Translate

Wednesday, 2 May 2012

НОВА ПОБЕДА И НОВА НАДЕЖ!!!

        Уште еден нов и краток пост од мене... Atalanta е новиот противник на момците на Allegri. Ја пречекуваме на San Siro, со познатите пријатни и непријатни околности што не следат цела сезона. Atalanta, која долго време беше најпријатното изненадување во Калчото заедно со Catania. Сме коментирале неколку пати, а и при првиот дуел годинава дека се исклучително незгодни и дека со тие бодови што им беа одземени, ќе беа уште понезгодни и помотивирани, можеби борејќи се за излез во Европа. На првиот меч во Јануари беше 0-2, ама сигурно се сеќавате како се одвиваше тој меч и дека тоа беа тешко освоени 3 бода. Сега многу работи се поинкави, апетитите се драстично изменети. Гостите ќе играат за престиж, а ние за титула. Ама и Bologna играше за престиж, па се случи што се случи. Максимално залагање до крај (колку е тоа мотивациски изводливо), победи до крај и надеж... Друг начин не постои!
Повикани се следниве: Abbiati, Amelia, Antonini, Bonera, De Sciglio, Mesbah, Mexes, Nesta, Yepes, Ambrosini, Aquilani, Boateng, Flamini, Gattuso, Muntari, Nocerino, Van Bommel, Cassano, El Shaarawy, Ibrahimovic, Maxi Lopez, Robinho.

       А од овие момци, Max веројатно ќе комбинира состав сличен на оној од пред три дена. Во одбраната ќе го нема Abate, така што De Sciglio е во најдобра позиција да го одигра вториот првенствен натпревар во светиот дрес. Nesta ќе стартува, но кој ќе биде негов партнер ќе знаеме веројатно дури пред почетокот на натпреварот. Nini е лево прва опција. Во средината се сигурни MVB и Muntari, а и Nocerino веројатно ќе се врати помеѓу стартерите. Boateng ќе биде на CAM, а партнер на Ibra ќе биде SES или Binho. Уствари кога ќе видам пак, и не е нешто сличен на тој од Неделата :) Како и да е, одиме на нова победа, по можност повторно убедлива, па поспремни да го дочекаме големиот ден - Дербито! И секако, се надеваме дека Lecce ќе се надмине себеси!


FORZA MILAN!!!

41 comments:

Anonymous said...

Уште еден натпревар кој мора да се победи за да се одржиме во "живот."
Разочараноста очигледно ги стигнува сите, па и нас на блогот и затоа сме вака пасивни настрана обврските.
Ништо не е готово додека е готово, но само чудо може да го пренасочи скудетото кое е на пат за Торино.
Реално гледано, овој натпревар не го играме за да се одржиме во битка за скудетото, туку за да го одложиме славјето на Јувентус, кое најверојатно ќе се случи уште в сабота.
Но наше е сега да го подржуваме тимот во ова тешко време, и да се надеваме на 3 победи во 3 натпревари на Сан Сиро.

Anonymous said...

-Acerbi изјавил дека ќе му биде чест да игра во Милан но сеуште не се знае ништо.
-Интересна разврска во ПСВ:
Дик Адвокат ќе биде нивни тренер со што скоро сигурно е дека Ван Бомел се сели таму, а нашиве се повеќе загризуваат за Стротман.
-Има информации кои кружат изминатите недели дека сме заинтересирани за Габи Мудингаи од Болоња кој би дошол за одприлика 1м.
-И Мексес наводно е во кавга со Алегри и го поврзуваат со Тотенхем уште во претстојниот преоден рок.

Anonymous said...

http://www.footballuser.com/formations/2012/05/394266_A_C__Milan.jpg

И она што се случуваше пред 8

http://www.youtube.com/watch?v=Xt7HfRHyFaI

и пред 5 години на овој ден.

http://www.youtube.com/watch?v=6lWJb4zQiTA.

Kole.22 said...

Ако не се лажам денес треба да се сефтосаат дресовите за следната сезона. Секако со победа :)

ReBorned said...

За Мексес само ќе кажам дека не’ чинеше клучните натпревари. По негова несфатлива грешка Антонини направи пенал за првиот гол на Барселона на реваншот и потоа се’ тргна низ брдо.
Со негови несфатливи грешки ги изгубивме најважните бодови на најважните натпревари кога се расплетуваше резимето на борбата за титулата во Калчото.
И тој заработува 4 милиони евра по сезона.

Navigator said...

навистина понекогаш не разбирам дали управата ги преценува играчите или клубот има изгубено доста од репутацијата па привлекува со вишок пари...

ReBorned said...

Не баш. Мексес беше земен без пари. Непишано правило е кога фудбалер ќе дојде без трансфер fee, добива повеќе на плата, прашај го Фламини.

ReBorned said...

Одиме на сигурно. Боа - Златан - Касано напред, Неста и Мексес назад и Де Шиљо со нов старт :))

ReBorned said...

Ако налетате на добар стрим споделете оти не планирам да гледам комбиниран пренос

ReBorned said...

Сака некој да се обложи со мене дека Златан вечерва ќе добие жолт картон?

Navigator said...

Да Ри, ја разбирам логиката дека при free transfer мораш да привлекуваш со повисока плата. Ама примерот со Flams е пак наш пример и тоа го зборував. Незнам каде на друго место Mexes би ја земал оваа плата. А уште помалку разбирам како може играч на тоа место да биде troublemaker. Не зборувам конкретно за Mexes.

Cassano не очекував дека ќе стартува повторно, а капитенот мора да биде во тимот кога има презентација на дресови, нормално :) Преносот ќе биде комбиниран пак или да си бараме стримови?

Navigator said...

Не е до толку идиот... :)

ReBorned said...

Кристофер Касано со многу motherfucker фризура :))

http://milanstreamingcenter.blogspot.com/

Kole.22 said...

стримче добро???

ReBorned said...

Аууу каков старт!

ReBorned said...

Де Шиљо одигра одлично прво полувреме. Константно се отвораше по десната страна, штета што секогаш не го гледаа соиграчите. Одлично освежување по таа десна страна каде што сезонава гледаме само константно трчање на мува без глава... Кога игра некој фудбалски поинтелигентен веднаш се забележува и изгледа убаво за око. Браво!

ReBorned said...

Златан не игра апсолутно ништо вечерва!

Navigator said...

Да е здрав и жив Buffon! :)))

ReBorned said...

Ние само да си победиме се’ до крај.

Navigator said...

Ама тоа рековме :)

2 Maggio - data memorabile, certamente!

ace1899 said...

http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=gVzmo24YJsE

bogami alal mu vera na max so mu nema vlezeno vaka radikalno na robinho do sega

Kole.22 said...

Ако најдете видео од делот на натпреварот кога се дозна дека лече израмниле, споделете го :)

ace1899 said...

http://www.youtube.com/watch?v=9w2vBqF6efY

Navigator said...

http://www.youtube.com/watch?v=e7XeRiYs2PQ&feature=related - е значи нема подобро чувство од ваков in your face на двата ривали. па макар и титулата била нивна... :)

ace1899 said...

http://www.dailymotion.com/video/xqk1r9_milan-atalanta_sport

ReBorned said...

Rumors say Ljajic said to Rossi, "I hope Fiorentina goes in Serie B" after being substituted, provoking the attack.

ReBorned said...

Втората верзија е дека Љајиќ му дофрлил на Роси: Ти си поретардиран од твојот ретардиран син...

Anonymous said...

И многу други верзии, јес да Љаич не треба да изиграва мангуп, ама па овој Роси што направи не е за никакво оправдување.
Инаку тек сега го изгледав натпреварот во HD снимка со англиски коментар бидејќи бев зафатен со славје.
Де Шиљо во 6тата минута имаше еден одличен лизгачки старт, повеќе такви храбри потези и во иднина.И јас приметив дека беше скоро невидлив за соиграчите во нападот, ама нормално е, најмлад е ваљда и они не сакаат да ставаат дополнителен притисок на него.
Инаку знаев дека победивме 2-0 ама незнаев кој ги даде головите, и одма штом го шибна Суљо знаев дека ќе победиме исто како и на претходните 2 натпревара кадешто тој погоди :)
Јас мислам дека неговиот workrate е фантастичен и дефинитивно заслужува место во тимот.
Thumbs up за голманскиот дрес, идентичен со оној од 2003/2004 со разлика од линиите кои наместо бели се црвени.
Изненаден сум што никој не доби црвен до крајот, и од изјавите од сино црната страна на Милано кои велат дека повеќе сакаат Милан да освои одколку Јуве.
Нешто смрди тука ама ајде.
Не треба да се замараме со Каљари и Аталанта, туку со Интер и на крај Новара, се ќе си дојде на свое место и ако ништо друго барем до крајот на првенството ќе гледаме неизвесна трка.
А богами 2ри мај е дефинитивно супер ден!
Ни се поклопи и поразот на Челзи од Њукасл, и сега на 2 натпревара до крај Челзи е на 4 бода од 4тата и 5 од 3тата позиција, односно Арсенал,Тотенхем и Њукасл се пред нив.
+ поразот на Интер.
Е сега Лион победи но сепак, имаат уште 4 натпревара до крај и се наоѓаат на -9 од третопласираниот Лил кој пак има три натпревара до крајот и сигурен сум дека ќе извлече барем 4 бода што ќе им бидат доволно за верификација на местото во ЛШ.
Со победа в недела и дефинитивно ќе го отпишеме Интер од битката за ЛШ.
Можеби овие факти ви доаѓаат тотално небитни во моментот, но ако се испадне како што планирам тогаш се враќаме конечно во првиот шешир во ЛШ и конечно ќе ги избегнеме Реал.М, Барселона и др. барем во фазата по груби.

MILANO SIAMO NOI!!!

Anonymous said...

групи* де.

Navigator said...

ReBorned said...
Втората верзија е дека Љајиќ му дофрлил на Роси: Ти си поретардиран од твојот ретардиран син...
Требало во заграда да напишеш дека син му воопшто не ретардиран, а не вака, се убив од барање дали Rossi стварно има болен син :)
А за муабетот на Драган околу UEFA коефициентите што остана неиакоментиран ќе пишам покасно во денот, затоа што заслуву внимание. Сега само ќе кажам дека си заборавил да го спомнеш и Atletico Madrid, а тие скоро и да немаат шанси колку што се сеќавам на табелата во Шпанија. И честита титула секако! ;)

Navigator said...

Извинете за коментарот што е хаос, пишувам од мобилен :)

Anonymous said...

Никој не доби жолт*
Толку киксови во еден пост...
Јас од пи си пишувам па хаос ми е :)
Благодарам, Атлетико е на 5 бода од 4тата позиција на само 2 кола до крај, Леванте и Малага се во многу подобра позиција.
Ама Малага им гостува на Атлетико утре, и им треба бод за да ги отпишат од трката за ЛШ и официјално :)

Navigator said...

За мене темава е многу битна, заради избегнување на тој сигурен мега дуел уште во фазата по групи. Не дека кога си прв шешир не може ждрепката да ти зададе главоболки, ама веројатноста е помала. Сепак во тој втор шешир има екипи Shakhtar, Benfica, PSV или CSKA што реално се далеку од европскиот крем. На крајот на краиштата, враќањето во прв шешир би било и напредок во процесот на враќање (или градењето) на реномето на клубот. Знам дека и не е време за ова баш пред Дерби, ама со оглед на тоа што има уште најмногу 3-4 кола до крајот на првенствата низ Европа, би можеле да си ги апдејтираме резултатите и шансите за муабетот со првиот ЛШ шешир.

Прво, ова се екипите што имаат поголем УЕФА коефициент од последните 5 сезони:

Barca
Man Utd
Chelsea
Bayern
Real
Arsenal
Printer
Atletico
Porto
Lyon
Liverpool

Најпрво гo исклучуваме Liverpool кој нема ни теоретски шанси за ЛШ и тоа не прави 11ти на листата.

Ги исклучуваме и Barca, Man Utd, Bayern, Real и Porto од десетте екипи пред нас.

Chelsea - најнепредвидливиот од сите пет ривали. На 2 кола до крај заостанува 4 бода од 4тото место што го делат Tottenham и Newcastle и 5 бода од 3тото место на Arsenal. До крај играат со Liverpool (A) и со Blackburn (H). Многу тешко достижно, особено поради лесните противници што ги имаат Spurs до крајот. Но тоа и ништо не значи ако ја освојат ЛШ и земат директно учество. Затоа реков дека се најнепревидливите...

Arsenal не во групата на сигурно пласирани, ама се многу многу блиску до тоа. Имаа бод предност на 3тото место, а и имаат два доста лесни противници - Norwich (H) и WBA (A). Дефинитвно по најдобра позиција од сите 5 екипи во групава.

На Printer шансите се премали. Теоретски, треба да победат во два дерби дуела со Milan и Lazio, а Napoli кој има 3 бода повеќе и предност во меѓусебен дуел двапати да киксне и тоа против Bologna и Siena. Да спомнеме дека и Udinese има ист број бодови како Napoli, а Lazio еден бод повеќе од Printer. Едноставно речено, после Дербито, ќе имаме еден противник помалку :)

Atletico Madrid е исто во незавидна позиција. Има 5 бода негатива од Malaga и тоа за 4тото место, што не е автоматски пласман. Имаат директен дуел овие екипи утре, но дури и да победи Atletico и да дојде на -2, во последното коло тие гостуваат кај Villareal, а Malaga го пречекува испаднатиот Gijon. Такава шанса едноставно не се испушта! Згора на се, Atletico се спрема за финале на ЛЕ.

Последниот е Lyon чии шанси се најмали. Заостанување од дури 9 бода зад Lille со меч помалку, а имаат уште 4 натпревари до крај заедно со тој заостанат. Игра против Brest (H), Evian (A), Ajaccio (A) и Nice (H). Само да спомнам дека Lille дури има и шампионски амбиции сеуште.

Овие факти го прават Milan најголем фаворит за тоа осмо (ако не и шесто или седмо) место од првиот шешир во ЛШ за следанта сезона. Дури и Chelsea да победи во финалето и Arsenal да остане трет во EPL, некој од останатите 3 екипи треба да направат чудо. И пак, тоа чудо би ги однесло на бараж за ЛШ и сето тоа изгледа многу далеку.
Коефициент Milan да биде во првиот шешир - 1.25! :)

Anonymous said...

Убав осврт на целата ситуација, мило ми е што мојот муабет не остана незабележан и сега сите тука на блогов сме свесни за ситуацијава :)
Браво Иван :)
Да се договориме за пост на тема дерби, би било убаво уште утре попладне да имаме такво нешто.

ace1899 said...

Убав осврт и редно време е да се вратиме таму кај шо е местото. Се потсетував на периодот кога Милан беше буквално скоро на врвот на европа секоја година 2003 шампиони,2004 баксузот ла коруња со реални шанси за одбрана на титула доколку не се десеше,2005 друг баксуз нечу да га именуем,2006 полуфинале избацени со непризнатиот гол на шева,2007 шамиони... И коа ги глеав составите само оваа споредба си ја напраив Кафу-Неста-Стам-Малдини наспроти Антонини-Бонера-Јепес-Мезбах...Првата линија заедно со фамозната костакурта,барези,тасоти,малдини се мислам едни од најдобрите ако не и најдобрите воопшто составени некад ,а не сегашниве крпеници шо недоликуваат на ренометно на еден ваков клуб. И еве ке ви оставам еден осврт на финаскиската ситуација во клубот кој сугерира како и денешната изјава на берлу(на чии изјави ама баш не се ослонуем) дека летово пак ќе треба да се спремиме за free трансфери и пот/просечни имиња.

http://www.rossoneriblog.com/2012/05/04/milans-financial-state/

ReBorned said...

Една во перспектива убава вест. Alessio Innocenti, фудбалер од Primavera за кој во последно време беше силно заинтересирана Barcelona, фудбалерот за кој има тивка војна меѓу Аргентина и Италија за која млада селекција да почне да игра, го продолжи договорот со Milan до 30 Јуни, 2015 та година што доволно зборува колку нашите веруваат во него. Момчето по вокација е фудбалер од средниот ред но пола сезона во Primavera ја помина на позиција десен бек по прекомандувањето на De Sciglio во сениорите. Се’ на се, цврст и пред се’ многу универзален фудбалер кој може да покрие неколку позиции во тимот (MC, MR, DMC, RB).
Тиаго Силва нема да биде фит со Интер.

ReBorned said...

Најголем дел од фудбалерите на Каљари со изјави дека имаат прекрасно искуство со the Mister, дека станува збор за тренер кој секогаш е со насмевка на лицето, сите имаат прекрасно искуство со него и ќе играат за него утре.

Navigator said...

ако може нека пишува некој пост за утре

Anonymous said...

Ајде јас.

ReBorned said...

Јас завршив

Anonymous said...

Не е страшно, само првите 2 реченици ги напишав барем не ми е криво :)