Translate

Saturday, 7 January 2012

Тешко гостување во Bergamo!



Помина паузата околу новогодишните и божиќните празници и повторно се враќаме на Калчото. Пред нас се два пеколни месеци во кои ќе треба да одиграме еден куп натпревари во првенството, купот на Италија и ЛШ. За ваков пеколен распоред е потребно да се поседува квантитативно и квалитативно добар squad. Но нема да биде така, барем не на првиот натпревар во новата година. Гостуваме во Bergamo кај ОДЛИЧНАТА Atalanta која доколку не беше кастрирана со бодови на почетокот од сезонава сега ќе беше многу повисоко!
И на вакво тешко гостување Max има многу големи проблеми во тимот, особено во средниот ред! Буквално на располагање ги има само MVB, Nocerino и Boateng кој најверојатно ќе биде повлечен на MRC за да го покрие отсуството на Aquilani. На негово место на AMC ќе стартува Robinho или Urby а од тоа зависи и кој ќе му прави друштво на Zlatan во нападот. Значи средниот ред е во тотален дебакл! Отсутни се Aquilani, Ambrosini, Gatusso, Flamini, Seedorf.
Во одбраната покрај Thiago Silva ќе застане Mexes а отсутен ќе биде и Abate. Zambrotta, Taiwo, De Sciglio и рековалесцентот Antonini ќе се борат за 2 бековски позиции. Се' на се многу тешко гостување со премногу повреди. Евентуалната победа најверојатно би стигнала преку некој индивидуален блесок и брилијантен потег на некој фудбалер. Премногу сме растргнати со повреди за да имаме добра игра.

Осум од првите 11 се познати:

-----------Abbiati

----? - Mexes - Silva - ?

--Boateng - Van Bommel - Nocerino

--------Robinho/Emanuelson

-------Ibrahimovic - ?

На клупата ќе се најдат многу деца со оглед на моменталната ситуација во тимот (El Sharraway, Valoti, Carmona, можеби и De Sciglio).


Forza Milan!!!

36 comments:

Navigator said...

Момци, сакам да се извинам за отсуството недела-две наназад и да ви ги честитам сите празници што ги славите периодов. Премногу обврски ми излегоа и дома и на новото работно место и со факулететот, па немам напишано коментар којзнае колку време. Инаку не бев отсечен скроз, читав тоа што се пишуваше и тука и на другите страни, така да колку-толку сум во тек со настаните.
И ако претходните две недели можев да си дозволам отсуство, сега веќе не смеам :) Нема зезање со обврските на блогов... Знаете и сами, кога доаѓа нов меч на Milan, се одлага секоја работа :)
Баш сабајлево го отворив блогот и чекав некој да напише нешто, а во меѓувреме ја проверив најновата состојба со повредите во екипата. Ме фати нервоза кога видов дека немаме здрави везњаци ни за една постава. Max ќе мора нешто да модифицира во составот. Ако се сетиме дека Urby не е еден од најомилените играчи на Allegri, најверојатна изгледа опцијата со Binho на AMC и Boa назад во средината. Мое мислење е дека со Pato ќе се постапува "нежно" барем до крајот на месецот, односно на перодниот рок, затоа што сепак, евентуално заминување на Pato ќе значи потрес за тимот во секоја смисла. Колку и да се тешиме дека при евентуално заминување на Патката, тоа ќе го надополниме со Tevez, секогаш да имаме на ум дека со Pato и Tevez, ќе бидеме појаки отколку само со Tevez. Многу едноставно...
Во одбраната јас би играл со Zambro и Nini, иако знам дека Max ќе игра со Zambro и Taye. Како и да е, со било која комбинација да се настапи утре во Bergamo, факт е дека ќе се исцрпат првотимците и на клупа ќе имаме 4-5 младинци. Е сега, да беше домашен натпревар, баш ќе ми беше мило за тоа. Ама кога се гостува кај Atalanta, и не ми е баш по кеиф. Противникот е изненадувачки добар, особено дома и игра храбро против сите противници. Ќе беа многу посериозно сфатени од сите доколку не им беа скратени тие бодови од старт. Ептен ми делуваат компактно, не многу дисциплинирано, но затоа што секој може и сака да покрие туѓа позиција кога за тоа има потреба. Сум ги гледал неколку пати, затоа што често ги играм на тикет и ми имаат оставено ептен солиден впечаток. Кај нив во тимот има некаква чудна хиреархија, нетипична за италијански фудбал. Скоро сите играат да го одбранат голманот, везњаците им се неуморно досадни, а цела екипа работи за Denis да даде гол. Многу интересна екипа...
Тоа значи дека нашите би имале проблем што си го знаеме од пред 3-4 сезони кога на гости игравме диво, без контрола на играта и топката. Овајпат не смее да се дозволи таква игра, што би значело дека Ibra, а особено MVB ќе треба што почесто да ја имаат топката. Кога би бил Seedorf, таа улога ќе ја имаше најверојатно тој. Можеби најмногу од се ме плаши баш тоа враќање на Boa поназад, заради неговата подива и брза игра.
Значи зборувам за натпревар каде нема да се постигне ран гол, па со наближувањето на полувремто и после него, нервозата би растела. Во обратен случај, со рано водство, овие работи што ги напишав стануваат многу понебитни.
И ај доста е за денес! :) Морав да надокнадам за пропуштеното...

FORZA MILAN!!!

ReBorned said...

Последното вели дека најверојанти се Zambrotta лево а Bonera десно како и Binho на АМЦ

ReBorned said...

Abbiati, Amelia, Piscitelli, Antonini, Bonera, De Sciglio, Mexes, Nesta, Taiwo, Thiago Silva, Zambrotta, Boateng, Carmona (55), Emanuelson, Nocerino, Van Bommel, El Shaarawy, Ibrahimovic, Inzaghi, Pato, Robinho.

Navigator said...

Nesta сигурно нема да стартува?

ReBorned said...

Има 2 варијанти со и без Неста но една варијанта е најсигурна, Неста е на 1 жолт картон од суспензија на дербито.

Navigator said...

Southampton 2 - 2.05 checked
Deportivo 1 - 1.5 checked
Middlesbrough 1 - 1.6 checked
Real 5+ - 2.4 checked
Chicago 2(hen 4.5) - 1.9
Udinese 1 - 1.45
MILAN 2 - 1.8

Со 50, за 2950 денари! :)

Да не кажете после не ве известив... :)

ReBorned said...

Ти пола си ги чекирал пред да не известиш.

ReBorned said...

City 1 2.2
Roma 1 1.6
Milan 2 1.75
Betis 1 1.95
Cordoba 1 1.85
Lakers H1 (-7) 1.85

На 160 незнам колку носи, сега одам да го уплатам :)

Navigator said...

И да, како и секогаш, кошарката ме падна :S

Имам и ново за денес :)

Udinese 1 - 1.45 checked
City 3+ - 1.85
MILAN 2 - 1.8
Sunderland 2 - 2.05
Besiktas 2 - 1.4
Barcelona 2-2&3+ - 2.15

Пак за 50, овојпат за 1500 денари

Navigator said...

ATALANTA: Consigli, Masiello, Ferri, Manfredini, Peluso, Schelotto, Cigarini, Carmona, Padoin, Marilungo, Denis.
MILAN: Abbiati, Bonera, Mexes, Thiago Silva, Zambrotta, Boateng, Van Bommel, Nocerino, Emanuelson, Pato, Ibrahimovic.

Сепак со Urby на AMC, наместо со Binho! Стварно е п***** Max понекогаш...

FORZA RAGAZZI!!!

ReBorned said...

Рака на срце Urby одигра одлично второто полувреме против ПСЖ. Незнам дали тоа е доволно за старт.

Navigator said...

Тоооооооооо Ibraaaaaaa :)

Navigator said...

Влегува Binho! Е сега ако не го смени Urby, стварно ќе испадне страшливец!

Navigator said...

А Zambro неможам да го гледам веќе...

Ultra said...

Браво за Мексес! Одбраната го реши и овој натпревар еден типичен натпревар на незгодно гостување за нас на кој рака на срце имавме и среќа. Подобро сме од Јувентус, сега останува да го докажеме тоа.

ReBorned said...

Мексес блескаше. Вистинска класа! Најдобриот стрелец во Калчото не можеше да мрдне во текот на целиот натпревар а во финишот во очај почна тој да го фаулира Мексес. Ова дуо Тиаго Силва-Мексес ми е милина да го гледам. И Мексес има одличен пас и долги топки. А и побрз е во спринт од Неста. Ќе биде интересно да се види кој ќе стартува следниот викенд.

Navigator said...

Ри, еве ти одговор на прашањето :)
http://www.youtube.com/watch?v=Ufa_6_cPuPU

ReBorned said...

Само така скромно да си кажам дека добив Mention од самиот Tiziano Crudeli himself! E Andiamooooo!!!
Официјален профил, потврдено :)

ReBorned said...

И додека го пишував претходниот коментар уште еден Mention од него: Teng, Teng, Teng!!!

Ultra said...

Што како кој?

ReBorned said...

Дотичниот Tiziano Crudeli синоќа ми даде 2 Mentions на Твитер. :)
На вториот гол на Милан јас додека ја гледав пишав BOA BOA BOA а овој синоќа кога се логираше ми врати Teng Teng teng teng teng!!!

ReBorned said...

Ваков Милан посакува Алегри:

Possession-style boat for Milan
01/09/2012 13:00 Extensive Vincent Article read 1153 times
Source: TuttoAtalanta.com

© photo by Daniele Buffa / Image Sport
Important numbers come from the game yesterday from Milan Bergamo won. The Devil - back TuttoAtalanta.com after processing the data of Panini Digital - held the ball of the game, collecting 58% of the possession and playing ball 610 against 468 dell'Atalanta. In her master, under successful passes, van Bommel, author of 61 steps, followed closely by Boateng (55) and Ibrahimovic (46). Rossoneri accurate in 67% of the steps, while the Goddess stopped at 57%.

Ultra said...

Cool нека чуе за нас :)
Знам дека не е време ама само љубопитен сум да прашам шо бидна со биографијата?

ReBorned said...

Имав една идеја со биографијата за Нова Година ама излезе друго нешто. А баш допрва се интересните чаптери. Ќе ја средиме некако ;)

ReBorned said...

http://www.rossoneriblog.com/2012/01/10/defining-allegris-milan/

ReBorned said...

Последна вест: Милан плаќа 500.000 евра + Comi или Valotti на позајмица во Лече за Mesbah (27 год. Договорот му истекува на лето, игра лево во средниот ред а на зорт може и лев бек). Сеуште неофицијално ама знаете веќе, јас имам фраерски извори :)

ReBorned said...

Нова офанзива на G во овие моменти за Тевез ама ситуацијата се одвива во насока во која не ми е баш идилична. По се' изгледа Genoa ќе учевствува со дел во трансферот на Тевез а потоа ќе се расчистуваме преку децата (имаме 2 златни деца во co own со нив од кои не сакам да се откажам). Каде отиде Милан?

ReBorned said...

Галијани е во Манчестер, Пато го напушти тренингот во Миланело порано сликајки се со фановите... неговиот агент оди во Париз...
28 милиони + 7 милиони врзани со бонуси. Плата на Пато 6-7 милиони годишно. Моравме да добиеме повеќе!

Ultra said...

Штоооо?? Барса,Реал.М Челзи и Сити се спремни да дадат 40м колку што реално можеме да земеме од него дај нека не се занесуваат....

Ultra said...

Сеа читам нешто од пред 1 саат Пато реста ал милан а тевез плаво црн изгледа ќе стане.

ReBorned said...

Пред самото потпишување на 2 договори се јавува Берлускони (незнам дали сам или заедно со Барбара) и го откажува дилот: ЛАЖЕА!
Излегува дека ние немаме пари за Тевез, дека ние не можеме да си го дозволиме Тевез ако не го продадеме Пато! ЛАЖЕА дека Теве доаѓа како замена за Касано!
И на крајот ќе излезе дека сагата Тевез била smokescreen за Mesbah.

ReBorned said...

http://img215.imageshack.us/img215/1803/fucktevez.jpg

Ultra said...

WOOOOOOOOW и ја прочитав сеа за Мунтари мислам вауууу ништо се враќаме на Макси Тевез и Олич (или некој друг играч од тој калибар)

Navigator said...

или Cassano е вистински ѕвер или во управата на клубот има болни луѓе...

ReBorned said...

http://bit.ly/xcAMuN

Јас сакам Иван да го пишува постот за дербито. Без лутење, имам некој feeling!

Navigator said...

Епа ај да напишам нешто штом сте ми го довериле мене постот... Ќе биде за саат-два веројатно