Тоа
е она што сите го сакаме и за што желно го исчекувавме викендот. Да застанеме
на врвот и да останеме таму подолго од 5 часа. Се доведовме до ситуација каква
што имаме, да навиваме за други како за свои и да го мразиме Juventus што игра
одлично во серија. Ама да ги заобиколам
слушнатите коментари дека треба да се победи се до крајот и да се чека киксот
на ривалот. Трагедијата од минатата недела го згусна распоредот до крајот и
сега во 14 дена ќе се одиграат дури 5 кола. Којзнае дали е тоа добро или
лошо... Претпоставувам не не воодушеви со оглед на чести повреди на нашите
играчи и челичните јувентини. Сепак, ова би дало уште поглема вредност на
евентуалната титула.
Во пресрет на дуелот кој навидум изгледа
добиен уште пред да започне, покрај стандардната горчина што не обзема гледајќи
го болничкиот биланс на екипата, отскoкнуваат двете добри вести за
враќањето на MVB и Abate. И двајцата би требало да бидат стартери, што ќе значи многу за Max,
кога се наоѓа во перманентна ситуација за кубури со дефанзици, а особено со
везњаците. Покрај нив, во составот дефинитивно ќе се
најдат и Nesta и
Antonini назад, Nocerino и Muntari во средината и Ibra и Robinho напред. Двете дилеми
на Max се однесуваат на втората стоперска позиција, каде поверојатно е дека ќе
стартува Bonera, како и најпроблематичната позиција сезонава AMC. Urby или Seedorf? Моја одлука би бил Urby, затоа што сакам да видам брз и динамичен
фудбал со многу голови во мрежата на Agliardi и решен уште во
првиот половина час.
Веројатно повеќе заради избегнување на
потценувањето на противникот, Allegri кажа дека Bologna не доаѓа да ги поклони бодовите на San Siro, туку очекува дека
ќе играат за победа. Побара и максимално сконцентриран и сериозен пристап,
нешто што се подразбира што го знае цела екипа. Неиграњето на првиот голман на
екипата често подразбира проблеми за одбраната, па отсуството на Gillet утре се надеваме дека би можело да им ја олесни задачата на нашите
напаѓачи. Баш како што тоа беше и на првиот меч на екипите сезонава и еден од
најлошите настапи на Amelia на голот на Milan. Кај Bologna повредени се уште и Cassarini, Crespo и Krhin. Мада знам дека малку ни е битно тоа...
И
додека го читав постот пред да го објавам, многу ме потсети на оној што го
пишував за мечот со Fiorentina. Реално, нема некоја голема разлика
освен најбитната, најголемата – да се победи. Овојпат навистина! Juve нека ужива во последните часови како лидер!!
FORZA MILAN E FORZA ROMA!!!
40 comments:
Ако зборуваме за одлука на Berlu во врска со тоа кој од сенаторите би останале или заминале, јасно е дека после капитенот, најомилениот играч на газдата е сепак Seedorf. Зошто би се одлучил за Gattuso, а не за Seedorf? Кратењето на платите е логичен потег дефинитивно, но изборот со кого да се простиме е покомплициран отколку што изгледа. Тоа би значело крај на една ера, збогување со носечките играчи на убав период со кој се гордееме. Холанѓанецот од друга страна е голем шампион, ама и суетна личност. Незнам колку би прифатил драстично скратување на плата, но и незнам каде на друго место би ја добил и таа скратена плата. Ќе биде тоа тешка одлука...
Работата е во тоа што холанѓанецот по се' се чини ужива во евентуалниот настап во земјата од каде доаѓа неговата сопруга, Бразил. Такви шпекулации имаше и претходната сезона но овојпат ќе биде дефинитивно збогување, верувам во тоа! Исто како и дефинитивно збогување со Замброта (MLS) па ако сакате и Фламини (кој иронично зема најголема плата од сите претходно наведени).
Иронично не иронично тоа е цената со која ги плаќаме овие слободни агенти, тоа е единствениот начин да се привлечат да дојдат кај нас.
Значи реално да си збориме освен Неста и Ван Бомел никој друг не треба да остане, арно ама МВБ сака назад во ПСВ, а Амброзини и Гатузо барем уште една година фудбал. Само не разбирам каква играчка функција ќе има Рино во тимот, макар и целосно да се опорави (што е многу тешко на негови години).
Повеќе служи како мотиватор, како подршка тука веднаш до Алегри да го подигне нивото на екипата ама што е тука е.
Како што и беше планирано Монтоливо и Бакаје се веќе нови играчи, што значи дека ако Аквилани и Мунтари се откупат тогаш би останало 1-2 места за во средниот ред, од кои очекувам само едно од нив да биде пополнето од играч што е класа и што чини 10-15м.
Истиот текст што го имаше Ри напишано во претходниот пост го прочитав на некој milannews или sportitalija не ми текнува но дефинитивно одговара многу прашања.
Една изјава на Галијани боде очи но не треба многу да ветува а тоа е дека штом Берлу вака ангажирано се враќа и троши пари значи е спремен летово да троши пари за играчи.
Бидејќи искрено мене ме боли ако не го освоиме скудетето, и останеме со (знаете што) во раце сезонава тогаш ремонтот ќе дојде во вистински момент.
Најверојатно и Ачерби ќе дојде, а ќе се прават напори и за Астори само што не им се плаќа на нашиве 10м за него, ама од друга страна пак и Јуве се заинтересирани за него и ако ни го земат и го направат играчиште е тогаш ептен ќе ми биде криво.
Мора да се мисли на лев бек, мора.
За утре се е кажано од вас, незнам што би додал.
FORZA MILAN !!!
Медиумите не поврзуваат со Кавашима,Сантос Рафаел и Рене Адлер од Леверкузен.
Рене Адлер би бил одлична варијанта а од Бразил имаше пофални зборови за детето.
Работата е што нашите не се' баш сигурни дека го сакаат Аквилани во своите редови во следната сезона. Шпекулациите одат до таму што се кубури со неговото (не) играње за да не се исполни задолжителната квота за откуп (25 натпревари). Во моментов има 21,50 (натпревар на кој влегува од клупа се брои 0,5 а натпревар којшто го стартува се брои 1 макар и да го напушти теренот после 3 минути игра).
И јас не сум баш сигурен дали го сакам или не за следната сезона. Можеби тие 6 милиони (или со уште некој милион плус) ќе можеме да ги искористиме подобро и понерековалесцентно. Всушност, не е за верување дека (ако веќе се' сигурни Траоре и Монтоливо) ќе купиме повеќе од 4 фудбалери од средниот ред (Мунтари е речиси сигурен). Прашањето е дали би биле задоволни со Аквилани да се затвори трансфер-делот во средниот ред или пак да бараме друга варијанта.
Гатузо
Амброзини
Ночерино
Монтоливо
Траоре
Мунтари
Емануелсон
Боатенг
Значи под претоставка дека Монтоливо,Траоре и Мунтари потпишуваат остануваме на 8 играчи
од средината од кои 2ца ќе имаат епизодна улога и ќе бидат последна опција.
Јас искрено радо би го задржал Аквилани одколку да се купи некој полош од него или пак никој да не се купи.
Вистина е дека е ист тип на играч со Монтоливо, ама ако мене во моментот никој не ми го гарантира Стротман или некое друго екстра засилување тогаш нека си остане дечкото.
Барем за средниот ред горе долу знаеме што да очекуваме.
Одбраната и нападот се мистерија.
Дали ќе купиме лев бек? Дали Натали доаѓа после последните шпекулации за Ачерби? Дали ќе се брка враќање на Астори? дали ќе останеме со само една ипол алтернатива за десен бек (Бонера и Антонини)
Нападот пак може да кажеме само дека е сигурно дека Ибра,Касано и ЕЛ92 остануваат, со Макси е непозната ситуацијата а околу Робињо има многу енигми.
Ако остане ситуацијата ваква Пато останува, но ако пристигне некоја екстра понуда за него е тогаш мислам дека ќе подразмислат нашиве.
Него утре Телма од 14:00 ќе дава тенис па нас од 15:00 што значи дека ќе комбинираат барем во првото полувреме.
Па добро толку ли го др***т на џоковиќ што МОРА да го даваат? ако некој стварно сака да гледа тенис ќе си пушти спортклуб или било српски канал каде што го даваат ноле.
Незнам каде се игра мастерсот само знам дека е на некое топло место, ама да бог да им заврне се калови да се направи, или тоа или поверојатната варијанта, до 16:00 да заврши тенисот, па барем целото второ на раат ќе го гледаме.
Вчера имаше гласини дека Милан ќе понуди 12 милиони евра за враќање на Кришито во Италија. Дури и Доменико имаше свој одговор на тоа, бил среќен во Русија но потенцираше дека доколку навистина добие понуда од Милан нема да може да каже не.
Доколку навистина дојде до тоа мораме да се обидеме во пакетот да го вклучиме Месбах (доколку самиот изрази желба да оди во Русија). Играчи како Бакаје Траоре, Месбах па ако сакате и Ночерино се' во ред да се имаат во тимот, меѓутоа не можеш да се потпреш исклучиво на нив, мора да се одврзе ќесето. На пример Бакаје Траоре е сосема во ред ако притоа го купиме и Стротман. Месбах не е лош за ротација ако го земеме и Кришито и сл.
Макси мислам дека на крајот ќе го земеме а Бињо ќе си оди. Ова е веројатно последната шанса да му се заблагодариме на Бињо, доколку не го пуштиме ова лето во Бразил, ќе заглавиме со него долгорочно. А од друга страна не е некоја незаменлива карика па да не можеме да си дозволиме да му се заблагодариме, напротив.
Има шпекулации и за Кагава но јас не верувам во тоа. Сосема сигурно на лето Хернанес си оди од Лацио, еве фудбалер кој драстично ќе не' направи подобри! А можевме да го имаме за 8-10 милиони евра... Тие се неколку ситуации каде промашивмњ многу: Пасторе (го имавме за 8 милиони евра летото кога си замина Кака), Хамшик (2 милиони за 50 % од Бреша), Јо Јо (се' беше договорено со Савичевиќ да дојде но Боско Леите тропна нозе иго земавме Дигао), Хернанес... Сега нешто слично се случува со Муриел, Крудели дури вели дека Муриел ќе биде основната трансфер мета на Милан летово (не верувам). Незнам колку реално Муриел ни е потребен во моментов но знам дека веќе следното лето нема да можеме да го помирисаме од price tag от кој ќе биде преку 20 милиони евра и од Барселона.
Не верувам дека ќе дојдат и Ачерби и Астори, ќе биде само 1.
И мистерија е Абијати т.е GK.
Значи пак сме со проблеми во сите линии на тимот, тоа се случува кога лошо се менаџира тимот години наназад и се запоставуваат освежувањата.
П.С Липи изјави дека се гледа себеси во Алегри на млади години.
Имаме проблем. Тенис на телма од 2. Јас имам уште поголем проблем со слаб нет. Значи како тргнува денов топ
За одбележување е денов:
Два наши драги личности слават денес роденден:
1. Marc Van Bomel! Верувам дека ќе го прослави роденденот like a Boss!!!
2. Клупската легенда Ricardo Izecson dos Santos Leite!
Незнам зошто ама немам пријатно мислење низ годините за Болоња во дуелите со нас. Секогаш сум бил резервиран кон нив а нивната напаѓачка тројка составена од Diamanti, Ramirez и Di Viao воопшто не ми помага околу тоа.
Ние ќе настапиме со Бонера покрај Неста и веројатно Сидорф зад Златан и Бињо. Единствената дилема е токму меѓу Сидорф и Урби.
Еве што се случуваше вчера во Цитадела:
http://youtu.be/V0NapmFmt48
Составите се тие, со Сидорф на AMC.
Пуштајте квалитетен линк во 15:00.
Acerbi... синоќа не го гледав мечот со Удинезе но гледам дека бил избран за фудбалер на мечот од страна на Goal.com а импресиите на оние што го гледале се одлични:
WHAT A BEAST AGAINST UDINESE!
this will be something similer like silva deal ,this man has it all and what a game great just great
I can't wait for our new CB duo
Played very very well
Think he will be good for Milan
I saw the end of first half and he was great
Great,with Nesta, and Thiago he will learn even more.
he played like he was 34 not 24 and kept di natale very good ,this deal could become great for us and he will come on loan with option to buy for 4.5 mil and 0.7 wage
Yeah, definately the new Nesta...
Very good left foot! Strong, good speed, read the game very well. He only need experience at hightnest level! Acerbi will turn up as good as nesta!
Стварно не ми е јасно како може Бранко да одлучи дека финале еден Мастерс е побитен од борбата за титула во првенството кое е заштитен знак на неговата усрана телевизија. Гледа некој воопшто нешто друго на Телма освен Калчо? Дури и тенисот никој не го гледа кога го имаш на Спортклуб...
А и не ми е јасно тоа палење на Џоковиќ стварно. Ко да е наш...
livefootball.ws_91871
SopCast link HD!
тука имате еден стрим од Rai со италијански коментар, ама мене искрено ми кочи - http://www.mk-acmilan.com/index.php?option=com_content&view=article&id=2770%3A2012-04-22-12-46-40&catid=12%3A2011-01-17-19-53-59&Itemid=4
а ова е за тие што имате побрз нет со sopcast стримови - http://www.livefootballol.com/streaming/serie-a/week-34-ac-milan-bologna-22-04-2012.html
еве и тука повеќе стримови - http://www.lshunter.tv/
Само една напомена момци - ако гледате на sopcast, исклучете Телма или flashscore затоа што доцни стримот околу 2 минути па ќе ве изненади Бранко со голот :)
Џабе го исплукавме Бранче? :)
ANDIAMO RAGAZZI!!!
Бонера, идиот над идиотите! И од тие што почнавте да ги набројувате за излез, дечково треба да ја предводи листата!
Ibrahimovic има 20 изгубени топки, Seedorf 10, Robinho во први 10 минути имаше 5 грешки, van Bommel прави 2-3 фатални грешки, Bonera е идиот каков што го знаеме, Nocerino не го слушнавме повеќе од 3 пати во цело полувреме.
ВАКА НЕ СЕ ДОБИВА НИ ЕКИПА КАКО BOLOGNA!!!
Грешката за голот беше на Ван Бомел. Втората нивна шанса беше по грешката на Сидорф. Копија на голот, загубена топка на средината на теренот, долга топка напред.
Уште еден чист гол!
Грешката беше на Ван Бомел, а Бонера е поставен таму за да корегира за што имаше очигледна можност, но он се поколеба два пати и на крај го примивме!
Против сами себе ај мање више можеме, ама ако ги додадеме на ова и головите кои не ни ги признаваат тогаш ништо од сезонава...
Се надевам дека ги сменил копачките на полувреме ибрахимович
сега му е мајката со 2 дефанзивци назад, иван стај чек дека титулата ја изгубивме.
Мерка за идиот, 1 Бонера!
п.с. Не ја барам причината за резултатот во Бонера.
Too little, too late
Дечки тоа што се случува во Џенова е страшно!!!
Фудбалерите ПЛАЧАТ!!!
Навивачите му се закануваат на Фреј зад голот да си оди дома!
Мечот дури сега продолжи но крајно опасно!!!
Дел од навивачите се качија преку покривот до соблекувалните!!
@ZarkoKaramicev: Genoa ultras threatened players, telling them that they would let them go through only if they all take off Genoa shirts. And they DID IT!
Мисли ли некој на иднината на фудбалот во Италија? Прави ли некој нешто конкретно околу тоа? Години наназад се јавуваат безброј проблеми и неможам да видам ниеден решен. Мислам дека ние повеќе мислиме од тамошните надлежни..
http://forum.kajgana.com/attachments/556231_10150697966581937_147054831936_9569270_615237762_n-jpg.42356/
http://www.101greatgoals.com/gvideos/furious-genoa-ultras-demand-shirts-off-their-own-players-backs-in-match-v-siena/
Led by Rossi, they began to strip off their shirts, collecting them in a big pile to hand over to the Ultras. But Giuseppe Sculli, ironically a player on loan from Lazio, refused to do so. Cameras showed him heading to the hot spot to speak directly with the supporters' leader. Sculli's anger was apparent, and he was able to do what no one else had managed: get the Ultras to back down. The shirts were returned and the Siena players re-emerged from the tunnel.
Ви пратив линк од делот со дресовите и Скули. Но за Скули треба да знаете уште нешто:
"Sculli's the grandson of Giuseppe Morabito. Notorious boss of the Ndrangheta, the Calabrian mafia." - Explains Sculli's readiness to argue.
Утре Stephan El Shaarawy на своја сопствена иницијатива ќе донира дефибрилатор на својот прв клуб во кариерата, Legino. Убав потег на момчето :)
Juve за 8 минути го решава дербито, а за жал и првенството...
Ри ај више глеам истите работи ги пратиме на твитер, дај барем еден со друг да се пратиме :)
@DTrajkovski22
Готово :)
Мах збеснал!
Во повиканите за утрешниот меч воопшто ги нема на поширокиот список Сидорф и Робињо и тоа не поради повреди туку поради лоша форма! Браво!!
Браво за карактерот, само да не е малку задоцнето!? Сепак, сега е многу полесно да носиш вакви одлуки кога целта е скоро неостварлива. А и може да поченеме да се простуваме со дел од играчите. Ова може да биде еден од начините, нели?
Мхм се слагам.
Too little, too late.
Ама барем покажува заби, а и штознам од друга страна пак на сред сезона да го напреше ова со Кларенс мислам дека повеќето ќе покажеа со прст кон Макс пред се поради реномето на Зедорф.
И да, најверојатно со овие двајца се простуваме летово.
Post a Comment