Translate

Thursday, 26 January 2012

Milan Vs Lazio - Coppa Italia



Продолжува жестокиот распоред среда (или во моментов четврток) - недела. Вечерва на San Siro ќе го нагостиме Lazio. Натпреварите во купот традиционално се во втор план за италијанските гиганти но секогаш е слатко кога ќе се освои. Во насока на тие муабети доаѓа и веста дека вечерва нема да ги видиме Zlatan од едната и Klose од другата страна, барем не од почетокот. Затоа пак најверојатно ќе добие нов старт Piccolo Faraone.



Момчето кое беше заборавено некаде меѓу клупата и трибините а беше цврсто решено да се бори за свое место во тимот е одличен показател дека секогаш доаѓаат твоите 5 минути, треба само да знаеш да ги искористиш! А тој ги користи повеќе од одлично! Во првите 2 меча во кои одигра во новата полусезона веќе има постигнато гол и 2 асистенции. Уште повеќе вреди тоа што едноставно брилјира на теренот а со тоа ги привлече на своја страна љубителите на фудбалот ширум цела Италија а не само своите! Значи, Stephan El Shaarawy повторно ќе настапи од самиот старт. Најверојатно покрај него ќе стартува Robinho а зад нив Merkel или рековалесцентот Seedorf. Остатокот од тимот ќе биде шарен. За одбележување е фактот дека најверојатно Mesbah ќе дебитира на позиција лев бек.

Повикани: Goalkeepers - Amelia, Rome. DEFENDERS - Abate, Antonini, Bonera, Mesbah, Mexes, Nesta, Ely (No. 53). MIDFIELD - Ambrosini, Calvano (54), Emanuelson, Merkel, Nocerino, Seedorf and Van Bommel. FORWARDS - El Shaarawy, Ibrahimovic, Inzaghi, Robinho.

Почетните 11 повеќе или помалку би требало да изгледаат вака:

---------------Amelia

--Abate--Bonera--Mexes---Mesbah

-----Merkel----MVB----Nocerino

-------------Seedorf

-----Robinho---------SES92

Forza Milan!!!

6 comments:

CurvaSud_Milan said...

Немав можност да го гледам натпреварот, сега гледав highlights. Сидорф си е Сидорф не го коментирам, ама морам да го прокементирам пасот на Шарави до Сидорф по додавањето од Месба, колку фудбалски и со колку чуство е направено тоа! По вакви "ситници" може да се види колку еден играч ја познава фудбалската игра! ОД натпревар во натпревар ова дете ги подигнува очекувањата од него на секој фан на Милан! FORZA MILAN! FORZA STEPHAN! :)

ReBorned said...

http://www.youtube.com/watch?v=n6EmrEILe9M
Тениско топче, тениско

CurvaSud_Milan said...

аууу страхотно! :)

ReBorned said...

Милан испрати mail до City со последна понуда за Tevez. Loan со право за откуп на крајот од сезоната. Доколку City одговори негативно или не одговори воопшто на mail-от Milan се повлекува од Tevez и го потпишува Maxi Lopez кој веќе е 3 дена во Milano и синоќа беше присутен на трибините. Денес до 19:00 ќе имаме нов фудбалер во тимот.

ReBorned said...

Maxi Lopez е официјално член на Milan на позајмица до лето со опција за откупување. Tevez веќе бил пред качување во авион во 18:30 за да дојде во Milano но се изјаловила работата цо последен момент. Ако може некој нека направи пост, јас сум на работа и на телефон.

Ultra said...

Една недела бев без интернет ништо не пратев (освен натпреварите на ТВ секако) ќе се обидам да се вратам во ритам и ќе чкртнам нешто за Макси и за натпреварот утре.