Translate

Tuesday, 10 April 2012

Една вечер во Верона


Само победа и ништо друго се прифаќа до крaјот на сезоната.
Логичен став кога сме во ситуација ние да бркаме некој наместо да бидеме бркани.
Притисокот е сега на Јувентус да киксне (сеште верувам дека до крајот на сезоната ќе доживеат барем еден пораз и еден недереш резултат) но Макс кажа, нас не интересира нашата игра, нашите резултати а ако Јуве ни даде шанса до крајот ќе ја искористиме.
Ако се осврнеме кон традицијата магарињата нема многу што да бараат вечер против нас, ама моменталната форма (4 натпревари без победа) како и здравствениот билтен кој никако не успевам да го скријам моите постови говорат друго.
Последно е дека Мексес и Урби нема да играат.
Колку е ова веродостојно незнам, само знам дека составот ќе таков што ќе мораме да се тресеме и надеваме на некој индивидуален потег на Ибрахимович или Робињо на пример.
Нема многу што да го должам само ќе ги напишам повиканите играчи.


Abbiati,Amelia,Piscitelli
De Sciglio,Mexes,Nesta,Yepes,Zambrotta
Emanuelson,Flamini,Gattuso,Muntari,Nocerino,Strasser,Seedorf
Valoti,Cassano,El Shaarawy,Maxi Lopez,Robinho,Ibrahimovic




FORZA MILAN !!!


51 comments:

Kole.22 said...

Не е нормално ова што ни се случува.
Ако победиме вечер, ова ке биде моја најслатка победа у задње време. Што ги сечеме, и примавера да им ја пуштиме наши се магаренцата.
ГРАНДЕ МИЛАН

Kole.22 said...

Nesta со температура. мајко мила

ReBorned said...

According to the latest report from Sky: Emanuelson is out. The midfield will be Gattuso-Seedorf-Nocerino with Muntari as the trequartista.

Со Мунтари на AMC добиваме само силен шут од далечина. Ќе биде многу тешко.
Изгледа Јепес на местото на Мексес...
Надвор од мечот, се зборува на големо дека Берлу не го мириса Алегри и сака на лето да го замени со Ван Бастен. Сум рекол и претходно, ќе речам и сега: Ван Бастен досега не направил апсолутно ништо во својата тренерска кариера, го преферирам Алегри. Сепак, со Ван Бастен како тренер можеме да добиеме фудбалери кои Алегри никогаш нема да ги добие! Берлу не може да му каже не на Марко.
Дури се шпекулира дека Берлу е незадоволен и од Галијани...

Kole.22 said...

Колку ме нервира филозофијата дека ако играчот вил мастер во свое време, тоа значи дека е добар и како тренер. А тоа дека Берлускони бил незадоволен од Галијани е чиста измислица, они што прошле заедно до сега нема сврха да се разделат. А газдава наш ако очекува екстра-квалитет без вложени средства (не зборам за плати, туку за transfer fee) не треба да ја бара кривицата кај келавкото :) Тоа во друга прилика
Вечерашнава утакмица ке вреди да се гледа. Психолошката предност доколку ја добиеме утакмицава ке биде до врв, знам само дека вечер ке биде крвава борба

Kole.22 said...

Официјален состав:
Abbiati; De Sciglio, Nesta, Yepes, Zambrotta; Gattuso, Muntari, Nocerino; Seedorf; Ibrahimovic, Robinho.

Не изгледа толку лошо. Не сакам ни да знам кој е на клупата за резерви и онака нема да има ниедна измена

Navigator said...

Веројатно најтешкиот меч досега во сезоната. Од нас се бара да победиме без оглед на се, а ние со едвај 15тина здрави играчи. Башка тоа и сега секоја екипа сака да игра против Milan. Аутсајдерите ги обожаваат овие мечеви кога фаворитот се наоѓа во ваква комплицирана ситуација. Нешто слично беше и со Priner-овци во двете нивни очајни низи сезонава. Екстра мотивација кај магарињата ќе видиме денес несомнено, но не смееме да дозволиме уште еден кикс и тоа е сосема јасно.
Искрено, лично очекувам мечот да помине поглатко отколку што зборуваме. Момците се свесни дека титулата не е изгубена, далеку од тоа и се што треба да се направи е да се стегне заби следниве две недели и да се влезе во добра серија. Ако Juventus не се предаде на 4 бода негатива на 10 кола до крај, апсурдно е ние да зборуваме за збогување со титулата на -1 и уште 8 кола. И покрај добрата форма, да не заборавиме дека тие имаат сеуште потежок распоред. Фактор што според мене треба да го прошета Скудетото уште еднаш низ улиците на Милано.

МОМЦИ, ОДИМЕ НА ЕДНА УБАВА, ГОЛЕМА ПОБЕДА!!!
FORZA MILAN!!!

Navigator said...

Не е толку лоша клупата друже. Знаевме дека ќе немаме резервни одбранбени играчи уште кога ги видовме повиканите, а за останатите позиции сме имале и полош избор на клупата порано. Ако ништо друго, напаѓачите ни се здрави, а тоа моментално ни треба најмногу - давање голови.

ace1899 said...

aj so srekja neka e,poso ke ni treba izglea mnogu

ReBorned said...

Ќе ги победиме.

Navigator said...

ц ц ц... Или ќе даде преубав гол или ќе ја прати над стадион :) браво Sulley!

Navigator said...

Се осеќам глупаво кога еден Chievo ни ја биши одбраната како сака, голот ни виси во воздух, а ние неможеме да поврзиме три паса на противничка половина

Navigator said...

Само погледнете ја статистиката за првото полувреме. Highlights: поседот и обиди за гол. Ова не личи на шампионска игра, без оглед на водството. Победата, ако ја оствариме, ќе ја славам, ама играта и понатаму ќе ме загрижува. Мои потези би биле: SES на местото на Seedorf, Urby на местото на Nocerino.

Anonymous said...

ReBorned said...
Со Мунтари на AMC добиваме само силен шут од далечина. Ќе биде многу тешко.
18:45

ReBorned said...
Ќе ги победиме.
20:48

првото се оствари сега уште поважното.
Катастрофа сме без никаква кохезија и меѓусебна соработа - нешто што се очекуваше ако се види дека играме со неста јепес и ѕамброта кои имаат над 100 години заедно и Шиљо кој дебитира.
Ќе биде ѓаволски тешко.

Anonymous said...

Се препотив!

ReBorned said...

Очајна победа која очајно ни беше потребна!

Kole.22 said...

Ова баш беше онака на мускули.
Победа од инат. Нека пукнат душманите :) (:

ReBorned said...

Замброта, Сидорф и Гатусо се мачат на теренот! Де Шиљо беше многу несигурен иако како течеше натпреварот делуваше посигурно. Сепак разликата во самодовербата и играта меѓу Де Шиљо и Ел Шарави се гледа од Месечината (и двајцата се врсници, по 19 години).

Kole.22 said...

Не само они, цел тим се мачеше.

http://www.youtube.com/watch?v=APPkZ4lk-3w&feature=share

Gol.no.gol.no.gol.no El finitooooooooooo
Тицијано легендо

Anonymous said...

https://p.twimg.com/AqJigzGCIAAwF3q.jpg

ReBorned said...

ОФИЦИЈАЛНО СООПШТЕНИЕ ОД КИЕВО:

http://www.chievoverona.it/it/news/il-siparietto-della-maglia-di-muntari

Т.е Тие имале клупска политика и уште на почетокот од сезоната им забраниле на децата да бараат и да примаат дресови од фудбалерите после мечот за да не го вознемируваат. Затоа малиот се обиде да му го врати дресот.
Инаку, иронично, малиот бил фан баш на Милан и со многу тешко срце му го вратил дресот на Мунтари но подоцна со дозвола му бил повторно врачен дресот на момчето кое било пресреќно :))

ReBorned said...

Наводно Барселона е заинтересирана за Petagna. Момчето играше на неодамнешниот куп а пред некое време читав од еден трансфер експерт за него, зборуваше за момците од Примавера но рече да го запаметиме Petagna, неговот име допрва ќе се слушне.
Момчето на крајот од овој месец ќе наполни 17 години а веќе е 185 см висок.

http://www.transfermarkt.co.uk/en/andrea-petagna/leistungsdaten-vereindetail/spieler_199258.html

ReBorned said...

http://www.goal.com/en/news/1717/editorial/1970/01/01/3028184/from-237-missed-games-to-33-how-ac-milans-devastating-injury

Anonymous said...

И ја видов на ацмилан.ком за ова со Суљо :)

ReBorned said...

Што ти значи нов стадион! Прекрасна атмосфера!

Kole.22 said...

Различно е да се има мал а полн стадион и голем а полупразен.
Не знам колку сме подготвени за таков чекор.
Морам да го прекинам коментаров за да го поздравам Маури.

Navigator said...

MAAAAAAAAUUUUUUUURIIIIIIII!!! :)

Anonymous said...

Само што сакав да пишам дека Лацио нема што да бара вечерва ете.
А и реално гледано така е, Јувентус трча ли трча напаѓа цело време.
Второво полувреме ќе биде пекол и мислам дека ќе дадат барем уште еден гол, ама ако го даваат нека го дадат порано а не да ми се кине срце на крај на натпреварот.

Anonymous said...

Левандовски, Дортмунд:Баерн 1-0 77ма минута аууу каков фудбал има вечерва.И англичаните играат а уште не ни почнало дербито во мадрид

ReBorned said...

Многу ми направи ќејф Борусија.
А Лацио како ние вчера, еден шут - еден гол.

Anonymous said...

Леле Вајденфелер жива топка му фати на Робен од пенал!
Хахахха реакцијата на суботич е епик! баш сакам да знам што му рече точно на холанџанецо.

Anonymous said...

Ауу каков гол на Силва, многу елегантно.
Паралелано и нив ги гледам и си замислувам колку добро би ни дошле 3-4 играчи од кај нив.
Компани,Де Јонг,Коларов,Насри...

Anonymous said...

На ова мислев.

ReBorned said...

Си заслужија.

Anonymous said...

Ах тоа апсолутно, не само оваа утакмица и последниве неколку кола ги гледам препородено играат трчаат како луди 90+ минути многу се подвижни, да имаат еден расен стрелец и уште едно играчиште многу посилно ќе бидат.
Тоа е тоа момци.

Kole.22 said...

Следно коло се со Чезена, па ке се крстиме во наркоманот Муту. Обично после победи над големи екипи следи кикс со мала, па ке видиме.
А ние ја угостуваме Џенова. Нешто ми смрди дека токму овие ке испаднат сезонава, судејки по катастрофална игра и она што Лече го прави во последно време. Играчи како Велосо,Констант,биондини скули роси паласио а мороните се борат за опстанок. Чезена и Новара отидоа више. Јас лично одмарам некој ден од фудбал бидејки се опседнав последниве неколку дена.
Вечерва пуштање некоја нба текма и опуштено.
ФОРЦА МИЛАН
ајмо Лече xD

Navigator said...

Штета, иако резултатот е повеќе од заслужен. Најмногу ми е криво за начинот на кој падна голот. Што се' не одбрани Marchetti, па реагираше ужасно за голот.
Ништо не е готово, имаме уште 6 кола.

http://imageshack.us/photo/my-images/707/lavolatascudetto.jpg/

ReBorned said...

Постои реална опција Лече да го јаде на крајот од сезоната заради местените натпревари па нема многу да им сменат тие задоцнети бодови...

ReBorned said...

GAZZETTA DELLO SPORT:"Lippi: Put your hands off from Allegri"

ReBorned said...

Сите шпекулираат за иднината на Алегри.
Марчело Липи во својата колумна во Газета е запрепастен како може да се зборува за иднината на Алегри кога (според неговите зборови) Милан е актуелен освојувач на Калчото и се' уште е во трка за нова титула.
Од друга страна според некои шпекулации старата гарда т.е сенаторите во Милан биле на страната на Алегри, особено Гатузо кој безмалку е асистент тренер на Алегри на натпреварите и е многу поврзан со актуелниот тренер (сетете се' како беше претходно со Леонардо).
Ако ме прашувате мене лично, јас сакам да остане Алегри но речиси сум сигурен дека Берлускони ќе го смени летово без разлика дали ние ќе освоиме Калчо или не. Жал ми е!
А ако Берлу му врачи отказ на Алегри а потоа Интер (како што моментално се во потрага по долгорочно решение за клупата) го ангажира, дури тогаш може да ни се удри се' од глава! Интер веќе имаше контакти со Алегри уште во текот на ланската сезона, Алегри ги одби! Сепак, ако тој добие отказ од Милан а добие понуда од Интер не гледам причина зошто не би отишол таму, неговата ситуација е многу поинаква од таа на Леонардо и тој евентуален негов потег не треба воопшто да биде сфатен како предавство.
Forza Max! Forza Milan!!!

ReBorned said...

Francesco Acerbi е на чекор од Милан, Киево ќе ги продаде своите 50 % на Росонерите а останатите 50 % се во сопственот на Џенова. Во трката за него се и Интер и Јувентус.

Anonymous said...

Ако Алегри си оди нека му ја мисли Силвио.

Anonymous said...

Ачерби беше оној со бемката? Не ми изгледа мене многу млад, ниту пак перспективен што цела Италија го брка.
Ама може се лажам.

ReBorned said...

Да тој е, со бемката.
За млад, таман е, 24 години.
Игра доста добро сезонава, одигра одлично во последниот натпревар против нас, Златан го немаше на теренот. Тој е фудбалерот што даде гол од офсајд во 94та против нас.
Фан на Милан :)

Anonymous said...

Сега го гуглав, Ломбардиец е значи ќе добие шанса да се докаже добро е.

Kole.22 said...

До кај се ванБомел и силва со опоравак?

ReBorned said...

MVB ќе игра утре против Џенова а Тиаго веројатно после 2 кола. Мексес не е ок, Боатенг полека но сигурно станува како Пато, никој не може да прогнозира кога ќе се врати а сезонава има повеќе пропуштени отколку одиграни натпревари.
Веројатни за старт против Џенова се Бонера десно, Јепес во средина со Неста, Антонини лево. Средниот ред е ист со тоа што влегува MVB на местото на Амбро а Урби е стартер. Напред веројатно Стефан ќе добие старт пред Бињо.

ReBorned said...

Еве за ова зборувам, според мене без конкуренција најдобар шут со внатрешно ефе во тимот, најдобро пласира во целиот тим а полека но сигурно тоа ќе го научи и Европа. Затоа мора да игра како лев напаѓач во нападот или како AML ако игра зад напаѓачите.

http://youtu.be/yzNuLONd2bM

ReBorned said...

Еве и на ова видео се гледа како ја користи таа пласирана... секогаш го бара подалечниот агол

http://youtu.be/xcs4p7w6Xo4

ReBorned said...

Milan ја победи Barcelona во финалето на ISCAR Cup со 4-2. Сите 4 гола за Milan ги постигна Lorenzo Colombo http://www.youtube.com/watch?v=ynNLmp5fUVg

Anonymous said...

Колку навивачи на Јувентус и Арсенал ќе си ги проголтаат зборовите за Ел Шарави само.
AML е позицијата на SES дефинитивно.
Кандидати за пост?

Anonymous said...

Повикани играчи:

Abbiati, Amelia, Piscitelli, Antonini, Bonera, De Sciglio, Mexes, Nesta, Yepes, Aquilani, Emanuelson, Gattuso, Muntari, Nocerino, Seedorf, Van Bommel, Cassano, El Shaarawy, Ibrahimovic, Maxi Lopez, Robinho.