Translate

Wednesday 1 February 2012

Lazio - Milan

После преодниот рок кој за нас сликовито изгледаше вака:

Се враќаме на обврските на (деновиве) белиот терен. Синоќа на нашите конкуренти за титула им беше одложен натпреварот во гости против Парма (рака на срце, со право) поради невозможни услови за игра. Денес уште 2 натпревари од Калчото ќе бидат одложени поради истите причини (Bologna vs Fiorentina, Catania vs Siena). Барем засега, дербито на Олимпико ќе се игра! Сепак, Галијани поднесол барање до федерацијата да се одложи следниот дуел кој Милан го игра на домашен терен против Наполи поради тоа што во моментов теренот на Сан Сиро е буквално замрзнат а прогнозите зборуваат дека викендов температурата ќе биде -10 во терминот за одигрување на натпреварот (слични услови со тие на Enio Tardini од синоќа).Но за тоа, потоа.
Се насочуваме на дербито на Олимпико. Веќе еднаш ги добивме на Сан Сиро пред неколку дена. Тогаш двете екипи беа со мешан состав, Лацио стартуваше со повеќе првотимци. Но сега може да биде поинаку, особено на терен на противникот. Незнам колку ќе ни дозволат и условите на теренот да ја наметнеме нашата игра со многу голем посед на топката, но во тоа ќе се обидат:



Со можни промени во последен момент на позиција лев бек или MRC.
Честитки за Binho кој вечерва ќе го има својот јубилеен, 50 натпревар во светиот дрес! Ти посакуваме да не го промашиш она што не може да се промаши! Толку. :)
Со победа избиваме на чело на првенствената табела поради тоа што Јуве не го одигра својот меч!
Како и секогаш, одиме на победа! Forza Milan!!!

12 comments:

ReBorned said...

Последните информации зборуваат дека е веројатно и Klose да не игра поради повреда. Оној што се ни дава голови отиде во QPR. Значи би стартувал Rochi.

Anonymous said...

Макс му дава доверба на Месбах, тоа ми се допаѓа со причина е барем дојден дечкото.
Несмееме да ја испуштиме и оваа шанса за превземање на врвот бидејќи со нашиот распоред незнам уште колку ќе имаме до крајот на сезоната.

ReBorned said...

Најновите информации укажуваат дека Allegri размислува за trident со SES92 од самиот старт заедно со Binho и Zlatan. Тоа би значело дека еден од Seedorf или Emmanuelson ќе ги напушти стартните 11.

Anonymous said...

Отвори се земјо и голтни ме...

Anonymous said...

Чао титула толку од мене.

ReBorned said...

Не се секирај, Muntari ќе ни ги реши проблемите со креативноста во средниот ред.

CurvaSud_Milan said...

Ништо не е изгубено, не сме далеку, а има уште доста од нивата.

ReBorned said...

За Милан Наполи се смени само терминот, ќе се игра во Недела но наместо во 20:45 ќе се игра во 15:00

Anonymous said...

Не сме уопште далеку напротив во минатото сме биле многу подалеку па сме се надеваме не па сега, ама ноншалантноста, опуштањето недоволното залаѓње ме тераат да мислам дека треба да се фокусираме на ЛШ и Копа Италија.

Anonymous said...

Освен ако нема некој планирано нешто однапред, може да чкртнам нешто вечер.

Anonymous said...

Е пуф, ми испадна нешто ако не пишува никој постот ќе го пишам по полноќ.

ReBorned said...

Пишувај јас сум на моб