоа "попрво би играл со Монтолио на AMC отколку со Маркизио" го мислам за Прандели. Значи Прандели попрво би играл со Монтоливо на АМС отколку со Маркизио.
Мое мислење во однос на неколку прашања.
1. Веројатно ја имам скроз заборавено играта на Кришито, па се осмелувам да кажам дека Балцарети е подобар од него иако имаше лоша сезона. Но Палермо како тим во целина играше слабо. Балза е физички одлично подготвен (читај-спремен за продужетци 2х15), центаршут одлчен, снажен при 1на1 дуели. Дали сум изреволтиран што Доменико е вмешан во моменталните скандали, или пак како единствена негова предност е техничката способност, во моментов така ја гледам ситуацијата.
2. Прандели околу средниот ред има мал милион опции. Сепак мое мислење е дека Пирло, како опција бр.1 ке игра подотворено(позиција слична на сезонава што пројде, а не на regista).Е сега, наместо Видал тука е сто пати поинтелигентниот и стабилен Де Роси кој може да го завземе тоа место на DMF што ке му овозможи поголема слобода и можност за Креација на Андреа. Е сега, најголема дилема е дали Монтоливо или Маркизио. Јасна е позицијата на овие двајца во однос на поврзаноста со тренерот, но тоа не мора да значи дека Монтоливо ке игра прва постава, особено не после повреда и нестандарден фудбал. Настрана, Маркизио имаше сосема солидна сезона, а што е уште побитно е доста влијателен и поподвижен, полабилен во тој среден ред каде може да покрие било која позиција.
Да, секако ке има разлики во однос на противникот, но без разлика со кој и да се игра, не верувам дека 4те горенаведени везњаци со горе-доле слични карактеристики ке се најдат во исто време на терен.(не треба ни да се исклучи Мота, кој веројатно ке влегува како измена кога треба да се зачува резултатот.
3. Нападот. Џовинко како полушпиц се вклопува во секоја постава. Е сега кој и како околу него, зависи по мене од:
број 1: залагање на теренот (пред се мислам на Бало, и тоа како ке го поднесе расистичкото навивање кое без сомнение, ке биде присутно и како ке се носи со тоа, бидејки знаеме дека професионализмот не е негова посилна страна)
број 2: тие killer пасови до ДиНатале кој доволно е да ја допре топката за да влезе во гол, и овозможување топки во празно токму за него.
број 3: тешко веројатно е дека Касано ке биде изоставен од првите единаесет. Во голем дел, играта зависи и од него, од неговото расположение и екстра-мотив до останатите напагачи.
Доколку 2 од овие 3 услови се исполнети, кога е во прашање навалната линија, без проблеми сме во полуфинале.
FORZA ITALIA
За Кришито ќе ти признаам дека моето мислење е на стаа слава затоа што не сум го гледал во Русија. Додека играше во Италија, неговата игра во дефанзива во однос на Балзарети е далеку подобра од предноста што ја нуди Балзарети во фазата на нападот во однос на Кришито. Сепак, Балзарети пред две сезони беше одличен а сезонава беше еден од подобрите во слабиот тим на Палермо.
За Маркизио би те корегирал во таа одлична сезона, би рекол полусезона (првата).
Не реков одлична, туку солидна :)
Без разлика што и за мене, а сигурно и за вас Монтоливо е подобар играч од Маркисио, муабетот ми беше дека во овој моментален состав овој вториот може повеке да понуди. Што е за право, ич не ми е омилен, но сметам дека може да пружи добри партии токму на ова европско.
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=z93iQgI3_Iw#!
Еве што ги чека ,обоените' во Полска и Украина. Секоја чест за мастермајндот што ја додели домакинската улога токму тука.
Каква е иронијата во тезата на УЕФА ,say no to racism' a со вакви постапки самите ја разгоруваат истата. Можеби некогаш ке се среди ситуацијата, можеби не, но на листата на чекање за кандидат-домаќин 90% од земјите во Европа би биле постабилен и поквалитетен избор, од секој аспект.
Па за некоја година и ЕП во Македонија, чим Амди Бајрам се декларираше како црнец, станавме најмултиетничка држава во цел регион :)(: (sarcasm)
Балотели: Throw bananas and i will kill u all.
После неколку саати твитна дека не е вистина тоа што го кажал (и мое мислење е дека не би провоцирал и не би ја подгорувал ситуацијата вака рано) Како и да е, не чека интересен јуни.
Ок, не се сложувате со мене за таа 3-4-2-1 формација. Значи не е 3-5-2, да се разбереме. Јас сум сеуште убеден, ама баш убеден, дека барем на првиот дуел со Шпанија, Prandelli ќе игра многу претпазливо и токму во таа формација. Предноста е што таа лесно се претвора во 5-2-2-1, бековите се повлекуваат и стоперскиот дел се згуснува. Овие тројца уиграни цела сезона, а пред нив уште двајца клупски колеги. Ке правиме муабет, ајде, ајде :)
Ри, мислиш дека Giovinco нема да игра на АМС? Јас мислев дека расчистивме со тоа... Го спомна неколку пати Montolivo на таа позиција, затоа прашувам.
А го спомнавте и De Rossi. Мое мислење е дека тој е последниот избор на Prandelli моментално. Сите би ги играл пред него. Montolivo и Motta му се миленици, а Marchisio и Nocerino имаа далеку подобри сезони од него. Освен тоа, De Rossi веќе некое време игра исклучиво на DMC, за разлика од другите кои играат на MLC или MRC. За мене, моментално Marchisio е покомпетитивен од Montolivo без дискусија.
Мене најмногу ме буни изборот на шпицот. Дали да му се даде шанса на непредвидливиот Balotelli или на искусниот Di Natale. Некако многу ми ветува таа коминација Pirlo-Di Natale, а греота е на црнецов да не му дадеш шанса...
@Kole: баш затоа и пишав во постот... очигледно дека УЕФА сака со првенствово истовремено да се пресмета со две појави што му пркосат на модерниот фудбал: насилството на стадионите и мешањето на политиката.
http://vivoazzurro.it/it/gallery/foto-ufficiali-euro-2012
http://www.uefa.com/uefaeuro/news/newsid=1803474.html#euro+player+statistics+ultimate+resource
И уште еден интересен факт: од вкупно 16 репрезентации на првенството, дури 10 се поранешни европски шампиони. Ако Русите и Украинците се земат како едни од наследниците на репрезентацијата на СССР, а Чесите како наследници на Чехословачка, на ЕУРО12 практично учествуваат сите поранешни европски шампиони. Од групата А и покрај тоа што се смета за најслаба и најнеинтересна, историски гледано дава дури 3 поранешни европски шампиони. Исто така и групата Б, од каде Германија, Холандија и Данска во минатото се радувале на пехарот. Од групата Ц, Италија и Шпанија биле шампиони, а од групата Д тоа биле Украина и Франција.
Маме му е*ем, од кога се изначитав се ова и кога видов колку сте посветени на репрезентацијава и мене ме заразивте :)
Признавам од секогаш сум имал симпатии кон Италија од разно разни причини но никогаш не сум навивал-навивал за нив, туку едноставно повеќе сум ги сакал Холаѓаните и Германците.
@Дали си го видел нападот на Англија? Не сериозно една од најочајните репрезентации, толку желба, жар дигање за само уште едно приземјување и уште едно разочарување, едноставно кажано Англичаните (со чесни исклучоци) незнаат да играа фудбал, џабе се удараат у гради дека Премиер Лигата им е најјака кога странци им ја водат и ја прават таква каква што е.
Околу формацијата, јас му давам предност на Мота пред Де Роси искрено, и само од физичката подготвеност на Монтоливо зависи дали ќе игра во првиот тим, покрај Пирло нормално.
Немој да бидете изненадени ако Прандели го копира Конте системот, ако нешто тргне наопаку, значи јас верувам дека треба да се потпре на систем од 6-7 играчи од ист тим кој одлично се познаваат меѓусебно.
Левата бековска позиција дефинитивно е проблем а на Маџо му давам предност само поради искуството, мада Абате да игра стартер на европсково би било премија и за него и за Милан.
Буфон
Маџо,Бонучи,Барзаљи,Киелини
Монтоливо,Пирло,Мота,
Џиовинко,Касано
Балотели
Ова е мојот состав со бек-ап план:
Буфон
Бонучи,Барзаљи,Киелини
Маџо,Монтоливо,Пирло,Мота,Џиовинко
Ди Натале/Касано,Балотели
Можеби изгледа премногу ованзивно, но сезонава периката често играше со Пепе/Џакерини/Естигарибија на левата крилно/бековска позиција и токму затоа таму е Џиовинко.
Маџо е доволно визички спремен да ја покрива десната страна а Киелини дефинитивно може да се справи со дефанзивните задачи на левата страна.
Значи уште еднаш ова се формациите а не и играчите кој ќе играат, тоа зависи од физичка спремност, тактички замисли и какви ли уште не комбинации.
Значи Првенство е, се е можно штом можеше Германија да јуриша до полуфинале со некојси Давид Одонкор на десната страна во прв тим и да биде спречена само од освојувачот Италија ништо чудно и Џакерини или Борини да ги видиме како играат солидни минути на турниров.
Јас едвај чекам да почне незнам за вас.
Ние не чекаме едвај, онака, кога ќе почне, нека почне... :D
Thiago Silva is trending.
Бразил го победи САД со 4-1
Пато и Силва стрелци.
Тиаго повторно капитен,повторно непробиен столб 90 минути крунисан со одличен гол со глава.
Пато влезе во второто полувреме ја погоди стативата кога беше потешко да се промаши ама затоа се поправи во 87мата минута со извонреден прием на гради и финиш во негов стил.
Многу му значеше овој гол а и самиот го покажа тоа со скоро 2 минутното славје и постојаното покажување кон небото.
Уште го има оној убиствен финиш во него, дефинитивно.
Освен Тиаго и Пато и Златан играше 90 минути и постигна гол + асистенција.
Иван, потенцирав, тоа што го пишав е како јас мислам дека ПРАНДЕЛИ ќе игра! Не дека јас со тоа се согласувам.
Некој спомна, можеби Маркизио на AMC, јас тогаш реков попрво ПРАНДЕЛИ би го играл Монтоливо на AMC отколку Маркизио. Ако ме прашаш мене дефинитивно би го стартувал Џовинко на АМС исто како што дефинитивно би ги стартувал Ди Натале и Касано на шпиц а не Балотели!
И Мота не можам да го смислам! Незнам дали поради тоа што играше кај комшиите и беше многу лигав (сетете се’ како го згазна Тиаго, неговиот сонародник, без топка, кога овој лежеше на земја) или поради тоа што е „увезен“ италијанец ама едноставно огрански не можам да го поднесам!
Ок Ри, разбрав. Мило ми е што сите се сложуваме за Giovinco, момчето мора да игра и да го потврди потенцијалот што неколку години му се припишува, но и одличните игри од сезонава. А Motta како карактер е препотентно и подло копиле. Да се потсетиме, мислам дека ќе се сложите дека неговиот повик во репрезентацијата и добивањето на некаква улога беше во време кога Pirlo ја играше најлошата сезона во кариерата, Nocerino скоро и да не постоеше за репрепзентацијата, Aquilani стандардно нестандарден, Gattuso на повлекување, а Marchisio и Palombo просечни. И ова за Di Natale ти е интересно... Јас не можам да се одлучам. Моожеби и јас му давам мала предност, најмногу заради тоа што Balo многу ретко сезонава играше од почеток. Ама па затоа беше одлична измена. Можеби тоа е рецептот, но како ќе реагира Mario на тоа? Не знам, стварно...
И тоа каква голчина од Златан!
Еве Иван, она што го зборував.
Официјални стартни 11 на Италија за утрешниот меч против Русија:
Buffon, Maggio, Barzagli, Bonucci, Balzaretti, De Rossi, Pirlo, Marchisio, MONTOLIVO, CASSANO, Balotelli.
Значи Монтоливо на АМС пред, Џовинко и пред останатите. Не велам дека ова е составот и што ќе игра на ЕП ама Монтоливо игра сигурно.
Chielini??
Не знам дали ја гледавте пријателската со четвртолигашот Virtus пред една недела и стартниот состав од таа припрема. Тогаш во нападот играа Giovinco со Cassano позади Di Natale. Prandelli, како и сите други тренери на посилните репрезентации пробува две различни тактики со два различни состави. Од таа пријателска, од стартен состав во составот се повторува само Cassano. Не ме чуди што Montolivo се најде овојпат на AMC, затоа што нема друг таков играч во екипата и селекторот мора да проба да игра и без Giovinco како полушпиц. Тоа е многу јасно. Не мислам дека ќе извади ваков сличен состав на ЕУРО, освен можеби против Шпанија, каде класичен мидфилдер ќе игра нешто понапред од останатите 3ца везњаци во линијата. Loew против Швајцарија играше без Kroos, Muller, Gomez, Badstuber, за денес да играат сите. Van Marwijk против Бугарија и Словачка играше со комплетно различна одбрана, без Robben и Afelay, со Huntelaar како шпиц. Вчера играше со RVP на таа позиција. Кај Франција од пред 5 дена и денес со Србија само Benzema, Nasri и Mexes се повторуваат. Blanc против Исланд играше дури и со Gourcuff кој потоа беше пратен дома. Затоа викам, не ме изненадува Montolivo на AMC, ама само на пријателска.
Работава со Милан е повеќе од сериозна. По испадот на Златан кој рече дека Милан нема пари за засилувања, нешто слично доаѓа и од Макси Лопез денеска!
Макси вели, цитирам: "I’ve always wanted to play for Milan, but now they’re not in the best situation economy wise. I was unlucky."
Ова е опасно!
Зампарини денес на прашањата околу шпекулациите за наводната заинтересираност на Милан за Балзарети вели: „Милан нема пари! Милан нема шанси да купи фудбалер за кој се потребни пари!“
Како капак на се’ денес се појавија шпекулации дека Милан е заинтересиран за Тимошчук (погодување зошто, му истекува договорот со Баерн за 1 месец) и веќе ги договорил личните услови со Ригони од Новара (и покрај тоа што имаше одлична сезона, веќе е 32 и договорот му завршува за 1 месец).
Ова е болно!
Последниот rumor е заинтересираноста за Запата од Виљареал (излегоа од лигата па треба да биде поевтин). Оваа заинтересираност ја потврдија и челниците на Виљареал.
Ваљда не ве деморализира поразот на Италија толку, па ве нема три дена :)
Колку да ве потсетам, вечер во 21.00 MILAN-Juve, campionato primavera - final eight! Ако имате добри стримови постирајте вечер...
Мене не ме демотивира ништо, 4-5 пати дневно посетувам тука ама кога гледам дека никој ништо е коментира, не сакам да флудирам.
Вечер ја гледам сигурно, закажав и порано да ме заменат од работа, и откажав на девојката излегување за вечер, подготвен сум 100 %
Иако ќе бидеме значително ослабени (Кармона, Калвано и Кингсли Боатенг се повредени, Де Шиљо е со репрезентацијата и има шанси да се врати само за реваншот) сепак одиме на победа! Момците се страшно мотивирани, фрчат твитови од сите а Џанмарко Коми имал закачено одлично мотивирачко писмо на своето locker room во соблекувалната кое почнувало со зборовите: Ако сакаш да останеш во Милан треба да бидеш дел од најдобрите, треба секогаш да се жртвуваш и да го даваш најдоброто од себе! Треба да покажеш дека заслужуваш да бидеш дел од Милан! А во истовреме треба да уживаш во играта, треба да уживаш на теренот... Треба да научиш да уживаш во тоа што го правиш...
Значи максимално насочени кон победа! Составот горе-долу е познат, фудбалерите за првпат ќе носат официјални броеви на грбот (Коми #9, Валоти #10, Ганз #11). Јас лично најмногу ќе сакам да ги видам во акција Валоти, Коми, Ганз, Родриго Ели, Де Соле, Иносенти и Кристанте (сите најавени за старт). Уште да не беа повредени Кингсли, Калвано и Кармона, тоа ќе беше уживање за моите очи :)
Значи од тие што претпоставувам не ги знаете по звучност на имињата, би ви препорачал да внимавате на Де Соле, левиот бек. Одлично момче кое е во сенка на медиумски поекспонираноте колеги од составот.
И додека се радуваме на сите успеси на децата, ќе сретнеме вакви изјави:
GALLIANI: "Aquilani must do like Beckham did, he accepted a big cut in his wages for joining us. If there's love, there's sacrifice"
Mattia Desole ми е главен бек во San Marino на FM12 :)
Сепак Hottor како стартер на местото на Cristante. Овој Hottor е тоа момче за кое убаво паметам, Milan победи во борба со неколку европски гиганти (Roma, Juventus, Barcelona, Man UTD) за негов потпис. Го нарекуваат новиот Essien. Момчето има конституција на вистински маж, корпулентен и цврст.
Баш сакам да го видам што ќе покаже вечерва.
PRIMAVERA: OFFICIAL "XI" Vs Juventus (4-3-1-2): Piscitelli_Baldan-Ely-Ferreira-De Sole_Innocenti-Bertoni-Hottor_Valoti_Comi-Ganz
Ке оставите некој стрим?
Да бидам искрен играчите (со ретки исклучоци) ги познавам само по вашиве муабети, па остајте некој стрим да видиме што можат децата.
колку лошо склопив 2 реченици чудо нешто
Пазете на Бертони и Валоти од слободни удари!
Овој Чипса’ од Јувентус делува добро! Добар фудбалер!
ГАНЗ!!!
Гол во 3 потега: Ели, Коми, Ганз!
браво брависимо.
А како е системот? Се игра second-leg или кој тепа-тепа?
E allora Ganza!! :) Реално, без некоја игра досега, ама водство си е водство.
Системот е final eight турнир. Победникот од овој меч игра против Printer во полуфинале, во Среда, исто во 21.00. Ама јас би ви го препорачал и другото полуфинале во Вторник. Таму веќе се Roma и Lazio, според мене најдобрите екипи во моментов.
Рома еднаш го прегази Милан во Примавера.
Имаме проблем со формацијата. Играме со иста формација како сениорите и нашите тројца во средина (Хотор, Бертони и Иносенти) не можат да се носат со фудбалерите од средниот ред на Јувентус (кои и формациски се повеќе во тој дел од теренот). Од Валоти не добиваат помош, на неколку пати Валоти погреши и таму тие преовладуваат. Сепак, тоа е само теренска иницијатива без некои конкретни прилики.
Кога веќе Кармона и Кингсли ни се повредени, јас би го извадил Валоти во второ, би го пуштил во игра Кристанте со тоа што Иносенти би отишол на AMC. Тоа е и најголемата предност на Аргенитецот/италијанецот. Може да игра од десен бек па до полушпиц. Единствено досега нема играно на позиција централен фудбалер во одбраната и шпиц. Ќе биде добар и на AMC, сигурен сум во тоа.
Хотор беше нашиот најслаб поединец во првите 20тина минути но потоа се стабилизираше и одигра доста авторитативно во вториот дел од првото полувреме.
Де Соле е Де Соле. Во било која фаза од играта направи додавање на лево и знај дека таму ќе биде Де Соле, секогаш мобилен, секогаш неуморен, подеднакво активен и во офанзива и во дефанзива (спаси еден сигурен гол во одбраната).
Ганз во интервјуто на полувреме вели дека треба да се стегнеме во вториот дел и да бидеме подготвени на поголем притисок од нивна страна.
Рече дека треба да продолжиме да се држиме збиено и да играме претежно преку нашите mezzallas (тоа во оваа формација се Хотор и Иносенти).
Бертони и Де Соле освоија најмногу топки во првиот дел, статистички.
Коми и Ганз сезонава во Примавера заедно имаат постигнато 41 гол (без головите од останатите натпреварувања.
КОМИ Е БИВОЛ!!!
Валоти! 2-0
Голманчето Пишчители ни е одлично! Максимално смирен, не изгуби ниту еден воздушен дуел, не испаничи во ниту една ситуација.
Заслужена победа, можам слободно да заклучам. Според мене, најдобар на теренот беше Ely. Одигра доста зрело, скоро без грешка. И нападот функционираше поприлично добро, иако водството си го направи своето и поголемиот дел се играше на наша половина. Средината помалку проблематична, ама и таму ме воодушеви Innocenti, барем во второто полувреме. Имаше еден инцидент околу слободниот удар и тоа не сакам да го видам уште еднаш. Во Milan тоа не смее да се случува. Како и да е, честитки за момците, сега одма во кревет, а од утре припрема за Дербито. Полуфиналињата очекувам да бидат многу интересни, градски дербиа со најдобрите таленти низ Италија. А во финале - Милано vs. Рим! :)
FORZA PRIMAVERA!!!
Тоа на слободниот удар го препишувам на незрелоста и на моменталниот адреналин. По завршувањето на мечот токму актерите (Бертони и Ели) беа во најдолга прегратка и најмногу се радуваа.
Статистички гледано, наш најдобар фудбалер на теренот беше капитенот Бертони со 22 освоени топки и 36 додавања.
Ели беше одличен, Коми фантастично ги претрча двајцата и успеа да ја прими топката за да избори пенал, силата блика од него во играта против своите врсници (наполни 20 години пред само 1 месец).
Јас лично сметам дека Ели но посебно Иносенти беше човекот на натпреварот.
Токму Иносенти е момчето за кое зборував пред некое време дека се води тивка војна меѓу Италија и Аргентина за која селекција да настапи. За Иносенти силно заинтересирана беше и Барселона сезонава а Милан на тоа одговори со продолжување на договорот со него до Јуни, 2015 година!
Веќе кажав, универзален фудбалер, одличен техничар а во исто време и одличен освојувач на топки, покрива голем простор, има воинствен дух и тешко се поминува покрај него.
Може да игра на повеќе позиции но јас лично сметам дека ќе биде идеален на некоја mezzala т.е нешто како што во моментов игра Иниеста во Барселона. Многу трча, има одличен дриблинг, знае одлично да додаде и знае одлично да покрие во дефанзива, веројатно во една ваква формација каква што игра Милан во моментов би бил одлично долгорочно решение на местото на Мунтари или Ночерино на другата страна, да речеме.
Одиме на Интер! Напред момчиња!
Не бев тука зел викенд, проштевајте.
Каков само студен туш од Русите аууууу гледам не сте зуцнале нешто околу тоа :)
Ова за младите многу ме радува, и после таа изјава на Галијани кога веќе нема да купуваме играчи туку само некои кои ќе попоплнуваат место подобро нека го испратат цел прв состав од Примавера нека се изнаиграат децата макар тоа да има влијание на сезоната која ни предстои а не ни ветува многу.
Од 10 души 2ца да испаднат првотимци многу ќе добиеме.
Давајте редовно апдејти тука за време на натпревари на младиве, и стримови секако :)
Само што ја изгледав снимката на спортклуб, Маџо и Де Санктис во ист тим играат?
А се надевам дека Маџо имаше лоша вечер, Абате направи 2 кикса такви цела сезона, овој во пола саат.
„Мајсторот“ на тој натпревар беше Бонучи. Тоа беше иронично, Италија никогаш така разиграна и течна во нападот и апсолутно никогаш така несигурна и смешна во одбраната!
Последна информација барзаљи 20 дена аут.
Го следев целиот натпревар и можам да кажам дека резултатот не соодвестува со реалноста. Да точно е, одбраната беше како швајцарско сирење на моменти и голем дел може да му се препише тоа на неспретноста на Бонучи, неиграњето на Киелини, дезориентираниот Маџо и потпросечниот Де Сантис. Киелини ќе игра против Шпанија, Де Сантис ќе си го завземе местото на клупата, а Маџо се надевам ќе јаде пред утакмица и нема да му се врти толку многу.
Нападот беше одличен се до моментот кога не почна Прандели да прави измени и кога на местото на Монтоливо и Де Роси влегоа Мота и Ночерино, па неколку минути покасно излезе и Пирло влезе Ди Натале да им прави друштво на Бало и Антонио со Маркизио, Мота и Ночерино во средината и формацијата доживеа тотална расформација што се покажа како неуспешен концепт, нели затоа и се пријателските натпревари.
Искрено видов една Италија што сака да напаѓа, Италија што сака прва да постигне гол, колку тоа ќе функционира со Шпанија ќе видиме, ќе игра Киелини но ова со Барзаљи повторно е удар, како малце да беше апсењето на Маури, полицијата во тренинг кампот, повлекувањето на Кришито па сега и ова. Ќе мораме против многу малери и против многу непријатели! ANDIAMO AZZURI!
Ги гледам Италија U21, играат во гости против Ирска. Во моментов водат 0-2, автогол на Ирска и гол на Чиро Имобиле.
Офанзивната линија на Италија е импресивна со Матиа Дестро и Чиро Имобиле во самиот шпиц а зад нив Верати и едно момче со име Лоренцо Инсигне (фудбалер на Наполи, позајмен во втора лига). Делуваат одлично!
Нашите (Ел Шарави, Ромањоли, Де Шиљо и Палоски се на клупата).
Нападот на Италија U21 има импресивен капацитет, нападот го сочинуваат Дестро, Имобиле, Ел Шарави, Палоски, Инсигни, Македа. Страшно!
Типичен островски фудбал на Ирска. Имаа 2 нафрлувања во 5 минути, на едниот извадија пенал (Дестро играше со рака) а другиот постигнаа смешен гол (Сантон сакајки да ја исфрли го удри во тилот напаѓачот на Ирска) и веќе е 2-2.
Во игра влегува Палоски.
И Стефан ќе добие 5 минути :)
Конечен 2-2. Италија беше значително подобра но двете нафрлувања по фаули ги вратија Ирска во живот.
Иронично, на крајот влезе и Ромањоли, другото наше дете (co own е во Пескара) и уште поиронично, влезе на местото на Палоски кој влезе 20тина минути претходно. Ферара ја направи оваа нелогична измена поради тоа што во 90та минута Верати доби директен црвен картон па мораше да се затвори таа дупка на средината од теренот.
А што е сега со Бало?? Го напуштил тренингот порано поради некоја повреда. Утре ке се знае подобро.
Малер до малер.
Ferrara очигледно дека сакаше да импровизира и да испроба нешто ново, затоа што Италија е скоро пласирана во баражот (им требаат 3 од можни 6 бода, а играат со Лихтејнштајн и ирска). Во нападот веќе нема да го има Borini, a полека ги дистанцира и Paloschi и Destro кои после квалификациите ќе немаат право на настап за U-21. Се почесто се вклучуваат SES, Macheda и Gabbiadini. Мене лично од оваа генерација многу ми допаѓаат и Crescenzi (школа на Roma) и принтеровецот Caldirola, кој ми се чини дека веќе дебитираше во Serie А. Morrone исто така веќе одигра неколку натпревари за Juve, незаменлив во младата репрезентација. Verratti иако е премногу млад за оваа категорија изгледа е премногу добар за да не биде дел од неа.
Се на се, доста интересни "hot prospects" низ Италија и покрај пречестите муабети дека едноставно нема таленти. Не е така, туку во Италија се работи со оној old school метод на вадење на играчи каде не му се дава на 19 годишњак мултимилионски договор. Милионите треба да се заслужат, не медиумски да се пумпаат. Јас порано ги разбирав јужноамериканците кога требаше на 20 години да биде докажан во својата лига за на 22-23 да направи трансфер во Европа, ама сега тоа почна да се прави и тука.
Од нашиве деца што допрва треба да се ја крепат оваа репрезентација, најсериозни кандидати се De Sciglio и Piscitelli, а зошто да не и Comi иако зборувавме за конкуренцијата во нападот.
Ferrara не делуваше баш дека сака да експериментира. Мечот сам по себе беше страшно нервозен, особено на двете клупи, Ferrara и на спротивната страна селекторот на Ирска цело време трескаа шишиња од земја и кубеа коси.
Verrati денес играше она што го игра Pirlo во Juventus сезонава, значи последен играч за врска кој дистрибуира топки напред, пред него како полушпиц играше детето на Наполи. Сепак, Verrati и покрај тоа што ја има визијата која е потребна за таа позиција и она што најмногу го ценат кај него, се’ уште неможе да се носи со таа позиција дефанзивно пред се’ поради неговиот физикус. Момчето е премногу ситно, мал Giovinco!
Piscitelli на неколку пати беше дел од U21 а како што можевме да видиме и вчера, станува збор за извонредно смирено момче кое психички не паѓа во ниту еден момент (нешто што е најголем проблем кај младите голмани, она што доаѓа со искуство).
Мене лично ми е жал за De Sciglio. Момчето има извонредна иднина пред него но и вистински малер што на неговата позиција во моментов игра Davide Santon, кој е убедливо најискусен од целиот тим на Италија а воедно е и капитен на тимот што значи е недопирлив.
Сепак, имајки го во предвид фактот што Santon е 21 и ова ќе биде последно натпреварување за него, очекувам веќе во следните квалификации De Sciglio да си ја присвои таа десна бековска позиција за себе и да биде незаменлив по десната страна. Со самиот факт што во тимот до 21 година, во кој најголем дел од тимот се’ токму на границата од 21 година, ги имаме De Sciglio и El Shaarawy кои имаат по 19 години е голема сатисфакција и доказ за нивниот талент!
Јас лично за De Sciglio имам големи очекувања и сигурен сум дека доколку Abate продолжи да игра така лошо и следната сезона, почесто ќе го гледаме De Sciglio во тимот. Го гледав доста сезонава и во Primavera и можам слободно да кажам дека одамна немам видено толку избалансиран бек, бек кој е подеднакво добар во дефанзива и офанзива, вистински бек од минатиот век, нешто што веќе го нема во денешниот фудбал кој е составен или од ултра офанзивни бекови (Dani Alves, Ashley Cole, Marcelo) или дефанзивни бекови кои не придонесуваат речиси воопшто во офанзива (Branislav Ivanovic или на пример нашиот Bonera).
De Sciglio има светла иднина пред него, запаметете ми го зборот! На дербито против Inter одигра речиси цел натпревар и тоа на позиција на лев бек, без грешка! Му треба само подршка од поискусните колеги и ќе имаме бек од нашата школа кој конечно ќе знае да нафрли топка, Abate!
И уште еден показател кој вреди да се спомене. На натпреварите на Италија U19 ко-капитени се нашите Valotti и Rodrigo Ely!
Ешли Кол е сосема солиден дефанзивец не зезај а и Бане Иванович не е така лош напред, со оглед на фактот дека е одличен дефанзивец.
Јас не го гледав натпреварот денес и тоа што го кажав е засновано на match report и минати утакмици што сум ги гледал, така да подобро знаеш како течел мечот во секој случај. Мене ми беше симптоматично изоставувањето на Paloschi и Gabbiandini кои се најдобри стрелци во квалификациите, ама и прекомандата на Verratti, изборот на вториот голман Bardi, неиграњето на стандардните Donati и Rossi...
И морам да те корегирам: Piscitelli засега нема повик за U-21, има само за U-19. Според мене, има две бековски жртви во оваа репрезентација (ако воопшто може да се наречат жртви). Mattia De Sciglio и Davide Faraoni. Двајцата сезонава дебитираа во Serie A, на двајцата се гледа како на големи таленти, ама се во сенка на поискусните Crescenzi и Santon. Faraoni можеби ќе добие шанса по заминувањето на Santon од следната година, но Crescenzi има уште 2 полни години за настап и ќе му биде тешко на Mattia да ја завземе таа десна бековска позиција.
Crescenzi денес играше лев бек а Santon десен...
За Piscitelli ги помешав селекциите.
Последното е дека ПСЖ понудил 36 + 4 бонуси = 40 милиони евра за Златан.
За тие пари јас би го продал! Можеме одлично да го освежиме тимот на сите позиции, да се ослободиме од тешките плати што тој ги носи со својот договор и да не го изгубиме за џабе.
Значи сепак експериментираше Ferrara :D
Кришито во интервју за Газета вели дека Прандели му ветил доколку се повреди некој играч макар и напаѓач, ќе биде повторно повикан. Ќе видиме после ова со Барзаљи дали ќе се оддржи ветувањето
Во фан шоп дресчиња од Италија и Холандија во дилема сум :D
Колку што знам, Barzagli ќе отсуствува најмногу до крајот на првата фаза и не гледам логика во неговата замена со Criscito. Искрено, повеќе ме загрижува ситуацијата со Balotelli...
А уште повеќе ме загрижува U-21 мечот Данска-Македонија. На полувреме 5-1, за издвојување е повеќе од очајниот денес голман Гачевски и евроголот на Спировски од 35 метри.
Неверојатен меч, нешто најдобро што сум го гледал од младата репрезентација некогаш! На крајот за жал пораз од 6-5 и прекинување на серијата без пораз на Бабунски и момчињата!
Најверојатно во Јули потпишуваме уште едно младо момче, 16 годишниот Alexandru Tudorie, фудбалер(че) од средината на теренот кој во Milan доаѓа од Otelui. Момчето имаше trial во Милано и ги импресионирал домакините па тие ќе му понудат договор. Момчето било присутно и на Сан Сиро на мечот меѓу Милан и Барселона.
Фаца е :)
http://t.co/C3ScUD9i
Е како сум се заебал...гледав до 2-0 голот на Ериксен и си викам готово тоа е тоа и си легнав.
Стримче утре за градското дерби, пошо ова вечер тешко дека ќе го гледам.
Апсолутно одлична вест! Roma Primavera која што важеше за апсолутен и огромен фаворит, губи од Lazio Primavera со 3-1. Доколку ние успееме утре да ги поминеме комшиите (кои исто така имаат одличен тим) имаме многу поголеми шанси за освојување кога Roma ја нема!
------------------------------
И една многу лоша вест за нас! И Tuttosport и Sky Sports потврдуваат дека Juventus веќе откупи по 50 % од договорите на Kwado Assamoah и Mauricio Isla и дека и двајцата ова лето ќе се преселат во Торино. Одлични фудбалери кои фантастично одговараат за стилот на игра и формацијата која што ја преферира Конте.
Од друга страна ние се двоумиме кој од Фламини и Аквилани ќе остане кај нас а се бориме да ги задржиме Златан и Тиаго Силва!
Roma не ни играше како фаворит. Многу далеку од потенцијалот што го имаат и перформансот што го демонстрираа низ сезоната. За нас баш супер, иако Lazio исто е многу добра екипа и тежок противник. Сепак, во евентуално финале не верувам дека некоја од екипите може да се посочи како фаворит. Премногу желба, мотиви, слава, адреналин...
Мене некој лично да ме прашува веднаш би ги прифатил понудите за Робињо и Златан.(ако ги има)
Причини од утре ќе ви кажувам ама дојде време кога сите се сложуваме дека фудбалот е бизнис, и продажба на овие 2ца играчи за иста или поголема цена од таа за која дојдоа пред 2 години е бизнис.
Дури и 15м за Робињо се добар бизнис.Додадете ги тука и тие 6м по сезона што ги зема.
Златан ако стварно за 36 го продадеме е тоа е веќе бизинс ипол, зошто тоа мислам дека се последните сериозни пари кои можат да се извлечат од него, башка огромната плата.
Знам, ќе изгубиме многу ќе треба да се градиме одново но барем ќе ги зачуваме Силва и Боатенг и ќе бидеме 60-70м во плус.
Башка ако дојдат нивни достојни замени (а нема џабе бладам) како на пример Ван Перси,Фалако итн итн тогаш јас сум за.
Со продажба на Златан+Бињо ни се отвораат широки хоризонти. Дури и ми падна малку жал кога Златан го демантираше тоа денеска...
Можен состав за вечер:
MILAN (4-3-1-2): Piscitelli, De Sciglio, Ely, Ferreira, Desole, Innocenti, Cristante, Hottor, Valoti, Comi, Ganz. Subs.: Narduzzo, Baldan, Speranza, Speziale, Prosenik, Roggia, Lora.
Покрај наведените отсутни поради повреда од пред мечот со Јувентус, сега нема да можеме да сметаме на капитенот, Bertoni но се враќа De Sciglio кој вчера имаше еден тренинг со колегите и веројатно вечерва ќе стартува на позиција десен бек. Јас би додал, со резерва е и (не) играњето на Ferreira затоа што го напушти теренот против Јувентус поради повреда.
Forza Ragazzi!!! Dai!!!
До некаде навистина ми е жал за Алегри.
Вчера изјави: сметам дека во средниот ред имаме 8 фудбалери кои конкурираат за 4 позиции и дека ни е потребен уште еден фудбалер во средниот ред. ЈАС ПРЕФЕРИРАМ КВАЛИТЕТЕН ФУДБАЛЕР“
Уште да им каже, Ве молам немојте да ми донесете уште еден Траоре, Мунтари или Аквилани!
А денес е ова:
According to latest reports, Allegri would've asked Galliani to buy Verratti as he is "in love" with him.
Јас немам видено фудбалер на светско ниво со таков преглед на играта и фудбалер кој што секоја топка му е буквално топка со очи! Страшно! Нереално!
http://youtu.be/DnP54DneZM4
Во наредниве неколку саати, ако не и минути, ке го официјализира преминот во Ботафого.
Мојот омилен, еден и единствен, шампионот Clarence.
4 CL трофеи со 3 различни клубови.
Што повеке?
Како што и претпоставував, Ferreira не е подготвен за настап па стартер во одбраната покрај Ely ќе биде Baldan (кој против Јувентус играше десен бек). Останатите 10мина од претходно напишаното се дел и од официјалните 11 на тимот.
На клупата ќе бидат:
Narduzzo, Speranza, Lora, Piccinocchi, Roggia, Prosenik, Speziale.
ForzaRagazzi!!!
Бујрум ако е некој заинтересиран:
http://milanstreamingcenter.blogspot.com/
http://milannews.tv/liveredazione
Ely Vs Longo ќе биде одличен дуел. Longo е одличен напаѓач!
Hottor е убедливо најдобриот наш фудбалер во ова прво полувреме! Одличен е и Ely.
Longo е најдобар кај нив, еднаш ги сменија чуварите, остана на Baldan и веднаш постигна убав гол.
Алегри на прашањето после мечот со Јувентус кој му се допадна во играта, го издвои токму Hottor. Денес пак одличен и во дефанзива и во пас играта а и имаше одличен соло пробив по што го изнуди пеналот.
Бевме подобар противник до примениот гол, потоа се изгубивме! Единствени кои играа во нашиот тим се Hottor и Ely и донекаде Innocenti кој денес игра како последен играч за врска, покривајки го местото на суспендираниот капитен, Bertoni. Се надевам на подобро второ полувреме.
Ely со 19 освоени топки и 19 додавања во првото полувреме најдобар на теренот!
Ely мора да игра за двајца, Baldan е многу лош.
Да му се невиди, го пропуштив вториот наш гол. Опис Ри?
Hottor е брилијантен!
Нафрлена топка и Comi скокна пола метро повеќе од својот чувар, ја заби со глава!
Comi е тип на напаѓач како Mario Gomez или Luca Toni. Тешко креира сам шанси, му треба тим зад него (додавања) но немилосрден е кога ќе добие топка.
Ама Hottor!!!
Фала!
Го гледам вечерва Ely, како да го гледам Thiago Silva...
Со тој прекар и беше донесен од Бразил пред година ипол, новиот Тиаго Силва.
Настрана дефанзивните квалитети, знае одлично да повлече напред и да испрати долги додавања! Најдобар асистент во нашиот тим на полувреме.
Јас сум многу импресиониран и од Hottor! Цел натпревар го одигра без грешка, одзема еден куп топки во дефанзива и одлично играше напред! Комплетен midfielder!
И повторно! Ely не беше поминат ниту еднаш еден на еден, а имаше барем 5-6 вакви ситуации! Браво!!!
На крај тие беа среќни што извлекоа 2-2. Во последните 20 минути бевме целосно над нив, беа апсолутно паднати! Се надевам ќе продолжиме во исто темпо иако ќе биде тешко во продолженија поради физичката исцрпеност.
Тие двајца се убедливо најдобрите на теренот. И Speziale беше одличен откако влезе. Baldan пак, не успеа да се соземе до крај. Comi изгледаше доста истрошен и излегувањето негово може да биде проблем сега.
Kaj Принтеровци повеќе очекував од Cristetig и Bessa, а поприлично ме изненади капитенот Romano.
Одиме на победа момци!!!
Да, да. Нивната одбрана изгледа бааги уморена...
Lora кој влезе на местото на Comi е AMC и SS па тој ќе игра како полушпиц зад Roggia и Speziale. Значи имаме комплетно свежа тројка напред, тоа може да одлучи во некоја контра!
INNOCENTI!!!
ау ау ау ау ау ау ау ау ау :) Innocenti!!
Тоа е тој Innocenti што јас го баам толку време! За тоа момче се борат Италија и Аргентина, за тоа момче загриза Барселона!
Innocenti на тој дриблинг направи Seedorf дежа ву. Прашајте ги Пандев и Камбиасо ;)
Штета...
Ајде бе!
Одличен натпревар! Надчовечки напори на двете страни! Тие беа посреќни и го имаа Longo.
Убаво е тоа што во нашиот тим најдобри беа најмладите: Ely, Hottor, Innocenti и Cristante кој има 17 години и 3 месеци!
Така растат децата :)
Е јебига, само extended highlits гледав.
А токму тие хајлатс не кажуваат работи кои вие сте ги виделе кај Ели и Хотор.
И решив да ви се придружам во подршката на Аѕурите, нема смисла да ве контрам сите од тука :)
Гледав само highlights и со чиста совест можам да му препишам три гола на дефанцивецот со број 2, по муабетот претпоставувам Baldan, евентуално за третиот да ја поделат одговорноста со левиот бек кој беше поминат како паркиран. Неможам многу заклучоци да вадам затоа што никогаш не сум гледал цел натпревар, секогаш вака highlights, сепак голот на Innocenti секако морам да го издвојам! Очигледно имаме иднина кај младинците, како ќе се развиваат ќе покаже времето. Само искрено се надевам дека на квалитетните и ќе им се дава шанса почесто, без да лутаат 5-6 години по позајмици па потоа да добијат вистински шанси.
Milan размислува да го врати назад Romagnoli. Момчето кое е дел од нашиот младински погон е централен дефанзивец и тие кои што ги гледат Primavera ќе се сетат дека своевремено беше капитен на Milan. Потоа замина како co own во Foggia каде што тренер беше Zdenek Zeman. По заминувањето на Zeman во Pescara со него замина и Romagnolli кој беше првотимец и имаше значителна улога во промовирањето на Pescaa во Serie A тим. По официјалното преминување на Zeman во Roma сака повторно да го земе и Romagnolli со себе. Момчето има 22 години.
Останав без коментар синоќа и многу ми е криво за момчињата. Стварно боли да загубиш во полуфинале, уште повеќе во продолженија, уште повеќе во последна минута, а најмногу кога тоа е од најголемите душмани. Ќе речам уште еднаш... штета!
Од денес целосно се посветувам на ЕУРО12 и Италија!
P.S. Кога веќе ја споменавте Pescara, само еден интересен и факт што нешто значи: Фудбалерите на Pescara минатата сезона постигнаа 90 гола што е апсолутен рекорд во Serie B. Знаете колку постигна вториот најефикасен тим? 63!! Дури и Juve во нивната сезона таму дадоа помалку - 83.
Оф топик - Дали е некој за Fantasy EURO12? Имам лига, добредојдени сте сите. Пишете за да ви го дадам кодот на лигата.
Не знам дали внимавате ама принцот Al Maktoum ќе има средба следната недела со G & B. Принцот е подготвен да плати 200 милиони евра за 25 % од акциите во клубот. Судејски според досегашните искуства, B & G не сакаат многу да се расфрлаат со акциите но овој пат се ептен во зорт. Се надевам B ќе пушти душа а Al Maktoum ќе пушти пари!
Де Роси ќе игра централен дефанзивец против Шпанија. Де Роси последен пат играше централен дефанзивец во поразот на Рома од Јувентус 4-0.
Ги стига спортската правда нашиве јужни комшии :)
Епа имињата не носат резултати. Браво Данска!
Милан решен да го продолжи договорот на Ел Шарави?!! Пак! Само што го донесоа 100 % летово, денес веќе е повикан неговиот агент во канцелариите во Виа Турати за да се разговара за нов договор, сакаат да го блиндираат на многу долг период!
Milan to extend El Shaarawy’s deal?
STEPHAN EL SHAARAWY could sign a new contract until 2016 now that he’s a fully-owned Milan man.
El Shaarawy joined Milan last summer on a co-ownership from Genoa and played 28 games for the Rossoneri – more than he or Allegri expected, since there were serious problems with injuries last term.
The forward has become a fully-owned Milan player in a deal which also saw Alexander Merkel becoming a 100 per cent Genoa player. Milan have big hopes for El Shaarawy who’ll be turning 20 in October.
According to the respected Italian journalist Gianluca Di Marzio, next week Milan will have a meeting with El Shaarawy’s agent, Roberto La Florio at the headquarters to discuss a possible extension of the youngster’s contract. It is believed that Milan want to tie the Italy Under 21 man to a contract until 2016.
The idea behind the extension is the ensure confidence in the player. When El Shaarawy signed for Milan, Adriano Galliani told him that it’d have to fill Kaka’s shoes. Milan certainly expect big things from him.
Ќе му биде многу тешко на SES да избори минутажа доколку остане напаѓачкиот ростер непроменет или проширен и доколку повредите не се толку чести како минатата сезона. Сепак, со вакво ниво на игра од толку млад играч и со верба во неговиот потенцијал, може уште сезонава да прерасне во почитуван wonderkid. Добар потег е според мене, потпишување на договор сега, а не догодина.
А ЕУРО-то денес поприлично бедно. Данска изненади ала Chelsea, а Германциве и Португалциве или бавно се загреваат или ќе разочараат. Ама ај да не судиме од една утакмица... За нас, утре е битното :)
FORZA AZZURRI!!!
Најубав момент досега на европското:
http://h11.abload.de/img/untitled-7ov8ef.gif
Каква утакмица изиграле Бразил и Аргентина алал да им е.
1-0,2-1,2-3,3-4.
Јес да играат за престиж и е само пријателска ама факт е дека јужноамериканциве а посебно овие 2 тима одсекогаш играле супер натпревари со многу голови.
Последниот гол на Меси е pure sex.
Џакерини прва постава?
Купи ми мајко топ
Ај Giaccherini некако ќе го сварам, ама Шпанија што ќе игра без напаѓач?? Алооо, без напаѓач! Светски шампион...
А што ќе речете сега на мојата претпоставка за 3-5-2 формацијата :)
E ANDIAMO!!!
Твојата претпоставка? :D Ме мрзи да го барам мојот коментар каде што уште пред недела дена го погодив составот, единствено Џакерини не го очекував :)
А кога виде Дел Боске дека Прандели го копира Конте, си рекол ај јас ќе го копирам Гвардиола.
Сериозно, се осеќам како моментално да гледам Барса-Јуве без Меси и Бориело :D
Инаку, De Rossi подобар отколку што очекував, а веројатно и отколку што сите очекуваа. Можеби најдобар на теренот. Motta се движи исто многу, Maggio е решен да докаже дека мечот со Русија беше лош ден, Bonucci без кикс досега, Giaccherini е оставен цело време сам мада се осеќа тремата во неговата игра. Останатите стандардни. Е како ќе го чуваат шпицот што кај и да е ќе влезе, останува да видиме. Ако Del Bosque не вметне шпиц до 65-70 минута и резулатот е 0-0, слободно уплаќајте Х кладање во живо :)
FORZA RAGAZZI!!!
Мене не ме мрзи :) Еве што напишав во врска со формацијата:
...Втората варијанта е подефанзивна, тактички позахтевна, бара многу трчање и е реплика на тактиката на Conte за освојување на Скудетото. Особено кога одбраната ти е најпроблематичниот дел од екипата, сакаш да одиш на сигурно и да извадиш што е можно по воигран состав. Тука имате цврста тројна стоперска линија и двајца бекови, кои се измеѓу бекови и крила, двајца подефанзивни и еден поофанзивен везњак, два вингери и еден шпиц. Убеден сум дека формацијава ќе биде употребена против Шпанија на отварорањето, а можеби и против Русија во Петок.
------Barzagli--Bonucci--Chiellini----
Maggio---------------------------Balzaretti
--------------Pirlo--Marchisio--------
----------------Montolivo-------------
----Giovinco----------------Cassano---
-----------------Balotelli------------
Не ме фаќајте за збор за играчите во формациите, не типувам стартни 11, туку каков тип на играч за позицијата што сакам да ја претставам.
Дефинитивно не те фаќаме за збор ако пак играш без голман, незнам како ти успева да играш на фантази менаџер вака хаха :P
А што ќе кажете за тоа дека сакав Ди Натале да добие предност пред Балотели? Уште си стојам на зборот!
Еден интересен податок.
Според испитувањата на цела Primavera од страна на MilanLab, според физичките предиспозиции и физичката спремност во моментов најмладите Kingsley Boateng и Bryan Cristante можат без проблеми да се носат со првиот тим. Потенцирам, според испитувањата на MilanLab во однос на физичката подготвеност и развој на Primavera момците. Интересен факт :)
Интересно, иако мене лично како најспремен физички гледано ми изгледа Comi.
Повеќе француски весници денес тврдат дека Тиаго Силва ќе оди во Франција за медицински прегледи и дека веќе се е решено а Милан ќе добие помеѓу 40-50 милиони Евра. Не верувам во ова...
Л'Екип тврди дека ПСЖ практично веќе го купил Тиаго Силва за сума од 40 до 50 милиони евра.
Л'Екип е еден од најреномираните европски спортски весници кога доаѓа збор за шпекулации. Тие први напишаа дека Таиво ќе дојде во Милан уште во Февруари-Март. Исто први објавија дека Мексес се решил за Милан (додека играше во Рома)...
Не верувам...
Ne deka ne veruvas tuku ne sakas da veruvas.
G не изјавил ништо а Лео во Франција на прашањето дали Тиаго Силва ќе дојде во ПСЖ одговорил: Ќе видиме, ќе биде многу тешко.
Доколку овие зборови навистина се изговорени од страна на Леонардо тоа укажува дека понудата е на маса!
Доколку се прашувам јас, попрво ќе ги продадам сите останати фудбалери заедно со се' Златан отколку Тиаго Силва!
Од друга страна да бидеме реални, ние едноставно НЕМАМЕ ПАРИ! Причините се повеке пати дискутирани и не се навраќам пак на нив!
Единствен начин да дојдеме до пари за да купиме фудбалери е претходно да продадеме некој! Поради фактот што најголем дел од фудбалерите во нашиот тим се просечни, сериозната заинтересираност од страна на другите екипи е единствено насочена кон 3-4 наши фудбалери. Сега, тоа што тие 3-4 фудбалери се носители на нашиот тим е наш проблем!
Агентот на Тиаго изјави: „Знаеме за интересот на ПСЖ, засега сеуште е член на Милан но се' е можно...“
Факт е дека секогаш тимот е поголем од индивидуалецот. Исто така факт е дека може да се направи одличен нов тим кој ќе носи трофеи по жртвувањето на еден фудбалер доколку понудата е енормно голема (Јувентус по продажбата на Зидан, Интер по продажбата на Златан...).
Сепак, гледајки наназад низ годините и искуствата (Кака, Шевченко) не сум баш сигурен дека нашите ќе ги искористат парите наменски.
Па и оној каталонскиот весник го потпиша веќе еднаш Тиаго.
Не им се замарам ама ич, Тиаго САКА да остане во Милан единствен начин да си оди е ако нашиве прифатат понуда е нормално он ќе се осети тука непотребен.
А тоа ја сумљам дека ќе се случи барем у нареднава година две.
Да не си правиме бајрам на мозокот, и Златан и Тиаго и Пато и Барбара да ги продадеме, пак ќе ни дојдат Тимошчук и Мудингаи.
Па никој не ни рече дека Тиаго сака да си оди, во нашите е стапот!
Ако го продадеме Тиаго можно е и Златан да сака да си оди затоа што ќе забележи недостаток на ентузијазам од страна на управата.
Ама после Тимошчук, Мудингаи, Астори и во Јануари Џагоев па да Ве видам! А ако дојде и мистер Х олицетворен во Амаури, кај ќе ни биде крајот!
Муабетот е дека G одбил 40 милиони евра од ПСЖ за Тиаго Силва но се' уште нема одговорено на новата понуда која стои на маса од викендот, 50 милиони евра!
Наводно Тиаго пратил СМС на свој соиграч од Милан во кој вели дека го напушта Милан (овој дел не го верувам затоа што е стандардна фраза при секој трансфер rumor.
Но од друга страна, ова е официјално:
Ceara го раскина договорот со ПСЖ и сега на ПСЖ и официјално им се отвори non-eu место во својот ростер...
Кога SportMediaset ќе го напише ова...
http://www.sportmediaset.mediaset.it/mercato/mercato/articoli/84058/thiago-silva-psg-affare-fatto.shtml?refresh_cens
Срцево ми се исполни од најголемата љубов у фудбалот за мене еден и единствен ШЕВА !!!!!
Цел ден ми е за нигде со овие тиаго силва муабети и ако искочи нимфоманон стар со СТОП у последна минута за трансфер ко шо праеше со кака и со пато ќе покаже дека е перверзно иживувачко дртало. Ако си отиде тијагито ја иако иам верба дека управата го сака клубот и му мисли добро,ќе биде тешко да не речам невозможно да се најде замена за во моментов најдобриот дефанзивец во светот.
Немојте да ми се лутите ама според мене најдобар натпревар до сега на ова ЕП.
Башка 2цата најдобри напаѓачи што беа(се) во Милан во изминатите 10ина години играа еден против друг.
Колку ми фалеше да се радувам на негови голови не сте свесни.
Јас се радував како мало дете на головите на Андриј.
Уште кога го даде првиот гол напишав на твитер: Златан да даде уште 5 гола нема да се израдувам толку како што се израдував на голот на Андриј. Веднаш потоа даде уште еден. Бев во делириум!
Mexes јавно го замоли Тиаго Силва да остане во Милан затоа што е фундаментален за тимот и дека следната сезона сакаат да целат кон титули а без Тиаго Силва тоа тешко ќе се случи!
Барбара Берлускони го замолила Силвио да го блокира трансферот на Тиаго.
Сумата ќе биде 42 милиони евра + бонуси со кои ќе достигне до 50 милиони! Фудбалерот ќе добие 12 милиони евра годишно (1 милион месечно!)!
Работата е што дојдовме до ситуација во која нема враќање! Јас искрено, сум помирен со продажбата на Тиаго и верувам дека ќе се случи сега затоа што доколку тој или клубот го одбие ова, ќе ја гледаме ситуација на Кака повторно! Подоцна Тиаго ќе оди во Барселона за сума далеку помала од оваа! Кога клубот еднаш ќе реши да го продаде фудбалерот, фудбалерот веќе ќе реши да си замине! А подобро да си замине во ПСЖ за 50 милиони евра отколку потоа да замине во Барселона за 30 милиони! Подобро од финансиска и играчка гледна точка! Така беше со Кака, одби трансфер во Сити за 120 милиони и на крај замина во Реал за 50.
Од клубот ветуваат дека овие пари ќе бидат максимално искористени на трансфер пазарот...
"I am a true fan and AC Milan fans only quote them can understand how I feel right now, but I'm also an educated person and so I'll try not to overdo it. The company has deceived us fans, telling of Thiago should tell us, overwhelming what would happen, because without us football fans would not exist. Always FORZA MILAN, because even in serie D I will support Milan "[Tiziano Crudeli]
MAXI: "Thiago was always telling me how much he wanted to stay at Milan and become the new captain, that he didn't planed to leave"
MAXI: "But in front of such a big offer, you just can't reject it"
MAXI: "I believe that Milan already has the new Thiago in their hands."
Се согласувам со тоа за барса 30м,и со крудели дека без разлика на се играчи ќе доаѓаат и ќе си одат,а Милан ќе остане Милан,ама за мене најмногу ме загрижуваат зборовите на Касано кој вели дека клубот и сите останати играчи ќе останат изневерени од управата токму поради ветувањата што ги даваа и што се очекуваат од Милан дека догодина ќе се оди на нови титули без продавање на најдобрите играчи. Продажбата на Силва ќе има домино ефект и лично јас сум голем песимист за иднината на клубот доколку се случи ова. Не само што не верувам дека тие 50м евра ќе бидат сите вклучени во трансфер буџет и дека ќе се донесат достојни замени (како што реков претходно ТС е просто невозможно да се замени) туку и се дава многу лош сигнал за политиката и статусот на клубот,па и при евентуален трансфер на некој нов талент Милан ќе станува се повеќе Арсенал/Ајакс/Порто и ќе бидеме само расадник на таленти и екипа за разигрување на играчи на големите клубови. Не знаеме што ќе донесе иднината и што се ќе се случува во клубскиот фудбал поконкретно со Милан и иако сум загрижен дека следуваат тешки периоди за Миланистите,никогаш нема да се откажам од моите ѓаволчиња.
Лош потег. Одиме надоле вака.
Тоа со реинвестирањето на 50те милиони нема никаква логика и многу се нервирам кога читам за тоа! Чекајте малку, клубот нема пари па заради тоа го продава најдобриот играч, нели? Како тогаш би ги реинвестирал тие пари во други фудбалери. И зошто воопшто да менуваш 3ца просечни фудбали за некој што најдобар на својата позиција во светот? И на крај, зошто баш сега кога и вториот најдобар дефанзивец замина од клубот? На најтенката позиција во тимот му задаваш нов удар? Ова не е нормално... ТЅ е единствениот играч, единствениот кој апсолутно ниеден фан не сака да го види на трансфер листа. Ќе биде трагично ако се реализира трансферот за кој лично сеуште не верувам дека ќе се оствари
Ама у право е Ри, ако не ова лето најдоцна до наредното ќе си иде, кога веќе му е дадено до знаење дека може да си оди.
Тоа е претпоставка поткрепена со исто такво искуство од друг играч. Никој не гарантира дека тоа ќе се случи. Можно, ајде ќе речеме веројатно е, ама неможеш да знаеш.
Иван, ти не веруваш дека тоа ќе се случи ама Галијани денес цел ден е во Париз!
А кога претходно беше виден во Париз заедно со Анчелоти и Леонардо (пред 1 недела) безобразно рече дека не е таму за трансфери туку за да го гледа Надал на Роланд Гарос! Срамота!!!
Ова може многу лесно да значи заминување и на Златан во Август. Златан ќе почека до Август да ги виде намерите и амбициите на клубот и кога ќе виде дека до тогаш ќе бидат донесени Тимошчук, Мудингаи и Ацерби ќе бара трансфер!
Според мене постои и втора варијанта, која воопшто не е за фрлање а е подеднакво безобразна како и првата! Да се создаде фама (каква што веќе и се создаде), Тиаго наводно да биде на прагот од премин во ПСЖ и на крај Берлу да каже СТОП на трансферот а потоа Галијани да изјави дека We are fine as we are и благодарение на жртвите на Берлускони успеавме да го задржиме најдобриот дефанзивец во светот и тој ќе биде нашето ново засилување за следната сезона! Пато финта!
Денот кога и официјално ќе биде продаден Тиаго Силва во ПСЖ јас ќе направам еден пост создаден од 3 слики и без текст! Вие слободно ќе можете да продолжите да коментирате тука за ЕП но тој пост-колаж едноставно мора да го ставам на блог...
Абе Ивче и јас сакам у тоа да верувам ама до таму дојде работава веруј, и јас така си викав што име на овие што се напалие толку но оваа ситуација е многу случина на онаа со Кака, кога уште во зимата го исплакавме и го испративме нашиот сеуште непрежален син.
И ти самиот знаеш дека највеќе од оваа ситуација болат лагите и манипулациите со кои ќе се покрие отсуството на Силва...кога веќе он ќе си оди јас сакам и Анте, и Бонера и Месбах и Робињо итн.
Многу, многу тешки зборови од Касано по прашањето за мислење околу евентуалната продажба на Тиаго Силва:
“I want to play well at Euro 2012, then I’ll see if I will stay at Milan or not. I have an idea about this, but I’ll only talk to some people. I’ve not heard from Ibra for a month, but if he gets angry about Thiago Silva being sold, then he’s absolutely right. It'd be criminal.
“Without Thiago Silva, at most we’d qualify for the Champions League. Besides, people should be clear with the fans. He is irreplaceable and without him we lose 50 per cent of the team. The club might consider the money coming in, but we ought to be clear.”
Не е работата дека јас не сакам да поверувам дека ова се случува, како што ми рече анонимусот. Работата е што јас не мислам дека ќе го продадат. Она што вие и јас го знаеме се дел шпекулации, дел нечии претпоставки и мал дел факти. Фактот, она најбитното, е дека Galliani е во Париз на преговори. Тоа никој не го крие. Ништо друго официјално не излегло од преговарачите за да носиме заклучоци. Тоа сакам да го кажам. Не ви викам јас дека продавањето не е опција или дека не сте информирани.
Сепак, мислам дека притисокот врз Silvio ќе преовлада. Навивачите едногласно кажуваат гласно НЕ, дел од раководството се противи, ама она што веројатно ќе ја прелие чашата се суптилните закани од играчите. Кога гледате дека во текот на ист ден тројца клучни играчи од тимот меѓу кои и капитенот зборуваат за еден бесперпективен Milan без ТЅ, не верувам дека дури и големиот ебач Berlusconi има мадиња да го направи овој потег. Ако го направи... дури тогаш ќе остане без нив - ултрасите ќе го кастрираат!
Исто мислиме, сакав сеа да го постнам интервјуто на Касано многу отворено збореше за оваа Тема, како тоа сака да се врати во Сампдорија еден ден и хомосекслуалноста во Италијанскиот фудбал.
Многу отворено од срце се си кажа.
А после Мексес и Касано и Боа со изјава:
Kevin-Prince Boateng @KPBofficial
To everybody who asked:I just hope Thiago Silva is not leaving,then to lose the best defender in the world is very HARD!!!!
И едно клучно прашање!
ШТО МАЈКА БАРА ГАЛИЈАНИ ВО ФРАНЦИЈА АКО ФРАНЦУЗИТЕ САКААТ ДА КУПАТ ФУДБАЛЕР НА МИЛАН?!!!!
Тоа е понижување!!
Се знае, кога некоја екипа сака да купи фудбалер, тогаш таа екипа оди на гости кај играчот/тимот од кој што сака да купи! Зошто Сити не дојде во Италија да разговара за Тевез во Милан?
До толку сме очајни за продажба!
А ова од Cassano и не е баш суптилно :)
Леле ако се врати Galliani од Париз со Sakho во куфер... :) Што ќе му правиме? Кај ќе го ставиме да игра покрај Mexes, Bonera, Accerbi, Dede и многу други :)
Единствено со што може G да си дојде од Париз е фразата We are fine as we are и евентуално со Marcos Venâncio de Albuquerque или попознат како Ceara (фудбалерот кој го раскина договорот со ПСЖ за да се направи место за Тиаго Силва). 31 година + free = Milan transfer target
Французите ќе испаднат курнази ќе напраат тандем од Сако и Силва.
Шева доживеал сообраќајка а со него у кола била и Кристен која е патем трудна. Вака ко што прочитав малце нема посериозни повреди.
Како бе сообраќајка со приватна кола? Па нели треба да е цело време со репрезентација? Или они пошо домаќини, си одат по дома за ручек :D
Сеа за сеа видов само дека бил со неговото Порше и на семафор го лупнале од позади.
А ова и мене ми беше чудно, ама со оглед на тоа дека на германците им е дозволено да јадат, пијат ,пушат и да се кецаат со жените/девојките не се изненадив и за ова :)
http://ibnlive.in.com/news/shevchenko-involved-in-car-crash/265719-5-21.html
Значи вчера вечер, ништо сериозно.
Back to ругање на управата на Милан :D
Сакхо и не е баш стандарден сезонава во ПСЖ... барем не на CB.
Догодина на CB ќе играат Тиаго :( и Алекс а таму е и Диего Лугано значи Сако или на бек или 4 опција.
И не почнувајте сега, епа нека ни го дадат на нас...
Еве читам сеа најново Ибра + Тиаго за 77мил,ако не и Боатенг да им го дадеме за 100 да заокружиме..
Се плашам дека догодина ќе бидеме Ливерпул.
Абе после ова прашање на време е за Златан... и јас го прочитав истото. Таман со Боатенг ќе заокружиме на 100 а Бињо ќе оди гратис оти на секој 3 купен 1 следи гратис.
Ти почна, со de Albuquerque :))
Значи не е толку проблемот во продажбата на Тиаго Силва (иако тоа е најблаго кажано изневерување на фановите, соиграчите и тренерот на клубот како и дрско лажење на сите претходнонаведени директно во очи со таа 99.99 % формула). Проблемот е што апсолутно сите се сигурни дека само 15-20 % од парите ќе бидат вложени на трансфер пазарот!
Верувам дека иако ќе им биде тешко... и фановите и Алегри и Златан и јас а и Вие, ќе ги повлечеме сите зборови ако со тие пари се донесат (карикирам) Стротман (12), Витсел (13+Таиво), Огбона(12+ 2-3 од децата кои веќе играат таму), Ацерби (loan + option to buy) и Деде(13) - Фудбалери кои апсолутно можат да бидат донесени со вкупна сума од 50 милиони евра а ќе го направат тимот далеку подобар од сегашната ситуација (па и со ТС во тимот)! Но тука лежи вистинскиот проблем!
Замислете среден ред со Стротман на DMC, Монтоливо и Витсел по страните а Боатенг пред нив а зад Златан и Пато! Робињо и Ел Шарави се резервни напаѓачи. Конечно долгорочно ќе го затвориме и LB. Еве како би изгледало тоа:
------------Abbiati
-Abate-Mexes(Acerbi)-Dede-Ogbona
----Witsel--Strotman--Montolivo
------------Boateng
-----Pato-------------Zlatan
На клупа би ги имале: Тој што нема да игра стартер од Мексес или Ацерби, Урби, Амброзини, Мунтари, Ночерино, Робињо, Ел Шарави а и Бонера+Антонини не се воопшто лоши за squad играчи и можат да покријат повеќе позиции!
Еве ви лаичка (и веројатно ќе кажете FM варијанта) за како да се потрошат тие пари, да се направи подобар тим, тим кој воопшто нема да му пречи на Златан, на фановите, на тренерот...
Аааа и сакате добар виц?
Сме го договориле трансферот на http://en.wikipedia.org/wiki/Vlad_Chiriche%C8%99 за 4 милиони! Мора прво да најдеме замена па после да го продадеме најдобриот дефанзивец во светот...
Штета што не можеме да ги третираме со иста веродостојност влезните и излезните трансфери, доколку беше така сега веќе ќе ги имавме во тимот Тевез, Фабрегас, Стротман, Балотели, Сахин...
Барбара Берлускони:
„Вистина е дека Милан ќе добие 40 милиони евра со продажбата на Тиаго Силва. Но исто така е вистина дека Милан поради драстично ослабување на тимот со неговото заминување може да не успее да се квалификува за ЛШ во следната сезона и да изгубиме поголема сума од 40 милиони како клуб! Оттаму, не ја гледам логиката во продажбата на Тиаго Силва! Тоа е непотребна и дијаметрална одлука!“
Би сакал таа да го преземе клубот, веќе на неколку пати цврсто застанува зад интересите на клубот и воопшто не се воздржува да се спротистави дури и на својот татко!
MilanChannel покажа графикон како може да се употребат парите од Тиаго Силва:
1. 25-30 милиони ќе одат за покривање на долгови!
2. 10-12 милиони за доведување на еден дефанзивец (тука не е вклучен Ацерби кој сепак би требало да пристигне од други пари)
3. 8-10 милиони за еден фудбалер од средниот ред (Стротман/Сахин)
Инаку Галијани денес се враќа во Милано и ќе разговара со Берлускони околу понудата (официјално таа се уште не е прифатена).
Берлускони изјави дека сметките не се во ред и дека не може да си дозволи да не го продаде Тиаго Силва и дека има понуда од 46 милиони евра. Наводно, Галијани барал 51 од Леонардо.
Незнам што да мислам, ако деновиве се повтори она второ сценарио што го предвидев уште пред некој ден, ќе бидам бесен! Ако го продадат, пак ќе бидам бесен! А верувајте дека после ова, ќе биде само прашање на време (веројатно една сезона) пред Тиаго Силва да замине во друг клуб за помала оштета од таа што сега е на маса.
Се на се Милан како клуб губи од сево ова, последиците тек ќе се осетат.
Уф кој автогол си го дадоа B&G со лицитацијата за Тиаго! Сега се двоумат дали да го продадат ама се огласи неговиот агент и рече дека Тиаго не сака да си замине од Милан но доколку остане управата ќе мора да го ревидира неговиот договор и да му понуди нов договор, на ниво на игрите кои ги прикажува на теренот, односно договор со кој ќе го направи рамо до рамо со најплатениот фудбалер во тимот (Златан). Ами сега, за клецање шо праиме?
Засега скоро потврдени трансфери:
- Асамоа + Исла во Јувентус (деновиве одат на медицински прегледи)
- Хандановиќ во Интер (14 милиони)
- Ацерби во Милан
За Handanovic во Printer никаде немав прочитано, немав поим. Ако се оствари, ќе биде добар потег на пацерите. А B&G нека го пушат сега. Онака отприлика кажано, ми се чини дека нема да го побара договорот на Ibra, најмногу поради љубовта кон клубот, но дека сигурно 7 милиони е минимумот кој ќе го бара.
Prandelli со истиот состав и против Хрватска! Интересно...
FORZA AZZURRI!!!
Штета..уште се комплекс хрвативе за Италија. Мора малце да се стегне одбраната не може талијанец да прима гол после водство така лесно.. Маџо е катастрофа ама не знам нашиов дали ќе биде нешо подобар таму,џакеринто исто не се знае шо игра,можеби балѕа ќе дае некоја поголема сигурност у дефанзива. Средината е одлична дури успеа на најсилнот среден ред во светов шпанија да парира без поголеми проблеми,а нападов е раштиумуван и во ваква формација тој тандем напред мора да биде екстремно дрзок,уигран и безмилосен. Не знам сеа кој се комбинациите само да не испадне на крај ко 2004 со шведски дански и сл.
кои* :)
Official: President Berlusconi has announced that Thiago Silva will remain at AC Milan.
Тоа е тоа старото дртало гарант мастурбирало додека гледало како страдаат сите миланисти деновиве. Сака бе чоекот да си е у центар пажња,сака внимание,да си се покаже херој као и увек...
Мислам дека е ако ова беше финта, а искрено не сум сигурен, тогаш не му помина. Дури и најголемите дебили по ФБ и тоталните непознавачи на фудбалот и случувањата во Milan сега само повеќе го презираат Silvio, а не го гледаат како херој. Всушност нема ништо херојско во тоа да се премислиш и да стопираш трансфер на најдобиот играч само заради богата понуда. Херојството, како газда на клуб во денешниот фудбал е да собираш доволно пари за постојано да купуваш играчи и да освојуваш титули. Или уште повеќе, да освојуваш титули без да потрошиш премногу пари.
А Италија денес некако ме спласна. Одигра второ полувреме кое ме потсети на периодот 2006-2010. Апсолутно непотребно се повлече и им даде шанса на збунетите Хрвати. После тоа, сакаш да нападнеш, ама многу ти е страв да не примиш уште еден гол и да испаднеш. Примаш гол од грешка направена од играчот што најмалку очекуваш. Хрватите имаа и среќа во дефанзива, веројатно и среќно дојдоа до реми. Мое мислење е дека момците сепак ќе ја пројдат групата, секако со помош на Шпанија која фати ритам вечерва. Воопшто не мислам дека ќе се повтори сценариото од 2004та затоа што сметам на победа на Шпанија. Не сум ги видел досега да калкулираат, се надевам дека не ни знаат да играат на тој начин. Реномето е огромно, сите очи ќе бидат вперени во нив, квалитетот секако на нивна страна и евентуално реми би било само случајност. Покрај тоа, при победа на Италија, стартниот резултат не им одговара на Хрватите, така што за очекување е да тргнат нешто поофанзивно. Јасно ви е на сите колку потенцијал тоа остава за Torres, Silva, Iniesta, Xavi... Уште еден незгоден момент е евентуално реми 1-1 на Шпанија и Хрватска, бидејќи во тој случај ќе се бара вкупната гол разлика во групата, така што Италија мора да постигне најмалку 3 гола или да одигра 3-1 и во тој случај, верувале или не, ќе одлучу УЕФА коефициентот, кој е на страна на аѕурите. Дотаму отидовме со ова глупаво реми денес :) А ќе можевме уште вечерва да ги прогласиме за четвртфиналисти и ќе зборувавме за калкулации на кој противник да се оди во нокаут фазата. Јебига, тоа е италијанска работа...
FORZA AZZURRI!!!
Треба вечерва да гледам НБА па утре за Прилеп и два дена ќе бидам таму па ќе бидам мапку отсутен од тука.
Накратко, претпоставив таква варијанта околу Тиаго и ја напоменав уште пред 3-4 дена! Според мене, постојат само 2 можни сценарија зошто ова излезе вака:
1. Силвио сакаше да излезе херој а Галијани да може да се оправда за лошиот трансфер период кој ќе следи со зборовите We are fine as We are. И дека благодарение на Берлу го задржавме најдобриот дефанзивец во светот во тимот и тој ќе биде нашето најголемо засилување
2. Берлу и Галијани не очекуваа дека до толку јавно сите ќе застанат против него и уште повеќе, гласно ќе го кажат тоа. Почнувајки од Златан и Касано преку Боатенг и Мексес па се до неговата родена ќерка! Сигурно не очекуваа дека до толку може да се распадне атмосферата во соблекувалната со ваков потег! Кога сме кај ова, јас сум страшно разочаран од зборовите на Касано, тој се што кажа беше на место ама тоа не смее да излезе од неговата уста после се што тимот стори за него!!
Која и да биде причината, не очекувајте апсолутно ништо од овој трансфер пазар, веројатно за одбележување ќе биде само Ацерби а другото ќе биде Ригони, Аквилани и сл.
Само се надевам дека останувањето на Тиаго ќе биде трајно решение а не само до следното лето кога ќе замине во Шпанија за 30 милиони евра!
Штом вика Галијани ќе дојдат само уште Ачерби и еден од средина ама ич ич ич не верувам дека така ќе заврши трансфер пазаров летово. Искусен навијач сум и знам дека Адријано суши лаже со години наназад така да осеќам дека при крај на август пак ќе има некои изненадувања.
Ме разочара Италија...какво убаво прво полувреме имаа...ги ставија во ќош Хрватите, и после првиот нокаут се што требаше е само да продолжуваат да удираат во вториот дел, наместо тоа комплетно се повлекоа.
А и факт е дека не си ги искористија шансите во првиот дел.
Комплицирано е, јас како и секогаш не сум толку голем оптимист така да сценариото од Португалија'04 не толку далечни Ивчо.
Секако треба и да победи Италија против Ирците, но кога станува збор за нив овие 2 нерешени мислам дека многу не ве изненадуваат, скоро секогаш на стаклени нозе се провлекуваат низ група Италијаните.
А убава работа завршија Интер со Хандановиќ, си обезбедија голман за следниве 7-8 години.
Кај прочитавте бе тоа за Handanovic??
http://www.calciomercato.it/news/161675/TRATTATIVA-DEL-GIORNO-Handanovic-Inter-dettagli-e-retroscena.html
http://fedenerazzurra.com/2012/06/14/sky-samir-handanovic-inters-number-one-choice-keeper/
http://www.udinetoday.it/sport/handanovic-inter-15-giugno-2012.html
Дај нека дојде веќе Ачерби барем еден нов пост да мавнеме се наполни овој.
Post a Comment