Translate

Sunday, 29 April 2012

Само победи до крај!!!


Тоа е единствениот рецепт за достојно завршување на сезоната! Нешто не штима во таборот во Миланело, тоа се чувствува и во изјавите и на теренот. Премногу шпекулации, за тренерот, за актуелните и за евентуалните нови фудбалери. Премногу шпекулации на сите нивоа во клубот! Смиреноста што Милан ја демонстрираше со декади наназад во однос на шпекулациите околу staff-от, вештачки или не, недостасува. Шпекулациите не застануваат на Алегри, продолжуваат кон Браида, Тоњацини па дури и Галијани! Како капак на сè дојде и интервјуто на Фламини! Во ваква ситуација тешко се игра!
Како и да е, обврска на тренерот и играчите е да го дадат најдоброто од себе! Дали тоа ќе биде доволно за победа на незгодното гостување во Сиена, ќе видиме во 16:50.
Иако здравствениот билтен е во далеку подобра состојба од поблиското минато, повторно ќе недостигат Урби, Сидорф и Тиаго Силва кој сè уште не е фит. Пато влегувал во натпреварувачки ритам но нема да се ризикува со него! Тимот е познат, еден од Бонера и Јепес ќе застане до Неста, еден од Стефан и Касано ќе застане до Златан а Боа ќе почне од старт. Останатото е прилично јасно. Одиме на победа, лесна-тешка, ПОБЕДА!
Forza Milan!!!

27 comments:

ReBorned said...
This comment has been removed by the author.
ReBorned said...

Неста сепак нема да стартува а за првпат сезонава ќе добие старт Гатузо. Напред конечно ќе ја имаме најсилната тројка, Боа зад Златан и Касано!

Anonymous said...

Ајде 0:4 чисто онака за нас :)
А тоа со Фламини го читав и јас на твитер, и вака кога ќе ги собереш сите работи се гледа дека ситуацијата не е баш хармонична во Милан.

ace1899 said...

Mnogu losa postava pusta max po mene so 3 destruktivci vo sredina i odbrana ala ekipa od sredina na tabela...

Abbiati, Abate, Bonera, Yepes, Mesbah, Gattuso, Van Bommel, Muntari, Boateng, Ibrahimovic, Cassano.

ace1899 said...

me plasi toj destro mnogu koa ja gleam nasava odbrana,ne znam napadov sam po sebe so vakvi MF so ke prai..

Navigator said...

лоша постава, лош противник, одличен напад = многу голови! ајде барем да се изнагледаме фудбал!

FORZA RAGAZZI!!!

ReBorned said...

Зошто сите се фаќате за тоа: лошо, многу деструктивци...
Ајде бујрум направете недеструктивен среден ред од повиканите...

Лична победа за Касано, шампионски од за Касано! Ја победи својата борба! Браво мајсторе!!!

ace1899 said...

да ви предложам да глеате на MUTE зашо стево телма е ем неписмен ем тежок јувенташ

Anonymous said...

Ќе се оствари мојата претпоставка а?

бујрум http://www.lshunter.tv/streams/1/lshtv4.html

ReBorned said...

И јас си гледам на стрим

ReBorned said...

Касано е брилијантен! Ете колку ни значат во играта Касано и Боатенг кои беа повеќе повредени отколку здрави сезонава!

Anonymous said...

Уште се чудам што правеше одбранбениот играч кој беше позади Бориело при постигнувањето на голот.

Anonymous said...

Освен бодовната Јуве осетно ја надополни и гол разликата во однос на нас, но неважно затоа што на крајот од сезоната одлучува меѓусебниот скор, мада јас мислам дека што досега не изгубија сега па ич.
Можеби 1-2 нерешени максимум.
Иначе незнам дали сте ја виделе моменталната ситуација во УЕФА рангирањето, а ситуацијата е таква што сеуште сме во втор шешир но доколку Ливерпул,Челзи,Лион и Интер не се пласираат во ЛШ тогаш ние се поместуваме таму каде што ни е местото.
-Ливерпул не ни има шанси
-Челзи денес победи (хет трик на торес) и е на само 1 бод од 4тото место на три натпревара до крајот.
-Интер по се изгледа ќе победи денес и ќе се израмни со Лацио и Наполи на табелата ама Лацио игра вечер со Удинезе и доколку победи удинезе сите 4 екипи ќе имаат по 55 бода и ќе биде многу жустро.
-Лион е 6 бода зад 3тото место кое води во ЛШ на 5 кола до крајот.

Се е изводливо се е можно.

ReBorned said...

Касано не играше 6 месеци а се’ уште е најдобар асистент во Калчото.

Интересно:

@MilanDiavolo: "Siamo allegri, Ci crediamo ancora" Banner displayed at the Artemio Franchi by the Curva Sud!!

ace1899 said...

Miccoli e najdobar ass vo calcio ali sekoja cest na Fantantonio ova e kako filmski comeback.Kaj ke ni bese krajot ako ne bea on i boateng povredeni cela sezona ili patkata so vise zaboraivme deka igra fudbal..

ReBorned said...

„Најдобар асистент во тимот на Милан во Калчото“

Лошо се изразив.

CurvaSud_Milan said...

http://www.dailymail.co.uk/sport/football/article-2134336/Fabio-Capello-linked-AC-Milan-director-football-role.html


јас прв пат читам за ваква варијанта, но знам дека ако веќе толку запнал Берлускони да го менува Алегри, Капело е единствениот што го посакувам. Никој неможе да ме убеди дека Спалети или Прандели можат да работат подобро од Алегри во овој момент со Милан, а искрено незнам и Капело со своите години и со сите успеси постигнати во минатото како ќе се справува со мотивацијата на тимот.

Од оваа позиција кога веќе ништо не е во наши раце во поглед на титулата и кога може да се каже дека Јувентус е на чекор до неа, јас сакам да му се даде уште една сезона на Алегри, верувам дека ќе го врати скудетото и после ќе се зацврсти на позицијата, нешто што можеби Берлускони и не го сака.

ReBorned said...

И Sachi денес изјави дека никој не можеше да заврши подобра работа од Алегри сезонава со оглед на фактот дека константно имаше 12-13 повредени фудбалери во тимот. Претходно Липи изјави дека се гледа себеси во Алегри. Сите големи тренери се на негова страна, Галијани е на негова страна, Curva Sud е на негова страна...
Јас барам само едно: Дајте му на Алегри едно пристојно трансфер лето, овозможете му барем дел од фудбалерите кои се негова желба и потоа ако не достави резултати, бркајте го! Јас сум сигурен дека со тимот каков што е, не може никој да понуди подобри резултати од Алегри. Посебно во ваква сезона во која ако кажам дека бевме преполовени од повредите би било премногу благо!
Добрата работа со евентуално доаѓање во тимот на Капело, Ван Бастен или Гвардиола (има и такви глупости) е тоа што било кој од овие тренери ќе дојде на клупата само ако му се ветат одврзани раце на трансфер пазарот со други зборови чистка и играчи кои тој ги сака.

Anonymous said...

АЛЕГРИ ДА ОСТАНЕ !!!

ReBorned said...

#Allegri 's #Milan stats in 99 matches: W=55 D=27 L=17. Scored 170 goals & conceded 85.

Процент на успешност од 55 % со сите повреди и проблеми. Замислете до каде можеше да оди овој процент доколку имаше фитнес на нивото на Јувентус. Убаво се сеќавам кога победувавме стандардно по 4-0 со сите во тимот...
Ама ајде типот го направи Ночерино фудбалер со двоцифрен број на голови, втор стрелец во екипата! Типот го направи Боатенг еден од најдобрите фудбалери во светот на неговата позиција! Типот го направи Мунтари фудбалер!

Anonymous said...

Типот го направи Бонера ТИП!

ace1899 said...

И јас сум за да му се даде уште една шанса на макс баш поради се ова што пишавте иако имаше моменти кога правеше грешки пред се заради неискуство шо сезонава и лани скапо не чинеа. Како и да е, верувам во проценката и судот на Берлу и Фестер луѓето се скоро 30 години во Милан докажале дека го сакаат клубов и може иаме сопственик што се понаша како бебенце но знам дека му мисли добро на клубот и се надевам дека ќе донесат правилна одлука летово

Kole.22 said...

пројде скоро година а мене уште ми се кине срцево за Пирло.

CurvaSud_Milan said...

http://www.youtube.com/watch?v=DIif1kB17ns

:)))

Kole.22 said...

Лололо

http://z0r.de/L/z0r-de_2715.swf

:-)

Anonymous said...

И мене ми се кине душава за Шева ама тоа е тоа.
Јуве повеќе доби одколку што ние изгубивме.
Пишувам пост.

Navigator said...

Не пишувај, напишав!