Translate

Sunday, 22 January 2012

NOVARA vs. AC MILAN preview!!!


     Без разлика на противникот, без разлика на расположението меѓу нас, овој блог не смее да остане без нов пост за првенствен меч и воопшто за официјален меч. Така беше досега, би сакал така да биде и понатаму. Затоа го пишувам овој краток пост, за едно обележување на дуелот кој навидум лесен и не толку важен, но во ваква ситуација може и титула да значи. Одигравме со нив пред четири дена и видовме дека можат да бидат незгодни. Факт е дека составот не беше најдобиот, но ние секогаш, на секоја утакмица сме Milan, а од Milan се очекува победа. Особено против клуб како Novara. Така и денес, овојпат на гостување, но рака на срце и со многу посилен состав. Добро е што овој пеколен период го почнуваме со два back-to-back дуела со очигледно поскромен состав, а уште повеќе што Novara може да се нарече и предградие на Milano, па гостувањето и не е вистинско патување. Еден интересен факт: San Siro и Silvio Piola се оддалечени 47km или 30-35 минути возење, а на дел од играчите, домот им е поблиску до  стадионот на Novara, отколку до домашниот :) 
     Кај нас ситуацијата е пак критична во поглед на повредите. Никако да истуркаме подолг период без нови повреди. Ништо ново со Pato, кој пак ќе биде во аут месец дена (ова е веќе фрустрирачки). И Boa и Aquaman ќе бидат повредени исто толку, што би значело опасност по двомечот со Arsenal. Abbiati исто така нема да патува за Novara, а Nesta денес ќе биде суспендиран. Со оглед на здравствениот биланс, јас типувам дека Merkel повторно би стартувал, а Seedorf би одел на AMC, а Mexes на местото на Sandro. Или посликовито:


     ОДИМЕ МОМЦИ НА НОВА ПОБЕДА!!!
     FORZA MILAN!!!

10 comments:

Navigator said...

Заборавив да спомнам дека меѓу повиканите е и Mesbah, иако не очеквам негово деби баш денес. Ги очекуваме стартните состави за скоро.

Navigator said...

NOVARA: Ujkani, Morganella, Rinaudo, Centurioni, Gemiti, Radovanovic, Porcari, Pesce, Rigoni, Mascara, Caracciolo

MILAN: Amelia, Abate, Mexes, Thiago Silva, Antonini, Ambrosini, Van Bommel, Nocerino, Emanuelson, Ibrahimovic, Robinho

ReBorned said...

Фала ти за постот, толку можам да стигнам. Се надевам дека ќе добивам подршка во иднина.
Стартните 11 се тие што јас ги очекував и за кои се шпекулираше. Ќе видиме како ќе игра Амбро на MRC особено после 120 минути пред неколку дена. Очекувам грд натпревар, особено ако не ги отвориме во првите 20тина минути. SES92 беше за очекување да не стартува после 120 минути и ударот кој го доби на тој меч но верувам дека ќе добие шанса од клупата.
Forza Milan!

ReBorned said...

Има интересен состав на повредените и unavaliables:

-----------Abbiati

-De Sciglio-Nesta-Yepes-Zambrota

--Aquilani--Gatusso--Flamini

----------Boateng

----Pato------------Cassano

Navigator said...

Да не знаеш кој состав е подобар :S

ANDIAMO RAGAZZI!!!

Navigator said...

Ејјјјјј што ми е криво сега за SES

Navigator said...

А вториот гол чист ко солза :P

ReBorned said...

SES92 вака-така, играше 45 минути и имаше 1 директна и 1 индиректна (при последниот гол) асистенција. Урби ми се допаѓа на лев бек. Ај сега кажете нешто за тајмингот на измените на Мах и дека се плашел :)

ReBorned said...

Факт е дека SES92 го смени текот на играта во вториот дел. Дали Бињо играше на AMC а SES92 и Златан напред? Или обратно? Или Бињо+SES зад Златан во cristmass three? Токму во тоа е и убавината, овие тројца се толку непредвидливи заедно, толку кохезивни што премногу лесно се вкрстуваат и менуваат позиции, едноставно не знаеш кој што игра!

ReBorned said...

Во кои зони и по колку пати SES92 ја примаше топката на мечот против Novara ЛИНК