Translate

Tuesday, 17 January 2012

Back to back Novara



По поразот кој најмногу боли полека треба да се сосредочиме на периодот кој следи. Да оставиме се' зад нас и да бидеме максимално сконцентрирани во најкритичниот период од сезоната. Во следните 2 месеци ќе изиграме огромен број на натпревари, квантитативно и квалитативно тежок период. Се активираме во купот на Италија.
За неколку дена ќе одиграме 2 натпревари против Novara, најпрвин во купот а потоа и во првенството. За натпреварот во купот кој се игра утревечер во 21:00 Alegri ќе повика и неколку фудбалери од Primavera. De Sciglio, Valoti, Carmona се дел од имињата со кои што се шпекулира. И од првотимците треба да добие шанса некој кој многу не се изнаиграл во претходниот период. Во вакви рани натпревари од купот на Италија е неблагодарно да се шпекулира со стартни 11 оти буквално се' е можно. Сепак доколку се прашувам јас, би им дал шанса на SES92 на AMC и Urby на лев бек.

И една одлична вест! Нашето момче се враќа дома :) Можеби уште денес, најдоцна утре, Alexander Merkel се враќа во Milan!!По одличната полусезона во Genoa во која забележа 13 настапи во лигата и 1 во купот зачинети со неколку директни асистенции, Merkel ќе биде во комбинација за натпреварот против Novara, само не се знае за кој натпревар.



Договорено е со Genoa да се врати и да помогне во проблемите во средниот ред. Сеуште не е дефинирано на кој начин (најверојатно ќе остане 50-50 а само ќе биде позајмен до летото во Milan. Постои и варијанта да ние да го позајмиме Taiwo во Genoa до летото) најважно од се' е дека Merkel се враќа!
Во негова сенка е и пристигнувањето на Mesbah со кого веќе се средуваат последните детали и исто како и Merkel ќе пристигне во Milan за ден-два.

Наскоро во ист дрес, Merkel и Mesbah.

15 comments:

Anonymous said...

Значи гледаме напред, бледите изданија и лошите резултати ич не не занимаат.
Дуелите од купот се секогаш интересни, пред се бидејќи можеме да си правиме разни формации, тактики и тн.
Е сега колку и да е неблагодарно јас ќе си го типувам составот што сакам да почне а знам дека нема шанси да почне :)
Amelia
De Sciglio,Bonera,Mexes,Urby
Ambrosini,MVB,Seedorf
Robinho,Inzaghi,El Sharawey


Ако Месба(х) и Ангела стварно пристигнат сакам да ги видам во прв тим или најмалце како замени на мечот од првенството со Новара, нема што да им даваме време да се прилагодуваат нека покажат што знаат!

FORZA MILAN !!!

Navigator said...

Најпрво поздрав од Ниш момци! После овие 3-4 депресивни денови, ни доаѓа една утакмица како нарачана. Ем да залечиме рана, ем да можеме да ги видиме младите играчи во акција. Ептен ми е мило за Merkel, а богами и mesbah не е шала. Не смееме да го потцениме од старт. Кој го гледал како игра во Lecce знае за што знорувам. Немам многу време за пишување и само ќе кажам дека одвај чекам да видам нова утакмица на момците во оваа ракометна пауза, па утре да се вратиме на нашите ракометари.

FORZA MILAN!!!

Anonymous said...

Иван и јас бев вчера во Ниш влез 1 сектор 0 седми ред 19то седиште ама ти изгледа и престојуваш таму :)
Ри каде ќе може да се гледа натпреваров?

ReBorned said...

Ако имаш MaxTV ќе оди снимка вечерва од 00:30 (јас сумнна работа до тогаш па таман). Инаку стримови :)
Стефан, Пипо, Амброзини, Ночерино, Урби, Неста, Мексес, Бонера и Амелија се сигурни. Од клупа можеби ќе добие шанса Кристанте. И Боатенг 1 месец во аут како и Аквилани, баш во најтешкиот период.

ReBorned said...

http://www.sportp2p.com/2227/ac-milan-novara.html

ReBorned said...

SES92 и Merkel стартери! Merkel од канцеларија на терен

Navigator said...

http://www.lshunter.tv/

овде имате секакви стримови, дури и sopcast

ReBorned said...

Незнам дали го гледавте цело полувреме ама јас сега можам да кажам дека сум среќен што не го доведовме Тевез. Момчето блеска!

Navigator said...

SESSSSSSSSSSSS!! :)

ReBorned said...

Do some of you not see Shaarawy playing?

He is incredible. He has the touch, the shot, the positioning, the pace... everything. And he's 19.

We need to nurture him.

He is very close to how Pato was at 19. Very close. Except a better passer, better link up.

Pato has little over him. He's a little Robinho..

Коментар на место!

CurvaSud_Milan said...

Гледав од 60та зашто од тогаш се смилува нетот да пушти, иначе сум во Нишка бања и крадам интернет од комшијата Павловиќ :) ...тоа што можев да го видам е дека бевме задоволни со 1-0 и од 70та минута почнавме со пимплање и со задржување на топката, па изведување аут 1 минута и сл., срамота е бре луѓе со Новара тоа да го праиме! Казната заслужено ни стигна, наместо да им направиме притисок да им дадеме втор гол, па после пиплај ја до бесвест, ние се задоволивме со 1-0. Да се надеваме дека во продолженијата ќе се мотивираат барем малку повеќе и ќе дојде до израз разликата во квалитет!

Шарави, видов два прекрасни потега од него и е доволно да покаже дека се работи за играч со неспорни квалитети, криво ми е што не го фатив но голот, но нејсе, покасно ќе го видам.

ReBorned said...

Повели http://bit.ly/woS04r

ReBorned said...

Преѓеска го гледав мечот на мобилен а сега на раат го гледам на ТВ (ми беше снимена на макс тв) и се забележуваат многу нови детали. Најмногу импресионира кај Стефан тоа што воопшто не делува како било кој друг 19 годишник. Воопшто не оди со глава во ѕид и да сака да импресионира по секоја цена како секое 19 годишно дете. Напротив, секој потег му е одмерен и зрел, секој дриблинг е навремен и неопходен (нема на пример непотребно плеткање на топката во нозе како К. Роналдо во Манчестер). Еднаш со дриблинг се ослободи и иако имаше позиција и да шутира, го побара Пипо, кој беше во подобра позиција. Во друга ситуација влечеше топка покрај левата аут линија и го забележа Антонини кој од позадина беше во налет и му ја прати во фор. Значи не ја силува топката и не сака да биде во центарот на случувањата по секоја цена. Згора на се и трча назад, работи и во дефанзива. А публиката го скандира неговото име (т. е презиме) во второто полувреме на Сан Сиро :)
И на крајот на краиштата, неговото читање на играта и decision making на 19 години е за 2 класи погоре од таа што во моментов ја има Пато на 22 години. Без претерување, воопшто!

CurvaSud_Milan said...

На тешки маки сум со нетот, таман го пофалив прееска, почнаа продлженијата и рикна! се до пред саат време...голот е феноменален за толку младо момче, стварно имаме златно дете, само му треба шанса и ништо повеќе! фала за линкот! отидов ја да спијам и да собирам сили за утре! Македонија!!

Anonymous said...

Реков дека нема да зборам ама морав ова да го споделам.

http://a5.sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-ash4/s320x320/409278_342713665747262_126998777318753_1404958_2094035979_n.jpg

И дај фалете го Меркел дечкото солидно си изигра :)