После Barcelona, ние сме веројатно навивачите и клубот воопшто на со нај "down" расположение во моментов. И во такви услови, по само три дена од последното разочарување треба да одигра и одгледа нов меч, сличен на претходните, сличен на најголемите горчливи искуства сезонава. Денешниот противник ептен потсеќа и на Fiorentina и на Bologna, со таа разлика што минатите противници немаа непријател во сопствените фанови. Еден од факторите што може да делува на играта и на целиот тек на натпреварот. Џеновјаните сигурно дека нема да сакаат нов пораз денес, но свесни се за реалната сила на противникот и шансите за изненадување што би требало да ги "смири" со нивните навивачи.
Ние од друга страна можеме само да се надеваме на чудо на аутсајдерите и достојно привршување на нашата кампања. За мене моментално е доволно момците да покажат карактер и да ја вратат играта од пред месец дена, па што биде. И да не се освои титулата, барем чесно да се предаде со борба до последното коло. Што биле причините за евентуалниот неуспех и кој се придонесол во него, ајде да зборуваме кога нема да можеме да зборуваме за натпревари, после крајот на сезоната. Уште една многу важна работа за нас е и Дербито што следи, така што без оглед на се, играта мора да се држи на високо ниво. Нема да должам повеќе, затоа што ниту има многу време до мечот (18.00), ниту искрено имам многу желба и инспириација за пишување. Ова беше колку да не остане блогот без пост...
Повикани: Abbiati, Amelia, Abate, Antonini, Mesbah, Nesta, Yepes, Aquilani, Boateng, Emanuelson, Gattuso, Merkel, Muntari, Nocerino, Strasser, Van Bommel, Cassano, El Shaarawy, Ibrahimovic, Maxi Lopez.
Boateng се враќа во составот и деректно влетува во стартни 11. SES најверојатно ќе му биде партнер на Ibra, но можен е и старт на Cassano. Yepes ќе го замени Bonera и заедно со Nesta ќе бидат пред Abbiati. Abate и Nini лево и десно. Во средината MVB, Nocerino и дилемата меѓу Gattuso и Muntari. Нема да ме зачуди ако Max калкулира и со Boa, па го стави Urby на AMC.
FORZA GRANDE MILAN!!!
27 comments:
А мене сеа ми текна... Да не му враќаме ние на Prezziosi денес за многуте трансфер услуги, па да ја спасуваме Genoa?? Па се најавуваа и нови услуги со воиграната шема купи-позајми. Дури сега ме фати страв да му се невиди...
И мене добрите односи со Џенова ме плашат. Давање бодови за опстанок во размена за идни услуги и скудето-бодови во следната сезона како и продолжување на традијата на ти-дај ми. Ама штом Сампдорија можеше да испадне зошто не и Џенова нели.. Затоа има време до 18.00 и да се види што ке направи Лече со наполитанците.
Останува да видиме дали фудбалот ке се игра на тревникот или надвор од него.
Што и да се случи и денес и до крај на сезона
FORZA MILAN
Шо да ве плашат, може сум песимист али сеуште се надевате на титула? па ни требаат 2 кикса на Јуве и плус ние се да победиме до крај, нешто што реално не гледам како би се случило иако се е можно.
И браво за телма место битка за одржување во борба за титула од една страна и опстанок ние ќе гледаме како испаднатата Чезена се мачи со Јувентус одлично!!
Без разлика на што се надевам или не,
секогаш се радувам на победа, без разлика против кого е освоена или на каков начин. Еве го Лече поштено си го крка, а нас не ни одговара џенова да испадне. Арно пишува горе, кога ке заврши сезона и кога ке немаме за што да дебатираме, тогаш ке сумираме све на куп.
Чезена (да речеме) да извади нерешено, ти да не не би се надевал на уште еден кикс, зачинет со некој црвен картон и сл, а нас во мегувреме ни се враќа најдобриот поедниец на тимот и слично, па може да се сврти ситуацијата (има уште 5 кола до крај, не оди да се предадеме, реално или нереално)
Ти можеби си песимист ама јас можеби сум оптимист ама не велам дека е готово додека не биде готово.
Ќе пишев пост ама само што влегувам дома од работа, мило ми е што сте се погрижиле :)
Одиме напред!
Официјални 11:
Official line-up Abbiati; Abate-Nesta-Yepes-Antonini; Muntari-Van Bommel-Nocerino; Emanuelson; El Shaarawy-Ibrahimovic.
На клупата веројатно ќе немаме ниту еден централен дефанзивец.
Forza Milan!!!
Сега како пренос ќе оди Јуве а ќе се вклучуваат на нашата или обратно? Ако е Јуве пренос, постирајте стримови тука.
FORZA RAGAZZII!!!!!!!!!
Јуве ќе ја даваат тешко дека и нашава ќе иде у комбинација.
Еве едно Veetle линкче:
http://www.sportp2p.tv/
Дефинитивно ќе одат и двете затоа што и на Телма и на EPG на MaxTv ги пишува двете со /. Еве се вклучија на Сан Сиро токму навреме, да го видиме Il Capitano! Ми недостига секој ден :(
FORZA PAOLO!!! FORZA IL CAPITANO!!!!!
http://www.lshunter.tv/streams/1/lshtv10.html
Еве со англиски коментар
Линкот што ви го пастирав претходно засега е беспрекорен. Јас најверојатно ќе си го изгасам ТВ и ќе си го гледам цел натпревар на стрим.
еве ви момци едно sopcast-че ;) http://www.livefootballol.com/streaming/channel/digi-sport-3-sopcast.html
FORZA MILAN!!!
мене ми сецка твојов мојот некако боље е
Додека немаше пенали за Juve, немаше. Ама какви одлуки се овие два пенали против Roma и ова денес... Страшно!
Џабе плачеа за пенали овие, 2 кола по ред ги добиваат и не ги реализираат.
Ако вака остане до полувреме мора да влезат Касано и Боатенг.
Еден од нив веднаш по стартот на вториот дел.
Еве интересна теза:
This Team Wants Allegri out. There's no other reason to play so Awful !
Биче ова дуга ноч! ОФ мајко...
Патетики ќе биде ако биде тоа.
И како Урби остана на терен?
Колку сака местење нека има, колку сака критики нека трпи, ваков шмек може само калчото да понуди, овој пат за жал ние сме на другата страна, на онаа што брка и чека кикс на противникот. Но нејсе, вербата кај мене сеуште постои, верувам и кај вас! FORZA MILAN!!!
Вие што сакате зборувајте ама дали забележавте дека на последните 2 натпревари откако Урби беше прекомандуван на лев бек во последните минути дојдоа 2 негови нафрлања за 2 клучни голови. Зошто не го проба на лев бек следниот натпревар!
„Легенда“ RT @TheMilanGuy Today's goal is the first Borriello scores in Serie A in 339 days
Вие како сакате зборете ама Урби мене ми е прв избор за лев бек на PES 2012 :)
Во право си Ри и во вакви ситуација каде до крај цело време треба да пружаме офанзивна игра и ништо друго, тоа може е и најдобра опција. Ама, ај замисли како ќе излгеда таа лева страна со Muntari и Urby во натпревар против посолиден противик. Ете да речеме на Дербито... Ми се чини дека еден Ricky Alvarez ќе се изнаигра против таква лева страна. Се плашам од неговите дефанзивни способности. Инаке нема збор дека подобро се снаоѓа на лев бек него на CAM. Како CAM не игра буквално ништо и има милион грешни додавање.
Па штознам, со Аталанта и Новара дома дефинитивно мислам дека ќе напаѓаме беаги, и со Сиена најверојатно ама и тие не се за потценување.
Мислам дека може Макс да проба малце похрабро со 3ца напаѓачи, т.е 2ца напаѓачи а зад нив Касано (Ако може да стартува).
А офанзивно неспоредливи се Антонини и Урби, незнам дали во иднина ќе смета на него Алегри за таа позиција.
highlights od denes so Mauro Suma ludnica na golot od BIG BANG http://www.dailymotion.com/video/xqdrqd_milan-genoa_sport
Интересна констатација на Бобан кој сега е коментатор на Sky:
„Берлускони не го сака Алегри но го почитува“
Rumor says that Galliani wants Allegri to stay but Silvio will likely fire him and get Capello !
Post a Comment