Translate

Saturday 14 January 2012

MILAN vs. THE MILAN WANNABES!!!


     Овој пост ќе го посветам на старите добри времиња и новите, уште подобри што доаѓаат. Во овој пост нема да прочитате директна навреда за противникот, нема да прочитате погрдни зборови (ептен ќе се трудам да ги одбегнам), нема да осетите напнатост кај мене, ниту страв, а богами ниту преголема возбуда. Не дека помалку ми е интересно дербито сега отколку порано, напротив, секогаш ќе очекувам подобрување на оној 6-0 резулатат. Работата е тоа што сега и слично како пред 5-6 години: не зборуваме дали ќе ги победиме, туку со кој резултат. Возбудата пред натпревар е неминовно помала. Тука не се работи за поголем или помал фан, за поинакво доживување, туку едноставно за величината на предизвикот. Кога клубот беше на колена, а утрешниот противник немаше конкуренција, сакавме да докажеме дека местото не ни е таму, дека тоа што е било само инцидентно. Од другата страна пак, го живееја "the time of thier lifeѕ", што само по себе носеше еуфорија, бескрајни иритации и помалку или повеќе непријатна миризба. Сега сето тоа помина и е зад нас. Ама жалосно е што истото тоа не е и зад нив. Тие 4-5 сезони, на сино-црн фан секогаш ќе му бидат пред очи. Разбирливо е после таквиот пост, ова да им потрае. Чувствувам жал за нив додека го пишувам ова...
     Дерби натпревари се играат насекаде, но денес, некои од нив едноставно се повеќе традиција отколку вистинско дерби. Вардар - Пелистер, Partizan - Crvena Zvezda, Dinamo - Hajduk секогаш ќе бидат дербиа, Boca - River исто така, ама ако играат утре, сите веќе го знаат победникот. Така е и со Derby della Madonnina во последно време. Противникот е ривал, само затоа што го дели стадионот со нас. Ќе сакав да нашишам и градот во претходната реченица, ама отсекогаш сум имал проблем со тоа кога треба да ги најавам како другата страна на Milano. Не ми оди некако фразата "сино-црната половина на градот"... Знам дека не е половина, тоа сигурно го знам. Можеби ова би поминало: "сино-црно петтина на Milano"... Што мислите?
     И додека нивните играчи сонуваат за гол против големиот Milan, нашите момци зборуваат за победа. Со пофални зборови за противникот, со најава на уште едно убаво дерби, културно ги одбиваат оние од другата страна што бараат да си ги мериме. Свесни сме за нашата сила, за нашата положба, свесни сме дека ги гледаме од горе, а и за тоа дека провокациите се својствени за предизвикувачите. Е сега, колку еден таков клуб може да биде предизвикувач на Milan и незнам баш. Со пет добри натпревари одиграни во низа не се станува шампион. Ние го знаеме тоа од деновите кога клубот не можеше да одигра добро еден цел месец и кога си дававме лажна надеж дека можеме до Скудето. Видовме лани како треба за да се биде шампион. Го гледаме тоа и годинава. Може ли некој да рече дека го гледаме тоа и кај противниците? Дури сега, после Нова година слушнавме дека и ним амбицијата им била домашна титула. И како да не се насмееш на тоа?
     Годинава ривалството меѓу клубовите од борба за титула, се префрли во борба за потпис на еден играч. Тоа веројатно им дава сатисфакција и чувство дека ние како навивачи, одвреме-навреме им го споменуваме клубот. Тоа ривалство со сигурност утре ќе се префрли и на теренот. Самата појава на Ibrahimovic значи кревање на страстите. Кореографијата на навивачите е фактор плус. Се на се, за мене како навивач на Milan, мечот утревечер и вистинско уживање! Го сакам периодот кога го чекам дербито, уште повеќе кога после тоа се сеќавам на него. Сакам за го гледам противникот понижен, на колена, а Moratti пребледен. Сакам да ги гледам нашите момци пресреќни, славејќи со полн стадион и уште милиони пред ТВ-ата. Чест ми е што сум навивач и дел од прикзната наречена MILAN. Нека уште еднаш градот биде обоен црвено-црно!

Традиционално, пред секое дерби:
Come sempre a inizio stagione
interista fai lo spaccone...

FORZA GRANDE MILAN!!!

28 comments:

Anonymous said...

Што убаво склопено :)

Navigator said...
или Cassano е вистински ѕвер или во управата на клубот има болни луѓе...

И двете ако некој мене ме прашува.

А утре извонредна спортска вечер, прво нашите момци во Ниш и веднаш по последниот свиреж се префрламе на Сан Сиро.
Мада искрено кажано јас не сум толкав оптимист да речеме ајде :)

ReBorned said...

Ultra не си оптимист за нашите во Ниш или за нашите во Милано?

Navigator said...

Двојно ќе славиме утре момци!

Anonymous said...

За нашите е друга ситуацијата никогаш неможам да бидам песимист а за утре за во дербито сум песимист бидејчи е докажано тимот што е инфериорен во моментот да има поголеми мотиви за победа како и во овој случај, а реално сме 2 класи над нив :)

ReBorned said...

Forza Ragazzi!!! E andiamo!!!

Navigator said...

Незнам, дури и да се помотивирани и да се следи некоја традиција, пак не разбирам како би можеле да изгубиме од таков тим. Евентуално со ран црвен картон или многу брзо да примиме гол, па нервози, напнатост... Најискрено мислам дека одново ќе ги растуриме

ReBorned said...

Прво беше Binho а сега последното вели Pato за стартер. Има и варијанта со Binho зад Pato и Zlatan. Втората е со Urby. BOA во двата случаи би играл на MCR затоа што Aquilani е 1 месец во аут. Доколку Seedorf се среди (освен повредата има и треска) тогаш тој би почнал на MCR а BOA на AMC.

ReBorned said...

http://youtu.be/w-a1lnvndfs

Ако заигра од почеток денес дава гол!

Anonymous said...

Абити
Абате,Неста,Т.Силва,Антонини
Ночерино,Ван Бомел,Амброзини/Сидорф
Боатенг
Ибрахимович,Пато

Пред се поради традицијата што ја има Пато против комшиите :)

Navigator said...

Видовме дека нема шанси Max да игра со тројцата напаѓачи кога нема уште еден на клупа. Особено на ваков меч. Мојот состав е овој:

Abbiati
Abate-Nesta-TS-Zambro
Nocerino-MVB-Seedorf
Prince
Pato-Ibra

Navigator said...

Одлични резултати во колово - пораз на Udinese и реми на Juve! Ајде сега со победа да останеме сами на врвот!

ReBorned said...

Cagliari си ја заврши својата работа. Сега сме ние на ред да си ја завршиме нашата!

ReBorned said...

Последно: Pato со Zlatan а зад нив Urby.

Navigator said...

Кај нас тоа ќе биде единствената промена од она што го предвидувавме.
Кај нив, Snejider, Zarate и Forlan на клупа. Со Milito и Pazzini во нападот, со тројца деструктивци во средината и Alvarez на AMC.

Се префрламе сега на црвено-жолтите!

НАПРЕД МОМЦИ!!!

Navigator said...

MILAN: Abbiati, Abate, Nesta, Thiago Silva, Zambrotta, Boateng, Van Bommel, Nocerino, Emanuelson, Ibrahimovic, Pato.

INTER: Julio Cesar, Maicon, Lucio, Samuel, Nagatomo, Zanetti, Thiago Motta, Cambiasso, Alvarez, Milito, Pazzini.

Anonymous said...

Како бе Урби...

Navigator said...

Секоја чест за ракометарите, вистински херои!! Да одигра онаква утакмица, толку силна, толку напната, може само вистинска квалитетна екипа. Може некои ќе жалат за победата, ама јас сум презадоволен со реми против една Шведска. На ред се швабите, заедно со мене во живо од Ниш ;)

А Дербито засега доста добро и квалитетно. Го гледав од старт напоредно со ракометот, го видов голот од офсајд и заедно со шансата на Alvarez е се што направија гнасите. Нашите момци многу подобри, со контрола на играта во најголем дел. Pato засега најдобар, имаше милион продори, а и ја создаде шансата при пречката на MVB. Ubry некако не ми се вклопува во играта, иако имаше пар добри потези. Сепак, мислам дека премногу често се игра со долги топки, најчесто за Pato, само заради неможноста Urby да го превземе креирањето на играта и шансите. Знам дека Max ќе нема муда, ама би сакал да го видам Binho на AMC што е можно поскоро.

P.S. И да, што повеќе да се користи нашата десна страна, кај Abate и Boa поради несмасната игра на јапонецот Nagatomo.

ANDIAMO RAGAZZI!!!

ReBorned said...

Да да, нашата десна може да биде клучот во нападот. Браво за Абиати! Не е до немање храброст на Мах (покажа на почетокот на сезоната дека може да игра со 3) само работата е што тој сака секогаш да има 1 шпиц на клупа за да може да промени ритам.

Navigator said...

Повторно грешка на Abate значи гол за Milito! :@

Anonymous said...

Глеате зошто бев песимист?
А ова со абате незнам што е дали трема дали уплав...
И Урби во стартен состав мислам бранете го ако сакате ама....
А и мора да се каже дека немавме среќа ама не требаше да дозволиме среќата да го решава натпреварот папациве 1 ипол шанса 1 гол и бункер они толку знаат затоа реков дека дерби е чекајте ништо не се знае втор поклон од Јувентус добиваме незнам уште колку ни следуваат до крај.

ReBorned said...

Играа страшно дефанзивно ама целта ги опрвдува средствата. Златан и Пато беа запрени а Стефан покажа дека треба да добива повеќе шанси. Абате пак ја згреши, се случува. Ама гледам им растат апетитите. Без никакво омаловажување, само реален поглед. Второто полувреме го играа како Каљари против Јуве. Имаа 2 класични дефанзивни замени, играа со 10 зад топката, посед 70-30 и цело време ја шутираа што подалеку од својот гол. Изгубивме ама не разочаравме. Тие немаат игра за титула. Би сакал да го видам пак Урби на лев бек против Новара.

Navigator said...

Тажен сум секогаш кога Milan ќе загуби, ама изнервиран сум кога незаслужено ќе загуби. Ми се расипа целото расположение од денот...

Navigator said...

Знаеш што Ри? Тоа што го велиш дека тие немаат игра за титула е точно и баш тоа го мислев цел натпревар. Ама искрено, кога не се во позиција да се борат за титула (реално гледано, настана овие еуфорични изјави од нивна страна), баш ме боли к** каква е нивната игра. Мојот проблем е што нашата, далеку подобра игра, не ја крунисуваме и губиме од директните ривали.
А Драган, Juventus не ни дава поклони. Не е поклон кога не можеш да го победиш Cagliari. Поклон е кога немаш среќа да го победиш. И нивната игра не е којзнае каква, веројатно знаеш, си ги гледал. И после се, најреално зборувано, го имаме најдобриот тим и најдобрата игра во Италија. Штета ќе биде ако ваквите киксови ја пореметат победничката атмосфера.

FORZA MILAN!!!

Anonymous said...

Баш зошто го имаме најдобриот тим во Италија и зошто Јуве на стаклени нозе ги вади тие победи или нерешени во случајот се курчам зошто сме втори со 1 бод зад нив а не први со 5-6 бода разлика!

ReBorned said...

Мора да се оддаде и признание за нивната дефанзива, со само 1-2 грешки во текот на целиот меч кои ние не знаевме да ги искористиме. Лусио и Самуел одиграа извонреден меч и комплетно ги скротија Златан и Пато. Не можеме да забележиме на нашата желба за победа. Посебно по примениот гол уште во 60та минута Алегри го пушти Пато а го извади Замброта! Значи без калкулирање. Не бевме директни ама гиневме на теренот. Гинеа и тие! Натпревар со пот и срце на терен на двете страни!

ReBorned said...

Знаете, мислев Бињо претходно. И трагикомично е тоа што и покрај фактор пто можеби го имаме најдобриот напад во светот (по имиња) пак сè се врти околу Златан. Другиве оак како да не се таму. Или е Златан или е некој од среден ред (Боа и Ночерино). Вториот напаѓач го нема (без разлика кој е на теренот). А Боа пак покажа дека не знае да игра на MRC или box to box.

CurvaSud_Milan said...

Иван во Ниш си? јас гледав во кафе кафе до салата кафичот што е, од 20та минута, одма после Македонија, со запален интериста другар до мене! ....неможев со тон да ја пратам, стварно Пато го испратија со свирежи на клупа?

ReBorned said...

Имаше некој свиреж ама тоа можеше и да биде од навивачите на "гостите". Не беше толку очигледно и гласно (барем јас не слушнав толку многу) за Бранко да го потенцира тоа. Се шпекулира дека сме се договориле со Џенова за да го вратиме Меркел уште во Јануари. Со Месбах работата е скоро готова (не беше во тимот на лече со фиорентина) а се шпекулира дека ќе понудиме и 3 мил за Монтоливо да дојде сега (лично не верувам дека и Меркел и Монтоливо би дошле сега, не дека не сакам).